|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 144145146147148 200> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Него, што прави дел од владата, додека другиот дел работи?
За ДУИ поклонувањето на УЧК било акт на визионерство!? |
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Индијците ќе инвестираат кај нас. А се што поминало низ наша рака е скоро речи осудено на пропаст
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма не се ни тие оарни од нас. Ќе не биди со дружбата.
|
||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
со србите ќе го правеле Вардар пловен. ај нашиве,ама и тие ми станаа сумњиви... |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ПРЕРОДБА НИ ПРАВИ... СИТЕ ЌЕ ИСПОУМРЕМЕ САМО ТИЕ НИВНИТЕ ЌЕ СИ ОСТАНАТ...
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Под притисок на власта ова се случува
15.08.2012, 10:01 ПРИВАТНИТЕ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ ЈА ПРОДАВААТ ЕВРООБВРЗНИЦАТА Владата зајми 20 милиони евра од идните пензионери Приватните пензиски фондови во Македонија купија државни обврзници и со тоа, во изминативе десет дена $ дадоа нов заем на Владата од 20 милиони евра. Тоа значи дека со последниот заем, државата им должи на идните пензионери вкупно 177 милиони евра, зашто 57% од парите во двата фонда се инвестирани во државни обврзници. Откако на 8 август стапија на сила измените на Законот за
капитално финансирано пензиско осигурување, пензиските
фондови почнаа да ја продаваат еврообврзница и свесно да
работат со загуба, зашто власта сосила им наметна нова
инвестициска политика. Двата фонда веќе продале две
третини од еврообврзницата, која треба да достаса во 2015
година. Таму парите на идните пензионери се зголемуваа со
камата од над 7%. Сега истите пари не можат да бидат оплодени
толку добро, зашто се инвестираат во обврзници со камата од
околу 5%. Извадено од денешниот број на Вест (про владин) дневен весник... Дали тоа значи дека власта ги губи ингеренциите врз медиумите?
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Премногу лични грешки направи владата во само една четвртина .... Може да ја кошта цела утакмица како што ми изгледа...
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Види сега, цените на нафтата, гасот и струјата се зголемуваат на меѓународниот пазар, народот го чувствува тоа и своето незадоволство го истура пред владата. Оваа, неможејќи да им нареди на ОПЕК, Саудијска Арабија и оние емирати на блискиот исток да ги намалат цените, а под притисок на народот кој смета дека токму таа е одговорна за с'е, се наоѓа приморана да помогне. И како оди тоа помогнување ? Со празнење на државниот сеф, од парите кои се собрани со даноците. Вадењето од таму би значело недостаток на пари за социјална заштита, бoлници, училишта... за да не дојде до тоа владата треба да позајмува пари од меѓународни банки. Каматата таму е поприлична за вакви нешта, па останува опцијата да се користат внтарешни резерви од други фондови. СИТЕ влади, не само македонската, најчесто посегнуваат по пензијските фондови. За жал, некои држави буквално ги празнат и ги оставаат идните генерации со празни джебови. Други, како на пример САД и Канада, позајмуваат со продавање на државни обврзници со кои државата губи помалу во плаќање на камати во однос со позајмувањето пари од интернационалните банки. Во конкретниов случај, пензионерите помагаат на државата да дојде до потребните средства за да можат индиректно и самите да ја користат помошта која ќе се рефлектира со интервенирање во цените на енергијата (нафта, струја, греење...) како и за други потребштини кои ќе ги има народот во есенските и зимските месеци. Пензионерите наместо 7% ќе направат 5% директен ќар од државата со купување на обврзниците. Тие не губат ништо, туку не реализираат директни 2% од оние на претходните обврзници. Тие нереализирани 2% ќе ги добијат индиректно со плаќањето на намалените давачки кои ќе бидат субвенирани од владата во текот на следните месеци. Од сета оваа работа не губи никој ништо, иако така изгледа на прв поглед, туку добива сиот македонски народ. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Твоето држи вода само што нашата влада не го амортизира ударот од Опек на ниеден друг начин туку по џебот на народот со тоа што не се откажува од ниедна давачка туку паралелно со зголемувањето на цената на нафтата на светските берзи ја зголемува цената на горивата во македонија, а празнењето на пензиските фондови е уследено на се поголемата презадолженост на владата надворешно и внатрешно правејќи екскурзии од типот Скопје 2014 и задолжување со кредити во странски банки и каматни фондови... Така да твојот пост е одличен ама за во канада а не за кај нас зашто нашата влада со ништо не го потпомага македончето напротив го обременува со секојдневно поскапување на основните сировини за живот како што се струја, парно, вода, гориво... паралелно на тие поскапувања уследуваат поскапувања на најосновните намирници за прехрана како леб, масло, шеќер, сол.... Е друже мој ај сега да ги прашаме за што ги земаат тие кредити и за што ги празнат фондовите?
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бтв Владата секој месец продава обврзници за да ја закрпи дупката што се појавува од администрацијата и пензионерите... А зошто е создадена таа дупка? Нели беше попаметно да се расчистат сите долгови па да се удри јуриш на градби и екскурзии? Или ставај се под хипотека, земи уште по некој кредит, шитни уште некоја обврзница, испразни уште некој фонд, а кога сето тоа ќе секне, ќе испаднеме по банкрот и од банкротот... Е друже сето тоа се рефлектира на грбот на народот...
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Економиите на САД и КАНАДА се далеку поразвиени од економијата на Македонија... Колку и да се во криза овие држави имаат премногу резерви за да можат во краен случај да амортизираат и најтешки кризи... Македонија со обременета економија, утепан извоз и со скоро никаков прилив на свеж капитал и пари и скоро никакви резерви сакаш да се мери со големите риби? Туку целата ситуација се врти околу прашањето ДАЛИ НА МАКЕДОНИЈА И БЕА ПОТРЕБНИ ЕКСКУРЗИИ И ТЕШКИ ФИНАНСИСКИ ПРОЕКТИ ВО МОМЕНТ НА КРИЗА И ВО МОМЕНТ НА ПРЕГОЛЕМА ЗАДОЛЖЕНОСТ???? |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уште една спорна работа е контролата врз работењето на скоро сите министерства... Во моменти на криза нашата влада донесе мерки за спас од кризата, а тоа беа мерки на штедење. Во моменти на штедење започнува проект наречен Скопје 2014, исто така во момент на криза никој не врши контрола врз работата на министерствата и нивните фирми и да направи увид во трошењето на финансиите... Во време кога нафтата на берзите рипаше поголемите земји ги замрзнаа дел од давачките за 1 литар гориво како не би дошло до ценовен шок, што дополнително ќе ја влоши ситуацијата на народот... А кај нас ништо не се замрзна, само се најавија мерки на штедење ама сето тоа помина како евтин маркетиншки трик.. Во тие моменти продолжија да се прават рекламни кампањи за образованието, за здравството, се отвораа нови проекти, се купуваа автобуси, започнаа со шетање по светот за привлекување на инвеститори и слично, а дома новчаникот празен... И на тој начин нашата влада штедеше? На тој начин му помогна на и без тоа осиромашениот народ... Исто така владата акумулираше огромни суми на пари од увозот на половните автомобили... ДДВ, ЦАРИНА, АКЦИЗА, ХОМОЛОГАЦИЈА, РЕГИСТРАЦИЈА, ДОПОЛНИТЕЛНИ ДАВАЧКИ... сума сумарум најмалку по 300-400 евра од автомобил се акумулираше во државната каса... Прашањето е каде отидоа тие пари и зашто Македонија дополнително се задолжува????
И немојте да ми ја фалите сегашната власт зашто целосно недомаќински се однесува ... Претходните беа идиоти затоа ги збришаа во 2006, ама сегашниве се веќе 6 години на власт и апсолутни ништо на подобро не отиде... Од ден на ден дуќани се затвараат, фирмите се потешко крпат месец за месец, а тек па за народот... тој што има, сега дупло има, тие што малку имале сега го немаат и бројката на социјално загрозени семејства секојдневно расте... Зарем тоа е преродбата ??? Нека ми одговори некој што од петни жили ги бранел и ќе ги брани.... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Само немојте да ми одговарате од типот БЦ ова БЦ она.. БЦ го нема 6 и кусур години на власт... Грујо е на сцена во последната полудекада и више.... Дајте ми реални одговори на прашањата... Ако сеуште останал некој да ги брани и поддржува....
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Внеси реплика | страница <1 144145146147148 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |