IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Преговори за името
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Преговори за името

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 154155156157158 184>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 02:04
- Кога зборувал за своето потекло, Пулевски знаел да каже: „Јас су од деборската држава....“, нагласувајќи го со љубов своето мијачко потекло - подвлекува Николова.

не го е рекол Пулевски
Дичо Зогграф го е рекол

лажго
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 03:08
Супер! Кој си ја има мувата на капата ќе ја брка.
 
Северо-Западна Македонија
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 10:40
сега катони

а пенали дали ке има газење од смеење
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2012 во 21:00

Анкета: Граѓаните против промена на името


Македонците едногласно кажуваат „НЕ“ на прашањето „Постои ли решение за промена на името кое вие би го дозволиле“.

slika-ivana.jpg-500

Република Македонија е единствено решение за граѓаните. Ниту една географска одредница, нито една кратенка или збор, не е прифатливо решение.

Предлогот на неколку опозициски политичари дека Северна Македонија е разумно решение, за граѓаните е дрзок. Велат тоа е почеток на изборна кампања и тие тоа нема да го прифатат.

-Оние кои мислат поинаку, најверојатно имаат некои планови пред изборите. Влезени се во предизборна кампања.

-Името никако не може да се смени!

-За нив може да биде и источна и западна и јужна, но таа е само Република Македонија и готово!

-Северна Македонија не е добро. Се знае кое е нашето име!

Ова се само дел од изјавите на анкетираните граѓани.

За Љубчо Георгиевски, Зоран Заев и Тито Петковски географска одредница како Северна Македонија е прифатлива. За граѓаните не е. Македонците силно го бранат својот идентитет, својата земја и нејзиното име.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2012 во 18:09

Груевски до Грција: Ќе дојдам каде што сакате за разговор за името!


Премиерот Никола Груевски упати директна порака до грчкиот државен врв дека е спремен уште утре да се сретне со нив во каков било состав. Груевски вели дека е време да се тргне негативната енергија настрана и да се сфати дека Македонија има волја за решение на спорот.

„Нека кажат на кое било место што тие ќе го одредат, јас сум подготвен да одам и да разговарам. Ако кажат во Атина, утре одиме во Атина да разговараме за да се надмине спорот и да се најде решение. Ако кажат во Брисел, одиме во Брисел. Ако сакаат во Скопје, во Скопје. Битно е што порано да се седне да се разговара за да се најде решение, наместо да се испраќаат вакви негативни пораки и клевети!“, изјави денеска Груевски и додаде дека е крајно време да се седне и да „најдеме решение, да го надминеме овој спор на задоволство на двете страни, се разбира, во консултација со граѓаните на Македонија, и енергијата да ја насочиме кон тој правец“.

Засега, од Атина нема одговор на иницијативите од македонска страна.

„Доколку Папуљас сето тоа го кажува во смисла на поддршка на македонскиот идентитет, на македонската државност, дека има национален идентитет, тогаш во таква смисла, можам не само да го прифатам тоа што Папуљас го кажува дека сум предводник на македонизмот, туку можам и да го потврдам дека со задоволство сум и ќе бидам, за разлика од некои други политичари во минатото што свесно се прикажуваа и дејствуваа во правец на други држави. Не е ниту срамота, ниту грев за некоја друга држава ако некој премиер си го поддржува идентитетот на сопствениот народ, си го поддржува јазикот, културата, па затоа, не го чувствувам како обвинување тоа што го кажа Папуљас“, одговори Груевски на предупредувањето на грчкиот претседател Папуљас „во Скопје да престанат со македонизмот“.



Изменето од емил - 12.Јули.2012 во 18:10
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2012 во 21:03

Македонската православна црква апелира да се опстои докрај во одбраната на уставното име на нашата држава – Република Македонија, зашто истото за нас, Македонците, претставува смисла и на нашето минато и нашата иднина.

soboren.jpg-500

Овој став е наведен во соопштението од Светиот архиерејски синод на МПЦ, кој денеска одржа седница посветена на јубилејот 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

МПЦ, како што се наведува, ја поддржува мирољубивата и демократска иднина на Република Македонија, а со тоа и секоја заложба и намера на поединец и организација што водат кон интеграција на нашата земја во светските демократски организации, но, секако, според позитивните правила и законските права што важат за секого, а не по цена на губење на сопствениот јазичен, национален, историски и културен идентитет.

- МПЦ не може, а да не ја искаже својата вчудоневиденост и запрепастеност од зачестените изјави на поединци и партии, со кои не само што се удира по јазичниот и национален идентитет на македонскиот народ, туку преку говорењето на невистини до крајни, нечовечки граници, се омаловажува секој труд и секоја жртва на нашите предци, но и на нашите современици, за самостојна и просперитетна Република Македонија. Го повикуваме нашиот народ не само да остане глув на ваквите користољубиво-должнички емисари на пропагандите од 19. век, туку на легитимен, правдољубив и демократски начин да ги „награди“ со конечен заборав и да им го покаже нивното место во свршеното минато. А, најгласниот говорител на нечуените фалсификати и лаги за македонската вистина го повикуваме јавно да и се извини на македонската јавност, стои во соопштението.

Исто така, МПЦ како духовна институција задолжена за моралните вредности кои водат до чување на интегритетот на секој човек, ги повикува сите чинители на политичкиот и медиумскиот простор, достоинствено и во согласност со правилата за коректност и потребна меѓусебна почит да се обраќаат и до своите политички противници и до јавноста, внимавајќи на секој искажан збор.

Православната црква на овие простори, во минатото олицетворена во Јустинијана Прима и Охридската архиепископија, а денес во Македонската православна црква, секогаш била и е духовен, културен, образовен и историски стожер на македонскиот народ, особено во чувањето на јазикот и на националниот и културен идентитет, а секако, и учесник во реализацијата на вековниот стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава и иднина.

Оваа година, Светиот архиерејски синод на МПЦ, заедно со свештенството, монаштвото и своите верници, соопштуваат оттаму, живее во радоста на 45-годишнината од богољубивата и родољубива одлука на нашите предци, богомудрите архиереи и учесници на Третиот црковно-народен собор, одржан на 17 и 18 јули 1967 година во Охрид, кога во храмот посветен на Пресвета Богородица Перивлепта, нашата мајка Црква, канонската и историска наследничка на Охридската архиепископија, беше возобновена нејзината автокефалност.

По тој повод, како што веќе беше објавено, Светиот архиерејски синод, на предлог на епархиите, усвои програма со повеќе манифестации за достојно одбележување на годишнината. Така, на Илинден, во манастирот Пречиста Кичевска ќе бидат канонизирани преподобните маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, убиени во 1558 година, исповедувајќи и бранејќи ја Христијанската православна вера.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2012 во 21:17
Сметам дека за името на државата може да одлучи само македонскиот народ и затоа го респектирам решението на Груевски тоа да биде одлучено на референдум. Со тоа не само што ја отежна или оневозможи можноста ова да биде решено од било кој поединец кој би дошол на позиција тоа евентуално да го стори со само еден потпис на хартијата, туку се оневозможи и себе самиот.

За тоа го има мојот полн респект !

Иако цврсто стојам на ставот дека на црквата не и е местото во политиката, од аспект на бранење и чување на националните и општочовечките права и вредности, го подржувам апелот на Македонската Православна Црква




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2012 во 21:39
и референдумот ке го реши проблемот?
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2012 во 21:48
На нероден Петко капа не се крои.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2012 во 22:12
каде е логиката а каде разумот

очигледно ти имаш некоjа надежа во референдумот

jaс само ставих прашане, ама за чудо jас трпам критикаизненадување

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2012 во 22:31
Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:

каде е логиката а каде разумот


Твојата логика и твојот разум се во твојата глава. Јас немам ништо со тоа.

Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:

очигледно ти имаш некоjа надежа во референдумот

jaс само ставих прашане, ама за чудо jас трпам критикаизненадување



Очигледно ти немаш некоја надеж во референдум и затоа прашуваш дали тој ќе го реши проблемот.

Јас велам дека за овој случај бездруго референдумот е најисправниот избор кој би го задоволил народот, а дали тој ќе го реши или нема да го реши проблемот ќе видиме кога ќе биде донесен.

Ти постави твое прашање, а јас ти го дадов мојот одговор - Не му кројам капа на нероден Петко.


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2012 во 22:43
Нема потреба од референдум или било што . Штом на народот му се допаѓа проектот Скопје 2014 значи и не сака промена во името . Иако ќе продолжи да живее во изолација .
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2012 во 23:48
Не знам која е поврзаноста меѓу проектот Скопје 2014 и името на државата, но народот има потполно право да си ги бира и двете нешта.

И негово право е како ќе се именува, што ќе гради и како ќе си живее. да
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2012 во 17:26
  http://www.youtube.com/watch?feature=endscreen&NR=1&v=vizt5Y-fODg

Gruevski samo JA PRIFAKJA FORMULATA REPUBLIKA MAKEDONIJA (SKOPJE) ... 
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 154155156157158 184>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,563 секунди.