|
Кој е Груевски? |
Внеси реплика | страница <1 7475767778 100> |
Автор | ||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mi se chini deka ne razbirate oti ima lugje so razlichni govorni maanai lugje koi shto d`tкаат, lugje koi nakrivuvaat koga odat, lugje na koi ednata raka im e pokratka od drugata, lugje koi so ednoto oko ne gledaat i slichno.
Ima sekakvi politichari, ako gledame taka Berluskoni da ne e reper za dobar politichar na primer? Nitu odi kako sumo borach, nitu ima govorna maana, no ne go biduva. Ismevanjeto i neprifakjanjeto na lugjeto dava samo losha slika za onie koi shto ne gi prifakjaat. Dobar/losh politichar ne go pravi nachinot na odenje i govorenje. Tuku sposobnosta na istiot da ja vodi zemjata vo vistinska nasoka!
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ако редиме колку политичари имале неозбилна појава досега кај нас и кај светот (особено да не збориме за политичарите кај нас), ќе ни требаат дваесетина страни од темава, ама темава е за Груевски нели и за тоа кој е тој и тоа особено иритира што збориме за поправливи маани кои се вежбаат и учат, не за тоа како имал физички недостатоци, пократки екстремитети или не знам што... и да постојат милион луѓе во светот со вакви маани, ама ретко кога некој од нив е премиер на држава и да се повторам, тука не ја спомнав само неговата говорна маана, туку и неговиот шаблонски став кој си го научил на памет и го користи буквално насекаде а ако го споредувате Груевски со Берлускони, човекот кој зад себе има број на скандали и насекаде се понаша како идиот, тогаш имам лоши вести во однос на вашата верба во него... а за тоа дали Груевски ја оправал државата и дали бил добар, има многу теми тука на подфорумов, слободно може да се дискутира колку сакате Изменето од zabegan - 24.Јули.2012 во 21:08 |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zabegan, колку што продолжуваш со објаснувањата за твојот став и коментар, толку повеќе ги потврдуваш оние кои ти реплицираа...
Од твоите коментари очебијно е дека толку го мразиш премиерот што едноставно не бираш начини, дури ни по цена на зачувување на својот интегритет, за девалвирање на неговата личност. Едноставно, подготвен си да јуришаш јавно и со кисело вино и лоша музика доколку сметаш оти тоа ќе предизвика некаква штета на неговата личност. Последното нешто што може човек да употреби за критизирање е посочување на природни маани или инвалидност со кои луѓето се раѓаат или се стекнуваат во својот живот. Не само што е последно, туку е непојмиво, недоспустливо и неприфатливо по секоја основа. Згора на тоа, да се тврди дека конкретни природни маани кај конкретeн човек можеле да се корегираат, небаре ние тоа го знаеме со 100% точност, ама човекот бил некултурен, неодговорен и несериозен да го стори тоа, навистина претставува патос во коментирањетo. Светов бил сведок на значителен број луѓе кои биле владетели, цареви, кралеви, претседатели, премиери, министри и политичари со разни физички и говорни маани или биле инвалиди. А тоа е затоа што човековата вредност не се содржи во неговите природни физички недoстатоци или во трендовското облекување, туку во неговите интелектуални, морални и духовни квалитети да го организира и води народот кој гo одбрал токму поради тоа. И на крајот, најискрено кажано, овие коментари се толку невкусни за натамошно ширење во било која форма, што јас престанувам да коментирам во таа насока и ти го предлагам истото и тебе. Бидејќи навистина искрено те ценам како личност и интелектуалец и бидејќи сум уверен оти коментарот си го напишал во некаква испровоцирана или афектна состојба, не сакам ниту да ти кажам "твојот збор нека биде последен". Едноставно сакам твојот досегашен збор да остене твој последен збор. Едноставно заборави на кажаното и на сите овие реплики ... како да не постојат. Уште повеќе, јас с'е би избришал и би оставил на заборавот... |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
меси, нема што да се убедуваме тука, за многу работи јасно се искажав, физички инвалидитет е една работа, а друга работа е нешто што го учиме со растењето, и што некој очигледно го пропуштил... затоа, не ми збори како Груевски да е некоја греотичка...
нема да ја дискутираме сега ваљда медицинската страна на дискусијава, може да прочиташ се за говорните маани, колку видови ги има и колку се излечливи (кога веќе се нафативме стриктно на говорната маана) па и да се работеше за некаков инвалидитет, човекот фино и убаво ќе се изјаснеше во јавноста дека е нешто такво, за да се избегната дискусии во јавноста (меѓудругото, тоа е дел од она што јас го зборам и ќе го болдирам подоле) втора работа, не ја коментираме работата на Груевски како премиер, туку неговата појава во јавност како премиер и не знам што е забрането да се дискутира за тоа кога е веќе јавна личност... како што кажав и претходно, ако сакам да му ги коментирам проектите, ќе му коментирам проектите, и во тие дискусии можам да најдам многу поголеми маани отколку неговата говорна... ако збориме за ослободување гнев кон некого, оваа тема мене помалку ми оди во корист на негово ругање... трета работа, нема што, во политика да дискутираме за морални норми при вреднувањето на луѓето, затоа што во политиката не постои такво нешто како морал... не ми е ни јасно како очекуваш, според морални норми, да се вреднуваат луѓе (општо од светската политичка фела) кои дури и најдобротворните и добродушни акции ги спроведуваат за да си тураат по уште некое плусче на својата политичка репутација четврта работа, кога зборам за ставот на груевски и неговиот однос со јавноста, не зборам дека е некултурен и да го окончаме ова, зборам тоа како груевски воопшто не е загрижен за јавното мислење предизвикано од неговата појава во јавност како човек, не викам дека не е културен и дека немал бон тон, зборам дека тотално ноншалатно си го разбира поимот „односи со јавноста“ затоа што секој нормален народ, сака да комуницира со своите водачи и да ја оценуванивната појава и потези, а не само да добива шамар со листа проекти напикани во некоја тетратка пред избори јас во сите овие шест години не го видов Груевски да излезе мушки во јавност како прво, да даде интервју, говор и коментар (што нема да биде нарачано и како песничка научено), да има слободен став и да го разбереме како човек што озбилно од срце си работи... шест години гледам само некаква проекција, робот, која само е поддржан од говорна маана и паторски од, кои се само капаче на целата работа, само додаток од пошироката слика |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа е исто како да кажеш дека не ти се допаѓа некој само затоа што носи постојано црна или бела облека. Личноста како појава не го прави премиерот да биде премиер, претседателот да биде претседател. Никој не е должен да дава отчет за својата здравствена состојба во јавноста, всушност тоа е само за личноста на која се однесува. Нема потреба тој да излезе во јавност и да каже дека има некој вид на инвалидитет или друга посериозна (или не сериозна) болест, здравствената состојба не е за јавноста. Треба да ти биде јасно, дека личноста не се цени како појава, туку се цени неговата работа. Во подфорумот политика се дискутира за политика, а не за мода, стил на одење, на облекување, дали носел блуза или кошула, дали знаел да збори или имал проблем со зборувањето. Ако ви се дискутира за тоа, да отвориме тема во мода и во здравје, па слободно изјаснете се сите таму за неговите модни промашувања, неговиот стил на одење, дури ако сакате и за марката на одело. Грувски е тој што е, таков каков што е со сите маани и доблести. Со сите успешни и пропаднати проекти зад себе, со сите успешни и помалку успешни инвеститори донесени од надвор. Гледам нема криминална приватизација како во времето на Бранко и компанија, кога најдобрите и денес едни од најголемите компании дојдоа до рацете на тогашните директорчиња...и слично. Па, повелете дискутирајте за Груевски и неговата работа ..
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
јас немам ништо што повеќе да кажам, очигледно не сум јасен, дали е мој пропуст, не знам...
@ Санти, само ова ќе го кажам, и толку, груевски е јавна личност онолку колку што е политичар, од тој аспект имам право да дискутирам и за тоа какви чорапи носи, и сеуште ќе бидам онтопик, затоа што истовремено е политичар, и можам да отворам и тема за тоа на подфорумов... како што кажав во постот на кој што си ми реплицирал, зборам тука за груевски лично, како особа на таква функција, не зборам за неговата влада и за тоа како функционира, и за тоа какви политички способности за оправање на државава имале тој и неговата влада и самава тема провери си ја, почнува со муабети за потеклото и фамилијата на Груевски, а полично од тоа здравје... ја барем му ја коментирам појавата во јавност, а не неговата интима ако и ова не е јасно, тогаш не знам што друго да кажам... |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е јасно
Јавна тајна е од каде потекнува Груевски
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еднаш велиш поправливи маани кои се вежбаат и учат-ама според тебе-не ги научил другпат велиш-неговиот шаблонски став кој си го научил на памет и го користи буквално насекаде Научил или не научил? Ако неговите гласачи го прифатиле таков каков е, со сите маани и доблести, тогаш дали е важно како оди или како зборува? Можно ли е (ама биди искрен) некому да му се каже-Ти не можеш да си јавна личност ( или политичка) бидејки не одиш исправен како манеќен, не зборуваш како да си спиќер на МТВ од пред 20тина години (оти сега испикерите не се тоа што беа)? Впрочем, што избираме на гласање-МАНЕКЕНИ или политичари? Вреди да го критикуваме за неговите грешки, вреди да го пофалиме за добрите работи, но сметам дека не треба да зборуваме за неговите ( или за било чии) физички недостатоци или физички изглед кој нам не ни се допаѓа. |
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
а бе тебе те рачунав за посаглам на форумов, што ти требаа овакви глупости да изнапишеш, или оваа вруќинава те удира во глава, или почнуваш да губиш живци.
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И ја се прашувам -Кој е?
Ако навистина не сум погрешила во изборот на политичар ќе излези ова вистина Ако не -ЗДРАВЈЕ.Сум се зезнала при изборот. |
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
....абе сите се исти,што викаше еден исчукан ....во иста тиква прдат.простете на изразот ама цитат си е цитат,поради што мора да оди во оригинал заради .."уметнички дојам". ..е сега ,по мое мислење народов молчи и си трпи,овие го дерат..и опозицијата гледа зелено светло да му помогне на народот(а кога е на власт не ги менува законите и постапките туку си продолжува по патот што им одговара)..со еден збор ..може да го тргнат Хаџи Мишев ама одлуката ќе си ја спроведе и следната гарнитура.Кој е глуп да се откаже од приходи и дивиденти! ..барем досега кај нас нема таков случај а ако има ќе биде ...преседан. Значи,недоразбирањата помеќу судската и извршната власт треба на народов да му ги отвори очите....ако сеуште некој прогледува. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
Внеси реплика | страница <1 7475767778 100> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |