|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 8788899091 157> |
Автор | |
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мажот Рак често размислува како би било кога би имал ”паралелна врска”. Тој сака само малку да проба од забранетото овошје и само ако премногу му се допадне ќе оди до крај. ......vnimanieeeeeeeee |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
zverka_
Сениор Регистриран: 11.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6604 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немирниот дух и широкиот круг на пријатели и даваат на жената родена во Близнаци многу шанси за авантури. Може да биде верна до крајот на животот ако наиде на интелигентен и таинствен партнер кој ќе умее да и го задржи вниманието.........hehehe....voopsto ne e daleku od vistinata.......
|
|
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што вели астролошкиот знак за пријателството?
Кој е каков пријател, верен, злопамтило или забавен? Во разоткривањето може да ви помогне хороскопот. Овенот е импулсивен, жесток и правдољубив... Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Скорпија
Скорпијата никој не ја сака како непријател, но ако ви е пријател, сметајте на безгранична приврзаност. Ако на Скорпијата и доверите тајна, тоа никогаш нема да го злоупотреби. Кога ќе ја изневерите, лошо му се пишува на тој која што ја разочарал. |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овие па шкорпии само се чаламат...
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оваа година јуни има 5 петоци, 5 саботи и 5 недели.
Според моето пророштво во текот на јуни ќе биде крај на светот.
не знам точно кој ден, ќе дознаете тогаш.
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не зезај ,пак?
Да видам ,не верувам! |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Замисли кога ќе им раскажуваме на нашите внуци колку краеви на светот проживеавме само
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Водолија
Водолијата за пријателите секогаш има оправдување. Пријателствата ги склопува лежерно. Му помага на пријателот и ја снемува, не очекува благодарност затоа што е благороден знак. |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индиски хороскоп
Индискиот хороскоп се смета дека е повеќе точен од западниот, затоа што точката на прецесија се поместува наназад за околу 23 степени, со што се менува подзнакот и владеењето на планетите. Mesha (овен) – АмбицијаОвој знак е кардинален, машки и подвижен. Познат е уште како знак на жртвување. Луѓето родени во овој знак лесно ги завршуваат дадените задачи. Сериозни се и секогаш го реализираат тоа што ќе го замислат. Нивната ментална сила ги прави многу амбициозни. Имаат смисла за иницијатива и затоа се едни од најдобрите водачи. Љубовта не ја сфаќаат сериозно на почетокот, но со текот на времето стануваат верни. Vrishabha (бик) – Големо срцеБикот е земјен, женски и фиксен знак. Родените во знакот на бикот се храбри и љубезни. Знаат да бидат и многу дарежливи, посебно кога не се под притисок од другите. Способни се да го носат „товарот“ на околината. Комуникативни се и немаат проблем со изразувањето во јавност. Не поднесуваат немарност и површност. Кај другите најмногу ја ценат довербата. Полни се со љубов и копнеат по романтика. Биковите се едни од најверните знаци во љубовта. Mithuna (близнаци) – ХуморВо индиската астрологија, Близнаците се променлив, машки и двоен знак. Вредни се, но сакаат да наредуваат. Заради двојноста на знакот, сè што прават е со двојно поголема енергија. Заради нивната двојна природа, карактеристиките на родените во овој знак се спротивни едни на други. Љубопитни се и постојано прашуваат. Нивна главна карактеристика е хуморот, кој го користат како средство за заведување. Во љубовта важат за најнеодолив знак. Kataka (рак) – ЧувствителностОвој знак е кардинален, женски и подвижен знак, кој се поврзува со ноќта и водата. Родените во овој знак имаат повеќе таленти, но потребно им е соодветно образование, за да ги развијат. Имаат неверојатна интелигенција и брзо учат. Истовремено се чувствителни и таинствени. Најважно им е семејството. Во љубовта се многу интуитивни, но се плашат дека ќе бидат оставени од партнерот. Simha (лав) – НепопустливостЛавот е фиксен, огнен и машки знак. Родените во знакот на лавот важат за бесни луѓе. Дарежливи се, симпатични и доста привлечни за спротивниот пол. Во состојба се целото внимание да им го посветат на другите. Емотивни се и интуитивни. Сакаат да уживаат во раскош. Парите им се многу важни. Во борбите не попуштаат додека не победат. Многу се горделиви и не поднесуваат рамнодушност. Во љубовта се шармантни, но не се секогаш верни. Kanya (девица) – Ја следи својата мисијаВо индиската астрологија, девицата е женски, ноќен и земјен знак. Родените во овој знак се педантни и методични. Се сметаат за големи исцелители затоа што нивните раце поседуваат магнетна моќ на исцелување. Постојано се грижат за другите. Сакаат да читаат и да се образуваат во склад со нивните амбиции. Љубезни се, но и строги. Не поднесуваат неверство. Прво се одлучуваат за заеднички живот, а потоа за брак. Tula (вага) – ПриврзаностОвој знак е кардинален, воздушен, дневен, подвижен и машки. Вагата како знак се поврзува со човековата прогресивност. Луѓето родени во овој знак се енергични, амбициозни и дарежливи. Ако им се случи нешто лошо, брзо закрепнуваат. Се занимаваат со пресметки и интриги. Друштвени се и најсреќни се кога се во друштво на пријателите. Не поднесуваат прекини во работењето. Заради нивната хуманост, често не ги согледуваат туѓите замки. Vrisciha (скорпија) – Водна струјаСкорпијата е фиксен, ноќен и воден знак. Овој знак е во сојуз со големите сили на океаните. Родените во овој знак шират позитивни вибрации што им дава голема виталност преку електро-магнетните влијанија. Важат за спиритуални луѓе и заради тоа се посветени да му помогнат на човештвото. Во индиската астрологија, со овој знак владее богот Шива, познат по тоа што уништува за да изгради нешто подобро. Припадниците на овој знак се доста активни. Во љубовта не ги покажуваат чувствата и ризикуваат да го искомплицираат односот со партнерот. Dhanus (стрелец) – ОптимизамВо индиската астрологија, стрелецот е огнен, дневен и машки знак. Родените во овој знак точно знаат што сакаат и лесно ја постигнуваат целта. Се занимаваат со окултното, а многу од нив имаат тенденција да станат пророци. Постојано се зафатени со нешто. Полни се со ентузијазам и оптимизам. Постојано ризикуваат со парите. Ги привлекуваат поинакви личности и затоа често се заљубуваат во странци, подготвени да започнат нов начин на живеење. Makara (јарец) – Труд и настојувањеОвој знак е женски, ноќен и променлив. Родените во овој знак се длабоки мислители и природни оратори. Сакаат постојано да го зголемуваат својот интелект. Вредни се и способни истовремено да прават неколку работи, поради што често се заморуваат. Кај нив ништо не е случајно. Многу од нив созреваат рано, но целосната независност ја постигнуваат кога ќе бидат финансиски сигурни. Сигурноста во сопствените чувства, партнерот може да ја протолкува како знак на строгост. Kumbha (водолија) – СлободаВодолијата е машки и фиксен знак, што се поврзува со душата, памтењето и дифузните знаења. Родените во овој знак се истовремено најсилните и најслабите луѓе. Природно се надарени со големи можности и се сметаат за духовни исцелители. Ја сакаат сопствената слобода, но ја почитуваат и туѓата. Пријателите се нивно засолниште. Во љубовта важат за срамежливи и ретко го прават првиот чекор. Mina (риби) – ВоздржаностВо индиската астрологија, рибите се ноќен, женски и воден знак. Нивната љубов е длабока и скриена. Тие по природа се љубовници кои живеат во царството на душата. Верни се на своите пријатели и постојано ги бранат, без разлика дали се во право или не. Имаат потреба да го изразат својот талент, но ретко добиваат шанса за тоа. Воздржани се, но успеваат да ги привлечат другите со својата таинственост. Живеат од и за љубов. |
|
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SOTZ (27.02 – 17.03)Припадниците на овој знак се склони кон секакво претерување. Романтични се и имаат бујна фантазија. Познати се како уметнички души, но знаат „да летаат во облаци“ и да бидат егоисти. Се дружат со определени луѓе, но во никого немаат целосна доверба. Ситничари се и туѓите совети не допираат до нив. Сè примаат со резерва и никогаш не се целосно опуштени. Заради тврдоглавоста може да бидат осамени. Упорни се и подготвени на секаква жртва за да ја постигнат целта. Во љубовта се авторитативни, сакаат да доминираат, но затоа се и верни и посветени. |
|
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Храната и хороскопските знаци
Астролозите наведуваат дека секој хороскопски знак има одредени навики на хранење, свој специфичен начин на приготвување на храната и преференции кон одреден тип на јадења. Додека едни сметаат дека јадењата треба да бидат традиционални и приготвени по рецептите од нашето поднебје, други обожаваат да експериментираат со нови и егзотични специјалитети, трети, пак, јадат сè што ќе им се постави на трпезата и не се многу пребирливи. Дознајте каков е односот на претставниците на различните хороскопски знаци кон храната. ОВЕН Овните ја сакаат храната жешка, пикантна и брза. Тие немаат време за долги оброци, затоа што постојано се зафатени и растрчани на сите страни. Освен тоа, не сакаат залудно да си го губат времето, па имаат лоша навика да јадат многу брзо, од „на нога“ и недоволно ја џвакаат храната. Сакаат да ги споделуваат оброците, а мразат да јадат сами. Поради нивната динамичност препорачливо е да внесуваат храна богата со калории. Огнената природа на овенот влијае при изборот на зачини – колку полути, толку повкусни. Па, ако не сте љубители на лутото, нивните јадења нема да го задоволат вашиот вкус. Овните имаат голем апетит и сакаат да експериментираат со храната. Лошото е што понекогаш не внимаваат што консумираат, па тоа може да биде причина за појава на здравствени проблеми. Совет: Јадете ја храната бавно и избегнувајте алкохолни пијалаци. БИК Биковите се вистински гастрономи. За нив е карактеристично што имаат голем апетит и што знаат на посебен начин да го ценат сетилото за вкус и да уживаат во храната. Независно што јадат, го сакаат во големи количини и никогаш не штедат кога станува збор за квалитет. Само најдоброто може да ги задоволи максимално. Држењето диета е вистинско измачување за нив, а готвењето – вистинско задоволство. Од претставниците на овој знак може да научите многу нови рецепти и несекојдневни комбинации на вкусови. Најголем предизвик им е да се откажат од јадењето на слатка и чоколадна храна. Родените во овој знак не сакаат да бидат вознемирувани додека јадат, бидејќи сакаат да се чувствуваат релаксирано и пријатно. Ако излегувате со претставник на знакот бик, веројатно ќе ве одведе во ресторан со богато мени и одлична храна. Доколку разговарате со бик за здрава исхрана, тој многу лесно ќе ве убеди дека не постои нездрава храна и дека сè е корисно за телото ако е приготвено на правилниот начин. Совет: Не претерувајте со слатките. Обидете се да ги замените со благо овошје. БЛИЗНАЦИ Близнаците не се меѓу личностите кои страдаат од вишок на килограми, затоа што никогаш не ги празнат чиниите целосно. За нив е поважно да каснат малку и што побрзо, за да имаат повеќе време за добар разговор. Мразат да јадат сами, обожаваат друштво на трпезата. Ако сте на иста маса со претставник на близнаци, бидете сигурни дека во ниту еден момент нема да ви е здодевно – нивните зборови се хипнотизирачки. Можеби јадењето не им е од омилените активности, но затоа пак готвењето им е особено привлечно. Кујната е местото каде знаат да ја покажат својата креативност, талентот за комбинирање на состојките и храброста за експериментирање. Дури и најголемите традиционалисти не можат да ѝ одолеат на храната приготвена од претставник на знакот близнаци. Разнообразната храна е задолжителна на нивното мени. Се смета дека близнаците најретко страдаат од заболувања предизвикани од консумација на нездрава храна. Совет: Избегнувајте го внесувањето на големи количества алкохол и мрсна храна за да немате проблеми со стомакот. РАК Раковите се надалеку познати по нивните кулинарски вештини, па често меѓу нив има професионални готвачи, сопственици на ресторани, но и одлични домаќини кај кои секој би сакал да престојува. Ја обожаваат домашната храна, приготвена по рецептот на баба. Секогаш купуваат скапи, но квалитетни намирници и затоа на нивните специјалитети никој не може да им одолее. Претставниците на знакот рак се склони да јадат брзо, дури и по малку агресивно и мразат да ја делат својата порција. Нивна лоша страна е што не се грижат за сопственото здравје и често се прејадуваат, особено кога се нервозни. Поради нивниот чувствителен стомак често треба да го контролираат својот огромен апетит. Од друга страна, пак, раковите се одлично друштво на трпезата. Тие секогаш инспирираат со приказните за своите специјалитети, рецепти, потеклото на храната итн. Совет: Контролирајте го апетитот кога сте нервозни. ЛАВ Лавовите се љубители на скапата храна, приготвена од најквалитетни состојки. Ја користат секоја можност за оброк во луксузен ресторан, кој ќе придонесе да се чувствуваат како потомци на кралско семејство. Многу се дисциплинирани кога станува збор за исхраната и имаат изградено свои навики од кои не отстапуваат. Најчесто јадат брзо, но никогаш сами. Обожаваат кога трпезата е исполнета со познати лица и блиски личности, затоа што така се чувствуваат најпријатно. Претставниците на овој знак не сакаат да готват, но кога го прават тоа, го прават од срце. Среќни се кога гледаат дека нивните специјалитети мамат насмевки на лицата на најблиските. Лавовите се склони кон болести на срцето, па треба да внимаваат на начинот на приготвување на храната, особено на месото од кое никогаш не се откажуваат. Совет: Внесете повеќе овошје и зеленчук во вашата исхрана и намалете ги оброците кои вклучуваат месо. ДЕВИЦА Девиците имаат премногу чувствителен стомак, па препорачливо е да внимаваат што ставаат в уста. За среќа, тоа не е многу тешко за пребирливите девици за кои е карактеристичен рационалниот начин на хранење. Ако постои знак кој може да биде на диета без ниту еднаш да подлегне на искушението да мами, тоа сигурно е девицата. Бавниот метаболизам е уште еден проблем на девиците, па треба да внесуваат храна која лесно се вари. Претставниците на овој знак прават волшепства во кујната. Не експериментираат со нови производи и зачини, но никој не може да им одолее на нивните превкусни јадења. Девиците по природа се многу штедливи, но не и кога станува збор за храна. Неодоливиот вкус им е поважен од цената. Мразат да фрлаат храна, дури и кога станува збор за остатоци, па мисијата да приготват Нешто од Ништо им е секогаш успешна. Совет: Хранете се со лесна и здрава храна за да ги избегнете тегобите во стомакот. ВАГА Вагите се љубители на храната. Секој оброк за нив е празник, па не пропуштаат да каснат сè што им стои на располагање – салата, предјадење, главно јадење... ако си помисливте дека тоа е сè, се лажете. Невозможно е вагите да го пропуштат десертот. Речиси сите претставници на овој знак се зависни од чоколадо и благи работи, па побрзо би се откажале од главното јадење отколку од слаткото задоволство кое доаѓа на крајот од оброкот. На вагите особено им е важен естетскиот изглед на храната и трпезата. Ако некогаш видите совршено декорирана маса, верувајте дека тоа е дело на вага. Имаат одлични дизајнерски способности и прават декорации кои го мамат погледот. Обожаватели се на доброто сортно вино, особено црвеното. Сакате да ги изненадите? Не се обидувајте да го сторите тоа со обични јадења како пица, омлет... Внимателно изберете отмен гурмански ресторан кој ќе го задоволи нивниот префинет вкус. Совет: Не ја задоволувајте секогаш желбата за поткаснување чоколадо ако сакате да ја одржите добрата фигура.ШКОРПИЈА Претставниците на овој знак се љубители на калоричната храна, често огладнуваат и јадат кога ќе посакаат, па дури и во текот на ноќта. Празниот фрижидер лесно може да ги изнервира, а отсуството на зачини буквално ги вади од такт. Овие љубители на зачините се одлични готвачи токму поради нивната способност истите умешно да ги комбинираат. Ако некој хороскопски знак лесно би го заменил благото со похранлива варијанта, тоа сигурно би била шкорпијата. Лошата страна од нивниот кулинарски карактер е што не знаат да се преправаат кога храната не е приготвена по нивен вкус. Тие без срам ќе ја остават чинијата полна. Шкорпиите имаат слабо и витко тело само поради тоа што го следат принципот сè или ништо, па кога ќе почувствуваат дека претерале и дека фармерките им стануваат тесни, веднаш започнуваат со рестрикции во исхраната. Совет: Консумирањето на алкохол заменете го со внесување на поголеми количини вода и чаеви.СТРЕЛЕЦ Егзотични, нестандардни и зачинети јадења, колачи, торти – оваа храна преовладува на менито на стрелците. Љубопитни се, па редовно експериментираат и сакаат сè да пробаат. Често внесуваат и по неколку јадења истовремено, што им изгледа по малку чудно на другите луѓе. Исхраната на стрелците често оди од една крајност во друга. Во еден момент може да се однесуваат како да немаат видено храна и лакомо да ги празнат чиниите, додека во друг – може да гладуваат со денови. Поради склоноста да се прејадуваат, препиваат и претеруваат со задоволствата, претставниците на овој знак често страдаат од дигестивни проблеми. Од прекумерна тежина ги заштитува само нивната желба за практикување најразлични физички активности. Совет: Независно што јадете, не претерувајте количински. ЈАРЕЦ Јарците, познати во хороскопот како неуморни работници, секогаш наоѓаат време за добар оброк. За нив квалитетот е секогаш поважен од квантитетот. Особено важна им е атмосферата додека јадат – таа треба да биде релаксирана и мирна. Обожаваат да присуствуваат на семејни ручеци, а мразат кога некој им кажува што да прават. Тоа е и причината што ретко држат диети. Претставниците на овој знак се големи традиционалисти и нивна опсесија се домашните јадења. Затоа, кога го избираат својот животен сопатник, не забораваат да го стават готвењето во листата на приоритетни критериуми. Обожаваат природна храна, а се ежат кога ќе дојдат во допир со егзотична храна. Иако не ги сакаат зачините, понекогаш знаат да претераат со солта. Совет: Внимавајте кога ја посолувате храната. Солта е вашиот најголем непријател. ВОДОЛИЈА Претставниците на овој знак се површни јадачи, воопшто не се себични кога станува збор за споделување на храната и најчесто се задоволуваат со нискокалорични оброци. Никогаш во нивните мисли не доминира храната, но знаат да уживаат во дегустирањето на сè што е ново, чудно, невообичаено. Меѓу претставниците на овој знак често можат да се најдат вегетаријанци и вегани, поради нивната хуманитарна природа. Дополнителна причина за нивната склоност кон вегетаријанството е што обожаваат зеленчук и овошје, па радо би го замениле месото со една порција овошна, шопска, сезонска...салата. Водолиите не се традиционалисти во кујната. Додека готват, а тоа ретко се случува, мразат слепо да ги следат рецептите, секогаш прават промени и им се препуштаат на креативноста и фантазијата. Особено им е важно поставувањето на трпезата – таа треба да е убаво и богато декорирана. Лошата страна на водолиите е што понекогаш претеруваат со кафето и со вечерното „поткаснување“. Совет: Прескокнете го јадењето во доцните вечерни часови, а појдувајте пообилно. РИБИ Рибите се љубители на традиционалната, веќе испробана храна и не сакаат да експериментираат. Тие се единствениот знак кој многу повеќе внимание посветува на изгледот, отколку на вкусот на храната. Не се лакоми, но го сакаат чувството кога имаат на дофат на рака нешто за поткаснување. Претставниците на овој знак понекогаш повеќе го ценат доброто друштво на масата отколку оброкот кој им е во чинијата. За нив храната е повеќе потреба отколку задоволство. Лесно се приспособливи, па никогаш не прават проблеми што и колку ќе се јаде. Најнегативната карактеристика на рибите е што често знаат да претераат со алкохолот, а тоа влијае негативно врз нивното здравје. Совет: Пијте повеќе вода и научете се да јадете побавно и со задоволство. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Летен хороскопДенес и официјално и календарски ни пристигна летото. Не очекуваат уште многу жешки денови, разладувања, авантури, забави...Еве што да очекуваме ова лето! Ова лето би можело да почне со повеќе кратки патувања или излети. Постојано ќе бидете во движење и вплетени во мрежа на луѓе. Контактите ќе бидат богати, а вие отворени за секого. Оние кои сè уште бараат сродна душа, лесно би можеле да ја најдат уште на почетокот од летото. Истовремено ќе чувствувате голема потреба за независност (поради транзитот на Уран по вашиот знак), па не се исклучени сосема спонтани движења и патувања на кои би можеле да се одлучите наеднаш, така без план. Но, одлично ќе се снаоѓате. Средината на летото ќе биде нешто помирен период кога ќе се ангажирате околу старите и новите почетоци, било на работа, било во семејството. Ќе има мали проблеми, но вие успешно ќе ги решите. Во последниот дел од летото ќе уживате до крајни граници и ќе земете сè што е убаво од животот и што ви се нуди. Многу врати ќе ви се отворат, а вие со својата енергија и позитивен став ќе поминете низ онаа што ќе ја одберете. Првиот дел од летото ќе се ангажирате на зацврстување на постигнатото, како во приватната сфера, така и на работа. Патем ќе ги расчистите сите сметки и ќе ги поставите работите на свое место. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата. Бидејќи Јупитер е во вашиот знак од 5 јуни, па цела година натаму, вие ќе се чувствувате посилни, повеќе ќе верувате во својата среќна ѕвезда, а можностите ќе ви се создаваат побргу и полесно од вообичаено. Многумина дури во средината на летото ќе успеат да покажат што знаат (кога Јупитер малку ќе заживее во нивниот знак), а ќе има и такви кои тешко ќе им стават крај на своите хедонистички уживанции. Вториот дел од летото ќе има помали нервози затоа што ќе преиспитувате теми кои не треба предлабоко да се чепкаат. Потоа ќе го дефинирате својот став и ќе се држите до своите принципи. Крајот на летото ќе го дочекате многу задоволни, смирени, среќни и со низа можности за развој и уживање во животот. Пред вас е едно долго, убаво и стабилно лето. Најдобро ви се поставени сите долгорочни работи, па сè што ќе започнете уште на почетокот од летото има шанси да заживее. Многумина ќе ја искористат можноста да се „ушалтаат“ некаде каде што отсекогаш сакале, било да е на работа или приватно (ако другата страна ги прими, а веројатно, да и тоа со задоволство). Скоро целото лето нема да имате поголеми проблеми, напротив. Затоа е важно да бидете будни и да ги препознаете вистинските личности, моменти и можности во секој ден што доаѓа. Патувањата ви се отворени, а во вториот дел од летото веројатно долго ќе одбирате и ќе се двоумите во кој правец да тргнете. Тоа ќе биде најмногу затоа што ќе можете да одите секаде. Внимавајте само парите што ги имате да не ги потрошите пребргу и прелесно. Почетокот на летото ќе донесе потреба за повлекување во свет на мечти и интимности. Многумина ќе се повлечат во својот дом или својата работа ќе ја работат, ако е можно – сами. Истовремено во главата ќе вртат разни опции, како деловни комбинации (кои ќе бидат нешто како истражувања, но не отворени), така и приватни – ќе ги интересира можноста за платонска или тајна врска. Средината на летото е период кој е за вас добар, но оваа година ќе имате повеќе предизвици од вообичаено. Нема да ги поднесувате авторитетите, а самите ќе бидете растргнати помеѓу можностите и желбите. Нешто ќе мора да сработите по службена должност и така ќе можете да го зајакнете сопствениот карактер. Последната третина од летото донесува олеснување и опуштање кое едвај ќе го дочекате. Нема да ви биде важно кој што мисли туку ќе се насочите кон она вие што го сакате. Многумина ќе уживаат во друштвото на драги пријатели или роднини. Кога станува збор за патувања, оваа година не се посебно нагласени, но за истите нема ни пречки. Летото оваа година може да почне со интензивен социјален живот и бројни проводи со вашите пријатели. Ќе уживате во секој момент, а некои на овој начин ќе најдат нова љубов со која би можеле да се врзат на подолги патеки. Истовремено ќе бидете оригинални и стабилни, што ќе се манифестира така што многумина ќе ве повикуваат во своите друштва. Како што ќе одминуваат летните денови, вашата мечта ќе биде сè поактивна, па со откачените идеи ќе ги развеселувате сите околу себе. Вториот дел од летото ќе заблескате како и секогаш, но ќе се појават и мали внатрешни превривања кои ќе ви донесат и ситна нервоза. Ќе мора да решавате некои прашања поврзани со вашата личност или позиција воопшто. Ќе дојдете до решенија и ќе ги примените во пракса. Во последниот дел од летото ќе бидете полни со самодоверба, но внимавајте да не ги тормозите другите со својата искреност и фалбаџиство. Работите добро ќе ви се развиваат, но вие ќе бидете фокусирани на други теми. Почетокот на летото ќе биде малку фрустрирачки и напорен. Веројатно ќе добиете низа задачи на работа кои не сте ги очекувале, па бидејќи вие по природа сте вредни, годишниот одмор може да се одложи. Ни личниот живот во почетокот на летото не ви е блескав, можеби е најдобро да и се посветите на работата, ако треба и сè до половината од летото која ви е подобра во секој поглед. При тоа, важно е да се штедите и да ги економизирате силите (добро организирајте ги деновите) затоа што ќе ви недостасува енергија, а деловни и други барања ќе има сè повеќе. Ќе имате визии и силен дух да ги издржите сите напори од првиот дел од летото. Вториот дел од летото носи поопуштена слика (од август) кога ви се враќа силата, јакне волјата и ќе се чувствувате подобро во секој поглед. Ќе има мали внатрешни превривања за кои никој ништо нема да дознае, освен вие самите. Можно е решенијата да ги добивате и низ сништата. Последниот дел од летото ќе се чувствувате како да сте на коњ, сè ќе ви оди од рака, дури и повеќе одошто се надевате. Ќе има „мазни“ ситуации на ваше задоволство. Многумина уште на самиот почеток на летото ќе добијат можност да отпатуваат некаде подалеку и тоа многу ќе ги израдува. Ќе имаат потреба да ги прошират своите хоризонти и во тоа ќе успеат. Некои на патување ќе сретнат интересна личност со која би можеле да остварат трајно пријателство или врска. Вашата сериозност која ја носите оваа година ќе биде малку ублажена, но зрело ќе им пристапите на работите и ќе имате можност да покажете и докажете колку сте се развиле (низ претходниот труд, мака, работа и одрекувања) – така некои би ги доживувале плодовите на соите поранешни достигнувања. Средината на летото носи можност за развој на кариерата, но немојте долго да кочите или да се двоумите околу тоа. Малку проанализирајте и тргнете. На напори веќе се навикнавте (Сатурн во вашиот знак ќе остане до 06.10.2013г.), а ќе ги има и во текот на летото. Некогаш ќе бидете ладнокрвни, а некогаш во искушение да ги форсирате работите – ова второво повеќе во втората половина од летото, па затоа контролирајте се. Предизвиците ќе продолжат, а вие на сè ќе морате да му пристапите промислено и зрело. Најопуштен дел ќе ви биде првиот дел од летото, а на самиот крај ќе имате уште еден период кога ќе се повлечете и малку ќе одморите пред новите напори. Летото ќе ви почне со интересна ситуација на работа. Ќе бидете во позиција да смирувате завојувани страни, а вие самите не сте дел од таа војна. Ќе успеете, но малку ќе се потрошите. Во продолжение растат вашите интереси за духовни и филозофски потраги, па некои летото ќе го искористат за читање, истражување на алтернативни теми, откривање на нови димензии. Освен тоа, во првиот дел од летото ќе се фокусирате и на страстен секс, истражувајќи и каде што треба и каде што не треба, затоа што опозициониот Јупитер ќе ве тера на прекумерен хедонизам. Во вториот дел од летото ќе ја најдете потребната рамнотежа и ќе имате мерка во сè, па ова ќе биде и поквалитетен дел од годишното време, ако ги изземеме малите нервози и превривања. Тие ќе бидат поврзани со вашиот статус на работа и кариерата, а сè ќе добие разврска кон крајот на август. Воопшто, многу работи ќе ви одат од рака и нема да има потреба особено да се трудите. Патувањата ќе ви бидат отворени и тоа на подалечни дистанци, па ако сте во можност, патувајте и уживајте. Почетокот, но и целиот прв дел од летото ќе ви донесат предизвици во личните односи, како и во односите со луѓето воопшто. Потешко ќе се договарате околу работите, а полесно ќе влегувате во расправии и критики. И вас ќе ве провоцираат, дури и повеќе отколку другите, а на некои Стрелци и врските ќе им бидат во криза. Со вашиот познат шарм, такт, толеранција, хумор и дипломатија, можете да успеете да ги одржите своите односи коректни. Некои ќе се чувствуваат осамено или како светот да е против нив, но ќе бидат силни во идеите, духот и хуморот, па така ќе извојуваат победа. Може да патувате, но подобро сами отколку во пар. Дури вториот дел од летото донесува олеснување, можност за полесно здружување, опуштеност и уживанција. Кога ќе почувствуваат дека им е подобро, многумина веднаш ќе почнат да комбинираат каде да отпатуваат, за тоа ќе имаат силна потреба. Крајот на летото ќе го дочекате смирени, позрели и поприбрани отколку што бевте на почетокот. Затоа вреди да се биде трпелив. На почетокот од летото веројатно ќе ви стане јасно дека многу си ја сакате работата. Затоа ќе работите со страст и тешко ќе се одвојувате од работата. Ќе имате добра соработка и поддршка од другите во тоа. Истовремено, добро ви се поставени и излегувањата и приватниот живот, па главен предизвик ќе ви биде како да ги искористите добрите можности на двата фронта. Ќе мора добро да се организирате. Средината на летото може да ви донесе уште некои работи кои со задоволство ќе ги завршувате, но на вашиот партнер тоа може да му пречи. Немојте да го запоставите затоа што подоцна може да ви биде жал. Најдете некој компромис помеѓу работата и приватноста. Вториот дел од летото носи зголемени предизвици во секој поглед, но и ваша решеност и сила со тоа да се соочите. Ќе ви биде напорно, но зрело и одговорно ќе завршувате сè што е потребно. Тешко е оваа година да се дефинира најдобриот период за вашиот одмор. Тоа ќе бидат неколку дена опуштање, па потоа повторно некоја задача, потоа порелаксирани денови, па така наизменично. Веројатно ќе се прилагодувате, но крајот на летото ќе ви биде еден од среќните периоди во животот кога многу нешта би требало да ви одат од рака. Овогодишното лето ќе ви почне волшебно. Многу можности за нови познанства, богат социјален живот, интересни луѓе – сето тоа е нешто што вие го сакате и затоа ќе се чувствувате исполнето и среќно. Некои би можеле сериозно да се заљубат, а во секој случај новите пријателства, познанства и забави ќе донесат насмевка на вашето лице. Тоа ќе трае низ првата половина од летото. Работата ќе ви оди релативно добро, но за неа нема многу да размислувате, затоа што луѓето со кои што ќе се дружите во овој период многу повеќе ќе ви значат од било што друго. Патувањата се отворени, а особено за помладите. Вториот дел од летото би можел да ви донесе повеќе обврски на работа, како и некои превривања околу соработката. Ова последното може да се манифестира како преиспитување на личните односи, но за сè ќе најдете клуч (по извесно размислување и анализирање). Ќе бидете фокусирани повеќе на другите отколку на себе. Крајот на летото носи мир од една страна, но и најава на нови предизвици од друга, но тоа ќе проследи од есен. За многумина од вас почетокот од летото ќе биде фрустрирачки затоа што ќе се чувствувате осамено или другите нема да имаат разбирање за вас. Ќе имате можности за излегување и забави, но односите кои таму ќе ги остварите ќе бидат од површен карактер и нема да ве исполнуваат. Треба да бидете трпеливи затоа што средината на летото носи нешто подобра состојба. Некои прилики ќе се отворат, но важно е да не инсистирате по секоја цена. Исто така ќе се актуализираат деловни превривања, па ќе дојде до анализа на оние што се поврзани со вашето работно место. Можно е преструктуирање на работата, повеќе од површен карактер. Тоа дополнително ќе ве изнервира. Ќе калкулирате и околу вашите навики и здравје. Некои ќе испробуваат нови методи на прехрана или релаксација. Пократки патувања ќе има во текот на целото лето и на нив ќе има доволно задоволства за да ве оттргнат од грижите кои ве мачат. За подолги патувања нема препреки, но не се нагласени. Со добро прилагодување, летото може да ви биде сосема солидно. Обидете се да ги почитувате другите . |
|
Внеси реплика | страница <1 8788899091 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |