IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Мисирков
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мисирков

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 36373839>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2012 во 17:12
Што признал?
Малку е сомнително 54 страни на странски јазик со илинденски букви да си ги прочитал.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2012 во 18:47

намигнување

Тоа е лесно.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Ташко Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2012
Локација: МАКЕДОНИЈА
Статус: Офлајн
Поени: 217
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ташко Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2012 во 02:35
Хехее, значи и фототипно кога ти се дава што напишал Мисирков, пак нешто демек не ти е јасно..?!?
Ти дефинитивно треба да потрошиш малку поовеќе време кај некоја бајачка, отколку на македонски форум...


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

НРГМКД, дека Мисирков сакал да се издвои македонски народ, спор нема.

Дали се согласуваш со тоа што не врзуало?

Нема што да се издвои кога нештото и никогаш не било исто, како што убаво објаснил Мисирков.

А за тоа што не "врзувало" пишувале и други. Еве еден такво од 1930 г., ама во него вели дека "одавна тврди" за кажаното:




Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Размислувањата на Мисирков се друга работа. Дека сте се велеле Срби самиот си објаснува
За првото ево шчо можит да се речит: македонците, сите заiедно се викале срби не поеке од педесет години, а во некоiи, и то северните делои, нека сто и сто и педесет, но не и поеке години. Името србин тогаi iет им'ало поеке државна смисл'а и по малу етнографцка. До тогаi и во турцко време го немало каi нас. И ако iет така, то не iет ли шовинистична заслепеност да ни се наврзуат сега нам на сите македонци, па и само на северните наши сонародници, наместо бугарцкото име?

Сега не разбирам, демек "Срби" ли се Македонците?!?


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Како и да го врти, сте се велеле само и единствено Бугари и ништо друго во етнографска смисла.
Тоа го кажуваат и самите историски извори.
Божидар Вуковиќ сакал да печати во Венеција српски и бугарски книги во 1520 г.

Многу лажеш бре, аман сопри се малку ќе ти штети на стари години (ако не и сега), ќе подзабораиш какви се лажги си кажал и кому па ќе служиш за потсмев... или тоа и сега ти е одлика, ама не ти смета?

Има многу подоцнежни примери каде родени Срби и Бугари си ги мешаат насловите на јазиците, а да не зборам дека по Хрватска и особено во Далмација словенскиот јазик е нарекуван "Илирски".
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2012 во 20:03
Писмото на Крсто Трајков е многу убаво. Што пишува?
Дајте да се обоиме како Македонци и да се велиме само Македонци. Еднакви сме с Бугарите ..., ама за да ни биде успешна борбата, треба да престанеме да се велиме Бугари. За да не им биде голем дерт на некои го објаснува тоа што си го покажал.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2012 во 20:20
Сега дали разбра што ти рече Ташко за Мисирков ???

Доколку навистина те интересита само вистината за историјата на македонскиот народ не скокај од тема на тема избегнувајќи соочување со фактите кои самиот ги изнудуваш од своите соговорници.

Биди доблесен и прифати ги документите кои ти се приложени во прилог на полемизирањето кое самиот го започнуваш.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2012 во 20:32
Нели тоа го правам? Покажува нешто од Крсто Трајков на темата за Мисирков и јас му одговарам.
Да не биде вадење од контекст, ете го целото писмо.


Покажав и како Балан го демантирал Мисирков уште тогаш.
Само Мунгос кажа дека прочитал.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2012 во 21:00
И не разбирам што правиш, го прифаќаш или го одбиваш ?

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2012 во 09:49
Прво го читам целото, по тоа осмислувам што сакал да каже авторот.
Пак го читам. Ако треба и уште еднаш.

И кога веќе сум целосно запознаен со текстот можам да кажам дека писмото на Трајков дава еден рецепт за поуспешна борба - трансформација на именувањето на македонските Бугари во Македонци, кое не значи дека Крсто ќе стане етнички Македонец. Човекот си умрел како етнички Бугарин.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2012 во 09:55
Дај сега да си се вратиме на Мисирков и да видиме колку е вистина ова негово објаснување за бугарското име на македонските Словени.

Цитирај Ево шчо означаат: македонците беа крстени со национални имиiн'а, со коiи они се разликуваат од друзите саседни со ниф народности, т. е. од турците и грците, па и власите. Првите не трпеа името срби заради србцкиiот отпор при завоеваiн'ето на Балканцкиiот полуостров. Во Турциiа до руско турцките воiни збороите „србг'аур" требит да означауле тоа, шчо означаваат сега збороите „москов г'аур".
Се разбират, оти рисiаните не само сами не се велеле срби, но им било неприiатао да се вел'ат и од друзи така. Така не велеа и грците, зашчо последните не видеа големи от србите. Па и немало зашчо: името србин погости во Македониiа, као политичен термин само малу време. Оно се и забораи скоро без чуздо приiатно потсетуаiн'е за него. От турцко гледишче и не прао iет да се вел'ат македонците сите поглавно „србг'аури", зашчо они се предадоа на турците. А,ако се испразднит
од Македониiа името србин, то ке останит за македонците само името бугарин, коiе беше политичен и етнографцки термин ушче до турцкото завоеваiн'е. Тоi термин не беше лош от турцко гледишче, а од грцкото, беше много удобен, зашчо со него наi убао можеше да бидит искажано презрез'н'ето и ненависта на грците кон' нас. Ето зашчо ниiе мег'у другото се признафме за бугари т. е. тврдоглавци.


Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2012 во 10:11
Oвие размислувања Мисирков ги презел од српската пропаганда - Петар Драгашевиќ - 1890 г.

2. I Turci su uzeli da reč "bugarin" znači prostak, naravno sada u odnosu na njih kao gospodareći narod, pa da bi Turcima, kao i nekad Grcima ugodili, te da bi se ovakve ili onakve napasti oslobodili, mnogi se Srbin u Makedoniji nazivao onako kako to prija njegovom gospodaru, a mnogi se tom tuđom reči umesto svojom služio i u odnosu prema građaninu od koga je pojedinačno zavisio.

Međutim, reč Srbin rano je počela kod Turaka da znači revolucionar.

Bugarski narod, od kada je pao pod Turke, skoro se nikad nije dizao da sebi izvojuje slobodu, narodnu, građansku i uopšte. On se uvek zadovoljavao time ako je mogao da umiljavanjem i svakovrsnom pokornošću obezbedi sebi lični opstanak, ili da pribavi materijalne koristi.

Setite se, ako znate, ili proučite ako slučajno ne znate - ja vam ne mogu, a da ne pocrvenim, iako Bugarin nisam, nabrajati sredstva kojima se raja u Bugarskoj služila da bi se Turcima dodvorila, da bi svoj teški život u miru provesti mogla.

Naravno da je takvo držanje Turcima sasvim odgovaralo i - oni su zbog toga u Bugarima - uvek videli miran, poslušan narod, vernu raju.

Naprotiv, Srbi su se vazda opirali nasilju, i pojedinačno i u masi. Oni su vrlo često bune dizali i uz svakog neprijatelja turskog pristajali, tako da turska carevina u Evropi skoro nikad od Srba nije bila mirna.

Nemojte se mnogo obazirati na srpske hajduke bez kojih turska carevina apsolutno nikad nije bila, nemojte isto tako uzimati u obzir ni sitne - iako vrlo česte bune u srpskom narodu - ali svakako ne smete gubiti iz vida, već ste naprotiv dužni da na pameti imate one velike - po carevinu često opasne srpske ustanike - koji su bili uzrok čestih trzavica u carevini.


http://www.rastko.rs/rastko-mk/istorija/opste/jdragasevic-makedonski_l.html


Балан го има објаснето.

http://www.scribd.com/doc/84992379?secret_password=1ovtu9bexcr2y4i6s597
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2012 во 10:19
Ете едно тешко прашање од Балан до Мисирков.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2012 во 16:05

На денешен ден е роден Крсте Петков Мисирков




Д-р Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874 – Софија, Царство Бугарија на 26 јули 1926) бил македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво.

Тој е и автор на првата и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.





Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско во Егејска Македонија. Селото се наоѓа недалеку од древната македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик и на таков начин го совладал туѓиот, наметнат јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија

Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Крсте Петков Мисирков сфатил многу добро (како и останатите негови македонски колеги) дека српската буржуазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, Крсте Мисирков учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија, речиси, по ништо не се разликувало од почувствуваниот режим во Србија. За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како бугари за да не би биле малтретирани. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или несакал, се запишал со прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српското име. Овојпат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија.

Крсте Петков мисирков, иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго средно училиште: белградската учителска школа, која целосно ја завршил во 1895 година. Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар“, со своја програма која членовите на дружината Негоіите членоіи да се запознаіат и да си изработат іедна програма, коіа ке iа осашчествуваат во Македониіа таіно од србцката пропаганда. Членовите на дружината во извесна смисла ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години.

Деновите во Русија

По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков тајно се префрлил во Одеса. Таму не му го прифатиле и признале образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна семинарија во Полтава и дури по две години да започне со студирањето: отпрвин на медицинскиот факултет во Петродонски Словен. Вклучувајќи се во птероградската студентска средина, Мисирков станал многу активен. Меѓу другото, напишал и еден блескав реферат под наслов За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров, што го прочитал пред членовите на Имераторското руско географско друштво, а го објавил и во списанието „Живија старина“.

Во екот на најголемата борба за превласт на пропагандите во Македонија, Мисирков се вратил во својата Mакедонија, во родното село Постол. Тогаш и се запознал потемелно со македонското револуционерно движење. Во исто време собрал богат фолклорен и етнографско-топографски материјал што подоцна го објавил во своето списание „Вардар“.

При следното доаѓање во Петроград Мисирков станал член на Бугарското студентско друштво и со неколкумина истомисленици го основал Тајниот македонско-одрински комитет. Меѓутоа, Русија се наоѓала во еден предреволуционерен период и руската влада го затворила Петроградскиот универзитет. Поради тоа на Мисирков не му останало ништо друго, а и здравствено се почувствувал лошо, па заминал во Одеса. Од тоа време датира студијата Кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко, што била неговата дипломска работа. Во 1902 година, Мисирков блескаво го завршил факултетот во Петроград.

Во истата таа година, било основано и Македонското студентско другарство во руската престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен придонес дал и самиот Мисирков. Само една година подоцна ова научно-литературно другарство било преименувано и оттогаш дејствувало како Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“ . Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни седници барања пред се до руската влада , па и до владите на другите европски држави , да се признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото на литературен јазик, правото за обновување на Охридската архиепископија

Понатамошни активности и смртта

Мисирков се вратил во Софија со надеж да ја подигне од печатницата својата нова книга, но сепак не одело сѐ од рака така лесно. Имено, книгата му била откупена од тамошните власти и изгорена, поради познатите причини. од изданието се спасиле и зачувале само мал број на примероци. По таквиот настан организиран од испаничената бугарска пропагандистичка машинерија, следел организиран напад врз Мисирков[1]. Тој бил присилен да ја напиушти Бугарија. Мисирков повторно се нашол во Русија, активирајќи се повторно во друштвото „Свети Климент“ и набргу го прифатил професорското место во Берѓанската гимназија, каде започнал со размислување за издавање на една македонска публикација именувана како „Вардар“.

Така, Мисирков го напуштил Берѓанск и обезбедил престој во Одеса. Тој го подготвил првиот број на своето списание за печат и предал во печатница. Меѓутоа, Мисирков нема доволно финансиски средства за да го подигне отпечатениот материјал. Со тоа завршило неговото одушевување и исчекување. На првиот а воедно и единствен број на списанието содржи драгоцени материјали напишанина македонски јазик. Тие, речиси, во се го потврдуваат Мисирков околу книгата За македонцките работи и за погледите кон македонскиот јазик и македонската нација.

Неговиот престој во Одеса бил исполнет со нови активности. Покрај подготовката на списанието „Вардар“ што се отпечатило во 1905 година (но не и во продажба), Мисирков бил вклучен во работата на Историско-филолошкото друштво. Во текот на Првата балканска војна тој бил воен дописник од фронтот во јужна Македонија. за време на Втората балканска војна веќе бил назад, во Кишинев на професорска должност. Во 1913 година Македонската колонија од Петроград започнала да го издава списанието „Македонский голос“. Мисирков веднаш воспоставил контакти со Колонијата, соработувајќи со останатите луѓе што го издавале списанието. Мисирков објавувал под свое име но и под псевдонимот К.Пелски.

Понатака, Мисирков го дочекал револуционарните настани од 1917 година. Бил отворен противник на присоединувањето на Бесарабија кон кралството романија, па поради тоа и го екстернирале од Кишинев во Одеса. Но повеќе не можел да остане во таа средина. Бидејќи си имал и семејство, тој заминал од Одеса во Софија, каде го пречекале со недоверба. Сепак добил служба во Етнографскиот музеј, потоа бил испратен во Карлово, но и понатака му се заканувале поради неговите отворени ставови во однос на македонското прашање. Побарал да добие служба во соседната држава Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Неговата молба останала без одговор. Оневозможен да се врати во Русија, фрлен на служба во провинциско место Копривштица, Мисирков западнал во криза. Се разболел тешко, претходно преплашен со закана дека ќе биде ликвидиран, па така се нашол во „Александровската болница“ во Софија, каде умрел на 26 јули 1926 година. Неговото семејство (сопруга и син) ги оставил без основни средства за живеење.

Мисирков е закопан во софиските гробишта парцела 89, ред 17, гроб 4 каде се наоѓаат и псмртните останки на Екатерина Михајловна - Мисиркова, Сергеј Мисирков и Борис Мисирков.

Според спомените на неговата сопруга Екатерина, шест недели Крсте е лекуван без точно утврдена дијагноза, односно со претпоставка дека е менингит или енцефалит. По шест недели болки и повремени бесвестици, на 26 јули 1926 година Крсте Петков Мисирков умира во Александровата болница. Подоцна е утврдено дека умрел од тумор во мозокот. Мртов цел ден лежел во креветот: до него е само сопругата. Немало кој да го пренесе во мртовечницата, а сопругата немала пари за погреб. Свеќите што ги запалила, и ги донеле милосрдни сестри. Болницата понудила да го остават телото за секцирање, но Екатерина и синот Сергеј одбиле. До гробот за сиромашни во софиските гробишта го испратиле само десеттина души.

„За македонцките работи“

Најзначајно дело напишано од раката на Крсте Петков Мисирков е книгата „За македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Во таа книга Мисирков ја обработува положбата на македонскиот народ, актуелната тогашна политичка и етнографска состојба на Македонија и пошироко. Најзначаен дел е последната глава од книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик“ во кој јасно Мисрков дава предлог за оформување на литературен стандарден македонски јазик базирн врз централните говори. Од поголемо значење е и тоа што Мисирков користи азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука.

Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Кнежество Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се:

Предгоор

Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?

Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?

Нациіоналниот сепаратизм: земишчето, на коіе се имат развиіено и ке се развиіат за однапред.

Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична іединица?

Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик.

Сите делови, со исклучок на предговорот и последните две глави, биле прочитани пред македонското друштво „Свети Климент“ во Русија. Така, втората глава од книгата била прочитана на 21 септември на 1-та седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство „Св. Климент“, третата глава била прочитана на втората седница и четвртата глава била прочитана на третата седница на друштвото.

Значењето на книгата „За Македонцките работи“

Остварување на идејата за одделен македонски јазик е објавувањето на книгата „За македонцките работи“ (во Софија, 1903) од Крсте Петков Мисирков. Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското народноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.


Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2012 во 18:59
Ако Мисирков бе умрел во 1903 година ке да ве разберам... ама чоекот е умрел 20 години по доцно... да не би да не е бил жив по истото време?
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2012 во 21:53
Originally posted by чоли чоли напиша:

Ако Мисирков бе умрел во 1903 година ке да ве разберам... ама чоекот е умрел 20 години по доцно... да не би да не е бил жив по истото време?


Абе македоноидна работа, да разбираја нешто ќе беа писмени, или полуписмени барем.
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 36373839>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.