|
Родителски грешки |
Внеси реплика | страница <1 7891011> |
Автор | ||||||||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Да, човечки е да се прости. Доблесно е да се прости...
Убаво е чувството после тоа...
Но за некоја болка нема лек. А за да кажам простено ви е, треба и да го мислам. Ете..не можам само да го кажам за некој таму што ми го зезнал пола живот да биде мирен, среќен, весел...
Нека поминат и тие низ тоа што јас поминувам(поминував), па да видиме..дали би простиле.
Меси, јас сум многу толерантна, мирољубива и што ти не. Но, кога можеле да не ме повредат тие продолжиле со тоа..Не можам да најдам некое нормално оправдување, за да простам
|
||||||||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||||||||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Јас сеуште не можам да им простам на моите, исто. И се додека ми треба да им се лутам ќе им се лутам затоа што тињето што ми го давале не сум го заслужила. Простувањето не го сфаќам како дел за да им олеснам на нив и да ги измијам од вината која што и најверојатно не ја носат туку еден ден јас да си го исчистам патот од лутина и таа дупка да ја пополнам со сопствена љубов. Исто така, според моето мислење за тоа треба време и работа на себе, но додека ми треба да бидам лута за се што ми нанеле ќе се лутам. Лесно е да се потпреме на таа реплика 'тие не знаат што прават'... но колку повеќе ги третираме така толку повеќе им одговара на луѓето да живеат на тој начин и да не се обидат ни малку да променат нешто во нивното однесување. Покажувањето на лутината и стоењето зад сопственото Јас е некогаш потребно. Не можеме, барем јас не можам како извеана да им се смешкам во име на љубовта. Затоа и ја трошам лутината се додека ја има (некогаш по перници некогаш дозирам онаму кај што треба). Па луѓе не се плашете од лутината, едно е да се лутиш друго е да биде човек насилник
Изменето од ekszi88 - 21.Мај.2012 во 23:59 |
||||||||||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Не создавајте атачменти од кои единствено се хранат нашите најголеми непријатели - Егото и суетата.
Тоа што некогаш било, повеќе не постои... само ние го храниме и го одржуваме во живот со евоцирање на нашите сеќавања и потпалување на нашите негативни емоции... Со тоа не правиме никому ништо... си правиме само самите себе си исполнувајќи и исцрпувајќи се од негативните енергии. Затоа, простувањето е најгомема доблест и лек ЗА НАС. ------------------------------------------------------------------ Обично луѓето мислат дека простувањто е за оние луѓе кои тоа на некој начин го заслужуваат. Но ако некој тоа го заслужува, тогаш простувањето не е никакво простување, туку одработена заслуга. Тогаш ние практично не правиме ништо од своја страна бидејќи другиот, сакале ние тоа или не, самиот тоа си го заслужил. А тоа не е никакво простување од нашата страна бидејќи не е дадено од љубов и милосрдие, туку по автоматизамот на спечаленото. Простувањето постои единствено кога му е дадено на оној кој тоа не го заслужил. Не се работи за тоа дали некој го завреднува простувањето или не, туку дали Љубовта и Свеста се втемелени во нас. Ако тоа е така, тогаш милосрдието и простувањето спонтано ќе потечат како пречист поток... Човечки е да се греши и уште почовечки е да се простува. Изменето од Messenger - 22.Мај.2012 во 02:10 |
||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Сепак се надевам дека знаеш дека простувањето не се случуав преку ноќ, нели?
Друго... нивните грешки и те како не прогонуваат и понатаму во животот. Нивното воспитување се вкоренува од нашето несвесното така што минатото живее во нас и ние несвесно го храниме.. Јас освестувајќи се за него ја чувствувам болката и лутината заради сета таа неправда. И како би стигнала до фаза простување ако не ја истрошам таа лутина? Потиснувањето на лутината не е најдобро решение, а негацијата на таа лутина е исто што и потиснување. И да, човечки е да се греши, но се си има свои граници и има моменти кога човек треба да се налути и да им покаже кој е тој и да ги спречи во нивните дела. Дур сме деца ние преку нивните грешки подоцна во светот така и го перцепираме светот. Не е работата само да се прогледа низ прсти, луѓево пред да станат родители треба да бидам свесни што се да се биде родител подразбира. Простувањето не е секогаш решение. Човек треба да ја одмери ситуацијата кога е навистина за прошка кога да застане зад себе и да рече доста е
|
||||||||||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Апсолутно! Првин треба Љубовта и Свеста да се втемелет во нас, па потоа да можеме да ги споделиме со другите луѓе.
Токму така, затоа велиме дека живееме со последиците на делата. Живееме и со добрите и со лошите решенија подеднакво. Добрите ги велиме "точни", а лошите "погрешни". Лошите не се направени со специјална намера да бидеме повредени и уништени од родителите, туку толкаво било нивното знаење и умеење. И затоа тие треба да cе простат. Hе се простуваат "точните" и "добрите" решенија, нели ?
Апсолутно. Хранењето се сопира со простувањето.
Никогаш нема да стигнеш до фазата на простување ако од сето тоа си правиш атачмент и постојано го преживуваш како да било вчера, обвинувајќи ги луѓето зошто нешто сториле, зoшто ти се случило токму тебе, зошто сега трпиш, зошто... зошто... Верувај ми, знам луѓе кои до крајот на животот не простуваa никому ништо и тогаш, пред смртната постела го доживееја просветлувачкиот момент велејќи: "Сето било лук и вода" Hе дозволувај да се најдеш во истата ситуација...
Ма, никој не вели да ја потиснуваш лутината. Простувањето не е потиснување на лутината. Простувањето е раскинувње на атачментот и збогување со минатото, со оноа што повеќе не постои СЕГА. Тоа е поздравување на сегашноста, онаква каква Е, без багаж од минатото на плеќите. Значи излути се, извикај се, истреси се, испразни се... и прости. Толку.
Ти говориш за делата кои се одвиваат СЕГА. Ние говориме за нешатата што се случиле во минатото.
Точно и тука никој ништо не може да смени. Така било и така ќе остане. Затоа секогаш доаѓа момент во животот на човека кога треба да го симне багажот од плеќите, да ја разгледа збирштината во него, да ја истреби од догми, верувања, традиции и обичаи кои се архаични, непроверени или погрешни, да се прости од сето тоа, да се преиспита самиот себе си, па потоа да појде по СВОЈОТ пат.
Ма не прогледуваш никому низ прсти и не му правиш никому ништо со своето помнење или непростување. Си правиш само самата себе си. Се труеш со негативни мисли и енергии кои ги одржуваш и негуваш во себе. Вистинската разделба со негативноста е нејзино разрешување (увидување зошто се случила) и збогување (простување).
А колку милиони генерации минале со истиот проблем, а? И дали с'е уште е решен ? И знаеш што, тоа нема да биде решено с'е додека постојат луѓе на планетава. А истото важи и за нас.. и за мене и за тебе. Tоа не е причина за непростување. Напротив, тоа е уште еден аргумент за човековата вечна грешност и за неговото простување.
Ако до сега не се разбравме што е простување, тогаш нема да се разбереме со ваквото муабетење до kрајот на животот. Некои работи едноставно само се доживуваат и осознаваат. За тоа, дали има ситуаци кога не може да се прости, повторно ќе те потсетaм на Исусовите зборови кога простува и во моментот кога му го одѕемаат животот на најбрутален начин. Изменето од Messenger - 22.Мај.2012 во 20:44 |
||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Па да, најискрено, јас сум во некој процес на вадење на сета таа лутина за да не дозволам да кружи во мене и да ме труе, а мојата цел е простувањето. Јас сум свесна дека не можам да го сменам минатото, но работам напорно на тоа да видам кое како ми влијае сега и со самиот увид јас сум на добар пат да сменам нешто. Јас не одам по татко ми и да му викам: човеку, како можевте! Ма неее, јас таа лутина не ја трошам на него. Јас сум за човек да си дозволи да се налути и да истепа перници за да ја извади таа лутина но не поддржувам насилничко однесување. Јас ја разбирам филозофијата на простувањето рационално, знам за што ми зборуваш, но го немам достигнато тоа ниво да им простам на моите. Јас сум рекла во повеќе наврати (не тука на форумов), мене не ми треба таа лутина за да ги повредам моите, во таа агресија лежи многу енергија а мене ми е потребна таа енергија за да ги држам тие интроекти што ме ништат настрана дур градам нешто за себе, нешто свое. Е кога имаме нешто свое, кога ќе си изградиме наше место, наши граници тогаш можеме да простиме и да имаме мир во душата и мир со тие околу нас. Јас знам дека простувањето е за да си ја исчистиме својата душа затоа што еве, на пример колку повеќе се држам јас за лутината или тагата поради некоја случка во минатото толку помалку сум во овој сегашен миг... мене ми е тоа сосема јасно и тој отров си го чувам за себеси. И да му се лутам на татко ми на пример со таа лутина знам дека само јас си се трујам а он не ни знае што носам нит па го занима - но лутината, таа агресија е некогаш неопходна енергија во животот поготово кога проодуваме со свои нозе. Така зборува моето искуство и што од него јас имам научено. Јас со мојата лутина која што е преочигледно дека ја имам, се одразува и на форумов, знам... не е за да повредам некого, но таа морам да ја потрошам, а учам и како да не ја потхранувам. Свесноста ме држи во некаков - за мене некаков - баланс да не излезам од границите и да правам пустош ем во себе ем надвор. Но некогаш лутината е потребна за некои што навистина не се разбираат од збор да им се покаже до каде е моето место а до каде е неговото/нејзиното.
|
||||||||||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Еве една родителска грешка, да израснеш мајкоубиец. Страѓно
Неготинчанецот за убиството на мајка си ги известил пријателите на Фејсбук |
||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Има грешки и грешки, ама има и мизерии кои човек и не знае каде да ги смести.
Црна Гора: Родителите се пијанчат, децата гледаат стриптиз |
||||||||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
,,,,kakvi se uslovive tukashni balkanski,,,za zhiveachka ,,,,malechkata gleda i uchi ,,,mozhebi nekoj den ke i pritreba,,,,//malku crn humor,,///,,,inaku jadno i bedni ,,pod seko nivo ,,ama koe nivo se blizhime kon dnoto,,,,
|
||||||||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||||||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
I vo Makedonija ima vakvi nesovesni roditeli. Toa ne bila roditelska greshka, samo taka sakale da si gi rastat decata ;)
|
||||||||||
gabriela855
Група Регистриран: 15.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 56 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Ovoj link e krajno grozen,imam i jas dete i so saka neka slusa i pravi ali ona e bez komentar,krajno propadnati slucaevi.
|
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Маж и жена го оставиле бебето во хотел и отишле да уживаат на плажаИталијанска брачна двојка е обвинета за занемарување на малолетно дете откако го оставиле своето бебе во хотелската соба и заминале да уживаат на плажа. Двојката отишла на одмор во италијанското летувалиште Тропеа на југот на земјата. Во одреден момент тие биле запрени од локалните полицајци, бидејќи својата шестмесечна ќерка ја оставиле во хотелската соба и заминале на плажа, пишува АНСА. Друг полицаец, кој исто така одморал во тој хотел, го слушнал плачењето на детето во собата и кога се уверил дека родителите не се во близина, ги повикал на помош своите колеги, кои набргу ги нашле родителите. Изменето од емил - 03.Август.2012 во 06:58 |
||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Најголема грешка сепак ја прави природата кога си поигрува со луѓето и им дава вакви потомци. Грозно.
Шокантно: Пијан син ја силувал неподвижната... |
||||||||||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
|
||||||||||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||||||||||
Внеси реплика | страница <1 7891011> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |