|
БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ... |
Внеси реплика | страница <1 3031323334 36> |
Автор | ||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Брзиот убаво си кажа... се распишала нешто и он... јас само кратко би потпрашал... не за друго, туку окулу она стално незадоволни од рејтинзи... значи... а бе што ќар има народот од вакви рејтинзи жити се... а...? |
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не си ме разбрал Брза или подвлекуваш само она што ти одговара. Реков да бидеме попедантни во изравуањето. Ако во МК просечната плата е 300 евра месечно, на годишнно ниво тоа е 3600 евра. Ако квадратот е 800 евра станот од 60 квадрати ќе чини 48000 евра. Одземи 10% учество, значи купувачот ќе треба да се задолжи за 43200 евра. Ако сега таа сума ја поделиш со просечната годишна плата, тогаш Македонецот ќе купи стан за 12 години. Се разбира ова може само да се случи теоретски и по услов целата плата да ја одвојува за отплата на станот. Да нејаде, непие, не се облекува, неплаќа режиски трошоци и ако банката не му засметува камата на позајмените средства. Меѓутоа ваквата калкулација држи вода само доколку сакаме да видиме каде се наоѓаме во однос на останатите екс републики. А богами и сите да имаат подеднаква основа при калкулацијата согласно погоре напишаниот текст. Да се купи станот не е проблем, меѓутоа да се поседува станот е сосема друга работа. Ти ќе го купиш, но се додека не го отплатиш тој му припаѓа на некој друг. Тапиите седат во банката, како гранција за позајмнеите средаств. Ако навистина сакаш да знаеш колку време ќе му треба на Македонецот да го отплати станот проследиго следново сценарио: В=48000 евра, вредност на станот Д=10%, депосит К=43200 евра, кредит и=7%, каматна стапка а=300 евра, месечна отплата (ануитет=основица + камата) п=? се бара времето за кое ќе се изплати кредитот На Македонецот ќе му бидат потребни 315 месеци, 314 месечни рати од по 300 евра, а последната ќе изнесува 321,60 евра. Во години тоа би изнесувало 26 години и 3 месеци. Вкупно станот ќе го чини, по исплаќањето 99321,6 евра. Значи без јадење, пиење, облекување, годишни одмори...... Ме праша за колку време просечниот австријалец ќе дојде до стан. По прилично е тешко да се направи диреткна компарација од причина што начинот на градба и живеење се различен, а згора на тоа нема многу станови кои се градат со квадратура од 60 квадратни метри. Становите по квадрат се поскапи отколку да изградиш куќа. Но еве, ќе се обидам. Просечната бруто годишна плата во Австралија е некаде околу 36000 евра, додека за живтен станбен простор, би требало да издвоиш некаде околу 350000 евра. Ништо посебно, како и за оние 60 квадрати во Македонија. Овде тие пари ќе ти купат куќа од некои 130-150 квадрати. Доколку сакаш стан за тие пари ќе можеш да купиш стан од 50-70 квадрати. Според селската математика на просечниот австралијанец потребни му се 9 години и 9 месеци. Пред извесно време бев на една презентација на која беше кажано следново: Во моментот кога луѓето ќе одат во пензија, а тоа е на 65 годишна возраст, сликата ке биде следнава за секои 100 идни пензионери: 23 ќе умрат 8 ќе продолжат да работат, затоа што мораат, а не заради тоа што сакаат 2 ќе бидат во добра материјална состојба, додека 67 ќе бидат на работ на егзитенцијата односно ќе примаат државана пезија од 260 долари неделно. 90% од луѓето кои денес се на 55 години во пензија ќе одат со неотплатен кредит за недвижноста во која живеат. Значи, купувањето на станот не е проблем, проблем е отплатата на истиот! Изменето од Platenik - 24.Октомври.2012 во 01:20 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Народот ќе има полза. Рејтинзите сами по себе не носат ништо, ама создаваат перцепција дека бизнис климата е поволна во Македонија. Идните инвеститори не се наивни и ги пратат овие трендови. Кога идните инвеститори ќе се уверат дека е тоа така, тогаш нема да се притеснуваат да го вложуваат својот капитал во Македонија. само тогаш може народот да види ќар од умно водената политка. Не верувам дека инвеститорите ќе делат високи плати за сметка на нивните профити. Зошто инаку би вложувале во Македонија? Како и да е ќе допринесат да се намали невработеноста, со што ќе се зголеми агрегатната потрочувашката, ради оние кои денес не трошат. Буџетот на државата ќе се зголеми, па админстрацијата ќе може да троши повеќе на инфраструктура, а богами и на нови споменици. Долг е патот до благосостојбата. Па ни Рим не бил изграден преќу ноќ. Изменето од Platenik - 26.Октомври.2012 во 10:40 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Иако долг коментар, како и секогаш го прочитав... Една многу важна работа е што во Скопје на пример, стан за 800 евра скоро и да нема. Освен ако не заминеш на излез на градот. А во Карпош 1, Центар, Католичка се и по 1400 евра за квадрат.. А друго уште поинтересно е што во Македонија ретко кој може да подигне стамбен кредит. Затоа што доколку немаш добра хипотека односно 140% од кредитот, ако сакаш имај и 50.000 плата нема да ти дадат. А уште поинтересно е што за 200 евра плата шансите да ти го одобрат барањето за кредит е како добивка на лото. Затоа што ратата треба да ти е 1/3 од платата, а реално ни за 150 години нема да излезе математиката дека со 1/3 од 200 евра ќе исплатиш стан. Истотака ретко кој ќе ти одобри со 10% учество..не велам дека нема, туку ретко се случува...
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Затоа и реков, да се поседува станот, 44 години се малку.
Зборуваме за цела Македонија, а не само за централното градско подрачје на Скопје. Знам дека има станови и за по 400 евра по квардат. Затоа ивлеков некој просек од 800 евра. Ако се концентрираме само на централнот градско подрачје тогаш и овде во Австралија не е ништо поразлично. Станови од 80-120 квадрати можат да те чината од 640000-1200000 евра. Има такви кои се 3-4-5 милиона! Незборуваме за екстреми. Правилото од 1/3 од примањата и овде се применува. Во време на бум ти даваа кредити со 5% учество, а сега во време на криза оди и до 20%. Ако земеш хипотекарен кредит, тогаш не ни мораш да имаш учество. Ако банкарско-финасискиот ситем не функционира во Македонија, тогаш како се продаваат огромниот број на станови кои се изградени во последниве години?! Колку се тие кои можат во готово да купат? Или колку има такви кои би земале хипотекарен кредит со 140% покриеност. Од друга страна велат дека побарувачката ја надминува понудата! Изменето од Platenik - 24.Октомври.2012 во 02:48 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
А каде тоа има по 400? Велес, Струга, Прилеп Да потрчам да земам еден, ќе ми стигнат париве си мислам Знаеш, сите се жалат дека немаат..нели? Ама еден комшија ми вика, ќе ги продадам нивите и старата куќа од дедото (на жената татко кој што е веќе починат) и ќе земам стан... Друг вика, ќе одам надвор ќе работам 3-4 години и ќе си земам стан..барем за тоа да не се препотувам секој први по 200+ евра за кирија. Ама реалноста е поинаква Банкарскиот, телекомуникацискиот сектор..па фармација, па сите буџетари..Сите тие имаат 20.000+ па се до 40-50.000. Тука сте викаат..ЕЕЕЕЕЕЕ 200 евра плата!!! Да, ама не сите имаат 200 евра. Е тука иде онаа познатата, the rich are getting richer and the poor are getting poorer Патем, сите градежни компании се жалеа дека има намалена побарувачка и дека не можеле да ги продадат становите. Сега преку ноќ излезе дека има поголема побарувачка...Нешто матат, за да им скокне цената на становите
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Читав некаде, не ме држи за збор ама некаде во источна Македонија Берово, Пехчево, Македонска Каменица....
Имам информација од прва рака, продаден стар стан од 67 м2 по 492 евра за квадрат и купен нов за од 67м2 за 746 евра по квадрат во Битола. Стриот стан во Карпош, 500м од Широк сокак, додека новиот безмалку на Широк сокак. Зад стариот офицерски дом. Тие што велат дека ќе одат на 3-4 години и ќе си заработат стан ме потсетуват на оние кои мигрирале пред 40 години. Тие велат дека мигрирале со цел малку да поработат и заработат, ако ништо друго колку за еден мерцедес. Повеќето од нив сеуште заработуваат, а и се враќаат! Незнам, можеби ќе се вратат како пензионери со добара месечна пензија од 1000 евра. |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Токму така. Од тоа ќе имаат корист и оние кои се постојано незадоволни од с'е и сешто, иако знам дека и тогаш дека ќе бидат незадоволни затоа што немаат уште повеќе. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
...ama mislam deka sega skoro i si ''igravme topka'' za neshto okolu nekoi slichni raboti, ...pa sega mislam deka ke mu ja ispushtam ''topkata'', zatoa shto ne vredi da si ja dodavame koga ne sme na ista ''liniija''! [QUOTE=Platenik] Долг е патот до благосостојбата. Па ни Рим не бил изграден преќу ноќ. [QUOTE=Platenik] ...nokj vikash? ...e pa , da vidish ovaa maqkedonska nokj gi ''soshi'' site onie polarni nokji koishto traat samo 6 meseci, ..za razlika od nashava koja vekje 20 i kusur godini ne saka da se ...razdeni . ...i sega nekoj saka da kaze deka tie rejtinzi ke pridonesat i za dobroto na narodot ,...ama koga be? ...mozebi po ushte 20-tina godini temnina? ...da e so site narodi taka , nemam pravo da se bunam, ama ,...ne veruvam deka ima nekou slichen sluchaj ivo svetot, a ne pa vo evropa , nekoj narod tolku decenii da ne moze da izleze od negovata ....''polarna nokj''. |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Реков НЕ бил изграден преку ноќ! Не бил изграден ниту за времетраење на поларна ноќ.
Сигурен сум дека му требале многу, многу поларни ноќи! Ако ти се брза, и неможеш да чекаш да му се раздени на целиот народ, тогаш пробај барем тебе да ти се раздени. Може и да недочекаш да му се раздени на народот. По примерот на другите(народи), се чини дека темнинанта за дел од нив е безконечна! Прифаќам, рејтинзите не му носат ништо добро на македонскиот народ. |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
...a ne na mene da mi kazuvash . ...ne sekoj tuka,...iako ,navistina ima i iskluchoci , ''zboruva'' za sopstvenite iskustva (barem koga se raboti za ova) vo ovaa drzava ! ...i aj shtom znaesh ,kazi koja toa druga drzava ne moze i ne znae kako da izleze od kalta vo koja shto e tolku vreme ,...iako se trudi od ''petni zili'', ..ama , drzava koja shto za celoto toa vreme zivee vo.... mir ! |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Велиш во мир? Можам да набројам барем 100, иако мирот е реалтивен поим.
Незначи само кога не се пука дека има мир, нели? Тоа, тебе треба да ти биде познато, ако ништо друго барем искуствено. Самото политичко опкружување во кое се наоѓа „скапаната“ земја во која ти живееш е фактор кој го релативизира поимот мир. Во изминативе 130 години одкако се креирани националните држави на соседите на Македонија, “скапаната земја“ живее на работ на некој латентен мир. Притисокот од воен, религиски, историски, културолошки, политчки.... и незнам уште каков друг аспек е постојано писутен. Не верувам дека си паднат од Марс, па да незнаеш што се случува. Не смее да се изгубат од предвид и интересите на големите играчи, било тоа во минатото, било тоа денес. Кога те имаат седнато во скут, тогаш само ќе ти ја тутнат цуцлата да ја дудлаш. Ако несакаш ќе им ја дадат на друг да ја дудла, се разбира на твоја сметка. Верувај, кандидати на Балконот од секогаш имало и ќе има. “Овците“ имаат многу убава изрека: Крената глава меч не ја сече! Умната и терај по свое! За жал тој процес е долг и ќе трае повеќ од 20 години или 40 поларни ноќи! Причините, за кои што ти велиш дека земјата е во “калта“ и неможе да излезе од неа, се од субјективен, ама и од објективен карактер. Тоа важи како на ниво на народ, така и на индивудуално рамниште. Да набројувам земји кои се во калта, а живеат во апсолутен, ама и реалтивен мир? |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
aha,...konechno ...i jas da sfatam !
...znachi,...site i se krivi za bedata na zemjava ,...site do eden ,osven ,...samata taa! ==================================================================================== ...e pa ajde de ,...da vidime koi se tie stotina ,..koishto ne mozat da mrdnat od mesto....iako se krajno sposobni i opremeni za toa...kako makedonijava . |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не дека ти не си сфатил досега, туку ти си режираш некој свој филм!
Ако не концентрираш само на споредните работи во тесктот, тогаш ќе приметеше дека го реков и следново: Причините за тао што“скапаната“ земја неможе да излезе од калта, не се само субјективни туку и објективни. Тоа значи дека дел од кривицата лежи во нас, а дел во опркужувањето. Никој не ги потенцира екстерните фактори како единствени! Ако те прави среќен набројувањето, што неверувам, ете ќе спомнам некои: Половина источна Европа, сите во опкружувањето, Португалија, Малта, Кипар, Ирска со својата 500 годишна војна за независност, па Тунис, Мароко, Алжир, Сирија до пред извесно време, Перу, Боливија, Чиле, Колумбија, Доминикана, Мексико, Еквадор, Порто Рико, Панама, Костарика, Никарагва, Суринам.....Индија со своите 1,1 милијарда луѓе (од кои само 2% живеат во благодет и тие 2% Индијци се колку 11 Македонии), Бурма, Пакистан, Филипини, нема да ги спомнам Бразил, Аргентина, Уругвај и целиот африкански континет и шаторските градови во САД...... Доста беше? ПС. 100% од набројаните земји ја имаат стекнато својата државност, пред Македонија да ја има стекнато својата самостојност. 90% од истите ја имаат стеканто својата државност пред Македонија да ја стекне својата самостојност како рамноправна федерална единка во склопот на СФРЈ или пред тоа ФНРЈ. Па ти сега процени колку поларни ноќи се потребни! Колку време треба да го описмениш народот, а потоа да го донесеш на ниво каде неговата квалификациска подотвеност и стручност ќе биде примамлива за некого? Од овчар или змјоделец не се станува индустријалец преку ноќ. Можеби политчар, но не и бизнисмен! Љубоват кон сопствената грутка, кон сопствената татковина е нешто што се носи во душата и нема компромис со тоа. Позитвен критицизам, да, сите сме за тоа. Што би рекле галичани и ние сме за теа! Изменето од Platenik - 26.Октомври.2012 во 11:29 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Внеси реплика | страница <1 3031323334 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |