IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Фотографија, камери и видео
  Активни теми Активни теми RSS - DSTE MB-D12 replacement grip за D800/E
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DSTE MB-D12 replacement grip за D800/E

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
deteplete Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deteplete Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: DSTE MB-D12 replacement grip за D800/E
    Испратена: 17.Август.2012 во 17:23
Штотуку ми стигна од ebay (продавач: dstebattery) MB-D12 battery grip за D800-ката.

13-4 дена од моментот на нарачката до подигање тука. Спакувано во картонска кутија внатре со она со меурчиња. Цена околу 65 долари со се испорака и се. Продавачот е од Сингапур мислам.

Грипов е одличен, не се препознава по ништо од оригиналот нит пак двои некако од телото. Иста боја со телото, иста гравура на пластиката и ист квалитет на гумата и на допир.

Тркалцата малце повеќе се слушаат при вртење, има појак -клик- од самите тие на Д800 телото, но за нијанса се полесни пак за да се вртат истите. Окинувачот исто се однесува и ко тој на самото тело.

Собира или 8 х АА батерии или пак има кертриџ за 1 х En-EL15 (другата си останува во д800 телото, не ја вадите за да го ставите грипот, само мора да го извадите грипот за да ја извадите неа за полнење).

- Доколку се користи оригинална никон батерија En-EL15 во самиот грип нема никаков проблем.

- Доколку имате 1 х En-EL15 во телото, и 1 х En-EL15 (оригинална) во грипот исто нема никаков проблем

- Доколку немате батерија во телото и ставите En-EL15 во грипот, функционира се без проблем

Проблеми кај има:

- Доколку имате оригинална En-EL15 во телото и 8 х АА во грипот има Err. код при влегување во Live-View, останатиот режим на работа функционира

- Доколку ставите неоригинална EN-EL18 во грипот истиот проблем.

---

Значи, се е супер кај ова, доколку го користите само со оригинални EN-EL15 батерии, нема никаква потреба да се плаќа и да се купува оригиналниот MB-D12 грип кој е сигурно некои 400 евра.

Ќе поставам фотки ако некој го интересира како изгледа на телото монтиран грипот.
Кон врв
Zoran K Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 3244
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zoran K Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 01:15
Dobro e ako prilozhish takva fotografija, no bi bilo ushte podobro ako postirash nekoi fotografii od novata D800 so tvoi zabeleshki okolu kvalitetot na fajlovite, ergonomijata na fotoaparatot, sporedba so aparatot koj si go imal do sega kako i nekoi drugi raboti koi se relevantni za ovaa kamera.

Jas imam namera da ja kupam, no s'e ushte ne mi se brza i sobiram iskustva od lugje koi vekje ja imaat.
Кон врв
Dimco Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 64
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dimco Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2012 во 11:20
Zoki, spot on.

Deteplete so netrpelivost go chekame tvojot sleden post so informaciite od d800-kata, pokazhi im na drugite deca kakva igrachka imash.

I jas i se tokmam na 800-kata i so mojata prvichna analiza na toa shto go ima na net, veruvam deka 800e nema znachitelno podobri performansi vo odnos na 800, pa duri i kje ja komplicira rabotata poradi moire-ot.

Pozdrav,
Кон врв
deteplete Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deteplete Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2012 во 22:44
Напишав едно пола страна текст ама ја избришав. Апаратов е без конкуренција, тешко човек да би можел маана да најде, чиста 10ка е во сите аспекти. Не сум по спортска фотографија и таму единствено можеби системот на канон од 1Дх да има поголема предност ама неможам да кажам. Кај никонов пак, самиот факт што централната точка автофокусира со ф8 е ОГРОМНА предност посебно кај луѓе што користат телеконвертери.

Не отидов на Д800Е варијанта затоа што мислам дека единствено би имал предност кај
1. луѓе што сликаат ентериери, без теписи
2. Луѓе што работат со модели со перфектна кожа и шминка
3. Макро фотографија, тука мислам е најголемата предност

Горенаведениве сценарија исто така подразбираат користење ф1.4 до ф8, над ф8 се губи секоја предност што Д800Е ја има, така да нема некоја битна предност кај пејсажна фотографија.

Во секоја останата ситуација, апаратот е толку остар да и на бебешка кожа ќе и најде маани, така да, за мнозинството фотографи, било да е портретна, студиска, групна, Д800 ќе ги задоволи и надмине сите стандарди.

За мене што е значајно е што конечно има светломер во live view и комплетна мануелна контрола врз сите параметри, исо, отвор на бленда, експозиција. Огромен недостаток во споредба со Канон е тоа што неможе да се користи Магиц Лантерн фирмверот, така да без Focus Peaking ќе биде повторно проблем мануелно фокусирање при видео. Користење зум за помош при фокусирање дава некоја безвезна интерполирана слика. Ова некако мора да го решат ако сакаат да бидат конкутертни со Канон за видео, ама знаејќи ги Никон нема шанси.
Од друга страна пак, има чист излез од ХДМИ портата, нешто што го нема скоро никоја на пазарот моментално и апаратов би можел без проблем да се користи за студиски преноси во живо.

Кој се двоуми и чита филувани ривјуа од белосветски верзии на Латас како Роквел и компанија, ич нека не му чуе, се е тоа платено заради тоа што канон нема коњ за трка овојпат, се додека седат со сензорска технологија стара 7 години.

9.5/10 според мене, тие 0.5 се заради моде копчето што би било добро понадесно да е, и фактот што една банална работа како focus peaking не е имплементирана во live view за да се олесни мануелниот фокус при видео...еден сони нех 5 го има ова, незнам зашто канон и никон не го имплементираат и се чека на Magic Lantern i sl.

Кон врв
Zoran K Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 3244
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zoran K Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2012 во 19:50
Blagodaram za informaciite.

Dali mozhesh da postirash nekoi tvoi fotografii kako ilustracija na kazhanovo ?


Odnapred blagodaram.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.