IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Што прави оваа влада?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што прави оваа влада?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 147148149150151 200>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 20:54
A kako li ke gi objasnime 550 000 000 EVRA na makedoncite ostaveni vo Grcija ovie nekolku letni meseci. Toa li e siromashtija? plakame struja ete kako shto velat "skapa" pa zoshto ja prodade Brane  strujata na Avstrija. Ke receme deka telekom go prodade VMRO, ama sega imame poveke operatori i namesto 60 den. na mobilen sega e 3 den. ili imame i besplatni razgovori (veteno,sraboteno od VMRO). Ne ne vo red da se sporeduva edna degresivna politika na Brane koga nema, nikakvi investicii, koga Brankovata tranzicija gi odnese firmite koi gi hranea nash*te semejstva i politikata na Gruevski koga imame direktni stranski investicii ... pa vaka SPOREDBA :
-Vo Bitola za vreme na Branko imame "nelegalna" tranzicija i otpushtanje od rabota, TAT itn... a sega imame na primer edna nova fabrika koja se gradi i ke vraboti 4000 lica.
Skopje : zatvoranje na mnooooogu fabriki (poshto zoshto) vo vremeto na SDSM i edna industriska  zona vo vremeto na Gruevski so dosta investicii. Urbana mafija vo vreme na SDSM a vo vreme na  VMRO turski investitori shto ke gradat 100katnici... Selski stadion za vreme na SDSM vo Skopje i deponii po opshtinite , a za vreme na VMRO MODEREN SPORTSKI CENTAR BORIS TRAJKOSKI, mnogu sali igralishta i parkovi, parkinzi ...
 
Jas ne  poznavam chovek koj e sposoben, a da ceka od drzavata socijalna pomos, da mu ja plati strujata, vodata, parnoto.... Se znae za kogo e socijalnata pomosh.   
I ushte neshto ke dodadam: najdov kade moze chovek da zivee bez da plaka voda, struja, parno, drva za ogrev... toa bi bilo nekade vo kameno vreme :)намигнување
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 21:10
Тие 550 милиончики се чиста пропаганда од страна на Грција за да покаже дека она не гази а ние ја храниме... Ништо повеќе... Факат е дека се потрошени суми кои се бројат во милиони ама дека се 550 дебело сумњам..
Што се однесува на времето на сдсм т.е бц кажав... маме расплака тој во тоа време.. начека село без кучиња и однесе се што можеше да се однесе... за секаква осуда.. ама па кога до толку пеплоса зашто овие не го спопикаа таму некаде позади некои железни решетки туку напротив само го зборат тоа дека бц правел вака онака вадат докази а уствари ништо не му прават.. си го имаат како покритие за секој нивен погрешен потег ете тоа е тоа.. а што е најтрагично бидејќи го воскреснаа сега им се враќа како бумеранг и сериозно им дише во врат што не е воопшто добро за македонскиот народ доколку тој би се вратил на власт... тоа е уште еден од погрешните потези на оваа власт... сакаа да си ги мерат ама мерката мала им испадна... Лошо многу лошо...
Инаку никој не чека социјална помош од државата за да му плати струја... зборот е дека власта не прави ништо за да го олесни ударот што допрва ќе ја зафати македонија, а ќе удри како цунами...

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 21:48
Политика воопшто не ме интересира но задолженоста и те како.
Кога народот е презадолжен а во државата има вишок на работна сила,под притисокот на должничките обврски ке прифака работа под минималната плата, системот за мерење на работа е дисфункционален,а степенот на школство губи секаква важност.Едноставно вие сте робови на масата во која се сконцентрирани парите,а ги позајмувате за да ги платите основните намирници.
Должникот за да си ги помири обврските код доверителот за ситна сума пари со доспеана огромна камата ке дојди во ситуација да продава имот,оној кој му го спечалиле неговите родители,а тие го наследиле од нивните родители .....
На сличен начин функционира и задолженоста на државите само шо некогаш оние кои ја задолжиле се наградени со огромни провизии и се надвор од државата а внатре останува пепелта,нешто шо сега се случува во Грција.
Затоа кога некој се јавува од страна и говори за економија еве мегдан , отворете фирми во Македонија,започнете бизниси и намалете ја безработицата.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 00:36

Сте се изнапишале па то ти е..само што по сто пати едно исто се врти а одредени личности на кого им одговара овој систем не сакаат да ја сфатат поентата на останатите...Зошто ако некој критикува или дава свој поглед на нештата,веднаш му се лепи етикета дека е против оваа Влада,а не сфаќа или не сака да помисли,дека истиот можеби е само заинтересиран за нештата и дека не му е сеедно што се случува околу него.   

100%...ма не,милион посто се согласувам со ТИГАРОТ во она што го пишува..!.Ме чуди што останатите тоа го сфаќаат премногу популистички напишано и не оставаат простор за поопширно изразување на реалната состојба во земјава и од други ....

Што ако човекот добро си живее(се надевам дека не ги профукал парите од мисиите безвеза како што еден тука приспомна),ама ете му смета декадентната појава на нови форми и принципи на однесување на  овој простор?.Појавата на мито и корупција ,рекет...маалски каубојци кој ни законот не ги гони,општински шерифи над законот..донесување на нереални закони за кој на пример газот не ни држи...создавање на цел еден слој на луѓе кој неможат да преживеат ...цела група на сиромашни и до гуша заглавени граѓани...итн.Има луѓе кој на пример не гледаат само својот стомак да го наполнат,но мило ќе им биде  и поудобно и посреќно ќе се чувствуваат ако околу нив има задоволни и чесни луѓе,културни и ненасилно настроени...!.Штом не сме дозреани за вакво нешто а не сме ,тогаш што трчаме како прле пред магаре?Зошто на пример,мене некој да ми го ускрати спокојот и мирот?.Нели секој заслужува слобода и права?.Животот не е еден ден и не треба да се дозволи некој да ни го упропастува за во иднина...Убаво си кажа...цели 20 години некој не зеза за се и сешто,еден не опљачка демек несвесно ,сега тој бил виновен овој не,другиот ќе каже за претходниот а секој се нафаѓа на оро и не знае да игра..или пак така му одговара или пак,ВЕТИЛ дека ќе научи.Друг не докрајчува и ќе му должиме дури и на оној свет... и така,ни поминува и овој дел од пеколот а нема светло никаде.

Лесно им е на платениците во странство,лесно им е,нека не не заебаваат како нам тука ни е супер,и нека не ме мамат да си одам од тука ако не ми било добро,туку нека се вратат овде,доста од таму ја спасуваат и ја бодрат државава со децении наназад(уште од титово време,не сум дете ги знам работите)или нека си ја земат политиката ваква со се политичарите од овде,и нека си спроведуваат реформи и бистрат таму политики ....ако е толку надежна и вистинита,а нас нека не остават да си живееме тука.Белки ќе се најде некој НОВ и од мајка роден.

Владата за свои цели и политики стимулира ниска куповна моќ,голема невработеност,лоша стопанска политика што продуцира ниска профитабилност и ниски примања,се со цел да се намамат странските вложувачи со условот ефтина работна сила,а при тоа и да се  раздвижат недвижностите на слободниот пазар со што при трансакциите би се остварел приход во буџетот.Не држи вода тоа со земањето средства од фондот за пензии и отпратнини,како би се намалил енергетскиот шок со субвенции или незнам што ,а пред или потоа да се земаат кредити од банки за изградба на некои си знаменитости низ државава.Чисто фрлени пари,непотребни авантури во ваква криза и сиромаштија.




...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 01:57
Originally posted by zagor zagor напиша:

Што ако човекот добро си живее(се надевам дека не ги профукал парите од мисиите безвеза како што еден тука приспомна),ама ете му смета декадентната појава на нови форми и принципи на однесување на  овој простор?.Појавата на мито и корупција ,рекет...маалски каубојци кој ни законот не ги гони,општински шерифи над законот..донесување на нереални закони за кој на пример газот не ни држи...создавање на цел еден слој на луѓе кој неможат да преживеат ...цела група на сиромашни и до гуша заглавени граѓани...итн.Има луѓе кој на пример не гледаат само својот стомак да го наполнат,но мило ќе им биде  и поудобно и посреќно ќе се чувствуваат ако околу нив има задоволни и чесни луѓе,културни и ненасилно настроени...!.Штом не сме дозреани за вакво нешто а не сме ,тогаш што трчаме како прле пред магаре?Зошто на пример,мене некој да ми го ускрати спокојот и мирот?.Нели секој заслужува слобода и права?.Животот не е еден ден и не треба да се дозволи некој да ни го упропастува за во иднина...Убаво си кажа...цели 20 години некој не зеза за се и сешто,еден не опљачка демек несвесно ,сега тој бил виновен овој не,другиот ќе каже за претходниот а секој се нафаѓа на оро и не знае да игра..или пак така му одговара или пак,ВЕТИЛ дека ќе научи.Друг не докрајчува и ќе му должиме дури и на оној свет... и така,ни поминува и овој дел од пеколот а нема светло никаде.


За сите овие нешта мамамд имаше ставено добар линк од еден македонски новинар кој вели ( парафразирам ):"вие, кои толку критикувате и плукате по с'е и сешто во однос на владата и државата, вие кои се сметате толку способни за да ги изнајдете сите проблеми и проблемчиња, афери и кражби, зошто не ги откачите СДСМ и ВМРО и не се соберете како експерти , па вашата способност не ја крунисате со основање нова партија која ќе ги реши сите нешта кои ве мачат вас и народов, а за кои очигледно имате готови решенија за кои владава нема појма и не е моќна да ги реализира ???

Originally posted by zagor zagor напиша:

Владата за свои цели и политики стимулира ниска куповна моќ,голема невработеност,лоша стопанска политика што продуцира ниска профитабилност и ниски примања,се со цел да се намамат странските вложувачи со условот ефтина работна сила,а при тоа и да се  раздвижат недвижностите на слободниот пазар со што при трансакциите би се остварел приход во буџетот.Не држи вода тоа со земањето средства од фондот за пензии и отпратнини,како би се намалил енергетскиот шок со субвенции или незнам што ,а пред или потоа да се земаат кредити од банки за изградба на некои си знаменитости низ државава.Чисто фрлени пари,непотребни авантури во ваква криза и сиромаштија.


Штом толку добро ја разбираш економијата (според напишаново), следи го советот на новинарот и спаси го народот од владите, дијаспората, политиките, мизеријата, лошата економија, никаквата политика и пеколот во кој нема светло. 


Еве, штом си толку добро упатен во сите овие работи и наоѓаш маана на с'е што се сработува во државава, повели биди Светлоносец и поведи го народот под твојот факел која ќе го покажи вистинскиот пат кон посветлата иднина. Ете, бидејќи никој ништо не знае ниту во Македонија, ниту во владата, ниту во дијаспората, а ти толку јасно ги гледаш и разбираш сите работи, биди лидер и поведи ги луѓето кон подобар живот. Не само што ќе ти бидат благодарни граѓаниве на Македонија, туку и сите други народи кои ќе бидат инспирирани од твоите акции и ќе ги копираат за да си ги решат истите проблеми кои ги мачат и македонцитe.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 02:44
Според горе напишаново контра теза не постои, туку наједноставно пристрасно навивање од далечина и чисто потрошен муабет... Да се каже нешто колку да се каже..
Месинџер.. да ми беше дојдено до политика одамна ќе се приклучев во некоја партија поактивно, ама дефинитивно не ми е до неа.. Не сум јас калибар на личност која ќе направи се за да си ги задоволи сопствените хирови на товарот на другите... Само таквите можат да успеат во политиката.. Никогаш не сум знаел добро да лажам, а за во политика треба да ја имаш таа дарба не само од раѓање туку треба да имаш и докторска дисертација..Сум ја одбрал својата професија (на загор не му ја знам) и си ја терам до крај.. Не сум гладен за власт, не сум гладен за моќ. За некој да успее на овој простор во смисла на власт, треба да гази преку лешеви и да биде човек без образ.
Целата ситуација во државава е само заради една причина.. Ставање на личните интереси пред интересите на народот и државата. Е сега тие што поддржуваат таква политика и за мене се исти или се нашле изгубени или излажани од и во преводот. Или пак има и трети кои од и за инает на другите упорно тераат еден исти муабет, при тоа не согледувајќи дека тие нивни постапки ги носат кон нивна сопствена потемелна деградација...
Верувам дека доколку би ни се дало можност на секој од нас и тоа како би бил успешен во својата фела.. Може не сум експерт во економија, ама па не сум ни симнат од планина... Знам да ги согледам реално работите и да ја кажам вистината и да ја залепам во лице па колку и да боли тоа.. Суров сум кон тие што зад името на патриотизмот, сакаат да ме направат неук, неписмен или да ми ја навредат интелигенцијата, а најповеќе сум суров кон тие што сакаат да ми ја загрозат егзистенцијата и мирот... Немам влакна на јазикот за никој кој што греши... сите грешки ги изнесувам на виделина...
И дали правам лошо што барам владата да ми овозможи подобар живот за мене, моите најблиски и сите оние кои ги познавам и не ги познавам.. Впрочем заради тоа и сум ја гласал оваа власт, имам право и да ја критикувам согласно моите способности за перцепција... Да сум неук не сум, да сум лаик и тоа не сум.. Секојдневно следам што се случува, а розеви очила не носам.. Тука сум, знам што се случува, не се информирам од розевите медиуми, ја гледам ситуацијата на терен. Знам народот што збори, знам народот што трпи.. Знам народот допрва што ќе претрпи. А сето тоа е резултат на погубната економска политика на владата и нејзината глад за пари и реализација на сопствените цели.... Како што сум ја гласал така и ќе ја отпишам на наредните избори, а верувај дека многу ги има како мене... Поарно нема да гласам отколку да донесам повторно арамија на власт... Никогаш повеќе...
А мојата борба за подобро утре ќе продолжи и доколу оваа земја биде пеплосана целосно.. Мојот патриотизам останува во мене, како од првиот ден кога застанав да ја бранам, така и до ден денес... Никогаш нема да ја напуштам земјата колку и да биде тука сурово... Ќе се борам до последното за барем ако ништо друго, туку да му олеснам на некој кој е со мене или околу мене...
Локал патриотите кои под наводници среќата ја бараат илјадници километри далеку од тука не оставам да ми раскажуваат приказни, бидејќи сите збиднувања во оваа држава ги осеќа народот кој живее тука, а не тој што е илјадници километри од тука... За глобална политика, за религија, историја, еротика и спорт ги прифаќам сите и сакам да разговарам на тие теми со сите без разлика дали се тука или таму, и ќе ми биде мило да разменувам мислења со луѓе кои можат да разговараат, дебатираат и полемизираат на тие теми.. На болните теми од секојдневието во државава со тие луѓе во туѓина категорично НЕ.... Или ДА под услов да дојдат да живеат и работат тука, е тогаш ќе седнеме ако треба и со чашка муабет како пријатели и ќе браниме секој своја страна, ама затоа што ќе знам дека и тие го јадат ако не истиот тогаш сличен стап како што јадам јас и поголемиот дел од народот во оваа држава...



Изменето од NRGMKD - 18.Август.2012 во 02:48
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 02:52
Само едно финално надополнување пред спиење... Моите критики кон оваа власт се упатени за да почне некој да работи, или за некоја наредна власт која ќе дојде, да се смилува и да ги остави на страна личните интереси и да почне еднаш за првпат да работи за доброто на овој народ.. Да се престане со лаги, крадење, богатење на грбот на сиромавиот... Знам дека ова звучи премногу утопистички ама еднаш мора да започне денот со сонце, доста се облаци... Луѓето станаа монструми.. нема веќе пријателство, нема веќе брат, сестра.. се се гледа низ призмата на парите... народот стана класичен предатор.. И душата би си ја продале само да опстанат.. Вербата се изгуби, народот го снема.. останаа само тела и психа која размислува како животно кое гледа како да го преживее денот... Дел од народот стана плен...
Доста е веќе, народот нема душа... не го оставија да дише, последниот денар ќе му го земат, а од друга страна му прават лице... Доста е веќе...


Изменето од NRGMKD - 18.Август.2012 во 02:55
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 04:53
Читам од коментарите дека ја допревме најболната точка во државата,дали си за ВМРО или СДСМ.Значи на крајот се се сведува дали си партиско обоен или не......Пак ке споменам не сум партиски обоен,затоа сум надвор од државата,но сепак треба да си земе во предвид дека барем овие нешто работат....Велам нешто зошто сепак се гледа дека е нешто сработено......А дека се идеални,далеку од тоа.Но барем се обидуваат да направат нешто.Се обидуваат......За поскапувањето на бензинот,струјата и парното не ни се криви ниту ВМРО ниту СДСМ.....Глобален тренд кој ги зафака и неразвиените држави кои за жал од петни жили се обидуваат да ја пребродат економската криза......

Да ги погледнеме земјите во регионот
1.Србија-пред неколку недели динарот пак им дожиева фијаско.....
2.Босна-ако не се американците крај на приказната
3.Хрватска-со најголем долг од бившите ЈУ републики и потенцијална членка на ЕУ
4.Словенија-се заканува финансиски крах
5.Црногорците-да не е бакушка оддамна би пропаднале
6.Македонија-со најмал ддв во регионот и најмали даноци

I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 05:42
Originally posted by nostalgija nostalgija напиша:

Читам од коментарите дека ја допревме најболната точка во државата,дали си за ВМРО или СДСМ.Значи на крајот се се сведува дали си партиско обоен или не......Пак ке споменам не сум партиски обоен,затоа сум надвор од државата,но сепак треба да си земе во предвид дека барем овие нешто работат....Велам нешто зошто сепак се гледа дека е нешто сработено......А дека се идеални,далеку од тоа.Но барем се обидуваат да направат нешто.Се обидуваат......За поскапувањето на бензинот,струјата и парното не ни се криви ниту ВМРО ниту СДСМ.....Глобален тренд кој ги зафака и неразвиените држави кои за жал од петни жили се обидуваат да ја пребродат економската криза......

Да ги погледнеме земјите во регионот
1.Србија-пред неколку недели динарот пак им дожиева фијаско.....
2.Босна-ако не се американците крај на приказната
3.Хрватска-со најголем долг од бившите ЈУ републики и потенцијална членка на ЕУ
4.Словенија-се заканува финансиски крах
5.Црногорците-да не е бакушка оддамна би пропаднале
6.Македонија-со најмал ддв во регионот и најмали даноци


  7. Македонија - една од најмалу задолжените држави во Европа 
  8. Македонија - денарот e една од најстабилните валути во овие нестабилни европски     времиња
  9. Македонија - меѓу најниските стапки на инфлација
10. Македонија - cпоред куповната моќ на парите македонците имаат подобар стандард на живеење од повеќето балкански држави

И ова не го спомнувам за да дадам некаква илузија дека во Македонија тече мед и млекo, туку да посочам оти македонците се наоѓаат во подобра ситуација отколку граѓаните на другите земји. Постојаните инсинуации дека државава е задолжена како Грција и дека има инфлација од 20%, дека нема никакави банкарски резерви и дека не привлекува странски инвестиции во овие тешки времиња по севкупната светска економија не само што не се верни, туку се крајно малициозни.

Нам не ни требаат надворшни непријатели, доволни сме си самите себе си. Како што знаеме ние самите себе да се потцениме, потолчиме, изгазиме, исплукаме и испоганиме не може никој друг тоа да ни го стори.












Изменето од Messenger - 18.Август.2012 во 05:47
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 10:29
Читам лугето плукаат по се што оваа влада има сработено......цитирам,еве во криза тие трошат пари,споменици,автобуси,итн........Гледам лугето се прават многу паметни дури и економски показатели се прикажуваат,мислиш се врвни економисти,а од еконопмија немаат Е,или мислат дека ако гледаат тв дека научиле нешто(а бе и јас гледав олимпијата,ама не станав Усеин Болт).....туку вие, кои толку критикувате и плукате по с'е и сешто во однос на владата и државата, вие кои се сметате толку способни за да ги изнајдете сите проблеми и проблемчиња, афери и кражби, зошто не ги откачите СДСМ и ВМРО и не се соберете како експерти , па вашата способност не ја крунисате со основање нова партија која ќе ги реши сите нешта кои ве мачат вас и народов, а за кои очигледно имате готови решенија за кои владава нема појма и не е моќна да ги реализира ???

Наместо да се охрабруваат сите проекти,да се казнуваат неплански потрошените пари,да се критикува несработеното,да се каже браво за сработеното вие само црни зборови.....Безгрешни луге нема....Впрочем признаа дека претерале со проектот Скопје 2014.....барем признаа.....А ако сте толку стручни зошто не аплицирате на конкурсите кои ги објавуваат сите Министерства,па можеби еден ден некој од вас ке биде министер......Се води дискусија со факти,со конкретни работи,опипливи докази,а не со цитирам...го покачија бензинот и сл...и сега не чинат

Државата се сака,а се ценат или се менуваат оние кои ја водат државата.....Е ама кај нас патриотизам не постои за жал.....Ние сеуште чекаме некој да ни каже што да правиме......Е од чекање да ни падне од небо само дожд и понекој град.....

Сигурно ке речете,зошто да ја сакам државата што сторила таа за мене?А што си направил ти за неа??????дали си се покажал како достоен амбасадор на својата држава,каде и да си бил во светот????Или еден мој пријател кој,кога ко прашаа...Од која држава си?ФИРОМ.....Човекот беше со прашалници,за да на крај тој му рече.....А,ок од Република Македонија


Затоа на крај нас не ни треба некој да не окупира од надвор,ние мегу себе ке се истребеме.....
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 10:43
Цитирам текст од NRGMKD
А мојата борба за подобро утре ќе продолжи и доколу оваа земја биде пеплосана целосно.. Мојот патриотизам останува во мене, како од првиот ден кога застанав да ја бранам, така и до ден денес... Никогаш нема да ја напуштам земјата колку и да биде тука сурово... Ќе се борам до последното за барем ако ништо друго, туку да му олеснам на некој кој е со мене или околу мене...
Локал патриотите кои под наводници среќата ја бараат илјадници километри далеку од тука не оставам да ми раскажуваат приказни, бидејќи сите збиднувања во оваа држава ги осеќа народот кој живее тука, а не тој што е илјадници километри од тука... За глобална политика, за религија, историја, еротика и спорт ги прифаќам сите и сакам да разговарам на тие теми со сите без разлика дали се тука или таму, и ќе ми биде мило да разменувам мислења со луѓе кои можат да разговараат, дебатираат и полемизираат на тие теми.. На болните теми од секојдневието во државава со тие луѓе во туѓина категорично НЕ.... Или ДА под услов да дојдат да живеат и работат тука, е тогаш ќе седнеме ако треба и со чашка муабет како пријатели и ќе браниме секој своја страна, ама затоа што ќе знам дека и тие го јадат ако не истиот тогаш сличен стап како што јадам јас и поголемиот дел од народот во оваа држава...

Зошто си скокаш сам во стомак?Па нели самоит кажа си били во Авганистан,па не знам каде на друго место.....И ти најде да зборуваш за патриотизам,дека ние сме локал патриоти кои среката си ја бараат далеку.....Па ти си ја барал исто среката како сите други за подобро утре затебе и фамилијата.А сега наеднаш стана критичар бр.1 и врвен економиста......Зошто?Секогаш има зошто,ама има и затоа....Е сега кое е твоето затоа е прашањето.......Зошто 2001 не ја одбранивте државата.....Или и тогаш ви беше ВМРО криво така?Што очекувавте да народот излезе да се бори....Па тоа ти е должност на тебе,а не на мене.....И сега ВМРО било криво за се.......Да секогаш дежурен кривец за се......Или сега можеби не ви одговара политиката која се води,па нормално ВМРО е криво......

I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 11:21
6.Македонија-со најмал ддв во регионот и најмали даноци
7. Македонија - една од најмалу задолжените држави во Европа
8. Македонија - денарот e една од најстабилните валути во овие нестабилни европски времиња
9. Македонија - меѓу најниските стапки на инфлација
10. Македонија - cпоред куповната моќ на парите македонците имаат подобар стандард на живеење од повеќето балкански држави
 
Jas samo ke nadopolnam deka sega za sega nekoja X partija koja ke raboti kako shto veli gore tamu nekoj ne e mozna, toa e samo fantazija posebno shto ne se rodil SOVRSHEN CHOVEK !!! kolku i da raboti VMRO DPMNE ke bide kritikuvana, no kritikata e  del od demokratskoto opshestvo, nishto strashno.
FAKT e deka se napravija mnogu chekori koi se dosta pozitivni, ima vidlivi efekti i toa tempo za drzava koja ja ostavi Branko, kako invalid vo kolichka, go smeni znameto,  imeto ja turna vo bezdna drzavata i sega ke se vratel da i pomogne na Makedonija... Mi nema logika nekako toa. Zatoa shto volkot go menuva vlaknoto no tabietot JOK. A i grkot kaza deka moze da se reshi problemot so imeto dokolku Brane i Tito dojdat na vlast. E sega kako ke go reshat moze da pretpostavime i sami a i javno zboruvaat za toa nemora da se macime da mislime. Jas gi pozdravuvam kriticharite na vlasta i gi bodram da napreduvaat vo toa bidejki toa e DEMOKRATIJA, no i da prifatat kritiki koga greshatнамигнување ili davaat predimstvo ili izmisluvaat fantom partii. bez razlika shto se chlenovi na SDSM.
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 11:25
I moram da komentiram za nekoja si nevladina AMAN od Prilep, koja bara nekakvi promeni vo pazarnata ekonomija, da pocne da gi bara istite vo lugjeto koi go prodadoa EVN.
 
VMRO DPMNE prodade del od Telekom no vnese ushte eden kup operatori so shto se namali cenata na razgovorot od 60 den. na 3 den pa i besplatni razgovori.
 
RAZLIKI IMA... SAMO KOJ GI GLEDA, GLI GLEDA. A KOJ NE, NESAKA DA GI VIDI.
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 12:02
Originally posted by nostalgija nostalgija напиша:

Цитирам текст од NRGMKD
 
Зошто си скокаш сам во стомак?Па нели самоит кажа си били во Авганистан,па не знам каде на друго место.....И ти најде да зборуваш за патриотизам,дека ние сме локал патриоти кои среката си ја бараат далеку.....Па ти си ја барал исто среката како сите други за подобро утре затебе и фамилијата.А сега наеднаш стана критичар бр.1 и врвен економиста......Зошто?Секогаш има зошто,ама има и затоа....Е сега кое е твоето затоа е прашањето.......Зошто 2001 не ја одбранивте државата.....Или и тогаш ви беше ВМРО криво така?Што очекувавте да народот излезе да се бори....Па тоа ти е должност на тебе,а не на мене.....И сега ВМРО било криво за се.......Да секогаш дежурен кривец за се......Или сега можеби не ви одговара политиката која се води,па нормално ВМРО е криво......



Ако некогаш си одел на службен пат ќе знаеш што е службена должност... Доброволно никој неможе колку и да сака да замине таму, а искрено тој пекол од мисии на никој не му го посакувам за разлика од обичните граѓани кои се вработени преку американските фирми кои даваат услуги на владата на САД...Тие се тие кои што отишле да спечалат надвор од државата ДОБРОВОЛНО... Но сепак се враќаат зашто тоа е краткорочно и брзо завршува... Целите и задачите на мисијата сигурно нема да ти ги кажам, ама воопшто никој не беше среќен што мораше да замине, ама служба си е служба... Ако работиш, а знам дека работиш сигурен сум дека знаеш.... Нема неможам, нема не сакам... Може да не одиш само ако имаш сериозни проблеми и тоа е факт... Кажуваш цитирам "Зошто 2001 не ја одбранивте државата"... Само ќе ти кажам дека ме чепкаш во најболна точка.. А ако ти не си застанал рамо до рамо со бранителите НЕМАШ апсолутно никакво право ниту да коментираш на тоа поле... Ако во тоа време не си се јавил или си ја избегнал должноста тогаш коментар на таа тема од моја страна само дополнително ќе ја однесе дебатата во друг правец... Значи и за мисијата во пустината и за одбраната во 2001 може да коментира кој осетил барем дел, или е компетентен и стручен да дебатира на тие теми... Зборам за некој кој е стручен во делот на безбедноста, одбраната, воените и безбедносните сили..
И да отворено кажувам ВМРО ми е криво сега зашто без усул ги аминува одлуките на регулаторната комисија... Да затоа што како влада има апсолутно влијание врз МЕПСО и ЕЛЕМ, да се разбереме ЕВН само ја продава струјата до финалната дестинација, ЕВН не е таа која игра улога во ценовната политика на струјата... Владата преку своите клонови МЕПСО и ЕЛЕМ е таа која врши продажба, увоз на електрична енергија... Владата индиректно преку својата таканаречена невладина Регулаторна комисија ја одредува цената на енергенсите... Туку на нив им одговара продажба по таа цена, бидејќи никој и нема увид во набавната или производната цена на струјата туку само ни се пласира како цуцла на бебе... И владата е таа што во моментот е домаќин во оваа куќа... таа и треба да стопанисува ама треба да се погрижи и за членовите на семејството а не само за себе...
Од сосема друг агол.. Во Македонија скоро и да не постои медиум кој може отворено да ја критикува владата... Сите информации кои доаѓаат за неправилностите за работењето скоро и да ги нема, или се прикажани во благо завиени форми скоро како и да не се кажани.. Ама пак затоа владата наместо се фокусира на подобар животен стандард таа се фокусира на конфронтација со опозицијата, на конфронтација со медиуми, на конфронтација со неистомисленици во кои гледа потенцијална опасност од типот на рушење на власта по пат на демократски начин.. Монтира случаеви и остали ствари.. Зарем една власт треба така да се постави... Уништи се што е контра себе, внеси страв па после владеј...
Еве ти уште еден показател дека работите во државата не се како што треба и дека народот е осиромашен... Дали знаеш во Македонија во последните 5-6 години колку лихвари се појавија? Дали знаеш колку народ страда од тие истите и дали знаеш зошто? Сега ќе ти кажам..Но најпрво ако знаеш да го дефинираш и го разбираш зборот лихва... Народот кој се потешко се справува со поскапувањето на сите артикли потребни за живот, посегнува по лихва... Во неможност да подигне кредит (дали веќе има 1, дали е невработен, дали банката не му дава не е битно) посегнува по таканаречен црн или нелегален заем... Враќа со страшни камати, и е под постојан притисок.. Е сега кажи ми ти, зашто оваа власт која знае, 1000000 % сум сигурен дека знае за оваа појава која зема замав во последните 5-6 години, зошто не почне да се справува со тоа, туку ми лови фантоми во матно? Дали знаеш зашто лихвата зема замав во овој период најповеќе? Народот нема пари, а државата не ги спречува во нивното таканаречено работење... Тоа е чист криминал од многу аспекти... Затајување на данок на добивка, криминал од класичен тип.. уцена..... И сакаш да ми кажеш дека за тоа е крив некој друг? Па тоа се случува сега, било и порано, ама сега е во невидена експанзија, небаре секој 3-4 во државава тоа го работи... Тоа не е способност да се заработи, тоа е способност која некој друг ја оправдува а недај боже мислам дека и ја поддржува....


Изменето од NRGMKD - 18.Август.2012 во 12:05
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 147148149150151 200>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.