|
Испукани капилари |
Внеси реплика |
Автор | |
dalton
Група Регистриран: 18.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 44 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Мај.2012 во 22:43 |
moze li nekoj da kaze lek za ispukani kapilari...gi imam na noga
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ама си објаснил , не кажа ни каде, ни од кога ги имаш , што подразбираш под испукани капилари ? дали има други промени на ногата , оток , болки, што телесна тежина имаш..итн,
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имам испукани капилари на левата нога над коленото.
Болка во нозете на првото станување на сабајле, ми треба време да се разодам,едвај едвај одам на една па на друга во неколку кратки чекори,болката тогаш е во долниот дел од нозете како слабост. Понекогаш преку ден ги чуствувам уморни и отечени,ама исто ми се фаќа и да лежам и да седам и да стојам...исто ме боли,може малку да ми е подобро ако имам високи перници под нозете ако лежам или ако ги подржам во ладна вода. Мислев дека ми е поради работата,но сега паузирам. Имам отоци и на рацете. Ме прави ова нервозна,како немир имам ми ја зема силата |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Испукани капилари
искрено не знам кои од младинава нема испукани капилари , многу ми е жал кога ќе видам 15 годишни девојчиња со сукничиња ,убаецки , а над или под колено ( најповеќе таму се појавуваат ) цела ,,географска карта ,, од испукани капилари ... јас пак ќе рачам , прескокнувајќи ги генетските и наследните причини , дека ова појава е баш поради тој предмет ,,ФИСКУЛТУРА ,,што на времето беше поим , а сега онака ради реда , а да не зборувам за спортски активна или реактивна младина , ете таа неактивност се плаќа на ваков начин , да телото при некој зорт веднаш реагира на таков начин , преголем напор на нозете , преголема дилатација и ширење поради допир со топлина од природа на топла депилација , солариум , седење зимно време на термо санким столица е итн... започнува со чешање и пецкање да преку ноќ се појави црвен или плав ,,конец,, од капилар кој за кратко време ако не се санира ќе се прошири , велам вежбање како прв чекор , секојдневно онака повеќе рекретивно не со запнување , после неносење тесна облека како еластик фармерки , редовно конзумирање на продукти кои содржат ВИТ Ц или пак да се пијат како таблети секојдневно и на крај масажа со туш со млака скоро ладничка вода ( без рачно масирање) и намачкување со некоја маст која содржи костен или невен доколку сакаме нели лечење со маст од природно потекло или со хепаринска маст со разни фабрички имиња но преферирана форма на гел поради создавање на тенок филм над капиларот што го лечи доколку сме упорни... еве пример АЛВЕН гел (30.000/100 IU/g) од наше производство Содржи во 1 гр гел 300 I.E хепарин натриум, 2,5 mg алантоин, 2,5 mg декспантенол, Коњски балзам за третман на уморни, напнати, потечени и оптеретени нозе со проширени вени, моментално отстранување на болки од замор, испукани капилари, повреди, отоци и реувматски болки, ја поттикнува на циркулацијата, лади, дава чувство на релаксираност и опуштеност, активира и масира , за сува и осетлива кожа, ги неутрализира ноќните грчеви во листовите. Маст од невен и темјан лечи: акни, брадавици чиреви, цисти, екцеми, псорјаза и себореја, хемороиди, херпес зостер, фистула, импетига, лупење на кожата, маститис, изгореници, осип, разни инфекции, рани ( гнојни рани), рани кои тешко зараснуваат, каснување, убод од инсекти, проширени вени, испукани капилари, дури ги израмнува брчките не лицето и вратот...најсовремен , но и најскап начин на остранување на испукани капилари ,,ласерско ,, , но прашање дали и после овој третман истите нема да се појават на друго место , мислам оправдано ако е естетско неопходно... Изменето од bijonse1 - 03.Септември.2012 во 23:21 |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |