|
Одмор во Албанија |
Внеси реплика | страница <1 1920212223 24> |
Автор | |||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па зависи каде сакаш да се сместиш. Можеш да поминеш со 25-30 евра а може и 40. Имај во предвид дека Саранда е слична на Кушадаси, односно малку како на рид некој, ама сепак не треба многу време за да се стигне до плажа, за разлика од височините на Кушадаси.
Апартманите се слични ако не и поубави од Грција. Брачен кревет, единечни креветчиња..сето тоа добро скоцкано, купатилата најчесто им се со туш кабина или само туш када (не онаква за излежување), голем дел од апартманите даваат и од оние сушарите за облека (на балкон), хигиената дури мислам дека е на повисоко ниво и од Грција, храната е поефтина од Грција а некои работи се поефтини и од кај нас. Плажата зависи каде, песочна е во поголемиот дел, има и со ситни камчиња, ама кога велам ситни не мислам како оние во Охрид туку далеку поситни. Храната во рестораните е на многу задоволително ниво, цените се слични како кај нас. Албанскиот лек беше отприлика 2 за 1 денар, сега ми рекоа дека е и нешто повеќе од тоа (околу 2.2). За скапо не е баш скапо, пример јадевме пица прилично голема и доволна за двајца за 600 леки. Додади 50 ... нека е и 650 .. тоа се 300 и нешто денари. Порција шпагети, макарони...скоро се е како кај нас. Ама пак да спомнам за плажите..зависи каде ќе одите. Значи има песочни, со ситни камчиња и со камења и тоа големи. Како и да е, водата е добра и камчињата воопшто не сметаат дури ни за деца.
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Саранда
Ксамил Вака изгледаат најголем дел од апартманите |
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
за соба или на човек ? Тоа предпоставувам е за во хотел . А'' кај баба '' какви се цените ?
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ДОбро што не е јасно?
Праша колку е апартман, доби одговор колку е апартман. Значи цел апартман не по човек. Во хотел цените се 30тина евра полупансион, а кај баба е гратис. Ама како за тебе 20 евра од вечер.
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
a.janev
Нов член Регистриран: 18.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ке одам прв пат за албанија и сакам да знам дали е сигурно таму да се оди со кола,велат дека може да ти ја украдат,дали некој знае дали се крадат коли како едно време што беше страшно во бугарија
|
|||
a.janev
Нов член Регистриран: 18.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
и му благодарм на Santijago за тоа што го напишал за информациите за албанија,патем најдов едни добри апартмани некаде близу(одма) до Butriniti hotel во Саранда и на 30м. од плажа,дали местото е добро(мислам на локацијата)а апартманот е за 2 фамилии кошта 60 евра значи по 30 евра од фамилија(дали цената е добра или ако отидам таму да барам може ке најдам и за поефтино),SANTIJAGO чекам одговор од тебе ако знаеш зашто гледам си бил повеке пати во албанија
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Друже, во Албанија ако оставиш кола со ширум отворени врати и внатре се што имаш, нема ништо да ти фали. А не пак цела кола да ти ја украдат. Не е тоа Бугарија. Албанците таму се различни од албанците на Косово, всушност едни со други не се поднесуваат. Таму не знам ни дали од продавница некој краде, а не пак од туристи. ОК, секогаш ќе се најде по некоја црна овца како и секаде, ама во глобала кражбите гледаат да бидат сведени на минимум. Еве пример од мене... На плажа од брзање оставив на лежалката од оние малите ташничиња за клучеви, пари, телефон и сл .. ми текна на него тек после околу 2 часа...се вратив и дечкото што ги средува лежалките го земал и ми го даде. Рече, видов дека од брзање го заборавивте па си реков ќе се врати човеков за да го земе, подобро да стои кај мене .. итн...
Хотелов што го спомна, ако не се лажам е оној "со 5 ѕвездички" крстен по патот?!? ( не ме интересираат имиња па не памтам ако не ми треба, ама овој во близина ни беше, мислам дека за тој збориш).. Види, според мене можеш да најдеш уште подобри. Местото е на 200-300 метри од центарот .. не знам колку би ви сметало да попешачите за до плажа? Има многу убави плажи во околината, баш таму не сум 100% сигурен дека би ви се допаднало за со мали деца .. За цената.. цената е сосема ОК. Мислам и дека 30 евра е доста прифатлива цена. Секогаш можеш да најдеш поефтино на лице место, ама како што кажа ти си со деца, а не е баш интересно да одиш и да бараш сместување на тоа жешко и да се мислиш дали ќе најдеш, какво ќе биде итн ... Не знам и за што одите, дали исклучиво за плажата или пак за целосен одмор .. во права смисла на зборот ..
Инаку за мене да кажам, буквално се заљубивме во Vila Duraku ... не одам за плажа колку што одам за релаксација на некој ден, ама вилата е подобра и од најдобриот хотел во Саранда. И да, мислам дека не претерувам. Има човек кај да седне, да се релаксира .. да испие кафе, сок .. да тера романтични вечери со љубовта .. да ужива во мирот навечер .. во градините, во погледот... Абе мераци. Изменето од Santijago - 25.Јули.2012 во 12:37 |
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еее..сеа ми текна дека ставив слика погоре..
Поточно мислам на оваа слика Ако ја отвориш во нов таб (со десен клик) ќе го видиш хотелот што го спомна...а и вилата што ја спомнав (барај на средина на сликата кај оноа чудото што ја окупира плажата) .. Ете гледаш дека пред нив нема некоја си добра плажа...ако поодите 200 метри наваму ќе можете да се бањате во доста чиста вода на песоклива (како во Охрид) плажа. Всушност како и сите други места, градската плажа е онаа што е најнепогодна за капење. Но затоа сите работи што ти требаат се во близина. Еве ти и едно клипче, ако имаш време изгледај го .. 4-5 мин е... Изменето од Santijago - 25.Јули.2012 во 12:33 |
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
коли крадат насекаде, во било која земја, мене колата ми ја украдоа паркирана пред зграда, во Скопје за било што што вие во сопственост со голема вредност ќе си внимавате кај и да одите, без разлика на се |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
..и колку чини во таа вила,сега во август?...гарант 30 евра по лице! ...и по кој пат се оди до Саранда?..преку Струга на пример..?Велат колите ги испотраскале попат... |
|||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сега во август, двокреветна соба е 90 евра, а истата во септември е 60
Патот како пат, не е Е-75 или како автопатот Драч - Тирана, пустелија на сите страни .. сакаш преку Елбасан, сакаш преку Корча. Преку Елбасан треба и Валона да ја поминеш и мислам дека е подобар патот... со малку среќа од Струга за 4-5 саати ќе стигнеш А има уште подобра тактика .. остај нека те возат други ... ти спиј си, и онака е долг патот Инаку за Валона зборев со едни што трета година одат по ред, сега изнајмиле 2 студија за 30 евра на ден, односно по 15 од студио. На 40-50 метри од плажа... не знам трета година по ред одат и задоволни се. Е сега дали е поради тоа што трета год. идат или толку им е стандард цената, не знам.
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ааааа може да ти се погоди истто ко да одиш Скопје -Велес, пола пат кола да искршиш-пола да прават, па да чекаш чичкото со знаменцето да те пушти И ко што вели Санти, не му ја мисли на патот остај друг да те вози, а за престојот има за сите категории. Мене ме потсети на грчкото приморје пред “да го зградиме ние“ со нашето одење. Не е лошо за обична раја иако помалку знаат англиски, ама се наоѓа и што знаат руски, италијански, француски па дури и албански Моја пријателка искоментира-абе ова ко да си во Тетово |
|||
elenka262
Нов член Регистриран: 06.Август.2012 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Предлог добра вила во ксамил по блиску до плажа и цена ???
|
|||
elenka262
Нов член Регистриран: 06.Август.2012 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||
Предлог добра вила во ксамил по блиску до плажа и цена ??? ако има и слики некој нека прати
|
|||
Внеси реплика | страница <1 1920212223 24> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |