IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонците од Егејска Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонците од Егејска Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 37383940>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2011 во 23:08
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2011 во 23:16
Malo pojasnuvanje...

Vu Grcija nemozes da se deklariras kako makedonec...ili pak najmalku egeec..

Ako sakas da zivees tamu togas si Grk...Ako sakas da si makedonec ...Ete ja Makedonija..poveli bidi Makedonec..
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2011 во 16:37


Француски документ за извештајот на Стејт Департментот на САД,од март 1949 година во кој пишува: "Во југословенскиот дел на Македонија живеат 800 000, а во грчкиот дел 500 000 Македонци".

Во истиот документ се споменува и Пиринска Македонија, но не е потполно читливо и јасно што говори.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2011 во 15:06
Британски документ за НАПАЛМ бомбардирањето на Грамос

Ако Донски лаже, документите нелажат :)

Освен овој документ има многу други каде британците ја покажуваат нивната улога во војната .
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2011 во 17:39
Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2012 во 19:30
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2012 во 17:29
Состанок на Македонците во егејска Македонија за време на граѓанската војна.


“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2012 во 11:00


Кукуш е еден од најразвиените културни, стопански и револуционерни центри во Македонија

Кукуш се наоѓа 45 км северно од Солун и има население од 13 000 души, од кои 12 000 се Македонци и 1 000 души Турци и Цигани. Тој град пред близу 70-80 години бил еден од центрите на производството на платна во Македонија нужни за секое семејство, но имало и претпријатија што произедувале платна за продажба и за извоз во други околини. ( Влахов - Мемоари )

 

• За родниот град Кукуш , уште во Воведот од своите Мемоари ,Влахов вели :

• Кукуш е “еден од малкуте градови во Македонија, што благодарение на своето компактно население, можел да игра значајна улога во делото на преродбата на македонскиот народ.“

• Ќе продолжи со тоа дека токму тој град дал поети како Смирненски, писатели како Георги Тишинов, воени писатели како Дарвингов, но и основопложници на револуционерното македонско дело како Гоце Делчев.

Кукуш никогаш не бил грчки иако денес со силата на неправедливоста е во Грција.

Напротив во минатото најсилниот отпор на грцизмот пропагиран од Грција и Патријаршијата, токму Кукуш го дава.

• Се случува и интерсен момент за кој ни говори Влахов во својот Предговор од Мемоарите а за родниот Кукуш и обидот за Грцизирање.

Имено кога десетина Грци опседнати од силен грчки национализам се населени од Патријаршијата и грчката држава со цел да го грцизираат Кукуш преку своите пропаганди и пари, самите се претопуваат во компактниот македонски народ. И токму нивните плодови на мешањето – потомствата, подоцна се чувствуваат никако поинаку освен како “Македонци”, наместо очекуваниот да ги направт другите“Грци”.

• Кукуш e бастион на македонскиот народ и неговата ревлуционерна борба, ликвидирани се на 5-6 поалчни луѓе додека од останатите, по тоа турските власти не можеле да знаат ништо што работи организацијата. Секој граѓанин на Кукуш е во борбата на организацијата како што сведочи Влахов ( “за време на револуционерните борби ,можеше да му се довери скоро на секој жител на тој град”).

• Во однос пропагандистите на соседите за Кукуш , Влахов ќе рече во своите Мемоари 

“ Кукуш е еден од малкуте градови во Македонија каде што не успеа да проникне, наспроти изобилното злато со кое располагаа агентите на соседните Балкански држави , НИТУ ВЕЛИКОГРЧКАТА, НИТУ ВЕЛИКОСРПСКАТА, НИТУ ВЕЛИКОБУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА. НАПРОТИВ со својата упорност граѓаните на тој град успеаја да привлечат на своја страна, за време на конституциониот режим во Турција дури и турски елементи,..“

• За неомразата кон другите народи но само сопствената гола одбрана на Кукушани, Влахов дава и друг белег па вели : 

“ Уште едн белег кој го карактеризира македонското население во тој град е дека Македонците од Кукуш не беа ниту шовинисти, ниту националисти; кај нив немаше омраза кон се што не е македонско, макар што за време на Првата Балканска војна се допуштија во некои места екцеси спрема турското население.

Тоа се должеше исклучиво на подбуцнувањето од емисарите на великобугаризмот, кои ползувајќи ги успесите што ги имаа сојузниците, и специјално Бугарите, за време на војната против турското господство, пројавија садизам кој го извалка славното име по кое беше познат овој град и ја компромитира толерантноста што беше една од важните пројави во општествениот живот на граѓаните.

Тие не се водушевуваа од никаков антисемитизам или јудофобство кои, меѓу другото им беа совршено туѓи, од никаква омраза против самиот грчки народ чии што претставители дури и живееја и работеа во Кукуш како лекари и аптекари, ниту против Србите или србоманите, што се беа јавиле во градот за да создадат во тој компактен македонски град великосрпската пропаганда, ниту против великобугарската доколку можеа да се сретнат во градот и во неговата околија.“ 

- По ова ќе каже и за другите дејности од кои живеел градот.Па вели: 

“.. Освен тоа , во Кукуш имаше неколку работилници за растително масло (шаралагалџилници ), кои произведуваа шаралаган за храна на населението и ќуспе за храна на добитокот . Тој шаралган се произведувал од сусам чија култура беше доста развиена во Кукуш и која успеваше благодарение на климатските услови во реонот. А кога немаше доволно сусам, тоа растително масло се произведуваше од афионово семе што се доставуваше од др. места : Тиквеш , Велес и др. 

Кукушкиот реон главно е полско место. Земјата е многу плодна и многу погодна за житни растенија. Во Кукуш се произведуваше жито повеќе од што беше нужно за исхрана на населението, и тоа првокласно жито, сатка, јачмен, овес, а помалку и пченка. Главната храна беше леб од пченица, а од пченка се приготвуваа разни погачи, кои беа, помнам, нешто како деликатес за нас, особено кога во тие погачи се ставаше сирење и малсо.

Кукуш беше пазарен центар за житни храни. Помнам дека имаше неколку души големи трговци кои секој пазарен ден, четврток , ги отвараа своите магази и купуваа од пазарот храни, главно пченица, што селаните ги изнесуваа на пазар. Тие храни беа извезувани во Солун и оттаму препраќани во Марсеј , откаде што се внесуваа освен редица колонијални манифактурни стоки ( манифактурните стоки се добиваа главно од Англија, а колонијалните стоки : шеќер, кафе, ориз – извесен ориз се добиваше од Струмица, а населението го претпочиташе Струмичкиот ориз пред тој внесуван преку Марсеј од југоисточна Азија), исто така и железнички стоки, добивани преки Марсеј, дури од Шведска ( шведско меко железо)

Ние добивавме , на пример, во Кукуш од Марсеј сапун, разни миродии, стакларија, сол, вреќи,зобови,од кои ред години се приготвуваа вреќи, а освен тоа и суви смокви, суво грозје, урми, лопати, паламари, српови, сенки, сламени шапки со кои се служеа жетварите.“ 

- И пак Влахов во своојот опис на Кукуш се задржува на работилниците за масло или шаралаган како се викало тогаш, по кој овој град изгледа особено бил познат во она време. За сето тоа продолжува : 

“ .. Подоцна шаралаганџиниците останаа да суштествуваат, меѓутоа, производството им се намалуваше, затоа што наместо шаралаган луѓето почнаа да консумираат и зејтин, а се внесуваше преку Солун од Егејските острови. Тука се внесуваа уште портокали и лимуни кои беа евтини, но сепак , поради слабата заработка на населението, не му беа достапни за тоа население

Сопствениците на шаралганџилниците постепено стануваа индустријалци, строеја парни мелници во кои произведуваа секаков вид брашни производи. Некои од тие фабрики имаа свои филијали во Солун и таму ги пласираа своите производи.“ 

За развојот на другото полјоделство во Кукушко и осбено лозарството, Влахов продолжува :

“ Лозарството во Кукуш не беше слабо развиено. Повеќето луѓе имаа и по малку лозје од кое добиваа грозје за консумација и за вино. А освен тоа , во самиот реон, во месноста наречена Чарлан , каде што живееја главно Турци – Јуруци, преселени од Коња, се произведуваше многу убаво слатко бело грозје , кое го преплавуваше и пазарот во Кукуш.Тоа беше предимно десертно грозје за јадење , а не за производство на вино.“

- И продолжувајќи со последиците од вака големото одгледување на лозови насади а кои се рефлектирале во големото количество алкохол и бакалници низ градот, влахов продолжува : 

“ Aлкохолизмот се разви и зеде размери што го застрашуваа здравјето а и животот на тие луѓе и на нивните семејства . По тоа време се јави меѓу нас, младинците, движење за борба против пијанството, почнаа да се држат беседи за штетното влијание на ракијата и виното, за да може да се отстрани тоа зло што, особено за време на дејноста револуционерната организација, ги изложуваше на опасност луѓето на организацијата, а и самата организација. Но, беше веќе доцна. Нашите проповеди не дадоа големи резултати, и ние видовме какви последици имаше злоупотребата од пиењето. “ 

- Понатаму Влахов , продолжува со другите економии, производства и трговии на градот, па вели : 

“ Освен тоа, во Кукуш беше развиено и бубарството. Во градот имаше доста црници и многу куќи се занимаваа со одгледување на бубу. Бубиното семе се добиваше главно од Европа. Количеството на произведени кожурци се продаваше и имаше трговци кои специјално се занимаваа со откупување на кожурците кои ги препраќаа во Солун и понатаму во фабриките за свила во странство. Добиената свила од кукушките кожурци беше една од најдоброквалитетните и бела и жолта, и имаше релативно добра цена.

Плодови во Кукуш се произведуваа слабо, а зеленчуци во достатно количество. Имаше една бавча во самиот град и една вон од градот, кои го снабдуваа кукушкиот пазар со достатно количество зеленчуци кои се продаваа по многу ниски цени. Да одбележам дека компири во Кукуш не се произведуваа, а се внесуваа од Марсеј и компирот беше луксузен артикал. “ 

- За сточарството како друга сопанска гранка во Кукуш и кукушко, Влахов пак ќе продолжи :

“ Сточарството не беше особено развиено. Имаше главно крупен добиток, крави, биволи, малку овци и кози. Но, во околијата , во некои места овчарството беше доста развиено. Летно време овците се испраќаа на летување кон Малешевско, а зимно време остануваа во Кукушко. Свињи не се одгледуваа во Кукуш и воопшто кукушани скоро непознаваа свинско месо. Тоа се продаваше ретко, само за Божиќ, и тоа неделен ден во дворот на црквата. Населението се хранеше со риби и тоа беше еден од главните прехрамбени продукти, внесуван од Дојранско и Арџинско Езеро.“

- За занетчиството и неговото учество економскиот живот на Кукуш, Влахов ќе каже :

“ Во Кукуш занаетчиството беше доста развиено. Поголем број од жителите на градот се занимаваа со занаетчиство. Но некои занаети постепено исчезнуваа.

Турците се занимаваа со некои од овие занаети : сарачи, налбати, бербери , кафеџии, Циганите со производство на клинци, плочи и разни решета и сита, а нашите Македонци со останатите занаети : ковачи, чевлари, папуџии, шивачи, туфекчии, бербери, кафеџии, крчмари, бакали, мануфактуристи, кожувари, самарџии, златари, бакарџии и ред други занаети какви постоеја во Кукуш. “ 

- Kонкретно за трговијата и индустријата на Кукуш, Влахов пак ќе продолжи :

“ Трговијата беше, како едрата, така и ситната, исклучиво во рацете на Македонците. Во Кукуш имаше над 3 000 куќи и 850 дуќани. Пред 60-70 години ( бидејќи Мемоарите се пишувани 1952 г., ов значи се мисли за периодот на 1880-90 год. – з.н ) занаетчиите имаа достатен приход да преживеат.

Домашната индустрија беше слабо развиена. Таа била развиена пред 70-80 години, а после не беше развиена. Напротив , во Кукуш се внесуваа производи за домашна индустрија од други места. А подоцна, кога под влијанието на конкуренцијата што ја правеа стоките внесувани од европските индустриски земји, како стоки поубави и попривлечни и поевтини, многу од занаетчиите го напуштија Кукуш и се преселија во Солун каде имаше повеќе работа и можеше да живеат по подобри услови. 
Благодарение на близината на Солун, кукушани лесно се решаваа да се преселат во Солун и да се настанат таму. По тој начин голем дел од македонското население во Солун беше од Кукуш. “

Превземено од  Македониум

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2012 во 11:02


Протераните Македонци од Грција не се откажуваат од своите имоти

До денес нема ниту еден решен случај пред суд во Грција за враќањето на имотите на Македонците, вели за „Дојче Веле“ д-р Никола Костурски, претседател на Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција.

- Решавањето на имотното право во една држава е многу тешко, а уште потешко кога тоа право треба да се побара во друга држава, во која се` уште се на сила низа дискриминаторски закони со коишто им е одземен имотот на Македонците со потекло од егејскиот дел од Македонија. Затоа, ние како Македонци не можеме да ги оствариме тие права, вели Костурски.

Протераните Македонци од Грција не се откажуваат од нивните барања за враќање на имотите, објаснува претседателот на Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција.

- Формирана е комисија, која има ангажирано адвокатска канцеларија што ќе ги брани правата и ќе се грижи за враќањето на имотите на Македонците со потекло од Егејска Македонија. Одбрани се педесет случаи со целосна документација, тапии, издадени од грчки катастари и дадени на разгледување таму. Тоа е макотрпна работа која ќе трае со години. Досега, откако од пред две години се ангажирани тие адвокати, немаме некаков резултат, истакнува Костурски.

На прашањето зошто нема напредок во овие случаи, Костурски одговара дека „грчките судови ја влечкаат работата за да не ја решат. Дури да дојде до Врховен суд ќе поминат години“.

Тој не верува многу дека постапката што се води во Грција ќе донесе резултати, но сепак има надеж.

- Надежта никогаш не умира, таа умира последна. Ние се надеваме дека со влегувањето на Македонија во ЕУ, кога таа ќе биде рамноправен член со Грција и кога ќе можеме сите да одиме таму да вадиме изводи од матичната книга на родените, да бидеме европски граѓани, мислиме дека Грција ќе мора еден ден да ги укине тие дискриминаторски закони, посочува Костурски.

На прашањето дали постои проценка на тоа колку имоти се побаруваат назад и колку изнесува нивната вредност, д-р Никола Костурски вели: „Тешко може да се направи таква проценка, такви пописи на имотите во овие простори на Македонија, во составот на бившата југословенска федерација се правени неколку пати. Последниот е направен сега, пред три години. Луѓето веќе не веруваат во тоа што им се ветува и бара, тие се скептични кон тие инцијативи. Покрај сето ова, ние собравме околу 20.000 побарувања“.

Досега никој не успеал да поврати имот по судска постапка во Грција.

- Такви нема. Еден случај, којшто индивидуално се водеше, ги помина сите инстанци во Грција за враќање на имотот во Чеган. Бидејќи беше одбиен од сите судови во Грција, тој на крајот поднесе барање во Стразбур, и тоа не се реализира. Има случаи каде што браќа од коишто едниот живее во Грција, а другиот тука, спогодбено си го поделија имотот и го продале својот дел на братот. Случаи добиени пред судот нема, нагласува Костурски.

Д-р Никола Костурски се надева дека најавеното обединување на сите организации и здруженија на етничките Македонци протерани од Грција во една единствена координативна конференција ќе доведе до водење заедничка политика за спроведување на нивните барања и права.

Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2012 во 11:49
А ти Емил дали знаеш зашто е постојаната битка за Македонија да се откаже од името? Дали знаеш што ќе значи отворањето на Букурешкиот договор во 2013 година? Дали знаеш како грците постапувале спрема Македонците во граѓанската војна, и зашто биле протерани сите Македонци од Егејскиот дел? Дали знаеш колкава отшета ќе треба да плати гејлада по отворањето на договорот. На кој начин и зошто Британија ја аминувала одлуката Грција да го земе Егејскиот дел од Македонија? Дали ги знаеш сите овие факти или сурфаш на интернет за да изнајдеш нешто што мислиш дека е факт?
Македонија т.е децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија се правни наследници на земјата во тој дел. Само што некој упорно го негира тоа... Прашањето е до кога ќе може да одолее на оваа борба, која дефинитивно ќе заврши со враќање на имотите или нивна компензација.. А дали знаеш дека Бугарија го призна Македонското малцинство во Пиринскиот дел на Македонија и дека си го плати тој дел? Или тоа не си го знаел до сега... Со самото тоа Бугарија ги потврди работите кои и неправдите кои се нанесени на Македонскиот народ од тој период... Уште Грција остана да си ја исправи грешката и светот ќе ја осознае вистината за Македонија и Македонскиот народ и сите неправди кои му биле нанесени...

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2012 во 11:52
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

А ти Емил дали знаеш зашто е постојаната битка за Македонија да се откаже од името? Дали знаеш што ќе значи отворањето на Букурешкиот договор во 2013 година? Дали знаеш како грците постапувале спрема Македонците во граѓанската војна, и зашто биле протерани сите Македонци од Егејскиот дел? Дали знаеш колкава отшета ќе треба да плати гејлада по отворањето на договорот. На кој начин и зошто Британија ја аминувала одлуката Грција да го земе Егејскиот дел од Македонија? Дали ги знаеш сите овие факти или сурфаш на интернет за да изнајдеш нешто што мислиш дека е факт?
Македонија т.е децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија се правни наследници на земјата во тој дел. Само што некој упорно го негира тоа... Прашањето е до кога ќе може да одолее на оваа борба, која дефинитивно ќе заврши со враќање на имотите или нивна компензација.. А дали знаеш дека Бугарија го призна Македонското малцинство во Пиринскиот дел на Македонија и дека си го плати тој дел? Или тоа не си го знаел до сега... Со самото тоа Бугарија ги потврди работите кои и неправдите кои се нанесени на Македонскиот народ од тој период... Уште Грција остана да си ја исправи грешката и светот ќе ја осознае вистината за Македонија и Македонскиот народ и сите неправди кои му биле нанесени...

 

И зошто ме прашаш сето тоа ?
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2012 во 12:43
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

.............Бугарија ги потврди работите кои и неправдите кои се нанесени на Македонскиот народ од тој период... Уште Грција остана да си ја исправи грешката и светот ќе ја осознае вистината за Македонија и Македонскиот народ и сите неправди кои му биле нанесени...

NRGMKD...GJE...ZH....голема насмевка....grcija ne e bugarija,
... nemoj previshe da se nadevash ,...ako i ti imash interes nekoj od toa .
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2012 во 13:10
Поентата во тој дел Брза ми беше дека Бугарија ја призна Македонија, постоењето на Македонското малцинство во Бугарија како доказ за овие ултра националисти тука кои упорно негираат... Државата признава тие се трескаат од земја у некои нивни спротивни факти и убедувања... А за интерес од Грција тоа е знак прашање дали и моите внуци ќе видат нешто од таму... Јас сум тука кај што сум, ако ми дадат дел од таму ќе направ кенеф за сите Македонци кои ќе патуваат да може да се посерат без пари у таа држава и тоа на раат без никој да им мрчи... 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2012 во 15:09
Една слика илјада зборови.

In the area of Verketop - Vodena (November 1917). At the entrance of the cemetery Macedonian, All Saints' Day: Women seeking Macedonian bones of their parents

А под сликата некој французин напишал дека македонката си ги бара коските на своите родители Македонци.


“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 37383940>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.