IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Места кои мора да ги посетите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Места кои мора да ги посетите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 12131415>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2012 во 14:46


Идеални места за февруарски одмор

Лондонскиот портал „Холидејс“ Ви предлага дестинации кои без исклучок ќе остават трага во вашите срца, сеќавања кои ќе ги прераскажувате. Еве неколку места кои се идеални да ги посетите во февруари.

1. Канарските Острови

canary500

Овие острови се наоѓаат во Атланскиот Океан во јужно Мароко и се автономна покраина на Шпанија. Ги има вкупно 12, а за одмор најдобри се островите Ланзарот, Тенерифе и Гран Канари. Идеален избор се за зимски прошетки под сонцето и за тие кои сакаат промена од медитеранскиот брег.

Ланзарот е најисточен остров со преубави песочни плажи, драматичните вулкански предели се вистинска разгледница сами по себе, а малите села ве оставаат без здив. Тенерифе е најголем остров во овој островски венец и на него се наоѓа најголемиот врв на Шпанија Пико де Теиде, па планинарите не треба да се двоумат. Исто така, планинските венци на Гран Канари се предизвик за тие кои не сакаат да уживаат на прекрасните плажи со бел песок, кои настанале со таложење на песок од Сахара.

2. Ден на вљубените во Венеција

venecijaa500

Каде да се помине Денот на вљубените ако не во Венеција, град во кој според книжевните дела се поставени стандарди за романтика. Славниот град настанал на архипелаг од над 100 острови, во него се наоѓаат над 200 канали и 400 мостови, а по богатата архитектура се наоѓа на самиот врв на најубавите светски градови.

Тие што ќе го посетат во зима имаат поголеми шанси за вистинско уживање, бидејќи нема големи гужви како во летниот период. Да се биде во Венеција а да не се посети ренесансната палата Кавали од 16 век речиси е невозможно, исто како да дојдете во Србија, а да не пробате сарма.

3. Агра – бисер на Индија

agra-indija500

„Ова е вистинската Индија. Земја на соништата и романтиката... тигри и слонови... земја на сто јазици и илјада религии... колевка на човечката раса, мајка на историјата, баба на легендите... Една единствена земја под Сонцето која сите сакаат да ја видат, а кога ќе ја видат, нејзиниот сјај е ист со сјајот на сите земји заедно“, напишал Марк Твен во дамнешната 1897 година.

Агра e град на северниот дел на земјата која е втора по број на жители во светот. Вооружете се со добро расположение, фотоапарат во рацете и обавезно посетете го Таџ Махал. Светликавите мермерни столбови кои се покрај базените ќе ве остават без здив.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 23:39

Најсреќните места на светот


Фиџи: Синото море и зелените дрвореди кои ја сочинуваат оваа земја, ќе направат токму овде да се чувствувате како никаде на светот. Луѓето овде ги задржале традиционалните прослави. Во оваа мала земја, секогаш може да дојдете до добра журка и да имате најубав помин.

Монтреал, Канада: Градот е чист и мулти – културен. Луѓето се гостопримливи, а доколку се одлучите да го посетите во Јули, ќе проверите колку е насмеан. Една од причините е и Фестивалот на комедија.

Среќниот град Тексас, САД: Се тврди дека ова е град без грижи. Погледот на градот, планинарењето долж кањонот Пало Дуро и набљудувањето на американските бизони- тоа е вистинскиот Тексас. Накратко, таму ќе го почувствувате вистинскиот американски живот.

Бутан: Дали некогаш сте слушнале за незадоволство и несреќа во Бутан? Ова мало царство лоцирано во Хималаите има сопствен начин на креирање среќа, така што нивниот процес на модернизација не доаѓа во контраст со Будистичката традиција.

Колумбија: Карневалите и фудбалските натпревари ќе Ве принудат да ги почувствувате сите страсти на оваа карипска земја.

Планината Uui во Кина: Во ова место може да ги посетите мистериозните пештери, да уживате на таканаречената „ Искривена река “ или пак да уживате во камените натписи постари од 4000 години.

Малави: Или…топлото срце на Африка ! Иако оваа е една од најсиромашните земји на светот, луѓето овде се пријателски настроени, како и меѓусебно, така и спрема останатите туристи.

Андора: Луѓето во Андора имаат најдолг просечен живот: 83,5 години. Чистиот воздух од Пиринеите ја исполнува целата земја, во која можете да уживате во скејтинг, планинарење и бициклизам. Андора е земја на мирот, бидејќи повеќе од 700 години нема учествувано во ниту една војна.

Хидакагва од Вакајама, Јапонија: Секоја година, жителите на Хидакагва приредуваат паради по улиците извикувајќи: „ Warau ! Warau ! “ ( насмевки, насмевки ).

Данска: Официјална е изјавата дека Данска е најудобната земја за живеење, во целиот свет. Сино небо, бели облаци, неверојатно добро организиран транспорт и бунгалови по плажите што ги отсликуваат вистинските стандарди за Данска. Можете да возите велосипед низ разните градови и шуми, да уживате во највкусната кујна во Северна Европа, да испиете кафе на мир, во локалните кафетерии… Едноставно, Данска е рецепт за среќа !



Изменето од емил - 14.Март.2012 во 23:40
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2012 во 23:50

АЈГОЛЕМИОТ ВОДЕН АКВАДУКТ ВО МАГДЕБУРГ, ГЕРМАНИЈА

Во градот Магдебург, Германија постои мост исполнет со вода. Всушност овој мост е пловен аквадукт во Германија, кој ја поврзува реката Елба-Хавел каналот до Мителенд каналот, и им овозможува на бродовите да ја преминат реката Елба.

Овој воден мост е долг цели 918 метри, и тоа го прави најдолгиот навигациски аквадукт во светот. Бродовите поминувале по 12 километри по заобиколниот пат, обратно од Средногерманскиот Канал низ Ротензе во Елба, потоа пловење низводно низ реката, а потоа да се префрли на Каналот Елба-Хафел преку браната Нигрип.

Недостигот на вода во Елба често потполно ја прекинувал оваа врска. Каналските инженери првпат ги замислиле двата водени патишта уште во 1919, и од 1938 со бродскиот лифт Ротензе и местата за мостовите биле поставени, но изградбата била одложена во текот на Втората светска војна. 


По Студената војна Германија била поделена, проектот бил одложен на неодредено време од источногерманската влада. Повторното обединување на Германија и основањето на главните водени сообраќајни рути го направиле повторно приоритетен Водениот мост.

Работата започнала во 1997, а изградбата траела шест години и чинела 500 милиони евра. Сега водениот мост ги поврзува внатрешната пристанишна мрежа на Берлин со пристаништата долж реката Рајна. Мостот бил направен од 24.000 тони челик и 68.000 кубни метри бетон.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2012 во 13:22

Секојнедвно слушате за убавините на Средоземното море и решени сте ова лето да го поминете во топлите и чисти води на Медитеранот, ние ви предлагаме каде да летувате и како да ги пронајдете најубавите делови на средоземноморското крајбрежје, кое се протега на 46000 километри и во 21 држава.

 Тарифа, Шпанија  

Тарифа е шпанско гратче, од каде што можете да фрлите поглед на другиот континент. Од тука можете директно да ја видите Африка, бидејќи е на само 13 километри оддалеченост од овој гратче, кое е едно од најфантастичните места во Средоземното море.

Прочитај го нашиот туристички водич за Шпанија тука.

 Липарските острови, Италија  

Прочитај нешто друго за Италија, т.е. за Сан Ремо тука ».

Ги одбравме Липарските острови, нарекувани исто така и Еолски во чест на богот на ветрот Еол, како едни од најубавите медитерански места, поради нивната специфична и исклучителна убавина. Опкружени со небесно сини и кристални води, овие планинско-вулкански острови се совршена локација за летување. Овој ѓердан од седум мали острови е благословен со преубави заливи, многубројни пештери и активни вулкани, кои за авантуристите можат да бидат и дополнителна доза адреналин.

 Малта  

Малта е мешавина од европски, северно-африкански и арапски влијанија, што ја прави разновидно, интересно и уникатна место за совршен летен одмор. Неверојатните древни градби кои датираат од пред 6000 години нема да ве остават рамнодушни. А прекрасните и романтични заливи во Малта се идеални за вљубените парови.

 Касис, Франција  

За оние кои го обожаваат францускиот стил на уживање, Касис е место, кое нема да го разочара дури и најпретенциозниот франкофил. Ова местенце е впечатливо со многубројните скали, преубавите заливи со скриени интимни плажи и вкусното француско вино.

Доколку сте расположени годинава да отпатувате во Франција, тогаш прочитајте го и текстот „8 работи што треба да ги видите во Париз“ тука ».

 Дубровник, Хрватска  

За убавините на Дубровник, нема што да се коментира, тие се една од најубавите летни дестинации во светот а истовремено и оддалеченоста на овој медитернаски град е најдостапна за патување по копно. Одличен стар град, полн со античка архитектура и фантастично крајбрежје со непроценлива убавина.  Дубровник со право е нарекуван и Медитерански рај.

Доколку пак, сте заинтересирани за Хрватска и за нејзиниот најубав град Дубровник, тогаш прочитајте го текстот „Дубровник-Хрватска. Преубава дестинација“ тука ».

 Хидра, грција  

Ви претставуваме уште едно блиско и достапно место за македонските туристи. Еден  можеби и не многу познат од множеството острови во соседна грција, но неверојатно магичен и остров со стил - Хидра.  Малиот и интимен остров ќе ви овозможи едно уникатно и незаборавно летно доживување. Она што со сигурност ќе ви се допадне е фактот, што сите сите моторни возила се протерани од овој планински остров. Па доколку ви е потребен вистински одмор без врева, чад и гужви, Хидра е идеалната локација за Вас.

Пред да тргнете за грција (името на оваа земја се пишува со мала буква!), прочитајте го нашиот краток водич за Атина тука ».

Малта

Тарифа

Еолските острови

Еолските острови


Кон врв
paton Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 789
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paton Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 03:08
Арачиново............
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2012 во 17:04

Малибу Клиф Вила се вика оваа куќа која се наоѓа на островот Ломбок во Индонезија. Се наоѓа помеѓу Бали и Сумбава и претставува вистински рај, особено за овие пеколни горештини и летни денови кога одморот е задолжителен за секој од нас.

mallibu-cliff-villa-01

Вилата има четири спални, играчница за деца доколку ги имате и 18-метарски базен на кој никој нема да успее да му одолее. Додека се сончате крај него, ќе можете да видите како мајмунчиња се забавуваат на гранките од кокосовите дрвја.

mallibu-cliff-villa-02

На крајот на денот, откако ќе посетите некои од околните ресторани и ќе ја пробате домашната кујна, ќе минете убав ден на прекрасното индонезиско сонце, ќе можете да се опуштите со убава када и миризливи масла додека гледате како сонцето потонува во морето некаде во далечината... додека го гледате совршеното зајдисонце на хоризонтот.

mallibu-cliff-villa-03

mallibu-cliff-villa-04

mallibu-cliff-villa-05

mallibu-cliff-villa-06

mallibu-cliff-villa-07


Кон врв
gabriela855 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gabriela855 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2012 во 17:49
Madagaskar, najubaviot ostrov vo Afrika
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 23:05


Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch...некое селце(ние ги викаме градчиња кај нас) во Велс.



Taumatawhakatangihangakoauauotamateaturipukakapikimaungahoronuku-pokaiwhenuakitanatahu...место во Нов Зеландплазење



Chargoggagoggmanchauggagoggchaubunagungamaugg...езерЦе во САД.голема насмевка


...па пријатен престој.мафтање



...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2012 во 12:46
Магијата на Барселона - градот кој ќе го освои вашето срцељубов

Весел, шарен, мултикултурен град кој шармира штом стапнете на негово тло.

magijata-na-barselona-gradot-koj-ke-go-osvoi-vaseto-srce-1

Ова е првиот впечаток за Барселона, градот во кој едноставно мора да се вратите откако еднаш ќе го посетите.

Барселона е шармерски град кој ве купува со својата магија уште на прв поглед, од своите убавини во поглед на архитектурата па се до отвореноста на народот кој живее овде, чудата на Гауди, музејот на Пикасо, плажата Барселонета, убавото време и храна, забавата и уште милион ситници кои го прават овој град идеално место за живот.

Секако, ова е возможно доколку имате добра работа затоа што Барселона не е евтин град.

Жителите се навикнати да јадат надвор, по ресторани и кафулиња, таква им е културата на живеење, пијат кафиња, пиво, вино и уживаат во сопственото друштво и разговорите.

Што задолжително мора да посетите кога сте во Барселона:

  1. Готската катедрала Саграда Фамилија
  2. Шетајте низ Ла Рамбла (внимавајте на паричникот)
  3. Casa Mila и Casa Battlo исто така дела на Гауди
  4. Еден ден уживајте на плажата Барселонета која во 2005 година е прогласена за трета најдобра плажа на светот
  5. Не пропуштајте да се искачите до Парк Гуел.
  6. Музејот на Пикасо
  7. Јадете тапас некаде во центарот на градот
  8. Уживајте пешачејќи низ осветлените делови
  9. Магичните фонтани навечер


Земете здив. Барселона е град кој ќе ви пружи вистинско задоволство, ваше е да го зграпчите и уживате во магијата...

magijata-na-barselona-gradot-koj-ke-go-osvoi-vaseto-srce-2

magijata-na-barselona-gradot-koj-ke-go-osvoi-vaseto-srce-3

magijata-na-barselona-gradot-koj-ke-go-osvoi-vaseto-srce-4

magijata-na-barselona-gradot-koj-ke-go-osvoi-vaseto-srce-5

magijata-na-barselona-gradot-koj-ke-go-osvoi-vaseto-srce-6

magijata-na-barselona-gradot-koj-ke-go-osvoi-vaseto-srce-7

magijata-na-barselona-gradot-koj-ke-go-osvoi-vaseto-srce-8

magijata-na-barselona-gradot-koj-ke-go-osvoi-vaseto-srce-9

magijata-na-barselona-gradot-koj-ke-go-osvoi-vaseto-srce-10

magijata-na-barselona-gradot-koj-ke-go-osvoi-vaseto-srce-11


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
gabriela855 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gabriela855 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2012 во 22:52
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2012 во 00:31
Прага

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2012 во 23:52
...kade ako ne...tamu:

....да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2012 во 02:15
а каде е тоа? затоа што сликата е избришана, најверојатно ради копирајт
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2013 во 14:14
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 12131415>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.