IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Спортисти со македонско потекло
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Спортисти со македонско потекло

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Спортисти со македонско потекло
    Испратена: 27.Август.2012 во 16:44

За Стивен Стамкос, најдобриот стрелец минатата сезона во најсилната хокеарска лига на светот, НХЛ-лигата, инаку член на екипата на Тампа беј лајтнинг, одамна се знае дека има македонски корени, односно дека неговото семејство потекнува од селото Арменско, кое се наоѓа во леринскиот крај во Егејска Македонија, но малкумина го имаат слушнато како самиот говори детали од својот живот кои се поврзани со стариот крај и со македонското потекло.

Неодамна, за време на 70. издание на традиционалниот голф-турнир „Македонија опен“, што се одржува во Торонто, Стамкос, заедно со неговиот нов клупски колега, Мајк Анџелидис, беше специјален гостин каде што даде интервју за емисијата „македонско наследство“ на локалната Омни 1 телевизија во кое го потврди своето македонско потекло и фактот што се гордее со него. На репортерката Алисија, која воедно е позната канадска пејачка исто така со потекло од Егејска Македонија, и објасни дека негово омилено македонско јадење е зелник, кој најдобро го подготвувала неговата баба.

Интересен беше и одговорот на Анџелидис, чие семејство исто така потекнува од селото Арменско, кој на прашањето која му е омилена македонска песна одговори со „Три кила банани“ од групата „Опус“, а која дефинитивно ќе се најде на репертоарот на неговата скорешна свадба.

Стамкос е вториот хокеар со македонско потекло што бил избран како прв на драфтот (2008 година) и тоа по Ед Јовановски (1994 година), кој има потекло од тетовскиот крај. Минатата сезона Стамкос постигна 60 голови со што стана само 20. хокеар во историјата на НХЛ што успеал да дојде до оваа бројка во текот на една сезона.

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2012 во 16:45






“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2013 во 23:23
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2013 во 14:54
Шведското радио: Качаниклиќ не го славеше бурно голот против Македонија, поради своите македонски корени

Александер Качаниклиќ беше човекот што го одлучи пријателскиот натпревар меѓу Шведска и Македонија (1-0) во Малме, а повеќе од евидентно беше дека не го прослави многу бурно постигнатиот погодок. Шведското национално радио тврди дека тоа е поради македонските корени што ги има Качаниклиќ. Неговиот татко Зоран има потекло од Скопје, а Александер е роден во Хелсингборг пред 21 година и сега настапува во англискиот премиерлигаш Фулам.
 
 
„Александер Качаниклиќ го постигна единствениот гол за Шведска на натпреварот против Македонија, по проигрување од Златан Ибрахимовиќ. Но, тој не се радуваше премногу на постигнатиот гол, бидејќи неговиот татко има потекло од Скопје и од Македонија“, објави Шведското радио.
    
 
Своевремено имаше мала можност Качаниклиќ да настапува и за Македонија, меѓутоа тој сепак одлучи да игра за земјата каде што е роден.
 
 
„Качаниклиќ е одличен фудбалер. Брз е, добро се разбираме на теренот, а ако научи да игра поедноставно, тогаш може да биде  голем играч“, изјави Златан Ибрахимовиќ за својот соиграч од шведската фудбалска репрезентација.     



Изменето од емил - 04.Јуни.2013 во 14:56
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.