![]() |
|
Народноослободителна борба на Македонија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567 39> |
Автор | ||||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
http://www.bbc.co.uk/history/worldwars/wwtwo/partisan_fighters_01.shtml
Partisans: War in the Balkans 1941 - 1945By Dr Stephen A Hart The violent struggles that occurred in Yugoslavia between 1941 and 1945 resulted in over 1.7 million dead. Of these, one million were caused by Yugoslav killing Yugoslav, whether it was Croat Ustase against Jews, Muslims, Serbs, Chetniks and Partisans; or Partisans against Chetniks and Ustase; or Chetniks against Ustase, Muslims, and Partisans. 1 700 000 - Yougoslavia 6 000 - Macedonians in total 200 - Macedonias - Apr 1941 - Aug 1944 Изменето од d4 b3 - 14.Септември.2012 во 21:11 |
||||
![]() |
||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Со завршувањето на ерата на Комунизмот на поранешните Ју простори се отворија вратите за сите што биле против комунизмот. За распишувањето на наградата за главата на Дража е пишано само во еден спис каде што е точно дефинирано.. Доколку Дража ја откаже поддршката кон фашистите заради се повеќе зголемената соработка со населението и партизаните (така речи после зверските работи што ги правеле четниците кон својот народ, населението поддршката ја дава на партизаните), било кажано дека е можно да се распише награда за неговата глава. Инаку во право си дека Дража бил соработник на англиските служби но не и американските бидејќи американското влијание се појавува дури после 1943 тука на овие простори, но кога англиските служби дознаваат дека всушност четниците се тие кои што соработуваат со фашистите ја прекинуваат секоја соработка со нив, и се приорентираат кон партизаните.. Дури има и јавно извинување од страна на англичаните бидејќи тие првиот контакт го оствариле со четничко усташките војски кои на нив им се претставиле како борци за слобода, а всушност биле соработници на окупаторите. Впрочем прочитај и види колку само материјална помош имаат добиено четниците и усташите од страна на фашистите. И ако четниците и усташите биле против фашистите зошто тогаш им било дозволено слободно да се движат низ земјата и да престојуваат и групираат во касарните на поранешната војска на СХС?? Интересен факт нели? Четниците, Усташите и балистите се според тебе вистинските заштитници на населението од теророт на окупациските војски, со оружје и опрема од самите фашисти... Всушност и малце разгледај ги историските битки и ќе видиш како бил стеган обрачот околу партизаните од страна на фашистите и соработниците.. Што се однесува за советските шпиони тие се појавуваат дури после 1944 година кога тогашниот СССР успеал да ги протера германските војски надвор од нивна територија. Се до крајот на 1943 година СССР не бил во никаква состојба да врши било какви шпионажи, инфилтрации и разно разни заврзлами. Малце согледај ја хронологијата на настаните многу работи ќе ти бидат јасни. Што се однесува за светот, по се изгледа дека Втората Светска војна ти е послаба страна.. Имено на Малта која се претставувала како неутрална, биле стационирани 4-та флота на германската морнарица, 1 полк на тогашното Луфтвафе, 2 Панцир дивизии и 3 пешадиско моторозирани бригади. Сето тоа било заради стратешката место положба на Малта. Впрочем можеш и да прочиташ дека после падот на Малта, сојузничките војски ја користеле како бастион за одбрана на африканскиот корпус, при што Луфтвафе 2-3 месеци непрестајно ја бомбардирале Малта... Хронолошки, се до влезот на САД во втората светска војна, Фашистичките окупациски војски имале огромна сила. По навлегувањето на САД во војната нештата значително се менуваат. Падот на Африка и протерувањето на Ромел, следи Десантот во Италија и падот на Мусолини. За на крајот да дојде десантот на Нормандија и ослободувањето на Франција. Паралелно со тоа во сите земји каде е забележано дека населението пружа отпор кон фашистите е давано материјална поддршка, како и поддршка во малку бројна жива сила. Усогласи ги годините и ќе видиш многу работи. 1942 е пресвртот во Југославија каде четниците и усташите ја губат наклонетоста од сојузничките сили, а при тоа населението значително почнува да се врти кон партизаните. Зошто е тоа така.. Тие што се претставувале како заштитници на населението всушност биле соработниците на фашистите и затоа ја изгубиле поддршката од населението... И уште едно прашање.. Зошто ако партизаните т.е комунистите како што ти ги нарекуваш ја добиле поддршката од населението и сојузниците, зошто не останале со четниците или со усташите? Немој да ми кажуваш за советски шпиони зашто до 1944 година советите неможеле глава да дигнат од германците не па да прават тајни заговори со тито за да ја добие наклонетоста од Англија која и самата јадела ќутек од Германците... Уште едно прашање.. Зошто четниците и усташите користеле Карабинер 98 како основно оружје и зошто Дража носел Лугер лично даден од УберКомандерот назначен за силите на Балканот? Зошто усташите ја носеле црната СС униформа без ознаките на СС? Многу симптоматично е тоа за некои кои се бореле против Германците т.е се претставувале како заштитници на народот... Само незнам од кого го штителе. |
||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||
![]() |
||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Верно.
На англичаните им стана јасно дека некогаш неорганизираните партизаи станаа поорганизирани и побројни од дражевците, како што им стана јасно дека дражевците ќе водат изгубена воја со партизаните кои немаа намера одново да ја воспостават кралевината за која се бореше Дража. И англичаните им го свртеа грбот на дражевците понудувајќи им рака на патизаните. Ним не им беше важно со кој ќе бидат, туку им беше важно да бидат со оној кој победува.
Верно, победниците ја пишуваат историјата.
Нормално, четниците се бореа против германците, додека усташите и балистите се бореа заедно со германците и италијаните. Имено, хрватите и албанците ги дочекаа фашистите како ослободители од српската доминација во тогашното Кралство. Моментот на окупирањето на тогaшната Југославија беше погоден момент за нејзино распаѓање и формирање на посебни суверени држави исто онака како што се случи со последнава војна кога Македонија стана незвисна и суверена држава. Тоа што партизаните и четниците се здавија за превласт и така станаа непријатели е друга работа. Кажувањата дека четниците се бореле на страна на окупаторите, затоа што се пресметува со патизаните, немаат никаква основа. Изменето од Messenger - 14.Септември.2012 во 20:15 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
![]() |
||||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Колегата d4b3 преди време беше покажал една таблица:
![]() Тука се четат 6 000 души. Ама тие се вкупно загинати во 2-та дела на Македониjа и на сремскиот фронт. Периодот е 1939 -1945. Разни националности има - Македонци, Евреи, Срби, Албанци. Како редуцираме со критериите кои дадов по горе остаат 200 чоека Македонци. Толкоз. |
||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||||
![]() |
||||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ослободување на Малта??? Ти сигурно ме дупчиш нешто!!! Ама остави сега тоа, тоа не е важно. Муабетот ми беше за НОВ, односно нивната организација и подршката што ја "имале" кај југословенските народи до крајот на 44-та год. Сликите кажуваат илјада зборови, факт е дека до крајот на 44-та, партизаните имале многу мала подршка кај југословенските народи, а во Србија и Македонија никаква. Четниците на Дража Михајловиќ имале константна подршка од страна на англичаните и американците се до крајот на 43-та, како и присуство на амерички и англиски воени мисии во нивните редови. Вероватно знаеш и дека Дража е одликуван од страна на американците за неговиот допринос во антифашистичката борба. Исто така германците имале распишано награда за четничкиот водач во износ од 100 илјади рајхс марки во злато. Па како сега имало награда за неговата глава ако овој соработувал со нив. Приближувањето на англичаните кон партизанското движење во 43 год. е една успешно извојувана битка на советските шпиуни односно двојни агенти кои работеле во британските редови во тоа време, односно работеле за комунистичката кауза со цел да му се помогне на Тито за подоцнежна контрола на Балканот од страна на советите. Зошто американците биле неповерливи кон тоа избрзано приклонување на англичаните кон комунистите на Балканот??? Сме ја имале таа несреќа да комунистите на Балканот ја пишувале историјата и историските факти, која е полна со измислици и надувани податоци и факти, но времињата се менуваат. Никој меродавен во светот не и замери на Србија што ги изедначи четниците со партизаните како борци против окупаторот, смееше ли такво нешто Хрватска да направи со усташкото движење, или пак шиптарите со нивните балисти. Одамна веќе никој не пишува еднострано за случувањата на Балканот во периодот 41-45 год. како што тоа ти го правиш. |
||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||
![]() |
||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Цитирам извадок : Македонскиот народ ја заврши војната со околу 25.000 загинати борци и жртви на фашистичкиот терор. Со сето тоа НОАВМ даде значителен придонес во антифашистичката војна на Балканот и во Европа.
http://www.scribd.com/doc/52783514/encyclopedia http://www.scribd.com/doc/52783514/encyclopedia#page=20 |
||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||
![]() |
||||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
при тоа млади луге - 17-25 години - време кога човек има специфична визиа за светот
не ме разбирайте погрешно - не сакам да неглежирам настаните ама жертвите во МК са барем 10 пати по-малко споредено со коя да е друга страна та случили сте на окупатор не е требало ние да ве окупираме требаше друг да ве окупира ама на - станалото станало |
||||
![]() |
||||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Колегата не знам, ама jас винаги сум тврдел: Загинати Македонци во борба со бугарските воени и полицески сили во периодот ІV 1941 - VІІІ 1944 на териториjата на бугарската окупационна зона са около 200 чоека. |
||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||||
![]() |
||||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
е стави цифра колку са загинатите?
Изменето од d4 b3 - 14.Септември.2012 во 13:13 |
||||
![]() |
||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ако веќе ги коментираме сликите што ги има постирано, убаво се гледа дека горната слика е од Првото заседание на АВНОЈ во 1942, а убаво се знае дека во тоа време партизаните сеуште делувале самостојно без надворешна помош, а додека другата слика е од Второто заседание на АВНОЈ во 1943, каде партизаните веќе земаат голем замаф и се потпомогнати од Сојузничките војски, а доказ за тоа се британското и американското знаме на зидот позади Тито... Така да треба секогаш убаво да се научи Историјата т.е хронологијата на настаните во текот на годините па да се носат заклучоци. |
||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||
![]() |
||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ако не ја познаваш географијата на Македонија не коментирај... Во тие листи 99 % се од Битолскиот регион т.е градот Битола и селата кој во тој период гравитирале кон Битола и чат пат по некој гастарбајтер или дојденец... Убаво разгледај ги местата на раѓање и ќе видиш дека 99 % се од тогашниот Битолски регион. Или сакаш да кажеш дека во Втората светска војна имало севкупно 220 загинати од цела Македонија? |
||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||
![]() |
||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ако разговараш правилно со факти, тогаш треба и да знаеш дека се до 1943 година, целиот свет бил во одбрана.. А од 1942-43 работите земаат поинаков замав.. Сојузничките сили почнуваат со контраофанзива секаде.. Најдобро сведоштво за тоа е Операцијата Факел која го најавила почетокот на крајот на Фашистите во светот. Најпрво е извојувана огромна победа во Северна Африка над Фашистичките војски со што Ромел бил принуден да се повлече од Африка целосно, потоа следува ослободување на Малта која служела како даска за отскок и префрлање на Европско тло. Паралелно Советската Армија започнува со контраофанзиви за протерување на Германските војски... Тоа нема да се случи се до крајот на 1943. Исто така е формиран штаб за помагање на ослободителните војски во сите држави од Европа и светот кои биле под Окупација на фашистите. Така да крајот на 1942 година се смета за пресвртница за многу работи во Втората светска војна. Инаку партизаните се до тој период биле организирани но слабо опремени за разлика од домашните усташи и четници кои биле целосно опремени и обучени од страна на Фашистите и делувале како нивни единици на теренот со што дополнително била отежната борбата за ослободување на нови територии. Но со поврзувањето на Врховниот штаб на НоВ на Југославија со Оперативниот штаб на сојузничките сили, почнала да пристига и помошта за партизаните во вид на оружје, муниција, санитет, облека и сл... Исто така имале и помош во жива сила која помагала за некои операции.. Значи се доаѓа до определен заклучок, каде и покрај желбата и поддршката на населението во Југославија да се вклучат активно и да се дојде до толку посакуваната слобода, не било можно бидејќи партизаните било слабо опремени, и во секој случај силите од другата страна биле далеку надбројни... Така да картата што покажува слободни зони од 1942 и тоа како е голем успех за една толку мала, не добро опремена и не добро организирана да кажеме војска... За да можеме да донесеме определен заклучок мораме да ги согледаме сите факти... А фактите започнуваат на глобално ниво и се слеваат понатака... Пак ќе набројам... Факт 1.. До 1942 година светот бил во одбрана од замавот на окупациските сили. Факт 2.. Крајот на 1942 и почетокот на 1943 година Сојузничките сили формираат здружена офанзива т.е преоѓаат во контраофанзива. Факт 3.. Се до крајот на 1942 и почетокот на 1943, НоВ т.е партизанските единици не добивале никаква помош од страна на сојузничките сили, и биле далеку помалку бројни од Фашистичките Германски, Италијански и бугарски војски, а дополнителен товар им задавале усташите, четниците и балистите кои биле на страната на фашистите. Факт 4.. На територијата на тогашна Македонија не дејствувала ниту една друга паравојска на страната на фашистите освен балистите. Тоа ја доловува сликата дека Македонскиот народ во тоа време бил здружен и по тоа прашање, извојување на победа на фашистите преку формирање на партизански единици кои биле единствено фокусирани на уништување на фашистичките војски и објекти. Уште поголем товар во тоа време за Македонија претставува фактот дека на овие простори биле стационирани дури 3 окупациски војски Германска, Италијанска и Бугарска потпомогната во некои региони од балистичките банди. Тука се поставува уште едно прашање.. Кога веќе во останатите региони од поранешната СХС претстојувале само 2 војски и 1 паравојска зошто во Македонија престојувале 3 војски и неколку банди? |
||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||
![]() |
||||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ама од 1944та - не са разделени пред и после окупациата
|
||||
![]() |
||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ако добро прочита од каде се овие луѓе ќе видиш дека тоа се борци од Битолскиот регион.. тоа се вкупно 220 загинати борци само од Битолскиот регион... А каде се останатите региони? Скопски, Кумановски, Прилепски, Охридски, Струмички, Штипски, Велешки итн итн.. да не ги набројувам сите со ред?
|
||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |