|
Дојран |
Внеси реплика |
Автор | |
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 31.Јули.2011 во 12:19 |
Ја отварам оваа тема со еден интересен настан во Дојран, каде што полека се враќа сјаот кој го имаше како туристичка дестинација од пред 20 тина година. Згоре на се во последно време се организират многу интересни настани кои пред се се ослободени од шунд музика и турбофолкови кои за жал во последно време се се почести во Охрид.
КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, СУПЕРХИКС, Antenna 5 DJs, Vladich (Infuse)... Ова лето во Дојран ќе се одржи првото издание на Д Фестивал во организација на Antenna 5 Radio и Password Production. На први август македонската публика на дојранското крајбрежје ќе има убава можност да биде дел од овој музички хепенинг под отворено небо. Првиот хедлајнер на програмата на Д Фестивал е нашиот најпознат артист од електросцената Кирил Џајковски. Ова е неговиот прв настап за годинава во Македонија, кој е дел од богатата европска турнеја во чии рамки Кирил одржа низа успешни настапи на големите фестивали низ Европа. Во Дојран Кирил Џајковски ќе настапи со MC Ghetto Priest поранешниот MC во Asian Dub Fondation. Второто потврдено музичко име на Д Фестивал се балканските ска миленици Суперхикс чија турнеја е истотака во тек и од почетокот на годинава имаат закажано 25 концерти низ земјите на балканот и Европа. Веднаш после одличните концерти на Егзит во Нови Сад и ВУМ Фестивал во Хрватска, Хикси ја носат својата концертна енергија пред домашната публика која ќе има можност да се забавува со добро познатиот репертоар на групата но и материјалот од нивниот најнов албум кој треба да излезе годинава. Покрај Кирил и Суперхикс, публиката на Д Фестивал ќе ја забавуваат диџеите на Антена 5 Радио, Владич (Инфјуз) и други. Д Фестивал ќе се одржи на просторот на паркингот Гранит во Дојран кој нуди идеални услови за одржување на масовен музички хепенинг на дојранското крајбрежје. Просторот има вкупен капацитет од 10.000 посетители и се наоѓа помеѓу Нов и Стар Дојран, во близина на плажата, а сето тоа гарантира нова несекојдневна можност за забава до утринските часови меѓу подзаборавените убавини на овој регион. Цената на билетите во претпродажба изнесува 200 денари и може да ги најдете на тикет сервисот www.mktickets.mk и во Југотон (ГТЦ 1 спрат, Скопје), а билетите на влезот на фестивалот ќе чинат 300 денари . |
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вчера гледав еден прилог на ТВ за Дојран...
Градот полека полека го враќа својот сјај и живнува.... Туристите се враќаат и баш ми е мило за тоа.... Паметам кога бевме мали не носеа таму на одмор некогаш и беше преполно....но со текот на времето полека животот таму згаснуваше...Сега се надеваме на подобра иднина за Дојран, и подобро да се среди езерото...Мислам дека напредокот се гледа..... |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дојран има добри потенцијали за туризам, дури и да немаше, има стратешка туристичка положба барем за викенд туризам како попатна дестинација, само имаат уште многу работа за средување
бев минатиов месец таму на недела дена и убаво си поминав, пријатни забелешки ми се што им направиле убав кеј, отвориле разни локали, а помага и тоа што го отворија фестиалов (штета не останав за него) лошо е што сеуште ја немаат скротено екологијата, плаѓите им се диви, а езерото полно со треви и див свет како и опасности за пливачите, исто така инсектите живи ќе ве изедат ако не се заштитите ме изненади што има доста сместувачки капацитети, иако недоволни во одредени времиња |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Делегација на општина Дојран, предводена од градоначалникот Глигор Чабулев, се врати од посетата на неколку градови во Хрватска, Италија и Унгарија со кои потпиша меморандуми за соработка. На заедничка средба која беше организирана во хрватскиот град Медулин, општина Дојран потпиша меморандум за соработка со општините Марцали од Унгарија, Монтекарото од Италија и со домаќинот на средбата, Медулин. Документот за соработка има цел да ги зближи општините кои имаат слични карактеристики и да се оствари некаков вид соработка која ќе биде корисна за сите инволвирани страни, а ќе биде конкретизирана на следната заедничка средба. Дојранската делегација оваа прилика ја искористи да ги посети градовите со кои изврши збратимување со потпишувањето на меморандумот за соработка |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дојран ќе привлекува гости со уредено крајбрежје Просторот околу градската плажа во Дојран и по должината на пешачката патека е претворен во вистинско градилиште. На големо се уредуваат парковите и зелените површини кои, освен дебелите сенки, досега не им нудеа ништо на туристите и на посетителите. Големи багери ја чистат тињата од водата кај зоните за капење, а купишта плодна земја се истура врз запуштените површини крај плажите. |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А да, со многу уредено крајбрежје..
Ајмо народе, навали во Дојран На се личи, само на Дојран не личиПлажите и градскиот дел на Дојран се во катастрофална состојба. Оваа летна сезона има половично уредени плажи полни со отпадоци. Овогодинешните концесионери не водат доволно грижа за плажите да бидат чисти и уредени, за што секако има големо влианије и човечкиот фактор, но сепак на туристите треба да им се овозможат услови, како на пример канти за отпат. Токму кантите за отпад не постојат на плажите туку само оние кои се поставени на шеталиштето и се преполнети, бидејќи нема на плажите канти за отпадоци, стои во реакцијата на општина Дојран, се вели во написот на порталот „Југоинфо“. Општината апелира до Концесионерите и исто така до граѓаните да преземат мерки и барем со малку свест за да не го грдиме сјајот на Дојран, кој со макотрпни маки и голем вложен труд од страна на Општината последните 3 години успева да го врати достоинството на градот преку европски и владини инвестиции и маркетинг, за кој самите сме свесни дека последните 10 години беше замрен заради еколошката катастрофа, се вели во текстот на порталот. (Сликите се преземени од порталот „Југоинфо“)
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ubavina...moram da odam tamu
|
|
vivi
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И немој само на ден-два..пократко од недела никако.
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Летната дојранска сезона оценета катастрофалноВо анкета што општина Дојран ја спроведе за успехот на годинешната летна сезона, 79 отсто од испитаниците одговориле дека сезоната поминала катастрофално лошо и по бројот на туристи, којшто бил помал од лани, и во однос на организацијата и уреденоста на плажите. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа оваа сезона била најдобра во последните 10 години. Според првичните информации Дојран го посетиле над 120.000 туристи.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |