IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светото Писмо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светото Писмо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
Автор
Порака
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2012 во 01:27


" Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е во власта на лукавиот"

                                         ( 1 Јованово 5:19)

 Ѓаволот владее со овој свет. Тоа значи дека Сатана ги контролира и средствата за јавно информирање.

Затоа не треба да не' изненадува што материјалот кој го гледа, слуша и го чита светот е полн со неморал и насилство. 

Преку своите реклами, светот настојува кај нас да разгори желба за куп материјални работи кои, всушност, не ни се потребни.

На тој начин Ѓаволот постојано не' искушува со материјални работи кои им се допаѓаат на нашите очи, уши и ум. 

Но, кога одбиваме да гледаме, слушаме или читаме информации кои се кршат со библиските мерила, ние со тоа покажуваме лојалност кон БОГ.

Кога цврсто и решително го одбиваме влијанието на валканиот Сатанов свет, ние постапуваме исто како ИСУС, кој решително ја одбил понудата на Сатана во пустината  кога беше искушуван ( Матеј 4:8-10) .

Тогаш ќе имаме вистински мир во нашите души, мир кој не може да ни го даде овој свет, туку само БОГ. 

ИСУС рече : "Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Имате неволја во светот; но бидете храбри - Јас го победив светот.” ( Јован 16: 33)



   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2012 во 23:05


 " И ова е увереноста која ја имаме во Него: дека Не' слуша ако бараме нешто според Неговата волја " (1 Јованово 5:14)


 Животот на Божјите слуги денес е исполнет со различни притисоци и грижи. 

 За мнозина, болестите и емоционалните притисоци се главен извор на грижа.

 Животот ни го отежнува и насилството кое се' повеќе го има околу нас. Економските  проблеми на многу начини отежнуваат да се заработи за живот.

 Сепак, можеме да бидеме утешени што БОГ ги слуша нашите молитви ако се во склад со  Божјите правила .

 Во Псалм 102:17 пишува дека Бог ќе погледне кон молитвите на лишените, на оние кои останаа без ништо , и нема да ја презре нивната молитва.

Всушност, се' што влијае врз нашиот однос со БОГ може да биде предмет на нашите молитви.

Ако стоиме пред одлуки во врска со брак или вработување, или за било која друга работа, треба  слободно да зборуваме со БОГ за тоа и да бараме водство од Него. 


ИСУС рече : "И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот " ( Јован 14:13).


 Затоа, да  да му ги изнесеме слободно на БОГ во молитва своите барања , потполно уверени дека Тој ќе ги услиши . 




Изменето од KINGDAVID - 27.Август.2012 во 23:08
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2013 во 02:12


    " Алилуја! Моја душо, фали Го Господа! Ќе Го фалам Господа додека сум жив, додека ме биде, ќе Му пеам на мојот Бог. "  ( Псалм 146:1, 2)


 Како млад човек Давид поминувал безброј часови на полињата во близина на Витлеем каде што ги чувал стадата на својот татко.

Додека се грижел за овците, тој ги набљудувал Божјите величествени созданија- ѕвезденото небо, полските животни и небесните птици. 

Она што го гледал толку силно влијаело врз него што бил поттикнат да состави и да му испее прекрасни фалби на Творецот на тие чудесни созданија.

Многу од тие песни  на Давид  кои биле поттикнати од Божјите созданија се запишани во Псалмите , како што на пример може да прочитаме во Псалм 8:

  " Кога ги гледам Твоите небеса, делото на Твоите прсти; месечината и ѕвездите што си ги поставил: 

  Што е човекот за да си спомнуваш за него? Или човечкиот син за да го посетуваш? 

   А Ти го направи само малку подолен од ангелите и го овенча со слава и чест. 

   Го постави за господар над делата на Своите раце; сè му потчини под неговите нозе: 

   сите овци и говеда, и полските ѕверови кон тоа; 

   небесните птици и морските риби и сè што поминува по морските патишта. 

Господи, Боже наш! Колку е величествено Твоето Име по целата земја. " ( Псалм 8:3-9)


Песните што ги напишал овој богобојазлив музичар , поет и цар на древниот Израел го положиле испитот на времето. 

Денес, повеќе од 3 000 години откако се родил Давид, милиони луѓе од најразлично потекло и од сите краишта на светот црпат утеха и надеж од неговите псалми кои се наоѓаат во Божјото Слово , Библијата.


 "Господов ангел се настанува околу оние што се бојат од Него, и ги избавува. 

Вкусете и видете колку е добар Господ: блажен е човекот, кој се надева на Него! "                   ( Псалм 34:7,8 )


   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2013 во 15:07


 

  "Поумен сум од сите мои учители, зашто размислувам за Твоите сведоштва.  Поразумен сум и од старците, зашто ги чувам Твоите наредби."   

                         ( Псалм 119:99,100)


 Пред неколку децении , добронамерните советници и психолози инсистираа родителите да се воздржуваат од се' што е повеќе од благо исправање на своите деца.

Многу такви експерти сега ги поттикнуваат родителите да бидат малку построги, повторно да преземат контрола врз своите деца. 

Во Светото Писмо има напишано специфичен, урамнотежен совет на темата воспитување на децата. 

Библијата вели: "А вие, татковци, не дразнете ги вашите деца, туку воспитувајте ги во науката и опомената на Господа. " (Ефесјаните 6:4)

Грчката именка која во преводот на македонски е преведена со " опомена" означува "стега, подигање, воспитување, поука. "


БОГ во Светото Писмо кажува дека стегата, односно поуката, е доказ за родителската љубов.


Правилно применетата стега и поука им помага на децата да се чувствуваат безбедни. Таа им кажува дека нивните родители се грижат за нив и за тоа какви личности стануваат.


Вреди да обрнеме внимание на овие мудри зборови од Божјото Слово :

10 Послушај, сине мој, прими ги моите зборови и ќе се умножат годините на твојот живот.

11 Те поучив на патот на мудроста, те вратив на правите патеки.

12 Не ќе ти се заплеткаат чекорите кога ќе почнеш да одиш; ако се растрчаш, нема да се сопнеш.

13 Држи се цврсто за поуката, не ја пуштај, пази ја, зашто таа ти е живот.

14 Не оди по патеките на нечесните и не оди по патот на лошите.

15 Остави го, не оди по него, отстранувај се од него и заобиколувај го .

                                               (Изреки 4:10-15)



   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2013 во 18:56

       

    "Зашто ме изеде ревноста за Твојот Дом и навредите на оние, што Те навредуваат Тебе, паднаа на мене." ( Псалм 69:9)


  На почетокот на Неговата служба , околу Пасхата 30 г. од н.е., ИСУС заедно со своите ученици дошол во Ерусалим и влегол во Храмот , каде што ги затекол оние што продавале 'волови, овци и гулаби и менувачите на сребреници' .


Што направил ИСУС кога ги видел и како влијаело тоа врз Неговите ученици ? ( Јован 2:13-17).


Она што ИСУС го направил и го кажал во таа прилика ги потсетило учениците на пророчките зборови од Псалмот 69:9.


Зошто учениците се сетиле токму на тој стих? 


Бидејќи само некој што имал толкава ревност би се осмелил да се изложи на таков ризик и опасност.


Всушност, зад бесрамната трговија што се вршела во Храмот стоеле свештениците, книжниците и други храмски поглавари.

Со тоа што ги разоткрил нивните нечесни дела и се обидел да ја спречи таа трговија, Тој си го навлекол гневот и непријателството на овие влијателни лица. 


Учениците јасно можеле да ја видат Неговата ревност за Божјиот дом, односно за местото каде се обожавал Единствениот вистински БОГ .


   



Изменето од KINGDAVID - 26.Февруари.2013 во 18:58
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 22:18

 А Пилат штом виде дека ништо не помага, туку викотницата станува сè поголема, зеде вода и ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник! Вие гледајте!”

 И целиот народ одговори и рече: „Неговата крв на нас и на нашите деца!”

Тогаш им го пушти Варава, а Исуса Го бичува и Го предаде да Го распнат. (Матеј 27:24-26)



Наместо да преземе одговорност да донесе одлука во врска со ИСУС ХРИСТОС, Понтиј Пилат оставил другите да одлучат за него.


Сепак, тоа не го ослободило од одговорноста што лежела врз него кога изрекол неправедна осуда против ИСУС( Матеј 27:11-26; Лука 23:13-25).


А како е со нас? Кога треба да донесеме некоја одлука, дали дозволуваме некој друг да одлучува место нас?


Не е лесно да се донесуваат одлуки. Потребна е зрелост за да се избере она што е исправно.


Се разбира, тешко е да се донесуваат одлуки кога некоја ситуација е сложена и мора да се одмерат многу фактори.


Во Светото Писмо имаме едно ветување од БОГ: "Вака зборува Господ, твојот Искупител, Израелевиот Светец: „Јас Господ, твојот Бог, те учам за твое добро, те водам по патот по кој треба да одиш."


Кога нашата доверба е во БОГ и сме послушни на Словото, ќе донесуваме одлуки кои се најисправни и БОГ ќе не води по вистинскиот пат.


   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 23:35
    " И така, покорете Му се на Бога; а противите се на Ѓаволот и ќе побегне од вас." 

                                            (Јаков 4:7)

   Еден начин да им се спротивставиме на Сатана и на злите духовни суштества што соработуваат со него е да немаме ништо заедничко со окултизмот, вражањето и со луѓето што се занимаваат со такви работи.


Светото Писмо јасно покажува дека Божјите слуги не смеат да гледаат на знаци ниту да се занимаваат со астрологија, гатање и спиритизам. Ако сме духовно активни и цврсти, не треба да се плашиме дека некој ќе ни фрли клетва.( Проверете стихови:4 Мојсеева 23:23; 5 Мојсеева 18:10-12; Исаија 47:12-15; Дела19:18-20). 


Му се спротивставуваме на Ѓаволот со тоа што се држиме за Божјите мерила и вистини и не му подлегнуваме на неговото влијание . 


Светот ја извршува волјата на Сатана затоа што тој е негов бог (2 Коринтјаните 4:4).


Затоа со помош на Светиот Дух ги отфрламе особините на светот како што се гордоста, себичноста, неморалот, насилството и материјализмот. 


Сатана, "кнезот на овој свет" ќе побегне од нас поразен ако потполно се подложиме на БОГ и на Неговото Слово и во молитва се потпираме на Него барајќи и водство од Светиот Дух.


"Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото Слово,

со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети " ( Ефесјаните 6:17,18)



Изменето од KINGDAVID - 26.Септември.2013 во 23:37
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2013 во 00:06

     " Никаков гнил збор да не излегува од вашата уста, туку само полезен за изградување,-каде е потребно, за да им даде благодат на слушателите." 

                                                            ( Ефесјаните 4:29)

  Во овој стих апостол Павле не ни кажува само што не треба да правиме туку и што да правиме.


Кога му дозволуваме на Божјиот Дух да не' води, ќе кажуваме добри и полезни зборoви за да ги изградуваме другите и да им бидат од корист на оние што ги слушаат. Освен тоа, од нашата уста не треба да излегува "никаков гнил збор". 


Грчкиот израз од овој стих преведен со "гнил" се користи за да се опише скапано овошје, расипана риба или месо. 


Исто како што таквата храна ни е одвратна, така треба да ги мразиме зборовите што БОГ ги смета за лоши. Нашите зборови треба да бидат пристојни, љубезни, "зачинети со сол" ( Колосјаните 3:8-10; 4:6).  Од она што го кажуваме , луѓето треба јасно да ја видат разликата дека ние Христијаните сме поинакви од другите луѓе.


Затоа, да им помагаме на другите луѓе со тоа што ќе им кажуваме зборови со кои ќе ги изградуваме и привлечеме кон Христа.


Треба да имаме ист став како псалмистот, кој пеел:

" Зборовите на мојата уста  и размислувањата на моето срце, нека бидат угодни пред Тебе, Господи, Тврдино моја и Избавителу мој" ( Псалм 19:14).
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.