|
Преговори за името |
Внеси реплика | страница <1 154155156157158 184> |
Автор | ||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
- Кога зборувал за своето потекло, Пулевски знаел да каже: „Јас су од
деборската држава....“, нагласувајќи го со љубов своето мијачко потекло -
подвлекува Николова.
не го е рекол Пулевски Дичо Зогграф го е рекол |
||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Супер! Кој си ја има мувата на капата ќе ја брка.
Северо-Западна Македонија
|
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
сега катони
а пенали дали ке има |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Груевски до Грција: Ќе дојдам каде што сакате за разговор за името!Премиерот Никола Груевски упати директна порака до грчкиот државен врв дека е спремен уште утре да се сретне со нив во каков било состав. Груевски вели дека е време да се тргне негативната енергија настрана и да се сфати дека Македонија има волја за решение на спорот. „Нека кажат на кое било место што тие ќе го одредат, јас сум подготвен да одам и да разговарам. Ако кажат во Атина, утре одиме во Атина да разговараме за да се надмине спорот и да се најде решение. Ако кажат во Брисел, одиме во Брисел. Ако сакаат во Скопје, во Скопје. Битно е што порано да се седне да се разговара за да се најде решение, наместо да се испраќаат вакви негативни пораки и клевети!“, изјави денеска Груевски и додаде дека е крајно време да се седне и да „најдеме решение, да го надминеме овој спор на задоволство на двете страни, се разбира, во консултација со граѓаните на Македонија, и енергијата да ја насочиме кон тој правец“. Засега, од Атина нема одговор на иницијативите од македонска страна. „Доколку Папуљас сето тоа го кажува во смисла на поддршка на македонскиот идентитет, на македонската државност, дека има национален идентитет, тогаш во таква смисла, можам не само да го прифатам тоа што Папуљас го кажува дека сум предводник на македонизмот, туку можам и да го потврдам дека со задоволство сум и ќе бидам, за разлика од некои други политичари во минатото што свесно се прикажуваа и дејствуваа во правец на други држави. Не е ниту срамота, ниту грев за некоја друга држава ако некој премиер си го поддржува идентитетот на сопствениот народ, си го поддржува јазикот, културата, па затоа, не го чувствувам како обвинување тоа што го кажа Папуљас“, одговори Груевски на предупредувањето на грчкиот претседател Папуљас „во Скопје да престанат со македонизмот“. Изменето од емил - 12.Јули.2012 во 18:10 |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македонската православна црква апелира да се опстои докрај во одбраната на уставното име на нашата држава – Република Македонија, зашто истото за нас, Македонците, претставува смисла и на нашето минато и нашата иднина.Овој став е наведен во соопштението од Светиот архиерејски синод на МПЦ, кој денеска одржа седница посветена на јубилејот 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. МПЦ, како што се наведува, ја поддржува мирољубивата и демократска иднина на Република Македонија, а со тоа и секоја заложба и намера на поединец и организација што водат кон интеграција на нашата земја во светските демократски организации, но, секако, според позитивните правила и законските права што важат за секого, а не по цена на губење на сопствениот јазичен, национален, историски и културен идентитет. - МПЦ не може, а да не ја искаже својата вчудоневиденост и запрепастеност од зачестените изјави на поединци и партии, со кои не само што се удира по јазичниот и национален идентитет на македонскиот народ, туку преку говорењето на невистини до крајни, нечовечки граници, се омаловажува секој труд и секоја жртва на нашите предци, но и на нашите современици, за самостојна и просперитетна Република Македонија. Го повикуваме нашиот народ не само да остане глув на ваквите користољубиво-должнички емисари на пропагандите од 19. век, туку на легитимен, правдољубив и демократски начин да ги „награди“ со конечен заборав и да им го покаже нивното место во свршеното минато. А, најгласниот говорител на нечуените фалсификати и лаги за македонската вистина го повикуваме јавно да и се извини на македонската јавност, стои во соопштението. Исто така, МПЦ како духовна институција задолжена за моралните вредности кои водат до чување на интегритетот на секој човек, ги повикува сите чинители на политичкиот и медиумскиот простор, достоинствено и во согласност со правилата за коректност и потребна меѓусебна почит да се обраќаат и до своите политички противници и до јавноста, внимавајќи на секој искажан збор. Православната црква на овие простори, во минатото олицетворена во Јустинијана Прима и Охридската архиепископија, а денес во Македонската православна црква, секогаш била и е духовен, културен, образовен и историски стожер на македонскиот народ, особено во чувањето на јазикот и на националниот и културен идентитет, а секако, и учесник во реализацијата на вековниот стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава и иднина. Оваа година, Светиот архиерејски синод на МПЦ, заедно со свештенството, монаштвото и своите верници, соопштуваат оттаму, живее во радоста на 45-годишнината од богољубивата и родољубива одлука на нашите предци, богомудрите архиереи и учесници на Третиот црковно-народен собор, одржан на 17 и 18 јули 1967 година во Охрид, кога во храмот посветен на Пресвета Богородица Перивлепта, нашата мајка Црква, канонската и историска наследничка на Охридската архиепископија, беше возобновена нејзината автокефалност. По тој повод, како што веќе беше објавено, Светиот архиерејски синод, на предлог на епархиите, усвои програма со повеќе манифестации за достојно одбележување на годишнината. Така, на Илинден, во манастирот Пречиста Кичевска ќе бидат канонизирани преподобните маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, убиени во 1558 година, исповедувајќи и бранејќи ја Христијанската православна вера. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сметам дека за името на државата може да одлучи само македонскиот народ и затоа го респектирам решението на Груевски тоа да биде одлучено на референдум. Со тоа не само што ја отежна или оневозможи можноста ова да биде решено од било кој поединец кој би дошол на позиција тоа евентуално да го стори со само еден потпис на хартијата, туку се оневозможи и себе самиот. За тоа го има мојот полн респект ! Иако цврсто стојам на ставот дека на црквата не и е местото во политиката, од аспект на бранење и чување на националните и општочовечките права и вредности, го подржувам апелот на Македонската Православна Црква. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
и референдумот ке го реши проблемот?
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На нероден Петко капа не се крои.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
каде е логиката а каде разумот
очигледно ти имаш некоjа надежа во референдумот jaс само ставих прашане, ама за чудо jас трпам критика |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Твојата логика и твојот разум се во твојата глава. Јас немам ништо со тоа.
Очигледно ти немаш некоја надеж во референдум и затоа прашуваш дали тој ќе го реши проблемот. Јас велам дека за овој случај бездруго референдумот е најисправниот избор кој би го задоволил народот, а дали тој ќе го реши или нема да го реши проблемот ќе видиме кога ќе биде донесен. Ти постави твое прашање, а јас ти го дадов мојот одговор - Не му кројам капа на нероден Петко. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема потреба од референдум или било што . Штом на народот му се допаѓа проектот Скопје 2014 значи и не сака промена во името . Иако ќе продолжи да живее во изолација .
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не знам која е поврзаноста меѓу проектот Скопје 2014 и името на државата, но народот има потполно право да си ги бира и двете нешта.
И негово право е како ќе се именува, што ќе гради и како ќе си живее. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.youtube.com/watch?feature=endscreen&NR=1&v=vizt5Y-fODg
Gruevski samo JA PRIFAKJA FORMULATA REPUBLIKA MAKEDONIJA (SKOPJE) ...
|
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
Внеси реплика | страница <1 154155156157158 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |