IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 30>
Автор
Порака
ariana35 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ariana35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2012 во 19:07
Мусака од модар патлиџан

Состојки
3 модри патлиџани
3 лажици маслиново масло
250 гр. мелено месо
1 кромид ситно исечен
2 лукчиња
2 пиперки исечени во кругови
3 бамји
сол и бибер по вкус
1 лажичка црвен пипер
магдонос
сирење рендано

Упатство
Исечете го модриот патлиџан хоризонтално или вертикално во кругови со дебелина од 4-7 милиметри. Премачкајте ги модрите патлиџани со маслиново масло од двете страни и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење или алумниумска фолија без да се преклопуваат межу себе. Печете ги 10 – 15 мин. на температура од 200°C додека да омекнат.
Додека се печат модрите патлиџани подгответе го филот. Додадете го кромидот во загреана тава со масло. Пржете го додека не омекне. Потоа додадете го меленото месо и пржете ги десетина минути со постојано мешање. Додадете ги исечените пиперки, околу 1/2 лажичка сол (или по вкус), црн бибер и црвен пипер. Ставете ги доматите во зовриена вода 1 минута. Потоа излупете ги, исецкајте ги на ситни парчиња и промешајте ги со месото. На крај додадете ги магдоносот и лукот. Пропржете ја смесата упте некоја минута.
Пригответе подлабоко тавче за печење и намачкајте го дното со масло за готвење. Наредете еден слој од модрите патлиџани. Рамномерно распределете ја половина од смесата со месото врз патлиџаните. Потоа додадете уште еден слој модри патлиџани. Одозгора распределете го остатокот од смесата. Завршете со трет слој од модри патлиџани. Изрендајте сирење врз модрите патлиџани. Печете ја мусаката 15- 20 мин. во загреана рерна на 200°C.
Мусаката се сервира топла.

Линк до рецептата
http://www.mojatakujna.mk
Највкусни рецепти и готварски совети
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 14:17

Шампињони полнети со спанаќ и сирење


Состојки:

700 г шампињони

1 лажица маслиново масло

1 лажица путер

1 кромид, сечкан

150 г лебни трошки

сол и црн пипер

250 г крем-сирење

100 г кисела павлака

300 г мешано сирење

300 г сварен сечкан спанаќ

8 капки лут сос (по желба)


Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Измијте ги и исушете ги печурките. Извадете им ги дршките и исечкајте ги ситно, а чадорчињата од печурките оставете ги настрана.

Загрејте го маслиновото масло и путерот во тавче на средна температура. Додајте го кромидот и исечканите дршки од печурките и динстајте ги неколку минути, додека да омекнат и да почнат да потемнуваат. 

Додајте ги лебните трошки, сол и црн пипер. Измешајте и продолжете да динстате уште 2 минути. Тргнете ги од оган и оставете ги настрана да се оладат.

Исцедете го сварениот спанаќ.

Во голем сад ставете ги крем-сирењето, павлаката, сирењето и смесата со дршките од печурките. Измешајте ги заедно за да се соединат. Додајте го сечканиот спанаќ, малку сол, малку црн пипер и лутиот сос. Мешајте додека не добиете компактна смеса.

Издинстајте ги и чадорчињата од печурките. На тава за печење обложена со мрсна хартија наредете ги чадорчињата превртени нагоре и со лажица полнете ги со смесата од сирење. Печете ги 20 до 25 минути.

Сервирајте ги на собна температура.



Изменето од емил - 10.Април.2012 во 14:17
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2012 во 18:30

Уштипци од тиквици


Потребно е:

-      3 тиквици

-      4 јајца

-      малку сол

-      1 кесичка пециво

-      10 лажици брашно

-      300 гр сирење

Подготовка:

Изрендајте ги тиквиците и посолете ги. Оставете ги малку  да отстојат за да ја испуштат водата од нив. Изматете ги јајцата, па во нив додадете ги пецивото, брашното, па додадете ги изренданите исцедени тиквици. На крајот додадете го ситно иситнетото сирење и убаво измешајте. Со помош на лажица ставајте од смесата да се пржи на загреано масло.



Изменето од емил - 05.Јули.2012 во 18:31
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 18:22

ШНИЦЛИ ОД МОРКОВ

Потребни состојки:

  • 750гр морков
  • кромид
  • 4 чешниња лук
  • 2 јајца
  • лажица риган
  • лажица сол
  • презла
  • масло

Начин на подготовка:

Сварете го морковот во солена вода, исецкајте и помешајте го месотот со ситно исецкан кромиди изматени јајца.

Посолете, зачинете со риган и згуснете со презла. Од смесата направете ролат, ставете го во плех премачкан со масло и печете половина час на 200 степени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 08:52

Полнети домати

Потребни состојки:

  • 8 домати
  • конзервирана туна
  • кромид
  • лажица капри
  • 100мл јогурт
  • маслинки
  • сок од половина лимон
  • 2 лажици пченка
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Секој домат издлабнете го и оставете ги малку свртени наопаку да се исцедат. Туната исцедете ја од маслото, изгмечете и помешајте ја со ситно сецкан кромид, пченка, капри, маслинки, јогурт и сок од лимон. Додадете сол и бибер, па со смесата полнете ги доматите и оставете да отстојат три часа во фрижидер.

Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13922
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2012 во 12:25
,,, vo burekdzhilnica ,,kupuvash burek so urda za sirenje,,,,gotov recept,,,збунетост
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2012 во 05:19

Слатко-кисел зеленчук со ориз

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 250 гр ориз
• 1 голема лажица (15 мл) расти­те­лно масло
• свеж мешан зелен­чук (сла­док кро­мид, пиперки, мор­кови)
• 1 шолја кон­зе­рви­ран ана­нас, исеч­кан на коцки со сок
• 1 шолја (250 мл) „Uncle Ben’s Sweet&Sour“

 ПРИГОТВУВАЊЕ
Сва­рете го ори­зот. Во меѓу­време, во сад за пржење загрејте го расти­те­лното масло на уме­рен оган. Кога ќе се загрее маслото, дода­дете го меша­ниот зелен­чук и ана­на­сот. Про­пр­жете околу 5 минути, одно­сно додека не омекне зеленчукот.

Налејте го слатко-киселиот сос и оста­вете да врие околу 5 минути. Вака при­го­тве­ниот зелен­чук ста­вете го врз сва­ре­ниот ориз. Серви­рајте топло.

 Совети: слатко-киселиот сос може да го заме­ните со сос од сливи. Доко­лку немате свеж зелен­чук, можете да упо­тре­бите замр­знат. Ако сте во можност наме­сто кон­зе­рви­ран, кори­стете свеж ананас.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2012 во 09:20
Шпагети со зеленчук и ракчиња

За 2 лица:
250 гр.шпагети,
зеленчук кој го имате дома (домат, пиперки, борании, кромид, лук, тиквички),
100 гр.печурки,
200 гр.кисела павлака,
по желба мала конзерва ракчиња,
маслиново масло, сол, црн бибер,
свежи листови од босилек.
Зеленчукот и печурките се чистат и се сечкаат, па кратко се динстаат додека малку да омекнат. Се става сол и бибер по вкус. Шпагетите се вараат според упатството (10-15 минути). Во омекнатиот зеленчук се додава кисела павлака, по желба и ракчињата. Сето тоа се посипува со листовите од босилек, па се меша со шпагетите.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2012 во 09:22
Брза пилешка паштета

За 2 лица:
250гр.печено или варено пилешко месо,
1 главица кромид,
1 лажица сенф,
100 гр.мајонез,
2 лажици доматно пире,
малку сечкан магдонос, сол.
Месото се одвојува од коските и заедно со исечканата главица кромид, 2 пати се меле на машина за месо. Се додава сенф, мајонез, доматно пире, сечкан магдонос и бибер по вкус – сето тоа добро се мати и со тоа се премачкува лебот. По желба се украсува со ливчиња свеж босилек.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2012 во 09:22
Пржени компири со 3 соса
За 2 лица:
300-500гр.смрзнат компир за помфрит
кечап,
меко сирење,
мајонез,
кисела павлака,
кромид и лук,
авокадо,
свежа краставица,
магдонос,
сок од лимон, 
маслиново масло.

Компирите за помфрит се пржат според упатството на пакувањето, па се служат со сосовите сместени во 3 различни чинии.
Црвен сос: се матат 3 лажици меко сирење, 4-5 лажици кечап, 3 лажици мајонез, 1 стругана главица кромид, 2-3 чешниња изгмечен лук, по желба малку сечкан магдонос.
Сос од сирење: се матат 3-4 лажици сремско сирење, 3 лажици кисела павлака, 3 лажици мајонез, 1 стругана главица кромид, малку сечкан магдонос.
Сос од авокадо: авокадото се лупи и се чисти од коцкичките, па добро се гмечи со вилушка. Се додава мала рендана краставичка, 3 ситно сечкани чешниња лук –ако е стар или 3 зелени страка млад лук, 1 лажица маслиново масло, сок од лимон по вкус, па сето тоа добри се мати.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2012 во 11:56

Фритата со компири и сланина

Приготвување:

Во голем сад изматете ги јајцата, па додајте ги магдоносот, млекото, солта и црниот пипер. Оставете ги настрана.

Во огноотпорна тава испржете ја сланината на средна температура. Треба да биде делумно пржена, не крцкава.

Во тавата додајте ги компирите, кромидот и жалфијата; пржете додека компирите да омекнат.

Намалете ја температурата. Додајте го сирењето. Одозгора истурете ја смесата од јајца и наредете ги парчињата домати.

Печете ја фритатата откриена, 20-25 минути на 200 степени, или додека јајцата целосно да се испечат.

Оставете ја да отстои 15 минути. Исечете ја на парчиња и послужете.

Состојки:

10 јајца

3 лажици свеж магдонос, ситно сечкан

3 лажици млеко

половина лажичка сол

малку црн пипер

8 ленти сланина, сечкани на коцки

2 средни компири, тенко сечкани

2 млади кромиди, ситно сечкани

4 листа свежа жалфија, ситно сечкани

150-200 г сирење, рендано

2 домати, сечени на кришки

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2012 во 11:56
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2012 во 02:01
Пилешко со шампињони
 Состојки:

1 лажица ѓумбир во прав

200гр свежи шампињони

1 бел лук

сол по желба

1 лажица пченкарно брашно

50мл сончогледово масло

1 лажица вегета

400гр пилешко филе

 

Подготовка:

Исечете го месото на тенки листови и измешајте ги со брашното. Исчистете ги шампињоните и исечете ги и нив на листови. На врело масло испржете го месото. По завршеното печење, месото процедете го од вишокот масло, па преместете го на топло место. Во истото масло додадете ги шампињоните па и нив испржете ги. Пилешкото и шампињоните ставете ги во поголем сад. Додадете вегета, ѓумбир и бел лук. Додадете сол и добро промешајте.



Изменето од Calipso - 04.Октомври.2012 во 02:01
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2012 во 09:49

Лазањи со тиквици


Потребни состојки:

  • 1 пакување готови лазањи
  • 1 помала тиквица
  • 1 домат
  • Главица кромид
  • 200гр кашкавал
  • 2-3 чешниња лук
  • 2дл млеко
  • 2 лажици масло
  • Лажица путер
  • Лажица брашно
  • Половина коцка за супа
  • Малку морско оревче
  • Сол
  • Бибер

Начин на подготовка:

Кромидот, лукот, доматот и тиквицата исечете ги на ситни коцки.

На загреано масло пропржете ги исецканите состојки, па истурете ја супатаи динстајте на тивок оган. Пред крај на смесата додадете и сол и бибер. За бешамел сос, загрејте го путерот, измешајте брашно, малку пропржете, па додадете млеко со постојано мешање за да не се направат грутки. Варете 10 минути, па додадете сол и бибер по вкус. Подмачкајте го плехот со масло и наизменично редете ги лазањите, бешамел сос и подготвениот зеленчук. Завршете со лазања, прелијте со остатокот од супата и бешамел сосот и обилно посипете со рендан кашкавал. Печете околу 15 минути на 200 степени.



Изменето од Valerija - 10.Октомври.2012 во 09:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.