|
Ќе излезете ли да гласате на претстојните избори? |
Внеси реплика | страница <1 678910 12> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас сум стриктно против тоа дијаспората да гласа, или доколку тоа го стори и ако сака да си го оствари правото, да дојде во РМ со македонското државјанство и македонскиот пасош во рака нека си го оствари правото.
А за локалните избори па и да не коментираме воопшто.... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас лично би сакал оваа постава да се смени и би гласал во таа насока, добро е тоа да се менуваат луѓето што ја водат државата, ама моментално не сум за тоа со оглед дека лицето Бранко Кокица и неговата банда е единствената алтернатива за нова власт. Така да подобро да останат работите какви што се, него поново да се враќаме назад 20 год.
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас мислам дека треба да гласаат само оние државјани што престојувале барем 6 во последните 12 месеци во Македонија.
Треба да доживееш, па да знаеш што доживуваат другите Патем, ќе гласам ама не кажувам за кого
Изменето од Santijago - 14.Септември.2012 во 21:20 |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
мојата баба е Словенка и повеќе од 40 години не е стапната во Словенија а сепак има право на глас. Мое мислење, не е демократски на некого да му се ускратува правото на глас
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не постојат постојани и непостојани граѓани. Постојат само граѓани. Секој држајанин (граѓанин) на една држава е нејзин држaвјанин (граѓанин) с'е додека поради некоја причина не го изгуби државјанството. А секој државјанин има право да гласа и да биде гласан, без обзир каде се наоѓа. Местоположбата не е услов за губење државјанство. Никој не може на граѓанинот да му го оѕеме тоа право кое е загарантирано со државноста на земјата чие граѓанство ужива. Можеби ова тебе ти изгледа како најголема глупост на светот, нo светот прави токму така затоа што тоа е едно од основните права и должности на сите граѓани. Ова oдамна сме го дискутирале во детали. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А зошто да гласаат кога немаат врска која партија е подобра за земјата? Само од слушање ли? Што знаат тие објасни ми? Па еве и јас од слушање на ТВ мислев дека лошо живеат грциве, ама кога ми кажуваа на лице место не рекоа дека немаат за живот... Тоа е повеќе има врска со моралот..
Изменето од Santijago - 14.Септември.2012 во 21:36 |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Точно така. Не се работи за субјективната проценка дали баба ти знае или не знае како е во Словенија. Се работи за нејзиното право како граѓанин, загарантирано од Уставот на државата, да гласа за оној ко смета дека ќе биде најпогоден во водењето на државата во следниот период. Има многумина кои живеат во државата, а знаат помалу од оние кои се привремено надвор од неа, како што има многумина кои воопшто не се интересираат за гласање. Според тоа тврдењето дека само оној кој живее во државата има право да гласа, а другите немaат, не држи вода. Човек не мора да биде кокошка за да знае како се несат јајца. Ако се интересира ќе знае и вака, а ако не се интересира може да спие со кокошките, може и да се претвори во кокошка, па и натаму да не знае. На крајот од краиштата, гласаат граѓани кои се интересираат и кои се запознаени со состојбите во државата. Оние другите се интересираат за гласање како за ланскиот снег. А тоа значи, барем според моите согледувања, дека на крајот с'е се сведува на неколку стотина гласови. Ако некој се потресува за неколку стотина гласови рaспределени на неколку македонски партии, тогаш навистина треба да се замисли за кого гласа и колкави му се шансите за победа. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во време на интернет, сателитски, телефони....верувај дека знаат што прават. Никој не е сигурен и ние тука што живееме што правиме и колку сме во право.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Има тема
Изборно гласање од дијаспората
Би сакал некој во неа да ми објасни кога интернетот стана подобар извор за податоци за начинот и квалитетот на живот од личното искуство на оние кои мака мачат да сврзат први со први во месецот. Би сакал да ми објасни како би го живеел тој комотен живот со 200 евра особено во Скопје (ај во другите градови и села некако полесно се издржува), би сакал да ми објасни како тој/таа може да придонесе за подобрување на политичката состојба на земјата со тоа што ќе се истрча да гласа? Да ми објасни зошто чувствува потреба да гласа, кога во потрага по подобар живот пред години му ја летнале од Македонија? И да ми објасни што им фалеше додека не можеа да гласаат? Изменето од Santijago - 14.Септември.2012 во 22:11 |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Епа проблемот се сведува на тоа што во дијаспората со неколку стотини гласови се станува пратеник. Исто така проблемот е тоа што тој пратеник од дијаспората го живее животот во дијаспората а носи одлуки за тие што живеат тука.. Тука пак се навраќаме на она старото.. Кога тие таму, ќе дојдат да живеат и работат тука и кога ќе го крпат месецот како што тие го крпат тука тогаш, ама апсолутно јас ќе им станам најдобар пријател па дури и ќе се понудам да ги однесам на гласање.. Сето останато е демагогија и ветер и магла... Со прост пример само ќе ви објаснам.. Летово доаѓа едно пријателче кое се немавме видено па сигурно 10 години. Живее и работи во Канада веќе 10 години. Откако замина, камен фрли и не му ни текна да се врати. Е сеа морало да се врати имал некоја потреба околу наследство, ли имотно правни односи околу куќа беа, не навлегувам во тоа. И се среќаваме сосема случајно во суд, јас бев нешто приватно исто така... Се изгушкавме како стари другари, и се договоривме да се видиме дента .. Седнавме на пивце и праиме муабет... Вика како животот тука, му викам друже остај.. се више и више заглавувам.. Платата не стига да покрие се. Жена ми не работи, деца мали, само јас шибам ко луд дури и барам прекувремени да земам денар повеќе.. Ама не сум само јас му викам.. 60-70 % од колегите можда и више се така.. Ми вика, знам слушам, гледам и читам што се дешава тука.. Ми вика немој да мислиш дека и таму е лесно.. Му викам дефинитивно го знам тоа, ама барем имаш пристојна работа, жена ти работи, и двајцата имате пристоен живот па дури ви останува и да спечалите.. Е тоа да ми вика.. Туку не се секирај, овие од ВМРО ќе ја опраат работава, еве гледам зидаат праат ова она, доаѓаат таму редовно не посетуваат .. Почнав да се смеам, почнав малце по малце да му ја образложувам ситуацијата со цените, ово оно, кредити, задолженост на државата, позајмување пари.. Му викам ако мислиш дека те лажам отвори интернет на телефон и просурфај.. Типчево 100 пати опцу зашто гласал за нив, а јас му викам па зарем гласаше таму.. Ми вика Да, да и тоа сите сум ги запнал, роднини, пријатели се што познавам македонско таму... Вика па јас знам дека во Македонија е тешко, ама не и до толку тешко. После сите математики што ги направи вика, па ти како преживуваш.. Му викам уживај.. голтав пустински песок 1 година, ме бркаа кинески 107мм и камел пајаци, скорпии, 7.62мм зрна и се остало, ме дуваа многу пати апачи, цапав кал до колена ама ете заработив, за сега да трошам за да крпнам месец со месец... Вика друже бегај од државава фрлај камен и ич да не му се замараш.. пари дур имаш на сметка имаш можност, кога ќе ги снемаш, тешко ќе ти биде да се снајдеш надвор.. Му викам батали дај да продужиме за стари дани... Е драги мои иселеници.. Секоја чест на тие што се информирате дневно за збиднувањата во Македонија. но проблемот е што темпото и животот во Македонија не го осеќате директно на сопствената кожа... Индиректно можеби да, но знаеш како иде она.. те тапшаат по рамо само колку да ти ја олеснат маката, ама рамото мене ми падна ептен надолу од тапшањето... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Точно знаев каде ќе не однесе муабетов, не се согласувам со муабетот за задолженоста, ама го почитувам твоето мислење. Сакам да речеам во времето на ВМРО платите на јавната администрација се зголемени за 20%, да не зборам за наставнички што платата им е скоро двојно покачена, капацитетот на државата е толку. За приватните сопственици не ми се прича бидејќи не им чини никој што е на власт, немаат друг изговор за малите плати, а предузеќето реално добро работи.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1. Токму така, администрацијата нека се полни со пари, а тие што работат во приватни фирми нека се мислат дали и овој месец ќе земат 12.000 или сега ќе се задоволат со 10.000 Не може секој да работи во јавна администрација, барем се знае кој може а кој не 2. Од каде тоа дека им е двојно покачена платата? А гледам нема доволно наставнички и тоа благодарение изгледа на покачените плати
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Внеси реплика | страница <1 678910 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |