|
Мој став за хомосексуалноста |
Внеси реплика | страница <1 8889909192 103> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Проблемот е што луѓето не гледаат дека: 1. Љубовта не подразбира и не е условена од размножување. Луѓето не љубат за да се рамножуваат. Љубените луѓе ќе останат и понатаму љубени и заедно иако поради било која причина не можат да се размножуваат . Јас лично знам луѓе кои се заедно цел живот и пoкрај тоа што немаат деца. Едниот пар нема бидејќи не се плодни, а другот бидејќи самите одлучија така. Ако земеме за основа дека некои хомосексуалци се заљубени и затоа се заедно, тоа значи дека нивната биолошка непродуктивност не е сопка за нивната љубов. И не треба да биде ! 2. Сексуалното задоволување не подразбира и не е условено со размножување. Да не шириме сега дискусија околу тоа каков сексуален живот луѓето уживале и уживаат без раѓање деца. Значи ако земеме за основа дека некои имаат хомосексуални преференци за задоволување на своите емотивно-биолошки потреби, тогаш значи дека и тука паѓаат во вода тезите за противење против природата (како се противат против природата кога токму од неа и од хетеросексуалците се создаени онакви какви што се ?), уништување на човечкиот род поради нивната неплодност, искористување на хетеросексуалото општество со земање на нивното потомство... Аргументот за неплодноста на хомосексуалците, како некаков крунски доказ за нивното осудување и отфрлање од општеството, е јалова работа која не може да издржи ниту една посериозна анализа. Тоа е изгубена пропозиција која звучи многу едноставно и разбирливо за десеминирање низ широките народни маси и затоа, иако е лансирана уште многу одамна, таа по инерција с'е уште живее небаре е самоевидентна вистина. На крајот би повторил уште еднаш дека според некои основи модерното, така наречено "хумано" општество , не се променило многу во однос на оние некогашни "нехумани" општества од темните векови на човековата цивилизација и потврдува дека максимата "човекот на човека е волк" с'е уште е жива и здрава. За мене, како човек и хуманист, несватливо е дека с'е уште сме во состојба крајно витално да ги санкционираме луѓето поради нивната раса, националност, физички и ментални недостатоци или религијска и сексуална определба. Хуманоста, доколку постои, ќе ја познаеме според нејзината инклузивност, а не ексклузивност. Изменето од Messenger - 18.Јули.2012 во 20:20 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ама тука е и проблемот. Ниту јас ниту забеган не рековме дека ги отфрламе и осудуваме. Тоа што некој сака да се мази, гали, бакнува и што уште не во јавност, со лице од исти пол лично мене не ми е многу убаво за гледање. Двајца мажи како се бакнуваат е повеќе од . Јас (а и девојка ми) дури не обожавам бакнување со девојка ми во јавност од причина што околината не е должна да не трпи како ние разменуваме нежности и се лигавиме сред плоштад итн итн. Кога мало дете ќе види како заљубено си се лигават двајца мажи, може да праша...Тато и ти ли вака правеше? Мамо, мамо, види ги оние .. што прават? И слично...а тоа да му го објаснам на детето нема шанси. Сите тие нежности чувајте си ги за зад затворени врати како што и секоја нормална двојка (на хетеро мислам) прави. Надвор од тоа секој е човек пред се. И како таков ќе ја добие (или нема да ја добие) почитта од моја страна. Ако било толку нормално, толку убаво .. нели сите ќе не створеле во најмала рака како бисексуалци? Или можеби хомосексуалци? Не, јас не сметам дека хомосексуалците се на маргините на општеството. Напротив, ги имаат истите права што и јас. А тоа што самите се повлекуваат на некој начин се дискриминираат. Што права им требале? Можат да завршат студии, да се вработат да се издржуваат. Можат да шетаат без никакви забрани, можат да влезат во секој кафич, ресторан, базен, кино, театар, можат да шетаат во парк, да шетаат надвор од земјава, да се сместат во хотел. Дури има и геј френдли хотели по светов. Можат да возат кола, можат да тужат, да бидат тужени. Можат да одат во банка да си платат сметки за станот, можат да излезат и јавно да зборуваат на ТВ. Не знам кои права хомосексуалците си ги бараат? Патем, не сметам дека бебето се раѓа како хомосексуалец. И во тоа никој нема да ме убеди затоа што нема логика. А да, темава е во секс. Се знае зошто постои (како изгледа и каква намена има) вагината и пенисот. Не знам што не е јасно во моето и чудењето на забеган |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
mesi napisa
1. Љубовта не подразбира и не е условена од размножување. Луѓето не се заљубуваат за да се рамножуваат. i zgresi. LJUGJETO SE ZALJUBUVAAT SAMO RADI RAZMNOZUVANJETO ZATOA SLUZI LJUBOVTA MESI, za sto drugo bi sluzela?????? da si praat ljugjeto kjefoi vo zivotot??? |
||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А што ако некоја жена не може да роди деца Поради тоа нема никој да ја сака
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
LJubovta sluzhi za razmnozhuvanje?
Toa... ne e, barem moja vistina!....
Изменето од viktorija123 - 18.Јули.2012 во 12:33 |
||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нормално дека не е !
Сексот служи за размножување на природен начин. А секс може да имаш и со некој што не го сакаш, само за да ја исполниш таа желба за потомство.
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На подфорумот за љубов реков дека напишаното беше во поширок контекс на љубење, а не само на заљубувње во смисла како што подразбираш, па затоа зборот "заљубување" е сменет со "љубење". Инаку, мојот став останува ист - луѓето не се љубат за размножувачки цели. Но дозволувам ти да имаш поразлично убедување. Изменето од Messenger - 18.Јули.2012 во 20:24 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
зошто толку многу луѓе се сексаат од задоволство, а не за да создадат потомство? бидејќи примарната функција на сексуалниот однос е таа... не збориме за тоа дека љубовта стриктно постои поради размножувањето, туку дека тоа е нејзиниот корен... а тоа како луѓето ја употребуваат, тоа е друга тема... затоа и човек може да се заљуби, а никогаш да не помисли на размножување |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Глупаво е да се споредува љубов и секс.
Сексот е еден вид на потреба, а љубовта и не е. Познавам човек (комшија мој) кој што се ожени и викаше, јас не сум заљубен, никогаш не сум ни бил. Се оженив поради тоа што сакам да имам дете и животен сопатник и точка. За неа не чувствува ништо повеќе од она што би го чувствувал за било која жена. Само пријателство. Задоволството од сексуалниот однос е една работа а сакањето на некоја личност е друга работа, нели? Зошто да се има секс само за да се размножува човекот? Па нема да си играме, секое летенце по едно детенце... Нема потреба да се поврзува сексот со размножување, барем според мене. Да, сексот е неопходен за зачнување по природен пат, но забременувањето само по себе не е потреба. Крај краева, човек не живее за да мора по секоја цена да се размножи. Па има луѓе кои поради X здравствени причини не можат да имаат деца, не значи тоа дека не треба ни да имаат секс или да се заљубат. Секое си има свое значење, своја примена и своја функција..според мене. Но здрави прави лица, кои одбираат да си бидат со истиот пол а притоа сакаат и деца, е тие не ги разбирам баш. Ако Бог не ве створил такви, значи тоа не е баш природно. Помири се со тоа, никој не добил се што сакал во животот. Ок на жениве им е полесно, ќе начека некој, ќе и направи бебенце и ќе си го чува со партнерКАТА. Кај маживе не иде баш така. Затоа и реков, ако не можеш да го имаш можеби и не треба да го имаш.
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не ми ја разбираш поентата, сакам да кажам дека се што постои како процес, дали љубов или секс, не е битно, постои со основна природна причина и цел...
проблемот е што човекот поседува неверојатни психички способности за разум, размислување, ставови, перцепции и се стреми кон тоа да се води според истите... секојдвневен настан е тоа некој човек да искористи предмет во одреденба цел, кој никогаш не бил наменет за таква цел меѓудругото, возможно е човек никогаш да не се заљуби и цел живот да си остане невин нели? но тоа не значи дека љубовта и сексот не треба да постојат... |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како што може луѓе цел живот да не љубат и да не се заљубат, а сепак да не останат невини и да имаат деца, нели ? И точно велиш, тоа не значи дека љубовта и сексот не треба да постојат, како што тоа не значи дека љубовта и сексот мора да бидат зависни едни од други и дека љубовта не е пререквизит за да се има потомство. Пркрасно би било СИТЕ да чувствуваат безусловна и безерервна љубов, СИТЕ да бидат заљубени и СИТЕ да имаат потомство како последица од сето ова но, како што ни покажува животот на ова ниво на нашата егзистенција, сето тоа не мора да биде така. Сигуно дека сето ова е јасно од секојдневниот живот, а јас само би дал илустрација од моето искуство. Имено, имам 7-8 пара пријатели од Индија со кои често се среќавам на заеднички веселби и од кои имам дознаено дека СИТЕ живеат во брачни врски со потомство не поради тоа што се заљубиле или што тоа го сториле од љубов, туку затоа што нивните бракови биле аранжирани од родителите и пријателите (една жена ми рече дека се омажила само за да дојде во америкиве). Верувам дека со време се засакале, но не сум сигурен дали се заедно од љубов или од посакувана конвенционалност, од вреднување на другата личност или од пронаоѓање себе си во една средина која исполнува извесни eкономски и социјални потреби. Изменето од Messenger - 18.Јули.2012 во 18:49 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
homosexualcite imaat eden stav
se vika pupenje inaku SEKOJ IMA PRAVO VO SVOJOT KREVET DA PRAVI SO SAKA zatoa i e toa negov krevet |
||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Маргинализираните заедници бараат пратениците, медиумите и интернет заедницата да внимаваат како ги квалификуваат донесувајќи декларација за осуда на говорот на омраза. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нивото на свеста на еден народ се гледа според неговиот однос према малцинските групи кои не припаѓаатт по усвоените стандарди на вреднувања и живеење кон мнозинството, како и според односот кон животните и природата.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница <1 8889909192 103> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |