IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Што прави оваа влада?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што прави оваа влада?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151152153154155 200>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2012 во 18:14
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Економија

Македонија е во рецесија, само треба некој да објави

Сите услови за рецесија се исполнети, велат од Стопанскaта комора на северозападна Македонија. Стопанствениците бараат начин како да се справат со кризата

Се сложувам дека Македонија се соочува со криза која лесно може да стане целосна рецесија... поправо веќе е стапнато таму , како што им се случува на добар дел од западноевропските држави.

Проблемот овој пат не е до Македонија, туку до состојбата во Европа со која најмногу работаат македонските фирми. 

Кога Европа кивнува Македонија добива настинка.

Ако Европа, економски притисната до пукнување,  нема пари за инвестирање или купување, тогаш како можат македонските фирми да бидат и натаму заангажирани како до сега? Уште полошо, поради таквата европска економија исплатите кои ние требаше да ги добиеме доцнат со месеци, а некои нема никогаш да бидат направени.

Затоа владава имаше работни патувања со цел да привлечат инвеститори и да направат зделки со азијските држави, а за неколку дена делегацијата ќе пристигне и во Северна Америка. Европа ќе ни биде болна точка за следните неколку години и излез од тоа е барање посигурни економски партери надвор од неа.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2012 во 18:26
Што можеше и како можеше власта да реагира на кризата е прашање зашто и како власта инвестираше во небитни проекти во време на криза кои драстично се зголемуваат секој ден? Зарем тие пари инвестирани неможеа да ја ублажат кризата? Или е потребно дополнително задолжување а после кукање како е кризата крива... Мислам апсурди до немај каде... Кукаме светот во криза, Македонија во криза, од друга страна, спомениче ваму, спомениче таму, фонтанче онде, фонтанче онде.. и чат пат по некоја овената врба... Сума сумарум пола милијарда евричи... И после криза било.. епа криза е... Искрено според тебе, ти ако крпиш крај со крај во месецот дали ќе тргнеш да се позајмуваш пари од други да можеш да си реновираш по дома, знаејќи дека утре тешко или ич нема да ги враќаш?

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2012 во 18:33
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Не.. народот е присилен да јаде тоа што е поевтино затоа што неможе да си дозволи да купува квалитетно и скапо... Ако прашаш во една месарница порано што се трошело највеќе, ќе ти кажат чисто месо.. ребра, кременадли, кртина, печеници, свински вратови и шунки... прашај сега што се троши ќе ти кажат, кубасици, виршли, мелено месо, салами, месен нарезок и пилешко сомнително од увоз како најевтин производ за разлика од другите видови месо.. Со тоа доаѓаме до заклучок дека куповната моќ на народот е далеку опадната за разлика од пред неколку години и е во тренд на понатамошно опаѓање.
Пак ќе се навратам на твоите постови.. Убаво е тоа осмислено во економијата како што ти го пишуваш, ама проблемот е што ова е Македонија и куповната моќ на народот тука диктира што и како ќе се троши...

Потполно се сложувам со тебе и затоа владата дозволува увоз на евтини прехрамбени продукти.

Замисли ако го забранеше увозот и народот беше присилен да купува од пазарот во кој царуваат неможни цени (како што беше, доколку добро се сеќаваш, пред дозволување на увозот), повисоки и од оние во западноевропските држави ???

После твојов коментар јас сум 100% сигурен дека ти ќе беше првиот што овде ќе критикуваше со големи болдирани букви и ќе го поведеше народот на демонстрации пред владата држејќи транспарент "Немаме пари за леб" и ќе бараше владата да стори нешто за спуштање на цените.

Зарем 10 денари за килограм домати беа високи цени, или сега 50 денари за килограм е ниска цена? Туку се создаде неконтролиран увоз на стоки при што се доведе до колапс на македонскиот производ, па сега ќе ни пуштаат реклами како македонскиот производ е супер, како македонските фабрики знаат и умеат и да купуваме македонски производи откако увидоа дека во голема мерка македонскиот производ отиде во таканарачен стечај.. Прво го уништија производот кој беше со конкурентни цени на пазарот со неконтролиран увоз за сега да ни ја развиваат националната свест.. Од друга страна сосема нормално е дека купувачот ќе купува евтин производ бидејќи моќта на купувачот драстично опадна .. да не речам за цели 100 %... Се стигна до степен да се купува вчерашен и завчерашен леб од 10-15 денари (кој не викам дека е лош за јадење) за да може да се преживее.. Искрено дојди и види колкава е побарувачката на бајатиот леб... Лебот кој порано го купувавме за стоката и домашните животни сега полека но сигурно станува основен прехранбен производ за разлика од тазето леб .... Сите твои муабети држеа вода до пред извесно време, но во последните 6 години драстично се зголеми увозот со што се уништи македонскиот производ во голема мерка и се создаде вишок на работна сила дополнително во последните 6 години, а да не зборам за стандардот на македонските граѓани кои отиде далеку надолу... Тоа е факт, тоа е секојдневние... Не зборам на памет, не зборам од инает, зборам за тоа што го гледам секој ден на улица...

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2012 во 19:39
Знеш што... джабе ни е муабетов ако зад секоја потег на владата (било која влада) гледаш непријателство кон народот и државата. тага

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2012 во 21:18
Е друже ај не гледај непријателство... Од една страна дава амин кон некои што ни ја навредуваат честа... Од друга страна не превзема ништо да ја ублажи економската состојба на народот а може и тоа во доста голема мера, и после како можеме да коментираме дека владата мисли на државата... Сепак се враќаме на она име Тендер Влада... дај што даш да изгураме уште малку па после нек си кршат глава.. Мене така ми делува... За 1 е мајка за други е маќеа... Барем нешто квалитетно да сработеше за на народов да му олесни.. од една страна го шамара, му вреѓа интелигенција, од друга страна се повеќе му ги зема парите, и на крај како да ги сакаме.. ај еве кажи ми...збориме човечки гледано од аспект на луѓе...

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2012 во 22:27
Зборено човечки, јас гледам дека до сега ниту една влада нема сработено  за државава како оваа и тоа во најтешки економски времиња за Европа.

И повторно ќе речам дека не е совршена, но јас подобро од ова до сега немам видено во Македонија.

Ајде сега ти кажи ми онака човечки и непристрасно, која друга влада пред оваа формација, трчала повеќе, давала повеќе субвенции, ја обновила повеќе инфраструктурата и донела повеќе надворешен капитал во земјата ?

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2012 во 22:38
Човечки и непристрасно ќе ти одговорам...
Оваа влада донесе инвестиции што е факт и тоа никој неможе да го спори.
Оваа влада дели субвенции и тоа никој неможе да го спори.
Околу обновување на инфраструктурата ако го сметаш во тоа и Скопје 2014 човечки и непристрасно ќе ти одговорам дека го направија лоповски проект во време кога е најмалку потребен.
Е сега човечки одговори ми...
Зошто владата е толку лицемерена кон граѓаните и реално не се справува со проблемите во сопствените редови туку ги остава работите со жими мајка и пу пу извини?
Зошто оваа влада во време на светска криза гради споменици?
Зошто оваа влада во време на криза дополнително ја задолжува Македонија, а при тоа стандардот на граѓаните вртоглаво е опаднат?
Зошто оваа влада ако дели субвенции не го штити Македонско стопанство туку дозволува да се одлеваат парите надвор од државата?
Зошто оваа влада го празни буџетот а при тоа се задолжува за да опстане и ги црпи приватните фондови кои се пари на народот?

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2012 во 08:58
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Зборено човечки, јас гледам дека до сега ниту една влада нема сработено  за државава како оваа и тоа во најтешки економски времиња за Европа.

И повторно ќе речам дека не е совршена, но јас подобро од ова до сега немам видено во Македонија.

Ајде сега ти кажи ми онака човечки и непристрасно, која друга влада пред оваа формација, трчала повеќе, давала повеќе субвенции, ја обновила повеќе инфраструктурата и донела повеќе надворешен капитал во земјата ?

Меси, ај малку по приземно и по реално.големо гушкање
Ниедна влада нема направено многу добро за Македонија оти и не може да се направи којзне што,ама сите до една (не само влада туку функционери-си сработија за себе и своето лично богатење и тоа сите легално-во рамките на законот (оти и законите сами си ги носат/гласаат), без да може некој да ги гони и да одговараат оти факт е дека ниеден премиер до сега не одговарал нити е судски гонет (освен Бучковски за кој нема завршница)
Можам да сум партиски определена, можам да не сум, а мои симпатии да има одреден политичар или партија-но никако да зборувам дека се што е сработено од опцијата која ја подржувам дека е ОК.
Факт е дека сегашнава владеачка гарнитура направи бајаги работи, но факт е дека направи и големи утки кои според нив се оправдани заради средување на ситуацијата во земјата (или јавна тајна е дека е под некаков притисок на меѓународни емисари).
Што ме лути?
Изјави од типот-Барем нешто работизбунетост
Еве и јас БАРЕМ нешто ќе работам дома= ќе го извадам до пола паркетот-ама нов нема да наместам, ќе искречам до пола ѕид ама нема да довршам, ќе реновирам купатило иако лани го реновирам- значи барем нешто работамнамигнување
Дека има некој добри работи има-факт.
Но?
За коалицијата со ДУИ неможат ништо бидејки МОРА да се во коалиција со победникот од албанскиот блок-ФАКТ
Законот за амнестија- МОРАА да го донесат, но не за сите амблок. МОРАА да се испазарат дека за оние кои извршија тешки дела врз бранителите и мавровските работници  нема амнестија. Тука згрешија-ФАКТ
Реакциите за постапката на Бесими на Слупчане- ПРАВЕДНО-ФАКТ
Законот за бранители- закаснето ама треба и мора да се донесе-ФАКТ.
Зошто?
Па ако нема разлика меѓу БРАНИТЕЛИ И ДРЖАВНИ НЕПРИЈАТЕЛИ тогаш зошто земјите имаат војска, полиција, државни граници. Ај да нема ништо, па нека биде се на ачик, кој што сака нека прави.
Никако не можат да се израмнат луге ангажирани во заштита на земјата со луге кои го рушат држвниот поредок.
Не може да се стави равенство и да имаат исти права БРАНИТЕЛИТЕ и припадниците на ОНА, АНА и кој ли не-ФАКТ
Ако се дозволи тоа, тогаш нека се стави еднаквост и на ПОЛИЦИЈАТА со КРИМИНАЛЦИТЕ. За мене тоа е исто, ако еден припадник на некоја си терористичка организација треба да има исти права со бранител, тогаш МОРА да има исти права и КРИМИНАЛЕЦОТ со ПОЛИЦАЕЦОТ.-ФАКТ

Нема договор Груевски-Ахмети

Го читам ова и велам- И не треба да има договор. Груевски како премиер треба да пресече и по цена на коалиција и по цена на влада и по цена на криза. И не само Груевски, туку сите луге кои и мислат добро на Македонија.
Редно е.

Изменето од mamamd - 25.Август.2012 во 08:58
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2012 во 09:03
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Човечки и непристрасно ќе ти одговорам...
Оваа влада донесе инвестиции што е факт и тоа никој неможе да го спори.
Оваа влада дели субвенции и тоа никој неможе да го спори.
Околу обновување на инфраструктурата ако го сметаш во тоа и Скопје 2014 човечки и непристрасно ќе ти одговорам дека го направија лоповски проект во време кога е најмалку потребен.
Е сега човечки одговори ми...
Зошто владата е толку лицемерена кон граѓаните и реално не се справува со проблемите во сопствените редови туку ги остава работите со жими мајка и пу пу извини?
Зошто оваа влада во време на светска криза гради споменици?
Зошто оваа влада во време на криза дополнително ја задолжува Македонија, а при тоа стандардот на граѓаните вртоглаво е опаднат?
Зошто оваа влада ако дели субвенции не го штити Македонско стопанство туку дозволува да се одлеваат парите надвор од државата?
Зошто оваа влада го празни буџетот а при тоа се задолжува за да опстане и ги црпи приватните фондови кои се пари на народот?

Претпоставувам дека се сложивме оти друга влада до сега нема сторено повеќе за Македонија од оваа.

Само што се вратив од гости кај еден мој пријател и му го спомнав ова прашање, а тој ми одговори дека погрешно сум прашал. Имено, вели тој, ниту една претходна влада, ниту од ВМРО, ниту од СДСМ, нема сторено скоро ништо, па прашањето дали некоја друга влада сторила повеќе од оваа е чиста академија без никаква вистинска супстицијалност.

Сега, твоите прашања се поставени повеќе емоционално отколку реално, ама ќе се обидам да ти ги одговорам на најкус можен начин иако сметам дека не сум експерт за разговори на ваков начин.

1. Како можеш да тврдиш дека владата не се справува со проблемите во сопствените редови ? Дали си присутен кога таа разговара за нив, па да можеш да го тврдиш ова ? Или можеби мислиш дека за сите свои внатрешни проблеми и нивните расчистувања мора во детали да го известува народот ? Или можеби ти лично не се сложуваш со некои владини решенија, па затоа го велиш тоа?

2. Секоја влада гради споменици, вклучувајќи и во кризни времиња. Проектот беше поставен, усвоен и започнат уште пред да дојдат денешниве кризи. Ако тоа е најголемиот грев на оваа влада, тогаш за тебе нека биде така. Ти не се сложуваш со тоа, некои луѓе се сложуваат, а некои со својот став стојат помеѓу вас. 

3. Стандардот на луѓето не опаѓа поради задолжувањето на владата (патем денес Македонија е една од најмалу задолжените држави во Европа), туку владата се задолжува поради опаѓањето на стандардот на луѓето. Во моментов ова не е нешто карактеристично само за Македонија, туку за цела Европа и поголем дел од светот. 

4. На следното прашање не можам да одговорам бидејќи навистина не разбирам што прашуваш. За регулирање на цените со увоз, како и за соодветното субвенирање на одредени стопански гранки веќе разговаравме.

5. И ова прашање не ти го разбирам, па не сакам да дадам несоодветен одговор. Само можам да кажам дека јас не гледам оти владата се задолжува за да опстане. 

Забележувам дека постојано се враќаш на исти работи кои веќе сме ги издискутирале во детали: спомениците, увозот и задолжувањето. Постојаното повторување на истите е само вртење во кругови кое не носи никакво додатно објаснување.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2012 во 09:42

A sakam na ova samo kratko da iskomentiram....\
"5. И ова прашање не ти го разбирам, па не сакам да дадам несоодветен одговор. Само можам да кажам дека јас не гледам оти владата се задолжува за да опстане."

pogledni malku porealno na nestata , a ne samo na MKTV Sat da ja gledas "realnosta" ... mozes i da prasas kako opstojuva , a mozes i da primis i od nekoj drug nekoe razmisluvanje bidejki Toj od ovde najubavo znae kako raboti negovata vlada ( ova se odnesuva na Makedonskata vlada , ..bidejki vo Makedonija ima dve paralelni vladi ) да
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2012 во 15:27
Јас го кажав моето мислење според оноа што ми е мене познато, не само од следењето на работата на владата од СИТЕ ваши медија (МКТВ Сат не се гледа кај мене), како и со редовни посети на Македонија и разговори со луѓе кои постојано живеат во татковината, исто како и вас (примам и други мислења).

Постојат луѓе кои се сложуваат со вас, има луѓе кои се неопределени и луѓе кои сметаат дека доколку се земе с'е во обзир, владата сепак добро си ја врши работата (најдобро од сите досегашни). Овие последниве изгледа се најмногу на број затоа што тие ја гласаа и ја изгласаа оваа влада.

Вие со тоа не мора да се сложите и затоа, како и сите други, имате право на свое рамноправно мислење.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2012 во 16:24
Ги натера граѓаните да штедат во денари...
не затоа што каматите во денари...
се поголеми од девизните......
туку затоа што денарот ни е стабилен...намигнување

што значи дека и еврото е нестабилно...
а...?збунетост
ебем ли ги глупи Европјани...
не знаат дека у ствари...
треба да штедат у денари...намигнување

Изменето од којсумјас - 27.Август.2012 во 16:52
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2012 во 16:28

ШТО ПРАВИ ОВАА ВЛАДА!

....Go ebe........... narodot !!!!!!

Изменето од laki_bu - 27.Август.2012 во 16:29
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2012 во 16:34
Originally posted by laki_bu laki_bu напиша:

ШТО ПРАВИ ОВАА ВЛАДА!

....Go ebe........... narodot !!!!!!

Лаки, не се нервирај бе друже...намигнување
Па Бранко и да сака не може секаде да стигне...

Изменето од којсумјас - 27.Август.2012 во 16:34
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151152153154155 200>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.