IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Какви чувства во вас буди поимот СМРТ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Какви чувства во вас буди поимот СМРТ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
Автор
Порака
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 16:47
Што е смртта? Зошто умирање? Колку и некогаш да сум ја барала смислата, колку и некогаш да сум се согласувала со сите филозофски изјави кој досега ги имам прочитано, кога некој близок заминува се се менува и ништо во тие мигови не помага. Сите тие филозофии паѓаат во вода.

Досега имам изгубено 3 значајни личности во мојот живот, 3 многу значајни личности за кои што многу ретко зборувам, 3 личности на кои што кога и да ми текне ми се наметнува прашањето - дали треба повторно толку силно да сакам некого затоа што загубата после премногу боли, цената се чини превисока. Преку тие 3 случаи ја гледам неправедноста или сеуште сум на некое ниско духовно ниво за да можам да ја извлечам позитивната страна од сето ова. 

Самиот поим смрт ме става пред една раскрсница каде што се поделувам на две... Едната страна ми вели: Не зближувај се повторно, не поврзувај се силно со луѓето, не вреди, сети се на превисоката цена која што на крајот ја плати веќе три пати. Еднаш за малку не побудале. Другата страна ми вели: Сети се како ја оплеска последниот пат. Земи научи нешто од овие три немили настани и работите кои што ги сакаш негувај ги како да ги гледаш за последен пат затоа што не знаеш утре што ве чека, што ќе ве испречи на патот, што ќе ве оддели еден од друг. 
Кај и да појдам се чини погрешно. Веќе емотивно сакам неколку луѓе толку многу силно, тоа се блиски пријатели кои што не сакам да ги изгубам, но тоа некогаш ќе се случи, или тие ќе ме изгубат мене или јас нив. Можеби смртта е нешто каде што душите некаде наоѓаат мир, но самиот поим смрт не вознемирува сите нас затоа што разделбата е таа што секогаш боли. Губењето на секаков можен контакт. Се надевам само дека нема да станам параноична затоа што сум крајно многу вознемирена. 

Веќе знам по кој пат сакам да тргнам, само што многу се плашам... па затоа извесно време ќе постојам на нултата дур не помине бурата во мене. 
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 20:10
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Што е смртта? Зошто умирање?

Многу едноставно - смртта е момент на престанување на функционирање на материјалното тело.
Умирањето е затоа што с'е што се раѓа секогаш умира. Само вечното ниту се раѓа, ниту умира. 




Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Колку и некогаш да сум ја барала смислата, колку и некогаш да сум се согласувала со сите филозофски изјави кој досега ги имам прочитано, кога некој близок заминува се се менува и ништо во тие мигови не помага. Сите тие филозофии паѓаат во вода.

Паѓаат во вода затоа што не се вистинити. Тие се создадени од човека за да си даде тешење или некакво "рационално" објаснување подруго од вистината... бидејќи вистината не му се допаѓа. Човекот се поистоветува со материјалното тело и умирањето на тоа тело го доживува како свое умирање, свое исчезнување.


Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Досега имам изгубено 3 значајни личности во мојот живот, 3 многу значајни личности за кои што многу ретко зборувам, 3 личности на кои што кога и да ми текне ми се наметнува прашањето - дали треба повторно толку силно да сакам некого затоа што загубата после премногу боли, цената се чини превисока. Преку тие 3 случаи ја гледам неправедноста или сеуште сум на некое ниско духовно ниво за да можам да ја извлечам позитивната страна од сето ова. 

Самиот поим смрт ме става пред една раскрсница каде што се поделувам на две... Едната страна ми вели: Не зближувај се повторно, не поврзувај се силно со луѓето, не вреди, сети се на превисоката цена која што на крајот ја плати веќе три пати. Еднаш за малку не побудале. Другата страна ми вели: Сети се како ја оплеска последниот пат. Земи научи нешто од овие три немили настани и работите кои што ги сакаш негувај ги како да ги гледаш за последен пат затоа што не знаеш утре што ве чека, што ќе ве испречи на патот, што ќе ве оддели еден од друг. 
Кај и да појдам се чини погрешно. Веќе емотивно сакам неколку луѓе толку многу силно, тоа се блиски пријатели кои што не сакам да ги изгубам, но тоа некогаш ќе се случи, или тие ќе ме изгубат мене или јас нив. Можеби смртта е нешто каде што душите некаде наоѓаат мир, но самиот поим смрт не вознемирува сите нас затоа што разделбата е таа што секогаш боли. Губењето на секаков можен контакт. Се надевам само дека нема да станам параноична затоа што сум крајно многу вознемирена. 

Веќе знам по кој пат сакам да тргнам, само што многу се плашам... па затоа извесно време ќе постојам на нултата дур не помине бурата во мене. 

Љубењето (сакањето) од потреба не е љубење (сакање).

Ако се зближуваш затоа што добиваш нешто што ти недостасува или ти треба, тогаш значи сакаш од потреба. Затоа се зближуваш и инвестираш со своето време, емоции и желби. Кога таквата личност ќе ја изгубиш тогаш чувствуваш празнина од губитокот на својата инвестиција.  

Затоа се прашуваме "дали вреди" да се зближуваме и да се поврзуваме со другите луѓе.

Ако веќе се прашуваме дали "вреди" или дали "не вреди" значи дека говориме за некаква трампа или трговија, за некакво инвестирање или вложување.

А тоа не е сакање.

Затоа го чувствуваш оноа што го чувтсвуваш и затоа се прашуваш дали вреди истото да го направиш и друг пат.

Оти ако се работи са сакање и љубење како вишок од енергија која излага доброволно од тебе кон другиот тогаш нема да си ги поставуваш прашањава и да се ставаш во дилеми.







Изменето од Messenger - 30.Мај.2012 во 20:23
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 20:28
Види Месенџер, јас пак ќе напоменам.. овие случувања ми се на мене тазе и зарем не е природно да се наметнуваат одреден тип на прашања? Второ, да, имам потреба од луѓето и им давам на луѓето кога имаат потреба од мене. Тоа се нарекува размена. Сме биле многу блиски и нема ни простор, нема сантим место мене некој да ми каже дали јас некого сум сакала од се срце или не. Кој е тој што нема некогаш потреба од пријателите, родителите, било кој во животот? Тоа е нормална појава, природна појава и нормално дека ми треба... Со нејзе сум се смеела, со нејзе сум плачела, сум кршела јазик на англиски и да, ми треба тоа назад... па само недела дена помина. Што има погрешно во сето тоа? Ќе ми фалат секогаш, и ќе ми требаат, што има погрешно во сето тоа и што го прави тука мојот начин на љубење дискфалификуван? М? Не, нема да се лишам од љубовта тоа сум сто посто сигурна, но додека трае овој шок за мене ми треба да бидам дистанцирана, и пак ќе напонемам, нормален процес, процес кој не трае вечно, туку психата, организмот, душата, што и да е си зазема одбранбен став додека да се соземам. Не знам како ќе се справувам со ваквите случки кога ќе имам 50/60/70 години и кога ќе ми се смени целиот концепт на тоа како ќе гледам на работите, но сега имам 23 години и така знам, толку знам, до тука се стигнати моите знаења не знам поинаку. Ќе научам, ама не е ни место ни време да ми кажува некој, било кој дали мојата љубов е помалку од љубовта на некој што се води по некоја дефиниција. Како заминувањето на блиска особа е еднакво на изедувањето на една бисквита. Јас нема да се удавам во ова, ама те молам... можеби си и покомпетентен да зборуваш за теорија и пракса на љубовта од било кој овде, но јас знам што сум чувствувала и што чувствувам, кој како сака нека го нарече тоа.
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 20:35
Не реков дека не знаеш што чувствуваш, туку ти објаснив зошто ставаш цена и вредност на сакањето.
И тоа не го реков за да те повредам или да те омаловажам , туку да ти помогнам со разбирање на феноменологијата на твоето чувствување и размислување.

Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

 дали треба повторно толку силно да сакам некого затоа што загубата после премногу боли, цената се чини превисокаПреку тие 3 случаи ја гледам неправедноста или сеуште сум на некое ниско духовно ниво за да можам да ја извлечам позитивната страна од сето ова. 

Самиот поим смрт ме става пред една раскрсница каде што се поделувам на две... Едната страна ми вели: Не зближувај се повторно, не поврзувај се силно со луѓето, не вреди, сети се на превисоката цена која што на крајот ја плати веќе три пати. Еднаш за малку не побудале. 

Извини ако очекуваше утеха, а јас наместо тоа ти нанесов бол.  тага






Изменето од Messenger - 30.Мај.2012 во 20:40
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 20:44
Нема зошто да ми се извинуваш. Јас сум таа што треба да ти се извини за дрскоста во мојот пост.

Одам да си ги зауздам малку емоцииве, не ја бива вака.


Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 22:13
Се сложувам со она што Messenger го објасна за сакањето.Еkszi88 погрешно свати....
Какви чувства и помисли буди поимот смрт кај старите луѓе .Обично ,невозвратената љубов кај старите и одминатите години,кои не гледаат надеж во животот,ги прави злобни спрема останатите.Затоа и почесто меѓу старите може да се види злоба,љубомора,очај,омраза...
Младите иако се неуспешни,сепак не очајуваат,затоа што имаат надеж за успех во животот.Затоа и немаат толку злоба...
Ете така некои работи јас ги гледам,за чувствата кои ги добиваат луѓето при помислата на смртта.

Изменето од goran-twin - 30.Мај.2012 во 22:14
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 22:16
На папир нештата се секогаш така и кога ни е поарно во душата тие работи се функционални и во праксата. Тоа го знам. Ама секогаш постојат вонредни состојби каде што тоа на папир не ваља баш.
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2012 во 01:53
И уште многу боли. Не многу туку премногу.тага Одам да се стационирам у кревет и не мрдам до сабајле. Ми треба одмор од СЕ сршено срце

Изменето од ekszi88 - 31.Мај.2012 во 01:54
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2012 во 18:35
zavrseno patuvajne,svajcajne na sustinata va vrednosta na svetot, custvuvajne kako se si izziveal iako se zborceto ni oznacuva beskonecnost.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2012 во 21:28
Смртта значи дека се’ што сум правел, можело и да не сум го направил  голема насмевка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.