IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Мој став за хомосексуалноста
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мој став за хомосексуалноста

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8182838485 103>
Автор
Порака
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 15:57
голема насмевка благодариме на разбирањето големо гушкање
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2012 во 11:18
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Затоа што сум геј и ради некои други икс причини. Но геј не значи дека не можам машко да сакам.
 

газење од смеењегазење од смеење 

гледаш ли како сама се пикаш во клопка ? Или си обратна или не .Сега изеднаш ти недостасува машко 
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2012 во 12:17
Тебе стварно ти фали даска Емилчо. Ако сум лезбејка не значи дека го мразам машкиот пол. Го сакам мојот бивши многу ама ми фали како пријател и го сакам како многу близок пријател. Значи реченицава сама по себе звучи така, да, но стави го цел муабет веќе ако ставаш и не ми ги вади од контекст работите. Стави го целиот муабет а не само реченица која може да биде протолкувана на многу начини. Значи не чувствувам омраза кон машкиот пол, особено  не кон оваа личност која што пред се ми беше пријател во животот и кој ме извлече од најголемите гомна. Цел живот ќе го почитувам него и тоа не ме прави помалку геј. Не биди толку ограничен во однос на љубовта, таа може да биде разнолика.
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2012 во 11:00
EQUAL RIGHTS NOW!!!




Изменето од ekszi88 - 08.Мај.2012 во 11:04
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2012 во 20:32
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Тебе стварно ти фали даска Емилчо. Ако сум лезбејка не значи дека го мразам машкиот пол. Го сакам мојот бивши многу ама ми фали како пријател и го сакам како многу близок пријател. Значи реченицава сама по себе звучи така, да, но стави го цел муабет веќе ако ставаш и не ми ги вади од контекст работите. Стави го целиот муабет а не само реченица која може да биде протолкувана на многу начини. Значи не чувствувам омраза кон машкиот пол, особено  не кон оваа личност која што пред се ми беше пријател во животот и кој ме извлече од најголемите гомна. Цел живот ќе го почитувам него и тоа не ме прави помалку геј. Не биди толку ограничен во однос на љубовта, таа може да биде разнолика.
 

почнува да ти доаѓа паметот .Ќе се вратиш ти во хетеросексуалната средина намигнување
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2012 во 20:54
Сакаш да ми кажеш дека ќе се 'нормализирам'? голема насмевка
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2012 во 08:09
Mалкучка да и го разубавам денот на Екши голема насмевка 
 
Кристал Прајс (лево) и нејзината партнерка Џени Андерсон ги гледаат учесниците на парадата на геј-гордоста во Солт Лејк Сити, Јута. Над 300 активни мормони и над 5.000 припадници на Заедницата на лезбијки, хомосексуалци, бисексуалци и транссексуалци (ЛГБТ) маршираат со нивните приврзаници на парадата како дел од Фестивалот на гордоста во Јута


Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2012 во 10:11
Ух, сеа колку што знам и во Загреб нешто ќе има на 16 Јуни... или кога и да беше, знам околу половината на Јуни.. а јас нема да одам изнервираност
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 21:08

Прв пат после многу време мојот син ме погледна во очи


ИСПОВЕДТА НА ЕДНА МАЈКА

Прочитано во Тирана, на 14.06.2012 година

на Првата регионална ЛГБТ работилница спонзорирана од Владата на САД

„Запрете го насилството: ЛГБТ права се човекови права“

(www.lgbt2012embassytirana.org)

Ве поздравувам сите,

Се викам Теута (ова не е вистинското име туку само псевдоним) и јас сум мајката на Арбeр.

Често се прашував кога навистина сфатив дека мојот син е „поинаков“ од другите. Многу пати се обидував да го дадам вистинскиот одговор, дури конечно не сфатив дека одговорот сум го знаела целото време; чувствував дека Арбер е поинаков.

Јас не сум обучена за ова, ниту пак сум некаков познат оратор; никогаш не сум држела говори, ниту пак сум зборувала со било кого во врска со дарбите на мојот син. Иако во овој миг ме преплавуваат емоции и повеќе не знам што да кажам, желбата да го поддржам својот син ми дава сила која ме одржува да стојам тука пред вас.

Не е едноставно себеси да се соочиш со реалноста, не е лесно себеси да си речеш: Да, ти имаш геј син! Тешко е, и после сè ми е многу тешко, да си го кажам тоа себеси.

Кога беше мал, Арбер беше многу мило и слатко дете. Постојано приврзан за мене и премногу кревок. Денес си велам себеси, да го знаев она што сега го знам, би го разбрала својот син уште како мал, бидејќи толку беше очигледно неговото кревко битие совршено скоро во сè. Веројатно ќе се поштедев себеси, а особено Арбер, од големите страдања во периодот на пубертетот.

Како што врвеа годините, и Арбер раснеше, тој сè повеќе стануваше свесен за она што го чувствува. А пак јас, како мајка, не успевав да разберам што му се случува. Како да имаше пространо море што нè разделува, и веќе не можевме да комуницираме. Пред моите очи, полека, го губев својот син. Тоа беа лоши времиња, и се разбира, не ни помислував на неговата ориентација.

Во фазата на пубертетот започнаа првите проблеми: Арбер почна да се затвора во себеси, до доцни часови не се враќаше дома, а кога јас и татко му ќе му побаравме некакво образложение, тој покажуваше знаци на немир. Се гледаше дека нешто крие. Се гледаше дека не сака да дознаеме нешто. И не разбравме.

Како што таквите немири продолжуваа да се повторуваат секој нареден ден, јас го обвинував друштвото, злоупотребата на алкохол, обвинував некоја другарка која можеби го насочила на погрешен пат. А често пати вината ја префрлав и врз хормоните во фазата на пубертетот, врз бунтувањето низ кое речиси сите тинејџери минуваат.

Но, времето минуваше, а јас гледав како Арбер сè уште се бори со себеси, со нешто големо кое не го споделуваше со никој. Продолжуваше да излегува до доцни часови, често в зори се прибираше дома. Неретко мирисаше на алкохол.

Но и понатаму не зборуваше. Не кажуваше ништо за тоа што му се случува.

Вознемиреноста, и она чудно чувство кое ме обземаше секој пат кога не ќе знаев што се случува со мојот син, ме натераа еден ден во џебот од неговите панталони да најдам наркотични средства.

Започна најмрачното и најстрадалното доба за нашето семејство.

Постојано го следевме со мојот сопруг, кога навечер излегуваше по дрога или да брка некои лични работи; постојано му бевме зад петици. Малку по малку, почнав да сфаќам што се случува; ми стануваше јасно дека дрогата била само една причина, но не и главниот чинител, за страдањето на мојот син.

Сега веќе почнав да го избегнувам својот сопруг, од страв да не дознае за што се работи, па самата го следев Арбер по улиците на Тирана. Не можете да ја замислите болката и понижувањето што ги чувствував кога чекорев сама по мрачните, неосветлени улички на Тирана, по кои се движеа само таксистите.

Најмногу од сè ме болеше кога не успевав да го најдам, кога не стигав на време да го следам, и ми се измолкнуваше; тогаш се враќав дома со солзи на образите, и со срце кое во секој миг ќе препукнеше од болка.

До мугрите го чекав во неговата соба, преполна со секакви дреболии: ем големи постери на девојки со разголени гради, ем плишени мечиња. Како да влегував во собата на некој кој живее растргнат меѓу два света. Често пати утрата ми почнуваа со неговото врескање зошто сум му влегла во собата, и ме бркаше. Залудно седев пред вратата и чекав да ми прозбори.

Кога излегуваше, се обидував да се наметнам како авторитет, му барав објаснување каде ќе оди; но секој пат излегував како губитник, со безуспешен обид да воведам ред.

Една вечер, од многуте вечери кога бегаше, се сретнавме некаде во близина на маалото; влегов во колата и го прашав зошто користи дрога. Зошто се уништува себеси? Што е тоа толку големо и страшно што го тера да си го прави тоа, да се убива?

Прв пат после многу време мојот син ме погледна во очи: -Ти знаеш, ми рече, добро знаеш.

Секако дека знаев; сега конечно разбрав што е она што ми го уништуваше синот. Му реков дека знам, но сакав од него да слушнам. Сакав самиот да ми каже.

Се сеќавам дека заминавме некаде близу езерото на Тирана. Среде темница, почна да ми раскажува како му било. Дека единствениот начин да се приближи до моделот на вистински албански маж, силен и пргав, била употребата на дрога; дури и ни носеше дома по некоја девојка за да нè залаже.

Тоа беше ноќта кога плачев најмногу, заедно со својот син.

Единственото нешто што можев да сторам беше да му кажам дека тој за мене е мојот син, и дека сум горда на тоа, и дека за мене е важно тој да биде среќен.

Од тој ден почнав да го рехабилитирам својот син, меѓу стравот и кошмарите како последица од користењето дрога. Бев со него скоро секој миг од неговиот ден, за да не дозволам повторно да скршне од патот.

Го поддржував, и долго зборувавме за неговите чувствува, за случките, за пријателите. Почнав и да ги запознавам неговите другари, почнав да го разбирам тој свет; почнав да се запознавам со син ми.

Денес тој е прекрасно момче, пожртвуван за својот дом, столб на нашето семејство. Среќна сум што добив прилика да го запознам својот син, среќна сум што мојот син имаше храброст да го пронајде својот пат; се гордеам со она што мојот син е.

Арбер и сите момчиња и девојчиња што можев да ги запознам нема од што да се срамат, немаат никаква лоша особина. Тие се наши деца, ние сме ги донеле на овој свет; но Господ, или не знам што друго, решил да бидат посебни во тоа што љубат на некој свој сопствен начин.

Горда сум на својот син зашто не ме изневери; горда сум зашто сè што постигнал, постигнал благодарение на својата сила и решителност. Се гордеам и со неговата работа, со посветеноста која ја покажува, и отвореноста која ја има во секој ден од неговиот живот.

Денес си велам, камо среќа да имав било каква информација, камо среќа порано да си го признаев она што веќе го знаев, мојот син никогаш не ќе измачуваше толку многу. Но, било пишано низ мака да го запознам сина си; и она што е важно сега е што сè се заврши добро.

Не знам што би можела да ги посоветувам другите родители, освен да покажат малку грижа, да посветат малку внимание за молкот на своите деца. Пред да ги осудат, да размислат само, да се сетат дека тоа се нивни синови и ќерки. Слушајте ги, зашто со секој миг на молчење, тие разговараат со вас.

Сексуалната ориентација и фактот што тие се геј не е она што ги „уништува“ вашите деца, туку огромниот притисок и страв од предрасудите на семејството, пријателите и целото општество. Сексуалната ориентација не е она што ги прави нив лоши или добри, туку слободата да си ја живеат сексуалната ориентација таква каква што им е дадена, за да може да се докажат себеси и на другите полиња од нивниот живот, во работата и сè друго.

Тие се нашите деца и имаат потреба од нас; и тие се прекрасни!

Ви благодарам.

 

 

Превод од албански: Амра Јакупи-Јашари

Прилагодил на македонски: Радомир Трајковиќ


http://sr4all.wordpress.com/2012/06/25/%D0%BF%D1%80%D0%B2-%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B5-%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%83-%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5-%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%B8%D0%BD-%D0%BC%D0%B5-%D0%BF



Изменето од ekszi88 - 25.Јуни.2012 во 21:11
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 23:59

среќа

Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2012 во 14:03
Интересантен говор среќа


Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2012 во 18:12
Исто така вчера бевме во Американска амбасада, имаше проекција на филм и на тој начин ги одбележавме овие два битни дена - 27/28 Јуни.. повеќе за ова во прилогот подолу :)


„ЛГБТ Јунајтед Македонија“ за првпат симболично го одбележа денот на гордоста



Денот на гордоста е ден кој го слават лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови лица, кој, исто така, служи и како демонстрација за легални законски права, како што е истополовиот брак. Организацијата изрази и надеж дека во некоја од наредниве години ке има можност да направи парада на гордоста каде што сите слободно ке се шетаат по улиците.

Датум: пред 19 часа | Прочитано: 101

„ЛГБТ Јунајтед Македонија“ здружение за геј, лезбејки, бисексуалци и трансродови лица го одбележа денот на гордоста на 28 јуни 2012 година, се вели во соопштението на организацијата.

Денот на гордоста е ден кој го слават лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови лица, кој, исто така, служи и како демонстрација за легални законски права како што е истополовиот брак.

Денес, сакаме да ја информираме македонската граѓанска јавност на историското значење на овој ден како меморијален потсетник на основните човечки заложби, отпор и борба за еднаквост, демократија и слобода. Денес, потсетуваме на 27/28.06.1969, саботното утро, кога огромен број на ЛГБТ луѓе во Њујорк ќе се спротистават на полициското насилство и континуираните рации и дискриминација во „Стоунвол ин“, геј клуб, односно ќе ги преплават улиците на Њујорк, спонтано изразувајќи ја неподносливоста на историската и политичката нееднаквост и гневот од социјалната репресија.

Денес, ЛГБТ луѓето ја потсетуваат светската јавност дека животот обележан со срам е неподнослив затвор за живеење и дека колективната трансформација на социјалните услови на срам и стигма е неодложлив и итен политички аларм за заедничка одговорност и гордо препознавање на различноста и еднаквоста на сите човечки битија.

Денешниов ден „ЛГБТ Јунајтед Македонија“ за првпат симболично го одбележува и се надеваме дека во некоја од наредниве години ке имаме можност да направиме парада на гордоста каде што сите слободно ке се шетаат по улиците.

Во исто време, упатуваме апел до сите одговорени и релавантни политички субјекти во Република Македонија да застанат отворено во граѓанските редови на борбата за еднаквост и недискриминација, и ги потсетуваме дека говорот на омраза, насилството и исклучувањето треба да ги претвориме во срамни точки на едно минато кои ќе не потсетуваат дека демократијата е единствениот и основен услов за соживот и процвет на секое општество, заклучува „ЛГБТ Јунајтед Македонија“ на крајот од соопштението.



http://www.libertas.mk/vest/28659/LGBT-Junajted-Makedonija-za-prvpat-simbolichno-go-odbelezha-denot-na-gordosta



Изменето од ekszi88 - 28.Јуни.2012 во 18:18
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2012 во 12:42
Завчера имавме герила активност низ Скопјево и одлично поминавме... среќа
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2012 во 15:13
..a ,koja si ti ma?изненадување

...alionaa krajnana so bela bluza ali onaa povnatre?бакнеж

..kako i da e,..ete kolkava ''sloboda'' si davaat i samite na sebe,...koga licata si gi pokrivaat so  transparentite.
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8182838485 103>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.