|
Какви чувства во вас буди поимот СМРТ? |
Внеси реплика | страница <1 151617 |
Автор | |||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Што е смртта? Зошто умирање? Колку и некогаш да сум ја барала смислата, колку и некогаш да сум се согласувала со сите филозофски изјави кој досега ги имам прочитано, кога некој близок заминува се се менува и ништо во тие мигови не помага. Сите тие филозофии паѓаат во вода.
Досега имам изгубено 3 значајни личности во мојот живот, 3 многу значајни личности за кои што многу ретко зборувам, 3 личности на кои што кога и да ми текне ми се наметнува прашањето - дали треба повторно толку силно да сакам некого затоа што загубата после премногу боли, цената се чини превисока. Преку тие 3 случаи ја гледам неправедноста или сеуште сум на некое ниско духовно ниво за да можам да ја извлечам позитивната страна од сето ова. Самиот поим смрт ме става пред една раскрсница каде што се поделувам на две... Едната страна ми вели: Не зближувај се повторно, не поврзувај се силно со луѓето, не вреди, сети се на превисоката цена која што на крајот ја плати веќе три пати. Еднаш за малку не побудале. Другата страна ми вели: Сети се како ја оплеска последниот пат. Земи научи нешто од овие три немили настани и работите кои што ги сакаш негувај ги како да ги гледаш за последен пат затоа што не знаеш утре што ве чека, што ќе ве испречи на патот, што ќе ве оддели еден од друг. Кај и да појдам се чини погрешно. Веќе емотивно сакам неколку луѓе толку многу силно, тоа се блиски пријатели кои што не сакам да ги изгубам, но тоа некогаш ќе се случи, или тие ќе ме изгубат мене или јас нив. Можеби смртта е нешто каде што душите некаде наоѓаат мир, но самиот поим смрт не вознемирува сите нас затоа што разделбата е таа што секогаш боли. Губењето на секаков можен контакт. Се надевам само дека нема да станам параноична затоа што сум крајно многу вознемирена.
Веќе знам по кој пат сакам да тргнам, само што многу се плашам... па затоа извесно време ќе постојам на нултата дур не помине бурата во мене. |
|||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Многу едноставно - смртта е момент на престанување на функционирање на материјалното тело. Умирањето е затоа што с'е што се раѓа секогаш умира. Само вечното ниту се раѓа, ниту умира.
Паѓаат во вода затоа што не се вистинити. Тие се создадени од човека за да си даде тешење или некакво "рационално" објаснување подруго од вистината... бидејќи вистината не му се допаѓа. Човекот се поистоветува со материјалното тело и умирањето на тоа тело го доживува како свое умирање, свое исчезнување.
Љубењето (сакањето) од потреба не е љубење (сакање). Ако се зближуваш затоа што добиваш нешто што ти недостасува или ти треба, тогаш значи сакаш од потреба. Затоа се зближуваш и инвестираш со своето време, емоции и желби. Кога таквата личност ќе ја изгубиш тогаш чувствуваш празнина од губитокот на својата инвестиција. Затоа се прашуваме "дали вреди" да се зближуваме и да се поврзуваме со другите луѓе. Ако веќе се прашуваме дали "вреди" или дали "не вреди" значи дека говориме за некаква трампа или трговија, за некакво инвестирање или вложување. А тоа не е сакање. Затоа го чувствуваш оноа што го чувтсвуваш и затоа се прашуваш дали вреди истото да го направиш и друг пат. Оти ако се работи са сакање и љубење како вишок од енергија која излага доброволно од тебе кон другиот тогаш нема да си ги поставуваш прашањава и да се ставаш во дилеми. Изменето од Messenger - 30.Мај.2012 во 20:23 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Види Месенџер, јас пак ќе напоменам.. овие случувања ми се на мене тазе и зарем не е природно да се наметнуваат одреден тип на прашања? Второ, да, имам потреба од луѓето и им давам на луѓето кога имаат потреба од мене. Тоа се нарекува размена. Сме биле многу блиски и нема ни простор, нема сантим место мене некој да ми каже дали јас некого сум сакала од се срце или не. Кој е тој што нема некогаш потреба од пријателите, родителите, било кој во животот? Тоа е нормална појава, природна појава и нормално дека ми треба... Со нејзе сум се смеела, со нејзе сум плачела, сум кршела јазик на англиски и да, ми треба тоа назад... па само недела дена помина. Што има погрешно во сето тоа? Ќе ми фалат секогаш, и ќе ми требаат, што има погрешно во сето тоа и што го прави тука мојот начин на љубење дискфалификуван? М? Не, нема да се лишам од љубовта тоа сум сто посто сигурна, но додека трае овој шок за мене ми треба да бидам дистанцирана, и пак ќе напонемам, нормален процес, процес кој не трае вечно, туку психата, организмот, душата, што и да е си зазема одбранбен став додека да се соземам. Не знам како ќе се справувам со ваквите случки кога ќе имам 50/60/70 години и кога ќе ми се смени целиот концепт на тоа како ќе гледам на работите, но сега имам 23 години и така знам, толку знам, до тука се стигнати моите знаења не знам поинаку. Ќе научам, ама не е ни место ни време да ми кажува некој, било кој дали мојата љубов е помалку од љубовта на некој што се води по некоја дефиниција. Како заминувањето на блиска особа е еднакво на изедувањето на една бисквита. Јас нема да се удавам во ова, ама те молам... можеби си и покомпетентен да зборуваш за теорија и пракса на љубовта од било кој овде, но јас знам што сум чувствувала и што чувствувам, кој како сака нека го нарече тоа.
|
|||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не реков дека не знаеш што чувствуваш, туку ти објаснив зошто ставаш цена и вредност на сакањето. И тоа не го реков за да те повредам или да те омаловажам , туку да ти помогнам со разбирање на феноменологијата на твоето чувствување и размислување.
Извини ако очекуваше утеха, а јас наместо тоа ти нанесов бол. Изменето од Messenger - 30.Мај.2012 во 20:40 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нема зошто да ми се извинуваш. Јас сум таа што треба да ти се извини за дрскоста во мојот пост.
Одам да си ги зауздам малку емоцииве, не ја бива вака. |
|||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се сложувам со она што Messenger го објасна за сакањето.Еkszi88 погрешно свати....
Какви чувства и помисли буди поимот смрт кај старите луѓе .Обично ,невозвратената љубов кај старите и одминатите години,кои не гледаат надеж во животот,ги прави злобни спрема останатите.Затоа и почесто меѓу старите може да се види злоба,љубомора,очај,омраза... Младите иако се неуспешни,сепак не очајуваат,затоа што имаат надеж за успех во животот.Затоа и немаат толку злоба... Ете така некои работи јас ги гледам,за чувствата кои ги добиваат луѓето при помислата на смртта. Изменето од goran-twin - 30.Мај.2012 во 22:14 |
|||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На папир нештата се секогаш така и кога ни е поарно во душата тие работи се функционални и во праксата. Тоа го знам. Ама секогаш постојат вонредни состојби каде што тоа на папир не ваља баш.
|
|||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И уште многу боли. Не многу туку премногу. Одам да се стационирам у кревет и не мрдам до сабајле. Ми треба одмор од СЕ
Изменето од ekszi88 - 31.Мај.2012 во 01:54 |
|||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|||
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
zavrseno patuvajne,svajcajne na sustinata va vrednosta na svetot, custvuvajne kako se si izziveal iako se zborceto ni oznacuva beskonecnost.
|
|||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Смртта значи дека се’ што сум правел, можело и да не сум го направил
|
|||
Внеси реплика | страница <1 151617 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |