IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Што прави оваа влада?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што прави оваа влада?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 145146147148149 200>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 04:09
Еве ви еден добар извадок

♦ Воденица: Пред 10-тина дена граѓаните добија илинденска честитка од страна на Регулаторната комисија. Покрај поскапувањето на струјата и укинувањето на дневната евтина тарифа, објавен беше и Правилник за топлинска енергија за кој што вие како партија веднаш најавивте дека ќе го обжалите пред Уставниот суд. Притоа не испуштивте да ја нападнете и Владата, но со оглед на фактот што Регулаторната комисија е независно тело, би ве запрашале каде ја лоцирате одговорноста на власта заради ваквите мерки?

Андреј Жерновски: Ова што се случи на само ден пред големиот празник Илинден, не само што е неумесно, туку е и нехумано од страна на Владата. Велам на Владата, затоа што е повеќе од јасно влијанието кое таа го има врз независните тела како што е Регулаторната комисија. Имено, согласно член 25 од Законот за енергетика, Регулаторната комисија е составена од 5 члена. Членовите и претседателот на Регулаторната комисија, кој е еден од членовите, на предлог на Владата на Република Македонија, ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија. Значи, иако по закон Регулаторната комисија за енергетика е независно тело сепак во пракса не е така, бидејќи членовите на комисијата произлегуваат од редовите на партиите на власт. Биле нивни членови или многу блиски соработници на функционери од Владата. Поединци дури биле и на високи позиции во раководствата на партијата на власт. Ако го погледнете составот на сегашната Регулаторна комисија, ќе се уверите дека сите се именувани во периодот од 2007 до 2011 година, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и за сите нив гласале пратениците од владеачката коалиција. Минатата недела, ЛДП поднесе преставка до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на новиот Правилник за топлинска енергија одобрен од оваа независна Регулаторна комисија. Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина работи во интерес на граѓаните, очекуваме да ни се придружи кон жалбата.

Инаку, одговорноста на Владата е во неколку сегменти. Прво владата не презема ниеден чекор во областа на даночната политика. Со намалување на одредени давачки на енeргенсите директно би се влијаело на намалување на цените на горивата, парното греење и електричната енергија. Така може да се намали стапката на акциза, или пак да се интервенира во стапката на ДДВ. Дека е тоа можно Владата потврди минатата година пред вонредните парламентарни избори кога извесен временски период ја намали акцизата на горивата. Но брзо по изборите ја врати старата цена, што е само доказ дека тоа беше манипулација со граѓаните за да ги добијат нивните гласови. Но Владата не сака да се откаже од својот комодитет на трошење и важно им е само да си ја полната државната каса. Можеби изгледа нелогички но на владата ѝ одговараат повисоки цени на горивата. Така, на пример, кога цената на бензинот беше 60 денари, во државната каса се слеваа 30 денари. На цена од осумдесет денари, 35 денари се одвојуваат за државната каса.

Понатаму, одговорноста на Владата се наоѓа и во начинот на менаџирање на енергетските компании кои се во сопственост на државата, како што се ЕЛЕМ и МЕПСО. Еден од главните критериуми за поскапување на цената на електричната енергија се трошоците на работење на овие компании. Во последните години овие компании работаат со зголемени трошоци што директно влијае на цената на струјата. Сигурен сум дека има можности за намалување на трошоците, а со тоа и на цената на електричната енергија. На пример, за што се рекламираат ЕЛЕМ и МЕПСО кога се монополи? Дали со тоа купуваат одредени медиуми кои работаат во корист на власта? Има резерви и во намалување на трошоците на работењето на рудниците и термоелектраните, а со тоа и на цената не електричната енергија.

Да резимирам, постојат повеќе можности во даночната политика и раководењето на енергетските компоании, кои би довеле до пониски цени на енергенсите. Тие мерки не можат во целост да го намалат влијанието на светските цени, но можат да го ублажат ударот врз стандардот на ионака сиромашниот македонски граѓанин.


♦ Воденица: Се сеќаваме на една ваша интересна математика: Од една страна власта ги зголеми платите за 20% на администрацијата, а од друга страна за 100% се покачија струјата, парното, горивото и прехрамбените трошоци, па констатиравте економски стандард од минус 80%. На тоа ги додавате и секојмесечните задолжувања на државата од по сто милони евра. Имате ли приближно точен податок колкаво е задолжувањето на државата во изминативе шест години?

Андреј Жерновски: Навистина е несфатливо како власта, наместо да е сериозно загрижена со она што се случува на економски план во Македонија, се фали со покачување на платите и пензиите. Со тие исти плати и пензии, граѓаните не можат да ги задоволат ни своите основни потреби. Како потврда на тој факт, минатата недела пристигна уште една шокантна вест за нашата земја. Најпознатата светска телевизија CNN ја оцени Македонија како една од петте земји на оваа планета со најлоши економии, притоа се најдовме во друштво на Конго, Судан и Белорусија, а само пред неколку месеци, угледниот „Економист“ нè прогласи за лидер во светот според индексот на мизерија.

Состојбата со вкупниот долг, или задолженоста на земјата, е уште еден податок за лошата еконмска политика во земјава. Само за илустрација, вкупниот долг на 31.12.2006 година изнесуваше 1.673 милиони евра а на 30.06.2012 изнесува 2.244 милиони евра (ова се податоци од министерство за финансии). Тоа покажува зголемување на долгот на државата за 570 милони евра. Во оваа бројка не влегуват задолжувањата на јавните претпријатија и приватниот сектор.

Ако навлеземе во структурата на задолжување, ќе добиеме уште полоша слика. За тоа е потребна дебата, која Груевски упорно ја избегнува. Нека не манипулира со задолжувањето изнесено како процент од БДП. Тој прво мора да даде одговор за што се потрошени овие 570 милиони евра, со кои владата ги задолжи граѓаните на Македонија. Но, покрај тоа што не дава одговор на овие прашања, Владата и понатаму продолжува да се задолжува. Само во изминативе четириесет дена (од 30 јуни наваму) има нови задолжувања во записи и државни обврзници за нови 300 милиони евра. Значи реално гледано, ако се земе предвид и структурата на внатрешните задолжувања, за неполни шест години, Груевски ја зголеми должничката слика на државата за над милијарда евра. Се разбира ова се податоци кои произлегуваат само од званичните задолжувања и од информациите кои ги дава Владата. Но, таа ги крие обврските кон своите добавувачи, односно фирмите на кои им должи, а тоа значи дека долгот на државата е уште поголем.

И сега што понатаму да се дискутира????

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 09:48
Значи ајде ке ги ставиме гревовите на Бранко и Грујо па ке видиме чив грев е поголем.
1.Бране или Б.Ц помодерно е,нели.Премиер на Владата на РМ со два мандата.Уништена 10000000% економијата која остана од таа Југославија,афери уцени рекет сива економија.Не направи ама баш ништо да се придвижат работите во позитива.Проблемот со Грција го реши на типичен начин,а бе друг нека се замара,дур сум јас на власт да ми биде убаво.Направи да транзицијата трае 20 години.Уништени фабрики,луге без работа......
2.Грујо или Никола Груевски актуелен премиер на РМ.Обиди да се задвижи уништената економија во Македонија.Фабриките на Џонскон мети и Џонсон контрол,фабриката за кабли кај Битола,Дрексклајмер кај Кавадарци....Обиди да се тури ред во приватните фирми(до некаде му успеа).....Средување на инфраструктурата и други помали и поголеми проекти кои чекаат да се завршат....Не го оправдувам за спомениците во Скопје,бидејки не успеаа да ја доловат сликат на старо Скопје...Не го оправдувам поради задолжувањето и земање кредити.....

Само да појаснам,не сум ни за ВМРО ни за СДСМ,затоа сум во најопасната држава каде животот не вреди ниту 5 пари.Да заработам парче леб и поубав живот за мене и фамилијата.Само ги гледам работите со отворени очи.Добро го паметам времето на БЦ и на Грујо.Добро знам кога татко ми доби инфаркт кога ја затворија фабриката каде работеше 36 години.Добро знам како е да се работи во нашите приватни фирми.Едноставно ставете ги гревовите на БЦ и на Грујо на вага,па вагата ке пресуди кој е во право...
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 14:17
Пак се вртиме околу БЦ .... Кажав БЦ умре пред 10 години а овие го воскреснаа за да имаат дежурен кривец за сите глупости што ги прават.. Еден вид параван за немоќта и незнаењето на оваа владејачка гарнитура.. Добар изговор за секоја ситуација во државата... Ајде еве одговори ми дали е БЦ крив за поскапувањата што се направија во изминативе 6 месеци? Гарант е тој крив... Дали е БЦ крив за неконтролираното трошење на државни пари, за реклами, споменици и крпење на буџетски дупки кои самите си ги создаваат? Дали е БЦ крив за немоќта на Грујо да им се спротивстави на албанските коалициони партнери? БЦ беше, народот го погреба а овие го воскреснаа .... И Америка ја пеплоса Јапонија 1945, и Хитлер го унакажа светот во 1940 па никој веќе не се вади на него туку е само лош спомен од минатото... Проблемот кај оваа владејачка гарнитура е што своите погрешни потези и неспособност ги припишува на други луѓе кои во моментов ама апсолутно немаат никакво влијание врз работата на државните органи... Веќе 6 години и кусур други се на власт, а државата оди надолу... Зашто е тоа така?
Не мешајте баби и жаби....
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 16:43
Значи дефинитивно немаш навика да ги читаш постовите од А до Ш.....Што очекуваш да направи оваа влада?Да го извади магичното стапче и да рече....пу,пу не важи она што го направи БЦ,ајде сега од почеток.....Никој не гледа дека БЦ ја остави државата во долгови,со тотално уништена економија,рекет,непотизам,итн.....Не ја оправдувам сегашната гарнитура за потезите кои ги прави,но сепак се направија некои чекори кои се за пофалба,сепак да бидеме реални......Него проблемот е зошто ВМРО се нафати да ги прави сите реформи,тоа е најголемиот проблем.Дали народот ке реагираше ако беше друга политичка партија,и ги правеше овие работ?НЕ......Никој не се побуни кога беше аферата ТАТ,уривањето на двата патничи авиони,факањето на ОКТОПОДОТ,итн.....Тоа народот го заборави брзо...Кога се шверцуваше безнин и се пазареше во Бугарија,за да се прехранат фамилиите,тоа брзо народот го заборави.Е сега кога некој се обидува да стави ред во државата,е тогаш не чини.А зошто?Зошто е ВМРО.......Како наеднаш Македонската кошаркарска репрезентација е 4 во Европа во баскет,како наеднаш добивме најубава фудбалска арена во регионот на бивша Ју,како наеднаш добивме европски аердром......Значи кога некој се обидува да ја подигне свеста на еден народ,да е горд дека е Македонец,наеднаш не чини......Се фрла со дрва и камења....Ке кажам пак,не ги оправдувам со проектот Скопје 2014,но сепак за некои проекти секоја чест.Ниту ВМРО ниту СДСМ не ми помогнал затоа сум тука каде што сум сега,каде животот не вреди ниту 5 денари.Но националното чувство дека сум Македонец ке живее со мене дури сум жив....Државата не се сака или се сака ако е ВМРО или СДСМ на власт,па ајде сега.....Ако нема во тебе ниту малку доза на патритизам и гордост дека си Македонец,тогаш не би коментирал понатаму...А дали грешат или не времето ке каже,како што кажува времето кое помина кога БЦ беше на власт,нели!!!

Е сега ако си бил од другата страна на реката и сега не можеш д аја поминеш бидејки сите мостови се срушени е тоа е веке друга песна....
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 17:18
Дефинитивно ги читам постовите и затоа читај 2-3 поста погоре, каде убаво кажувам да не се прави компарација со БЦ и неговата багра...
Муабетот во сите мои постови е ДАЛИ НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБНО НЕОСНОВАНО ТРОШЕЊЕ ПАРИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА СВЕСТ ПРИ МОМЕНТИ НА ГЛОБАЛНА КРИЗА И ДАЛИ ОВАА ВЛАСТ ВЛЕЧЕ ПРАВИЛНИ ПОТЕЗИ СО ТОА ШТО ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ЗАДОЛЖУВА ДРЖАВАТА А ПРИ ТОА НЕ АМОРТИЗИРА НИКАКВИ ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ШТО ДОПОЛНИТЕЛНО ЈА ОТЕЖНУВА СОСТОЈБАТА НА НАРОДОТ... ИСКРЕНО МЕ ЗАБОЛЕ МЕНЕ ЗА АРЕНАТА И ЗА СКОПЈЕ 2014 КОГА ПЛАЌАМ 80 И КУСУР ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР БЕНЗИН, ИЛИ КОГА НЕМАМ ЕВТИНА СТРУЈА ВО ВРЕМЕТО КОГА ТРЕБА ДА СЕ ЗГОТВИ РУЧЕКОТ... А НАЈПОВЕЌЕ МЕ ИРИТИРА ШТО НЕКОЈ ДРСКО И БЕЗОБРАЗНО НАЈАВУВА И НОСИ МЕРКИ НА ШТЕДЕЊЕ А ПРИ ТОА НЕ ГИ СПРОВЕДУВА ТУКУ ДОПОЛНИТЕЛНО ГО ЗГОЛЕМУВА ТРОШЕЊЕТО НА БУЏЕТСКИТЕ ПАРИ ЗА БЕЗПОТРЕБНИ РАБОТИ ОД ТИПОТ НА РЕКЛАМНИ КАМПАЊИ, ГРАНДИОЗНИ ПРОЕКТИ, ФУДБАЛСКИ АРЕНИ...Секој нормален човек во едно семејство гледа да ги подмири долговите што му се тековни во месецот па ако остане да заштеди или да се полуксузира, а овие обратно.. прво се луксузираат а потоа за најосновните работи бараат заеми.... И ај сега мери аршин и види дали јас не сум ги прочитал постовите до крај... БТВ никад не сум бил на другата страна на реката туку секогаш сум ја согледувал реалноста бидејќи розеви очила незнам и несакам да знам како изгледаат...
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 17:28
Убаво прочепкај по архивите и на интернет и ќе најдеш еден куп докази за протести против БЦ и неговото самоволие и уништување во времето на неговото владеење... Туку пак ќе кажам.. И хитлер го разурна светот во 1940 па никој не кукаше како тоа Хитлер го уназадил светот, туку здружено со сите сили сите земји го изградија од ново.. Ама на Македончето му е најлесно да обвини некој друг за сопствената немоќ и незнаење... Мене ама ич не ми чуе дали се вика партијата на власт ВМРО или СДСМ, се додека тие не почнат да работат контра моите гледишта за пристоен и убав живот... Ако сака и партија на деснораки педераши нека се викаат тие на власт само да ми пружат пристоен живот каде нема да ме боли глава како да закрпам крај со крај... Ниту тогаш ми било поарно ниту пак сега ... Сум имал надеж во овие ама сега сум целосно разочаран а тоа разочарување ме прати во последните 2-3 години...
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 17:32
Не живеам во минатото, туку во сегашноста а сакам да гледам кон иднината ... ама сите погледи ми се заматени од секојдневните притисоци што се создаваат од страна на сегашната власт.... Тоа е разликата... Дојди издржи го притисокот на секојдневните поскапувања а притоа платата нека ти тапка во место па оди после гордеј се на арените, и "таканаречените" инвестиции од кои ни денар нема да видиме бидејќи тие пари се однапред потрошени за нови и нови безмислени проекти.... 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 17:36
За дозата на патриотизам можат да ти посведочат еден голем број на форумџии тука, кој сум, што сум и каде сум бил.... Дозата на патриотизам не се искажува преку аплаудирање за стадиони, споменици, аеродроми.. Дозата на патриотизам треба постојано да тлее во тебе и без разлика на маките со кои што се соочуваш да си ја сакаш сопствената држава и кога си и најпотребен на државата да застанеш во нејзина одбрана... дозата на патриотизам не ја покажувам преку симнување капа кон дрпачи од владејачка гарнитура која прави 1 урива 100.... 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 02:55

Се претставија како патриоти, но ни ги предадоа бранителите

Петок, 17 Август 2012 08:01
Македонија

Како да се две различни влади, во федерализација, а не независна република држава како Македонија, така се однесуваат коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ која пред своето преостанато членство се нарекува како патриотска партија која ако ја слушавме во 2006. никогаш не би коалицирала со терористи и нејзиниот коалиционен партнер од албанската етничка заедница со на грб вртоглав пад на нејзиниот рејтингот - ДУИ, партија која всушност потекнува од некогашните борци за свои права, кои токму ДПМНЕ ги нарече како терористи, а потекнуваат од организцијата УЧК.

На почеток ги амнестираа злоделата и масакрите на функционерите на денешниот наследник на македонската УЧК, а потоа не сакаа да проговарат за тоа, денес тие го премолчуваат историското и срамно поклонување на Македонската армија на споменик против некогашните нејзини најголеми непријатели терористичката организација УЧК, сето тоа во време на ВМРО ДПМНЕ.

Според аналитичарите, власта веќе забегала, а самата се замислува и само замислува дека го манипулира народот преку најголемите даночни затајувачи денешните две македонски национални телевизиски куќи кои го одработуваат делот за да останат на сцена.

- Народот веќе сфати дека граѓаните се манипулираат, дали од македонска или албанска националност или пак турска, тие се изманипулирани и полека се освестуваат од портокаловиот сон кој ја фрли државата во сиромаштија, децидни се аналитичарите.

Ако пред шест години прашавте член на денешната ДПМНЕ, дека некогаш партијата со предзнак ВМРО ќе амнестира терористи, а потоа армија раководена од нејзин министер, претседател и началник на генералштаб ќе поклони цвеќе на терористите од УЧК кои убиваа војници тие само ќе се насмееја и ќе речеа дека тоа не би го сторила ни СДСМ, а камоли патриотите од ДПМНЕ, но ете во време на ВМРО-ДПМНЕ се случи, велат аналитичарите и потенцираат дека веќе на вистинските вмровци им се гади од ова што денес ги злоупотребува буквите ВМРО.


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 03:00

ВМРО-ДПМНЕ: АРМ нема да се поклони пред оние кои убиваа припадници

Четврток, 16 Август 2012 16:26
Македонија

-Последните случувања во Слупчане прават штета на меѓуетничките односи, толеранцијата и довербата меѓу граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ го цени овој чин како обид за добивање ситни партиско-политички поени пред  својот електорат, а на штета на довербата помеѓу Македонците и Албанците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со поклонувањето на офицери на АРМ пред споменикот на УЧК.

„Ако било кој сака со овој чин да прикаже пред својот електорат дека ја натерал Армијата на Република Македонија да се поклони пред оние кои пукаа и убиваа припадници на истата, треба да знае дека АРМ никогаш нема да го направи тоа, колку и некој да наоѓа поединци и да ги става во служба на партиско политички интереси.“ - се додава во соопштението.


А ТИПЧИЊАВА НА СЛИКАВА СЕ ГАРАНТ ПАРАВОЈСКА КОЈА УНИФОРМИТЕ ГИ КУПИЛА НА ЦИГАН ПАЗАР ПОД КАЛЕ А?!?!?!? КОЈА НАВРЕДА Е ОВА ЗА ЧОВЕКОВАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА... ДА ТЕ ПРАВИ НЕКОЈ ГЛУП И СЛЕП ПРИ ОЧИ И ЗДРАВ ПАМЕТ ПОЛОШО НЕМА.....

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 03:01
Е ај сега оди и биди патриот... ни ги напикаа во сите витални ресори па утре ако спука недај боже пола армија и полиција контра ќе се сврти... Тоа е политиката на владата??? 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 04:29
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Дефинитивно ги читам постовите и затоа читај 2-3 поста погоре, каде убаво кажувам да не се прави компарација со БЦ и неговата багра...
Муабетот во сите мои постови е ДАЛИ НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБНО НЕОСНОВАНО ТРОШЕЊЕ ПАРИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА СВЕСТ ПРИ МОМЕНТИ НА ГЛОБАЛНА КРИЗА И ДАЛИ ОВАА ВЛАСТ ВЛЕЧЕ ПРАВИЛНИ ПОТЕЗИ СО ТОА ШТО ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ЗАДОЛЖУВА ДРЖАВАТА А ПРИ ТОА НЕ АМОРТИЗИРА НИКАКВИ ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ШТО ДОПОЛНИТЕЛНО ЈА ОТЕЖНУВА СОСТОЈБАТА НА НАРОДОТ... ИСКРЕНО МЕ ЗАБОЛЕ МЕНЕ ЗА АРЕНАТА И ЗА СКОПЈЕ 2014 КОГА ПЛАЌАМ 80 И КУСУР ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР БЕНЗИН, ИЛИ КОГА НЕМАМ ЕВТИНА СТРУЈА ВО ВРЕМЕТО КОГА ТРЕБА ДА СЕ ЗГОТВИ РУЧЕКОТ... А НАЈПОВЕЌЕ МЕ ИРИТИРА ШТО НЕКОЈ ДРСКО И БЕЗОБРАЗНО НАЈАВУВА И НОСИ МЕРКИ НА ШТЕДЕЊЕ А ПРИ ТОА НЕ ГИ СПРОВЕДУВА ТУКУ ДОПОЛНИТЕЛНО ГО ЗГОЛЕМУВА ТРОШЕЊЕТО НА БУЏЕТСКИТЕ ПАРИ ЗА БЕЗПОТРЕБНИ РАБОТИ ОД ТИПОТ НА РЕКЛАМНИ КАМПАЊИ, ГРАНДИОЗНИ ПРОЕКТИ, ФУДБАЛСКИ АРЕНИ...Секој нормален човек во едно семејство гледа да ги подмири долговите што му се тековни во месецот па ако остане да заштеди или да се полуксузира, а овие обратно.. прво се луксузираат а потоа за најосновните работи бараат заеми.... И ај сега мери аршин и види дали јас не сум ги прочитал постовите до крај... БТВ никад не сум бил на другата страна на реката туку секогаш сум ја согледувал реалноста бидејќи розеви очила незнам и несакам да знам како изгледаат...

Потпоно го разбирам твоето незадоволство од секојдневниот живот, но треба да се потенцира дека:

-  Секогаш е време да се подига свеста кај народот. Посебно овие сегашниве, кога државата се бори за кревање на националната свест и кога се бори за свој опстанок како држава на народ кој има миленијумска историја што им боде очи на сите соседи. Ако се чекаат некакви идни &quot;добри времиња&quot; тие нема никогаш да дојдат. 

- Нафтата секогаш ќе поскапува и за тоа не е виновна никоја влада.

- Струјата секогаш ќе поскапува и за тоа не е виновна никоја влада.

- Пари за паметници, споменици и уметнички дела никогаш немало доволно. Ако се чека на времиња "кога ќе се има пари" тие нема никогаш да дојдат. 

- Државата не постои да отвара работни места, да гради фабрики или да надокнадува семејни трошоци. Тоа се одговорности и должности на нејзините граѓани.





Изменето од Messenger - 17.Август.2012 во 04:37
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 09:08
Со оглед на то дека ако нема леб за народот...
а нема ни колачи од прочуениот рецепт на Марето такзвана Антоанета, нели за замена...
владате го прави она што мора...
нуди патриотизам во големи количини...
во голем дел завиткан со обланди од споменици...

кои споменици, нели така,  порано се викаа споменици на културата...
а сеа не може така да се наречат, меѓу другото затоа што народот има различна култура...
поточно, не знаат на која култура припаѓаат...
ко на пример оние со бугарски пасош...
или поповите, кои ем си ја сакаат и проповедаат словенската култура...
ем намигнуваат кон античката...

за оние без култура, кои лаат против Грција, а одат таму на одмор, несакам да зборам...
уствари и јас сум еден од нив...намигнување
јеби га сеа, нема да се лажеме...

Инаку окулу ова некако ми се праеше муабет...
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

 
- Државата не постои да отвара работни места, да гради фабрики или да надокнадува семејни трошоци. Тоа се одговорности и должности на нејзините граѓани.
и јас апсолутно ќе се согласам со Меси...
државата не постои за да прави фабрики, социјалзмот, за жал на Титови леви сили...
го немааа....
туку ме интересираше, онака...
реторичко прашање...

Зошто постои државата...?

спомениците ги исклучуем од целта на нејзиното постоење...
пошто незнам дали у Зимбабве или у Нигерија прават споменици...
ако грешам нека изгорам...

и можеби сум јас неук, или симнат од планина...
а што е право у Канада и Америка не сум бил...
интернетот како глобално село не го рачунам, пошто е село...

ама ко што знам, секоја држава постои затоа што одредена група Homo Sapiensi...
решиле да живеат заедно, во заедница наречена држава...
по разно разни основи собрани...
па така да си го олеснат животот...
то овака едноставно кажано, ја така си мислам...

затоа молам да ми се одговори на погоре поставеното прашање...
Однапред благодарам...


Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 09:12
Originally posted by Messenger <div><br><div><br></div><div>- Државата не постои да отвара работни места, да гради фабрики или да надокнадува семејни трошоци. Тоа се одговорности и должности на нејзините граѓани.</div></div><div><br></div><div><br></div><div><br></div>
[/QUOTE Messenger


- Државата не постои да отвара работни места, да гради фабрики или да надокнадува семејни трошоци. Тоа се одговорности и должности на нејзините граѓани.



[/QUOTE напиша:



збунетост  збунетост  збунетост  <

збунетост  збунетост  збунетост  збунетост  изненадување  изненадување  изненадување
Како една држава ЌЕ БИДЕ држава ако не води сметка за горе набројаното?
Како една држава ќе постои ако не се грижи за својот народ  животот да не  им е беда и на секој чекор има умирачка, болести?
Како една држава ќе постои  ако најголемиот број нејзини жители ја напуштиле и заминале некаде надвор?
Како една држава ќе постои ако не води грижа за добар образовен систем во кој нејзините граѓан ќе се школуваат и ќе се вработат за да работат за добробитот на таа иста држава?
Како една држава ќе постои ако луѓето нема каде да се лечат заради погубно јавно здравство ( а за приватно немаат пари), пребег на квалитетните лекари од јавно во приватно заради намалување на платите и немањето основни средства (лекови, апарати) за работа? Ќе постои ли една држава ако катадневно се умира (млади, бремени, новородечиња) заради немање основни услови за лечење?
Како една држава ќе биде држава ако споменикот на БАНИТЕЛИТЕ е плоча 2 на 2 и секогаш преку ноќ скршена, а оние против кого се бореле и изгинале тие бранители имаат грандиозен споменик?
Да треба помирување, треба соживот, ама не додека крварат раните на семејствата чиви деца заминале  да се борат во редовната војска и полиција?
Бесими го почитувам како интелектуалец и верувам дека неговиот потег можеби може да се оправда кога би се гледале партиските интереси на ДУИ, но не и ако се гледа интересот на државата.
Н велам дека мајките на загинатите од УЧК не плачат и дека нив не ги боли смртта на нивните чеда, но тврдам дека е рано да се поклони некој државен функционер пред нивниот спомениктага




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 145146147148149 200>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.