|
Македонско копаничарство |
Внеси реплика |
Автор | ||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 09.Јули.2012 во 17:20 |
|||||||
МАКЕДОНСКИОТ МИКЕЛАНЏЕЛО: НЕСТОР АЛЕКСИЕВ МИРЧЕВСКИ Резбарот што ги одушеви крал Александар и Јосип Броз Тито. Животната сторија за генијалниот уметник кој ја изработи резбата на саркофагот на Гоце Делчев пишува: ТОМО ЧАЛОСКИ Нестор Алексиев Мирчевски, генијален мајстор на тридимензионално прикажување на сите делови на резбата, устабашија и наставник во Уметничкото училиште во Скопје. Во својот осумдесетгодишен работен век, оставил голем број дела во дрво и мермер не само во Македонија туку и во седум држави на европскиот континент. Тој го одбележал континуитетот, одделните творечки достигнувања, како и залезот на резбата во Македонија. Оттука, не е претенциозно ако се каже дека Нестор е Микеланџело на македонската резба. На Светската изложба во Берлин во 1938 година го освоил првото место и бил одликуван со Орден за посебни заслуги и со диплома за успешно прикажана резбарска уметност и фолклор од својот крај. Негови подвизи се спасувањето на иконостасот од црквата „Свети Спас“ во Скопје во 1944 година од грабежот на Бугарите и изработувањето за 21 ден на саркофагот во резба во 1947 година со кој се пренесени моштите на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија.
ОБРАЗОВАНИЕ На 18-годишна возраст се здобил со мајсторско резбарско уверение. Во 1899 година татко ми и брат му Лазар добиле покана да работат во манастирите на Света Гора. Таму работеле три години и стекнале голема репутација. Потоа, работата ја продолжиле во Битола. Тука татко ми отворил свое столарско резбарско ателје. Работилницата била лоцирана во месноста Довлеџик и била опремена со столарски машини. Фирмата била напишана на турски, македонски, француски и на грчки јазик. Прва работа што ја изработиле браќата Нестор и Лазар е иконостасот во црквата „Свети Спас“ во битолското село Брусник. Татко ми го изработил иконостасот во црквата „Света Богородица“ во селото Трново и се претпоставува дека го изработил иконостасот во црквата „Света Богородица“ во селото Магарево. За време на Првата светска војна иконостасите биле демонтирани од Бугарите и спакувани за да се пренесат во Бугарија.
По Првата светска војна, кралот Александар Караѓорѓевиќ бил во посета на манастирот „Свети Јован Бигорски“ во клисурата на Радика. Кралот бил воодушевен од изведбата на резбата на иконостасот. Во 1922 година кралот му испратил покана да отиде во Белград за да го изработи иконостасот за неговата задужбина во Топола. Татко ми копнееше да се вратиме во Македонија и не му требаше многу да ја прифати поканата. Меѓутоа, за ова барање дознала врховистичката ВМРО, која му се заканила дека ќе биде убиен на станица ако ја прифати понудата. Татко ми мораше да ги откаже сите работи што зависеа од неговото присуство. Така остана без работа и во таква ситуација ја прифати поканата . За место на постојан престој го одбра Скопје, каде што се пресели во 1923 година. По заминувањето, бугарската влада го прогласи Нестор за дезертер и ни го конфискува целиот имот, така што сите ние останавме на улица. Браќата Александар Тодор и Михаило беа протерани, а само јас и сестра ми Милка останавме да живееме до 1931 година кога се преселивме во Скопје. Во тоа време умре и втората жена на татко ми Рашева.
СОРАБОТНИЦИ Во нашето ателје престојуваа и соработуваа многу уметници. Ќе наведам дел од нив: скулпторот Иван Мештровиќ, кој се запозна со татко ми во Белград. Тој се воодушевуваше од талентот што извираше од секоја пора на битието на Нестор. При средбите Мештровиќ му предлагаше на татко ми да преземе еден од синовите Михаил или Тодор за да го оформи како скулптор, но средствата што му ги побара му се видоа многу и не дојде до прифаќање на предлогот. Јас мислам дека, сепак, желбата на татко ми беше синовите да го наследат во резбата. Од зографите соработуваше со ценетиот иконописец Димитар Андонов Папрадишки, Данаил Несторов и Димитар Кратовец, кои ги изработуваа иконите за иконостасите. Доаѓаа и познати ликовни уметници како Михаило Шојлев, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски и други. Траен споменик од друштвото со овие уметници е неговиот портрет во маслени бои изработен од уметникот Иван Поточник. |
||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Животот и творештвото на Резбарот Нестор Алексиев - Мирчевски
Златото во лицето на татко ми Нестор го преточив во книга Катерина Богоева
"Пред многу години еден мој пријател ми спомена дека дома имам злато во лицето на татко ми Нестор, и дека треба неговиот живот да го претворам во биографија. Многу подоцна на таа тема, почна да ми говори брат ми Тодор и така јас со сопругата некаде во 1991 година, почнавме да работиме. Книгата е работена 6 години, а исто толку време изгубивме во потрага по средства потребни за нејзино издавање. Како син на Нестор, долги години сум работел и дискутирал со него, а при истражувањето ја искористивме и неговата библиотека, составена од разни цртежи, документи и книги. Користевме и телефонски и поштенски врски со сите оние кои можеа да ни кажат нешто за Несторовата работа. Посетивме разни градови каде што тој работел, на пример Крушево, Битола, Струмица, Белград, Топола, Смедерево и други места,.проучувавме и стручна литература која се занимава со резбарство а особено онаа во која Нестор е споменуван. Користевме и податоци од библиотеки, весници и часописи"- вели Борис Несторовски, кој во личната библиотека има многу докази за работата на својот татко. Нестор Алексиев Мирчевски е роден во селото Осој, Мала Река. Датумот на неговото раѓање не конкретизиран, но се претпоставува дека е роден во 1873 година а исклучително богатиот животен век го завршил во 1969 година. "Мајка му Елена, била внука на Петре Филиповиќ - Гарката, односно е ќерка на Стојана, која е ќерка на Јован Филиповиќ. Роден брат на Петре Гарката", забележуваат авторите на книгата, наведуваќи дека Нестор својата наклоност кон резбарската уметност ја почувствувал при една посета, заедно со татка му на неговите роднини - резбари. Тоа била фамилијата Филиповци кај кои ќе го учи занаетот. "Познато е дека мајсторите Филиповци граделе и беговски конаци во Дебарско, Тетовско, во Гостиварско, а во резбарскиот дел учествувал и Нестор. На 18 години, се вели во книгата, се здобил со мајсторско-резбарско уверение, а набргу потоа стекнал и уверение за столарски занает. Во 1888 година, неговиот татко, исто така резбар, го носи со себе во Софија на печалба каде посетува и основно училиште, но и работи заедно со брат му Лазар, на столарска резба за стилски мебел, тавани, иконостаси и др. Тие работеле во манастирите во Грција, оплеменувајќи ги со иконостаси, просхирнитари и друг потребен мебел, го изработиле исконостасот во црквата "Свето Вознесение" (Свети Спас) во битолското село Брусник, иконостасот во "Свети Јован" во Крушево и др. Мајсторот резбар, според податоците во книгата, во 1908 година во Бугарија работел заедно со групата на Петар Јосифов Филипов, изработувајќи иконостаси во селата Брацигово и Челопечани а во 1910 кај професорот Иван Травницки, изработувајќи ги сите столбови на иконостасот "Св Параскева" Нова" во Софија. Од тој период датираат и податоците за изработка на икностас во црквата "Света Богородица" во с, Дупени- Љубојно. Поради својата активност во Битолскиот револуционерен округ, Нестор бил прогонувал од турските власти и заминал во Франција каде работел во резбарско ателје и во фабрика за изработка на мебел во барок и рококо стил, а се споменува и неговата работа и во Белгија. По враќањето, резбарска активност Нестор ја продолжил во Македонија, но и во Бугарија, работејќи заедно со својата тајфа, каде како главен копаничарски мајстор, бил нарекуван "устабашија". Од Бугарија во Македонија, се преселил во 1923 година, оформувајќи ја својата позната работилница сместена на сегашната улица "Орце Николов" каде ја продолжил резбарска дејност, работејќи на просторот од тогашна Југославија. Во 1946 година, го изработил саркофагот во резба за пренесување и привремено сместување на моштите на Гоце Делчев, а во неговата биографија стои податокот дека изработил над 40 разни иконостаси, бројни икони, мебел и разни пригодни предмети. Авторите на книгата, со особено задоволство ја потенцираат и неговата работа во мермер: "Несторови дела се големиот број изработени скулптури, делови од иконостас како што се на пример, плочите во манастирот во Горно Нерези, мермерните елементи од црквата "Свети Александар Невски" во Софија и други". Сопружниците Несторовски поради недостаток на финансиски средства, не успеале да проучат голем број дела работени на територијата на Бугарија, а останал непроучен и престојот и работата на Нестор во Грција, неговата дејност во Романија. Работејќи на книгата, се соочиле и со фактот дека при посетата на повеќе институции во држава, не можеле да добијат одредени податоци за работата на големиот мајстор. Радмила Несторовска во книгата ги опишува и врши поделба на изработените иконостаси и ја потенцира уметничката вредност на резбата. Деталните описи авторите ги сметаат за потребни, бидејќи ги земаат во предвид разните опожарувања на црквите и манастирите, при што вообичаено не останува сочувана потребната документација. За таков пример, Крстевски го споменува иконостас во Бања Лука, кој бил уништен заедно со целата црква. "Нестор мечтаеше да има своја резбарска школа. За таа цел изградил училишна зграда во селото Сарај крај Скопје, а се обиде и да направи мала хидро - централа за потребата на училиштето со наши средства. Но по извршениот атентат на крал Александар, изостана подршката на државата, а со тоа остана неостварена желбата. Нестор предаваше во Училиштето за применета уметност во Скопје, каде со својот личен пример, настојуваше на учениците да им всади љубов кон резбата. Во нашата работилница поминаа голем број чираци, но сите главно сакаа столарство, а скоро никој не сакаше да научи резбарство" - вели Борис Несторовски. Неговиот татко, во текот на својата исклучителна резбарска дејност соработувал и со тогашните зографи, со ликовните уметници меѓу кои се наведуваат и Димитар Андонов Папрадишки, Данаил Несторов, Михајло Шојлев, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски и др. Во книгата е забележана и изложбената активност на Нестор почнувајќи од Првата земска стопанска изложба во Скопје во 1928 година, на која Нестор го изложил иконостасот изработен по порачка, на крал Александар, за Караѓорѓевата задужбина во Топола, при што заедно со брат му Лазар бил награден со медал за успех во резбарството. Учествувал и на Првата пролетна изложба на југословенските уметници во 1929 година, на втората изложба на Здружението на ликовните уметници од Вардарска бановина, во 1931 година, а во 1938 на Меѓународната занаетчиска изложба во Берлин, каде тој се споменува под име Нестор Алексиевиќ. "Нестор Алексиев(ски) редовно се споменува во релевантната стручна литература како име со кое се заокружува историски определената и високо вреднуваната генерација македонски копаничари. Низ својот осумдесетгодишен работен век, оставил голем број дела во дрва и мермер , не само во Македонија туку и во Бугарија, Грција, Романија, Југославија, Франција и Белгија со што го одбележал континуитетот на одделните творечки достигнувања како и залезот на резбата во Македонија", потенцира меѓу другото и д-р Владимир Величковски кој заедно со д-р Елизабета Димитрова, се рецензенти на книгата "Нестор Алексиев Мирчевски - Резбар". Изменето од mungos80 - 09.Јули.2012 во 19:22 |
||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Канонизиравте ли го бе Гоце Делчев? |
||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Без коментар.
|
||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
бе како без коментар бе
ми треба одговор |
||||||||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |