IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6566676869 157>
Автор
Порака Обратен редослед
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13972
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 21:29
,,,,,a sho ke kazhete za eden kantar,,,hmmm,,,,грицкање нокти,,,,,vo kjoroskopot de,,,,ух
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 21:26
....е сеа се попраи..не дека ептен погодиплазење

Изменето од Calipso - 22.Јули.2012 во 21:26
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 21:23

Каков е карактерот на личноста што седи до вас? Прашајте ја во колку часот е родена, па потоа прочитајте.

Од 0 до 1 часот по полноќ

Овие личности ги карактеризира агресивност во комбинација со издржливост. Околината мисли дека се тврдоглави и мошне горделиви бидејќи им недостига чувство за дипломатија. Доколку личниот хороскоп има добри аспекти, овие луѓе може да постигнат неверојатни нешта во својот живот. 



Од 1 до 2 часот

Моќта, угледот и статусот значат сè. Токму поради тоа блиските личности на ваквите луѓе понекогаш се во втор план. Станува збор за успешни индивидуи кои располагаат со голема енергија. Успеваат благодарение на влијателни постари личности.

Од 2 до 3 часот

Динамични и способни за сè, лесно се справуваат со повеќе задачи, но истовремено и брзо губат интерес. Понекогаш знаат да бидат нетолерантни и избувливи.

Од 3 до 4 часот

Овие луѓе можете лесно да ги повредите затоа што се мошне чувствителни. Тие се посветени и уживаат во моментите поминати со своето семејство. Сакаат финансиска сигурност и добро менаџираат со пари. 

Од 4 до 5 часот

Секогаш размислуваат за некоја конкретна цел. Концентрирани се и имаат силна волја. Затоа во секоја работа стануваат авторитет. Бидејќи понекогаш се случува повеќе внимание да им посветат на друштевните односи, паѓаат во депресија. 

Од 5 до 6 часот

Најдобро се чувствуваат кога во хаосот воведуваат ред. Посветени се на детали и често трошат пари за непотребни работи. Одлично си ја завршуваат работата. 

Од 6 до 7 часот

Шармантни и секогаш добро облечени, тие живеат во средени станови и се обиколени со пријатели. Најголемата опасност е во тоа што понекогаш многу мечтаат. Многу се љубезни и емоционалната сигурност најчесто им зависи од други луѓе. 



Од 7 до 8 часот

Немаат влакна на јазикот, па слободно можат да кажат сè што мислат. Успехот на работа го достигнуваат така што се посветуваат на една цел и ја користат фантазијата. Не сакаат интриги. 

Од 8 до 9 часот

Сакаат сè што е поврзано со движење и забава. Секогаш ги поместуваат границите и привлечени се од странци. Тие се родени авантуристи желни за нови нешта и предизвици. 

Од 9 до 10 часот 

Имаат потреба од постојана мотивација. Благодарение на големиот талент за организација и дисциплина секогаш успеваат во се што ќе посакаат. Добро се чувствуваат кога можат да им помогнат на луѓето. 

Од 10 до 11 часот

За нив сите луѓе се исти. Нема класни разлики и секој го доживуваат рамноправно. Понекогаш ги привлекува окултното и се отворени за нови идеи. Бидејќи сакаат друштво најчесто се опкружени со искрени пријатели. 

Од 11 до 12 часот

Посебно се успешни кога ја завршуваат работата далеку од лицето на другите. Тогаш постигнуваат најдобри резултати. Се додека знаат како да најдат интимно место во кое ќе ги завршуваат обврските ништо не може да им застане на патот. 

Од 12 до 13 часот

Секоја работа ја завршуваат до крај. Разумот им помага да не трошат време на непотребни работи. Материјалната сигурност им е мошне важна. Многу ретко се самоиницијативни.

Од 13 до 14 часот

Мислењето на другите го сфаќаат мошне сериозно. Затоа мислат дека сè што е речено се однесува на нив. Ја прифаќаат онаа вистина за која самите мислат дека е исправна. 


Од 14 до 15 часот 

Му остануваат верни на животниот партнер понекогаш и на своја штета. Но, доколку сфатат дека во неговиот живот не заземаат централно место си заминуваат. За децата се подготвени да жртвуваат сè.

Од 15 до 16 часот

Срдечна личност која зрачи од самозадоволство. Но, знаат да бидат нервозни ако бидат одбиени. Бидете попустливи кон нивниот гнев. Така ќе избегнете агресивни, остри зборови и навреди.

Од 16 до 17 часот

Парите имаат важна улога за нив. Затоа мислат дека во првата половина на животот треба да се добие што повеќе. Во сето ова добро доаѓа нивната способност да се издигнат над секојдневието и ситните измами, како и можноста да се погледне на работите однапред.

Од 17 до 18 часот

Во принцип се многу практични личности кои успешно можат да се справат со луѓето кои се противат на нивните планови. Во исто време понекогаш се заслепени од деталите па самите си поставуваат пречки на патот до успехот и стагнираат. 

Од 18 до 19 часот

Само во комбинација со други можат да ги постигнат своите цели во животот. Во пријателствата, им треба многу трпение да се справат со себе. Најголемата опасност лежи во фактот дека нивниот партнер може да постави високи барања кои на долг рок не може да ги исполнат. 


Од 19 до 20 часот 

Нивната склоност кон ризик им овозможува добро да се котираат во друштвото. Поради својата сексуална енергија  тешко се справуваат со долги врски, па затоа им се препорачува се што прават да прават умерено. 

Од 20 до 21 часот

Секогаш се интригирани од нови и непознати работи. Животен еликсир им се патувањата во далечни и егзотични земји. Полни се со ентузијазам, но не и со верност. 

Од 21 до 22 часот

Од страв дека некој ќе им наштети, често се бавни и инертни. Но, кога ќе се опуштат се полни со многу топлина и сочувство. Големо внимание посветуваат на видливи докази за љубовта и се изненадени ако работите не се онакви како што тие очекуваат.

Од 22 до 23 часот

Екстремно интелигентни и често мислат поинаку од другите Затоа може да си направат проблем бидејќи секогаш се во предност пред околината. Се препорачува да бидат помалку арогантни. 

Од 23 до 24 часот

Родените во ова време имаат интерес за окултни активности. Во секојдневниот живот не им се допаѓа компромисот. Нивното мото е "сè или ништо", а во љубовта се склони кон посесивност и љубомора.

Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 21:20
lele ...so ova zenive ni horoskop nemozes da im pogodisизненадување
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 21:14
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Ц,врска нема..

navistina, nema vrska...голема насмевка eve na primer ja sum lav...голема насмевка
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 21:14
За мојот знак си коментирамнамигнување
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 21:13
zavisi sto si..koj znak намигнување
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 21:11
Ц,врска нема..
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 21:06

Еве еден интересен хороскоп напишан од мажи, а наменет за жени. Дали мажите навистина добро ги процениле карактеристиките на секој одделен хороскопски знак проценете сами.


Овен

Жена кој е дрска и провоцира без срам. Ако и дозволите да ја води играта најверојатно веднаш ќе ве прогласи за аматер. Сексот мора да биде експлозивен и полн со страст, бидејќи веднаш може да оцени доколку и глумите лудило. Сака да експериментира и ретко сака долг секс затоа што по природа е нестрплива. Кога ќе се задоволи најчесто станува од креветот и заминува. 

Бик

Дама која тешко се освојува, но кога еднаш ќе ја легнете на брашно прави чуда во креветот. Многу е сензуална, сака долга предигра и водење љубов со часови. По сексот има навика уште долго да го допира својот партнер додека не издејствува уште некоја партија. Им се допаѓа кога мажот паѓа пред нивниот шарм, па можат да го контролираат по своја волја. 

Близнаци

За оваа жена треба да имате страшно добра приказна која ќе ја стимулира нејзината фантазија. Со вас ќе биде додека сте и интересни, а потоа или ќе ве изневери или едноставно ќе ве остави за некој подобар. Кога ќе забележите дека очите и засветкуваат на некој еротски разговор отворено кажете и што сакате. Можно е по сексот повеќе да не ви се јави и да не ја видите со месеци. 

Рак

Жените ракови не ретко глумат дека се нежни и незаштитени во потрага на силна потпора. Ако ја сакате само за секс, размислете два пати бидејќи овие жени речиси секогаш сакаат врска. Знае да направи сцена кога најмалку се очекува и да има ладен израз на лицето дури и тогаш кога знаете дека сте ја задоволиле перфектно. 


Лав

Лавицата ќе ве мачи за сите пари. Со неа нештата одат од крајност во крајност. Или ќе ве пренесе жедни преку вода или пак ќе ви ја извади душата барајќи најразлични секс пози и нови движења. Освен тоа треба да си знаете дека што и да правите вие сте тука за неа, а не таа за вас. 

Девица 

За неа ви треба трпение бидејќи бавно се опушта. Секогаш размислува на деталите па нека не ве изненади ако по сексот ве крене од кревет за да менува постелнината или пак да има некој фетиш кој што ќе сака да го применувате во креветот. Строго мора да водите сметка за хигиената бидејќи ако забележи нешто што не и се допаѓа слободно може да заборавите на сексот. 

Вага 

Ќе рече да на сексот без проблем, ама заборавете на грубиот пристап. Нема да бара од вас некоја длабока врска бидејќи повеќе и одговара нештата да бидат без обврски. Кај неа важи мотото: ако тебе ти е убаво, тогаш и мене ми е. Ужива во комплименти, подароци, внимание, мириси...

Скорпија

Најголемиот ѕвер меѓу предаторите. Ако не мислите максимално да се вложите воопшто не се ни нафаќајте на секс со оваа жена. Таа може да се кара, да вика, па дури и да се степа со вас, за веќе во следниот миг лудо води љубов на креветот и ве води во екстаза. Не мора да ја убедувате, доколку и се допаѓате сама ќе ве довлечка во креветот. 


Стрелец

Сака див и ризичен секс ситуации. Кај неа поминуваат многу нешта за кои другите жени би рекле категорично не. Ужива во секс, па не ретко ќе ја најдете во некој автомобил, во парк, на во лифт и слично како си го празни нагонот. Ако се возбуди води љубов кај ќе стигне.

Јарец

Ладните јарци по природа може да бидат срамежливи во сексот, но ако малку ги охрабрите и успеат да стекнат доверба во вас патот до нивната спална соба ви е отворен. Сепак, не заборавајте дека од овие дами ретко ќе добиете страсно врескање и силни воздишки. Можеби ќе горат од внатре, но нема отворено да ви покажат. 

Водолија

Сака да и се пријде на необичен и оригинален начин. Точно знае што сака, а во креветот веднаш презема иницијатива. Нема многу длабоки емоции и се најчесто е на интелектуална база, па ако сакате нешто конкретно директно кажете и што точно барате. 

Риби 

Премногу чувствителни жени кои уживаат во секс и предигра и од кои никогаш не знаете што да очекувате. По природа имаат голема фантазија и мошне се креативни во љубовната игра. Сексот со нив е комбинација од чиста страст и емоција.

Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2012 во 01:24
хм

груб егоистичен нарцисоиден материалист идеалист

зевање


се мразам веке

треба да се утепам



Изменето од d4 b3 - 02.Јули.2012 во 01:37
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2012 во 01:14
ЕВРЕЈСКИ ХОРОСКОП
 
Иако еврејската астрологија има заеднички корени со хеленистичката, тие сепак се разликуваат. Историчарите тврдат дека постои поврзаност меѓу 12-те израелски племиња, 12-те апостоли и 12-те знаци во зодијакот.
 

Tale – Овен (21.03 – 20.04)

  • Водечки планети: Марс, Плутон
  • Елемент: оган
  • Главна карактеристика: страст
  • Квалитет: доминантност
  • Недостаток: нетолерантност
  • Боја: црвена
  • Скапоцен камен: дијамант

Личностите родени во овој знак се многу жестоки. Лесно се возбудуваат, па често немаат трпение и самоконтрола. Избувливи се и знаат да бидат груби, брзоплети и нетолерантни. Често избрзуваат со донесените одлуки. Во љубовта се љубоморни, но и полни со страст. Постојано бараат нови возбудувања. Жената родена во овој знак е елегантна, чесна, но и предизвикувачка, љубоморна и ја сака еротиката. Овој знак најмногу си одговара со вагите, стрелците, лавовите, а треба да ги избегнува јарците и раковите.

Им одговараат професии поврзани со спортот, индустријата, градежништвото и металургијата. Во работата се постојано напнати, но затоа се добри организатори, педантни се и одговорни. Друштвени се, иако потешко се снаоѓаат во колектив. Се мешаат во сè и ги бранат своите ставови. Имаат многу доблести; чесни се, искрени, верни, точни, храбри, големи патриоти се и секогаш се на страната на вистината. Но, од друга страна, ја потценуваат опасноста, еднострани се, суетни, нетактични и нетрпеливи. Лесно може да станат жртва на сопствените амбиции.

Šor – Бик (21.04 – 20.05)

  • Водечка планета: Венера
  • Елемент: земја
  • Главна карактеристика: постојаност
  • Квалитет: чесност
  • Недостаток: алчност
  • Боја: зелена
  • Скапоцен камен: топаз

Родените во овој знак се упорни и цврсто стојат на земја. Одлични се како организатори и реализатори. Доверливи се, отворени, чесни, храбри и толерантни. Ги сакаат природата и уметноста. Иако се нежни и емотивни, знаат да бидат и тврдоглави, горделиви и одмаздољубиви. Материјалисти се, уживаат во раскош и заради тоа се и мрзливи, бавни, па дури и посесивни и љубоморни. Во сè бараат сигурност. Кога ќе одлучат нешто, не ја менуваат одлуката.

Многу им се важни љубовта и сексот. Во љубовта се верни и имаат разбирање за партнерот. Се држат до своите принципи и ги почитуваат правилата. Одлично се снаоѓаат во економијата и финансиите. Знаат во што да инвестираат и да заработат, но затоа уживаат и во трошењето и купувањето. Може да успеат како посредници, инвеститори и градители, но имаат талент и за сите видови уметност.

Teomim – Близнаци (21.05 – 21.06)

  • Водечка планета: Меркур
  • Елемент: светлина
  • Главна карактеристика: љубопитност
  • Квалитет: креативност
  • Недостаток: површност
  • Боја: зелена
  • Скапоцен камен: смарагд

Претставниците на овој знак се снаодливи, интелигентни, креативни и динамични. Нивната креативност произлегува од вродената љубопитност. Дружељубиви се и комуникативни, дарежливи и духовити. Но, исто така се и нетрпеливи, нервозни и нестабилни. Живеат двоен живот и растргнати се меѓу желбите и можностите. Најдобро се чувствуваат кога дејствуваат на сите фронтови. По природа се немирни и постојано брзаат некаде.

Со партнерот остваруваат длабока врска која се темели повеќе на интелект, отколку на емоции. Нивниот љубовен живот е бурен заради честата промена на партнерите и заради постојаното флертување. Понекогаш имаат по две и повеќе врски. Во животот имаат многу познаници, но малку вистински пријатели. Ги сакаат парите, сакаат да патуваат и успешни се како трговци и слични динамични професии.

Sartan – Рак (22.06 – 22.07)

  • Водечка планета: Месечина
  • Елемент: вода
  • Главна карактеристика: трпеливост
  • Квалитет: приврзаност
  • Недостаток: недостапност
  • Боја: сребрена
  • Скапоцен камен: тиркиз

Личностите родени во овој знак се интуитивни и интелигентни. Имаат смисла за уметност, романтични се, емотивни и сензуални. Ги сакаат домот и спокојството затоа што се трпеливи, суптилни и чувствителни. Знаат да бидат сонувачи, сомничави, егоцентрични и одмаздољубиви. Секогаш се во улога на заштитници, делат совети и кажуваат добронамерни лаги. По природа се толерантни и попустливи. Поседуваат голема енергија и може да се прилагодат на секоја ситуација.

Најмногу ги ценат домот и семејството. Тешко воспоставуваат блискост со непознати. Со партнерот се отворени и внимателни. Сексуално се многу активни. Својата материјална состојба често знаат да ја прикријат. Штедливи се и рационални, но не се себични. Им одговараат професии поврзани со трговија.

Arieh – Лав (23.07 – 23.08)

  • Водечка планета: Сонце
  • Елемент: оган
  • Главна карактеристика: доминантност
  • Квалитет: постојаност
  • Недостаток: сака да биде главен
  • Боја: златна
  • Скапоцен камен: сафир

Родените во овој знак се привлечни, чесни, паметни, достоинствени, горди и елегантни. Многу се храбри и во секоја ситуација сакаат да доминираат. Може дури да бидат надмени, суетни и недостапни. Приврзани се со пријателите и соработниците. Лоши особини на овој знак се завидливоста, грубоста и насилноста во остварувањето на целите. Нарцисоидни се и егзибиционисти. Се сакаат себеси, ја сакаат славата и заради тоа понекогаш си го припишуваат туѓиот труд.

Најубаво се чувствуваат кога се опкружени со обожаватели. Уживаат во луксуз, гламур и комфор. Ги сакаат накитот, крзното и вредните антиквитети. Во работата се амбициозни, објективни, внесуваат промени и затоа често се директори или шефови. Партнерот го опсипуваат со љубов, но истовремено од него бараат покорност. Полни се со страст и нежност, но знаат да бидат и сомничави и љубоморни.

Betula – Девица (24.08 – 23.09)

  • Водечки планети: Марс, Плутон
  • Елемент: земја
  • Главна карактеристика: хуманост
  • Квалитети: точност и прецизност
  • Недостаток: ситничарење
  • Боја: црвена
  • Скапоцен камен: дијамант

Претставниците на овој знак се совесни, добри, образовани, рационални, вредни и скромни. Го почитуваат редот, точни се, големи критичари се. Нивната упорност се граничи со тврдоглавост. Секогаш се подготвени да им помогнат на другите. Срамежливи и лесно ранливи, понекогаш патат од комплекс на помала вредност. Принципиелни се и не го искажуваат незадоволството. Наивни се и осамени. Инсистираат на хигиена и уреден живот.

Работата им оди подобро од љубовта. Го кријат чувствата заради што другите ги сметаат за ладни и одмерени. Познати се како ситничари и штедливи. Врската со партнерот е повеќе интелектуална. Во љубовта се верни и немаат потреба од менување на партнерите.

Moznaim – Вага (24.09 – 23.10)

  • Водечка планета: Венера
  • Елемент: светлина
  • Главна карактеристика: праведност
  • Квалитет: привлечност
  • Недостаток: неодлучност
  • Бои: сина и розова
  • Скапоцен камен: опал

Припадниците на овој знак се добри и привлечни луѓе. Ведри се, друштвени, нежни и учтиви. Размислуваат логично и дипломатски и имаат чувство за правда и вистина. Ја сакаат естетиката. Динамични се, не поднесуваат грубост и конфликтите ги решаваат на мирен начин. Многу добро го разликуваат доброто од лошото. Овие луѓе се, исто така, и неодлучни, нестабилни, па дури и агресивни. Лесно се вознемируваат, ги бранат своите ставови и на сите работи гледаат преку призмата на емоциите.

Во врската со партнерот создаваат мир и хармонија, а нивните чувства се рафинирани. Потребно им е внимание. Не се расфрлаат со пари и доста се економични. Одлични се како адвокати, судии, трговци и актери.

Akrav – Скорпија (24.10 – 22.11)

  • Водечки планети: Марс, Плутон
  • Елемент: вода
  • Главна карактеристика: страст
  • Квалитет: постојаност
  • Недостаток: агресивност
  • Боја: црвена
  • Скапоцен камен: ахат

Личностите родени во овој знак се храбри, бескомпромисни, енергични и паметни. Сериозни се, компетентни, верни, борбени и практични. Главни карактеристики за овој знак се магијата и таинственоста. Не бираат средства за да ја исполнат целта и знаат да бидат агресивни, ако е потребно. Агресивноста е дел од нивната природа, исто како и љубомората, посесивноста и егоизмот. Понекогаш имаат мрачна природа поради која стануваат незадоволни и лицемерни. Сепак, знаат да бидат вредни и принципиелни.

Врската со партнерот им е длабока и емотивна. Верни се и не поднесуваат неверство. Нивната цел е материјалното богатство. Одлични се во работите кои бараат реконструкција, реорганизација и нови решенија. Познати се како револуционери, бунтовници и анархисти. Строги се и непопустливи спрема колегите.

Kešet – Стрелец (23.11 – 21.12)

  • Водечка планета: Јупитер
  • Елемент: оган
  • Главна карактеристика: интуитивност
  • Квалитет: слобода
  • Недостаток: преправање
  • Боја: виолетова
  • Скапоцен камен: аметист

Родените во овој знак се интелигентни, луцидни, духовити, чесни, ведри и достојни за почит. Ги ценат слободата и независноста. Интуитивни се, сакаат да патуваат и да истражуваат. Уживаат кога се во природа. Слободоумни се и не поднесуваат фрустрации. Можат истовремено да бидат и материјалисти и идеалисти. Но припадниците на овој знак знаат да бидат и вообразени, егоцентрични и нарцисоидни. Лесно пламнуваат и тогаш стануваат груби. Не водат сметка за трошењето пари. Сакаат да бидат лидери и да се во центарот на вниманието. Тогаш се вистински ентузијасти и шармери.

Во љубовта сакаат да доминираат и да имаат целосна контрола над партнерот, но важно им е тој да има разбирање за нивната слобода. Овие луѓе најчесто се спортисти или политичари.

Gedi – Јарец (22.12 – 20.01)

  • Водечка планета: Сатурн
  • Елемент: земја
  • Главна карактеристика: затвореност
  • Квалитет: добродушност
  • Недостаток: себичност
  • Бои: темно сива, црна, кафеава
  • Скапоцен камен: хризолит

Претставниците на овој знак се упорни, сериозни, реалисти со цврст карактер. По природа се затворени, имаат добар карактер, одлична меморија и ја прифаќаат одговорноста. Педантни се, се придржуваат до редот и не се одмаздољубиви. Некои од нив се агресивни, незгодни, саркастични, себични, неблагодарни и ладни. Не се амбициозни, скромни се и нивните одлуки се промислени.

Знаат да бидат недостапни и затоа не се склони кон нови познанства. Нивните контакти се одмерени и на дистанца. Тешко се приврзуваат, но подготвени се да се жртвуваат за оние кои ги сакаат. Штедливи се, па дури и себични. Никогаш не се расфрлаат со пари и добро ја проценуваат секоја инвестиција. Одлични се како градежници, банкари, информатичари, трговци.

Deli – Водолија (21.01 – 18.02)

  • Водечки планети: Уран, Сатурн
  • Елемент: воздух
  • Главна карактеристика: дружељубивост
  • Квалитет: независност
  • Недостаток: бунтовност
  • Бои: сина и тиркизна
  • Скапоцен камен: оникс

Личностите родени во овој знак се хумани, горди, чесни и посветени на колективните интереси. Едноставни и грациозни, имаат широк дух и прилагодливи се по природа. Најчесто се оригинални, независни и најмногу ја ценат слободата. Како пријатели се искрени и солидарни, подготвени да се жртвуваат. Лоши карактеристики на овој знак се користољубието, завидливоста и снобизмот. Бунтовни се и не поднесуваат ограничувања. Тие се вистински борци за правда.

Повеќето од нив се друштвени и се обидуваат да најдат разбирање со околината. Во работата се практични и материјалисти. Вложуваат во вредностите и подготвени се да ризикуваат. Можат да успеат како пронаоѓачи и банкари. Со партнерот градат рамноправен и пријателски однос. Во љубовта, како и во сè друго, најважна им е слободата.

Dagim – Риби (19.02 – 20.03)

  • Водечки планети: Нептун, Јупитер
  • Елемент: вода
  • Главна карактеристика: романтичност
  • Квалитет: талент за уметност
  • Недостаток: злопаметење
  • Боја: виолетова
  • Скапоцен камен: јаспис

Припадниците на овој знак се интуитивни, привлечни, емотивни и инстинктивни. Имаат дарба за уметност и мистицизам. Тие се пожртвувани борци за правда. Нивните емоции се возвишени и затоа се романтични и големи ентузијасти. Својата духовност ѝ ја пренесуваат на околината. По природа се нестабилни, променливи и плашливи. Брзо го менуваат расположението, неретко се посесивни, повлечени и површни. Шармантни се и друштвени, сакаат да ги забавуваат другите.

Во односите со семејството се нервозни и нетрпеливи. Внимателни се со партнерот и ги задоволуваат сите негови желби и потреби. Во љубовта знаат да трпат, да простуваат, но и да се осветуваат. Не се материјалисти и повеќе го ценат духовното богатство.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2012 во 00:57
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Бик

Жената Бик исто така ужива во кафеански амбиент, сака да запее, па караоке во некој ресторан е совршено за неа.хи, хи...

 

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2012 во 00:54

Хороскопските знаци во кафеана

 Заедничко за хороскопските знаци е тоа што сите повремено сакаат да се опуштат во добро друштво, со чашка пијалак и весела музика во некоја кафеана.

Овен

Иако е Овен, во кафеана се снаоѓа како риба во вода, без оглед на поводот. Кога ќе се напие малку повеќе, а тоа често се случува, почнува многу директно да се однесува кон преставничките на поубавиот пол. Иако е фокусиран на својот “плен” од женски род и понатаму го забавува целото друштво раскажувајќи шеги.

Жената Овен е главна во кафеана, нарачува пијачки за целото друштво, игра и си ги порачува омилените песни.

 

Бик

Сонува да има своја кафеана, што и не е реткост, но ако нема тогаш има омилено место каде што сите го знаат, од келнери до готвачи. Ги собира музичарите околу својата маса и не ги пушта да си одат, но им дава голем бакшиш, нарачува песни и ѝ угодува на својата поубава половина или на жената која му се допаѓа.

Жената Бик исто така ужива во кафеански амбиент, сака да запее, па караоке во некој ресторан е совршено за неа.

 

Близнаци

Со Близнаците можете да си поминете најубаво во кафеана без оглед дали таму одите како заљубена двојка или како пријатели. Мажот роден во овој знак знае да биде неодолив, бидејќи тој го знае она што другите не го знаат, имитира, пее, танцува и го забавува друштвото.

Жената Близнак секогаш е во друштво на помлади од неа, не го држи партнерот на око, затоа што обично не е љубоморна и се забавува како дете, или подобро кажано како големо дете.

 

Рак

Иако тој ги сака домот и семејството, обично за Ракот втор дом е неговата омилена кафеана. Никаде не може така да се опушти како со чашка добар пијалак и разговор со пријателите, тој ќе запее, ќе заигра и така до доцните вечерни или раните утрински часови.

Жената Рак знае да се фати на оро, но и да заигра танго. Таа сака да се опушти кога е со пријателите, но кога е со партнерот гледа само во него како да не постои никој друг околу нив.

 

Лав

Кралот на забавата, игрите и сите видови на прослави, Лавот умее сѐ да организира во својата омилена кафеана, каде музиката го поздравува со почит, а келнерите трчаат да му ја отворат вратата веднаш штом ќе го видат.

Лавицата, атрактивна и провокативна, прво “ја снима” ситуацијата и го набљудува друштвото во кое се наоѓа, а потоа стапува на сцена. Тогаш сите очи се вперени во неа, кога таа е на нејзиниот “трон” – подиумот за танцување, знае дека е неодолива.

 

Девица

Знак роден за мерак и релаксација, а кој би рекол, кога мажот Девица секогаш е дотеран, пристоен и воздржан? Штом малку ќе се напие и атмосферата почнува да се загрева, тој е оној кој во кафеаната нарачува тури, им сипа пијачки на сите и го подигнува расположението до точка на вриење.

Женската Девица ќе се преправа дека нејзината сестра-близначка лудувала минатата ноќ, а не таа.

 

Вага

Боем, џентлмен, хедонист – мажот Вага не може без да ужива со друштвото во кафеана, без разлика дали станува збор за најотмен ресторан или “биртија”. Тој инсистира да ја плати сметката, се грижи за тоа дали чашите се полни, не дозволува музичарите да се оддалечуваат од неговата маса, но им даваа и богат бaкшиш.

Жената Вага избира отмени ресторани за трач партија со пријателките, но кога ќе се одлучи да оди во “биртија” – таму останува до зори. Зад нејзината воздржана појава се крие желбата за забава, па таа никогаш не гледа на часовникот.

 

Скорпија

Елегантна и бучна, магнетно привлечна за спротивниот пол, Скорпијата ужива во кафеанската атмосфера, правејќи се дека не ja забележaла личноста која ја “голта” со очите. Не дозволува да ја напуштите забавата кога вие сакате, туку кога таа ќе ви дозволи.

Жената Скорпија секогаш го бира ресторанот, или знае “машки” да се напие или е тотален антиалкохоличар. Сепак, тоа не ја спречува да ужива во флертувањето со мажите со “подлабок џеб”, затоа што нејзин додворувач не може да биде било кој.

 

Стрелец

Ги обожава кафеаните, но само оние кои се на “добар глас” и каде што доаѓаат познати личности, вклучувајќи го и него затоа што мажот Стрелец секаде е омилен гостин. Знае да започне разговор на некоја “жешка” тема, но умее и да се контролира. Кога ќе се напие повеќе, не прави скандали.

Жената Стрелец наизглед успешно се вклопува во било кое друштво и во било која кафеана, но сепак сака да ги менува рестораните и да испробува нови, бидејќи има авантуристички дух.

 

Јарец

Жената Јарец, за разлика од вообичаеното мислење дека само работи, работи и работи, дека е стегната и воздржана, знае многу добро да се опушти во вистински кафеански амбиент, со црвено вино и добра музика, тогаш може дури и да заигра.

Мажот Јарец, наизглед срамежлив и расеан, во кафеана останува да лудува до раните утрински часови и не им дозволува на другите да си одат порано. Некои од неговите пријатели едноставно не можат да го препознаат, особено колегите од работа.

 

Водолија

Водолијата ги обожава кафеаните бидејќи таму го има она што најмногу го сака – пијалак, пријатели и флерт. Мажот Водолија е голем боем, ужива во добрата чашка додека музичарите му свират на увце.

Жената Водолија знае да ја дочека зората во омилената кафеана во друштво на пријателките, додека нејзиниот партнер дома си игра на компјутер.

 

Риби

Мажот Риби се чувствува одлично кога е во кафеана, особено кога е во машко друштво бидејќи веќе се знае кој што сака да пие и колку може да испие, а и каква музика слуша. На кого му е грижа колку е часот, кога него му е толку убаво, како во некој свет од неговата фантазија.

Жената Риби сака дискретни места, по можност во близина на река или езеро, со врвно послужување и џентлмени кои скокнуваат да ја услужат на секое нејзино движење. Од неа треба да се учи уметноста на боемските манири.

 

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2012 во 18:23
e ovojpat... preterale malku pojkje...намигнување
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6566676869 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.