|
Државна матура |
Внеси реплика | страница <1 141516 |
Автор | ||
Set
Нов член Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Парите кои што беа уплатени за прговори од минатата година на оние ученици на кои им беше усвоен приговорот сеуште не им се вратени.
Изменето од Set - 10.Јули.2010 во 18:13 |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали има правна основа да се тужи државата, бидејки децата имаат толку слаби знаења? Мислам дека вината е 90% во професорите. Неможе професорите вечито да се вадат дека децата не сакаат да учат!!!!Ако часот е досаден, кој е крив? |
||
Кој бара ќе најде.
|
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се разбира дека одговорни за слабиот успех се и професорите, но и министерството...и...др..Па нема книги...лоши книги...се и сешто ни се провлекува...
|
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
THEPRINCESS
Сениор Регистриран: 29.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За ваквите слаби резултати се одговорни и професорите и децата. На запад важи тоа дека нема лоши ученици има само лоши професори. Ако професорот не знае правлно да ја предаде лекцијата, не може да го задржи вниманието на ученикот и не успее да го мотивира ученикот да научи, ученикот нема ни да научи. Јас додека учев средно, во цела гимназија имаше само двајца професори од кои буквално се учеше на час, доволно беше дома само еднаш да ја прочиташ лекцијата и се ти е јасно, целата материја ја предаваа преку еден куп интересни примери. За разлика од останатите кои стануваа, ја раскажуваа лекцијата и пак си седнуваа. Али барем мораше да се биде присутен на предавање, и ако сакаш и ако успееш да се сконцентрираш нешто ке ти влезе во главата. На факултет сега е уште полошо, предавањата не се задолжителни, никој не оди, а и да оди тоа што ке го слушне ама буквално истото може да го прочита во учебникот од збор до збор, значи ниту имаш мотивација да одиш на предавање ниту имаш корист од сето тоа.
Но од друга страна ако ученикот не сака да учи, не го интересира една работа, професорот и во главата да му дува џабе е. |
||
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
абе да ти кажам добриот професор знае како да мотивира без да прави циркуси од себе си или оххх, не даj Боже од демотивираните ученици... |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве едно гледање од праксата-непосредните учесници
|
||
Novak Nastich
Сениор Регистриран: 14.Јануари.2012 Локација: Mauzdonia Статус: Офлајн Поени: 364 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
К О П И Љ А Ц И
Средношколците се кренаа на нозе, нова младинска револуција – дрн дрн. Како и секој пат кога средношколците протестирале, од Филипчо па навака, можеме да се увериме дека земја со ваква младина, навистина не треба да се плаши за својата иднина – треба само да се помири со неа. Државната матура е проект кој се планира уште од времето кога јас бев средно. Четири години како ниедна генерација не полага завршен испит иако цело време се работи по нова програма, и тоа само поради моронски пропусти во законот и неподготвеност од страна на Министерството. И за сите овие четири години шуткање и држ не дај расположение према матурата, сегашниве средношколци „не биле информирани дека може да полагаат матура„. Па да земеме и да ги информираме сегашните првооделенци, за да почнат да се спремаат со време, да не испадне кога ќе дојдат четврта средно да протестираат „Од каде да знам да читам? Никој не ни кажа дека ќе имаме матура за тоа.„ А до тогаш, факултетите нека функционираат како фитнес клубови – кој сака бујрум нека се запише, потребна е само малку волја за студирање и кеш за годишна чланарина. Наместо да протестираат средношколците зошто НЕМА државна матура, врз чија основа објективно ќе може да се оценат знаењата, да се спуштат на земја татините синчиња со поклонети оценки, да се спречи масовното бубање пред приемен поради тоа што знаеш дека еден единствен изгубен поен може да те чини цела партиципација на Правен, како што е во цел свет, нашиве ќутуци – сосема обраното. Зошто е тоа така, не е тешко да се погоди. За разлика од минатите години кога дозволуваа да бидат политички изманипулирани само поради пуста желба за губење часови, овој пат мора да се признае, се работи за нешто повеќе од тоа. Овој пат е во нивен интерес да не се полага матура, затоа што така нема да има припреми, нема да мора пред никого да го оправдаат своето (не)знаење, најнакрај некој друг им ја плаќа партиципацијата. Кога можеа оние пред нас да се измолкнат, што па ние мулиња да полагаме, така? Некаде почеток на јуни кога стопирав со еден другар кај Маврово, не качи едно комби што ги носеше наставниците (од основно) до едно од тамошните села, па имавме прилика да го слушаме мошне живиот разговор што се разврза по повод „делењето книшки„. Наставничката по ликовно му беше ставила единица на извесен Адмир затоа што не и ги донесол сите цртежи. Истиот тој Адмир го беа почастиле со по уште 2-3 кеца и другите наставници, исто така бидејќи не работел. Сега, можеби детето е шупка, ама селско дете, си ги тера говедата по планините, башка сите рекоа дека бил мирен. Адмир нема да стане веројатно интелектуалец, ама п**ка ви матер педагошка, толку ли не можете едно двојче по ликовно да му пишете па да си биде говедарче детето на рает со мочана диплома од основно (ако има такви воопшто). Истовремено, во мое одделение основно заврши едно дете што вадеше нож на наставници и што буквално ги расплакуваше на час. Е, зборот ми е, двојни стандарди, врски, катил професори со стандардизираната државна матура веќе нема да го имаат решавачкиот збор, барем при уписи на факултет. Поегалитаристички концепт од ова – здравје! Ама нашиве, глава ставам, не ни знаат што е тоа „егалитаријанизам„. Еве како се правдаат средношколците, зошто не требало да полагаат матура: - „Проблем е што работиме по застарена програма, со учебници од поранешна Југославија.„ Булшит. Програмата е сменета веќе 7 години, исто и учебниците, барем формално и содржински. (суштински, што мозоците на професорите се одлично конзервирани, е друг проблем) - „Не сме подготвени.„ -Сестро, сега е септември, ти ќе полагаш во јуни. За тоа време докторски десертации се прават. Ако не си подготвена, и ако ти треба побајаги време, колку и за излегување во град што ти треба, почни си со учење уште од сега. Се чувствувам некако поубаво кога ќе знам дека утре ќе ме лечи стручно подготвен доктор, кој учел за доктор оти го бивало, а не оти благодарение на некоја генерациска карма се запишал на факултет од што не знаел што со себе. Копиљаци. Толку. Нема завршна реч |
||
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А зошто воопшто има "Државна матура" ?
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mkaculacki
Нов член Регистриран: 10.Јуни.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На листот од матурата во кој требаше да се обојат точните одговори јас место пенкало користев молив,сето останато во матурата ми е напишано со пенкало, има ли шанси машината која ги чита одговорите да го прочита обоеното со молив ? или ке треба да преполагам во август или пак дали жалбата која ке ја поднесам ке ми биде прифатена ? Однапред ви благодарам
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dobro be ne bi kazaa deka treba so penkalo
|
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
mkaculacki
Нов член Регистриран: 10.Јуни.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Това веке помина што помина ...... тестаторот ништо не кажа а и на листот пишувало моја вина си е .... Сега ме интересира какви ми се шансите ? Благодарам :)
|
||
Внеси реплика | страница <1 141516 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |