IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8384858687 157>
Автор
Порака
kingofkings Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 19
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kingofkings Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 12:38
Овен си е овен хахахаха... Таков сум ист, импулсивен, нервозен, лесно избувнувам, енергичен, упорен ...

Изменето од kingofkings - 09.Април.2012 во 12:48
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 12:46
Скорпија црвенеење
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2012 во 20:37

Хороскопските знаци во кафеана

Заедничко за хороскопските знаци е тоа што сите повремено сакаат да се опуштат во добро друштво, со чашка пијалак и весела музика во некоја кафеана.
 

Овен

Иако е Овен, во кафеана се снаоѓа како риба во вода, без оглед на поводот. Кога ќе се напие малку повеќе, а тоа често се случува, почнува многу директно да се однесува кон преставничките на поубавиот пол. Иако е фокусиран на својот “плен” од женски род и понатаму го забавува целото друштво раскажувајќи шеги.

Жената Овен е главна во кафеана, нарачува пијачки за целото друштво, игра и си ги порачува омилените песни.

 

Бик

Сонува да има своја кафеана, што и не е реткост, но ако нема тогаш има омилено место каде што сите го знаат, од келнери до готвачи. Ги собира музичарите околу својата маса и не ги пушта да си одат, но им дава голем бакшиш, нарачува песни и ѝ угодува на својата поубава половина или на жената која му се допаѓа.

Жената Бик исто така ужива во кафеански амбиент, сака да запее, па караоке во некој ресторан е совршено за неа.

 

Близнаци

Со Близнаците можете да си поминете најубаво во кафеана без оглед дали таму одите како заљубена двојка или како пријатели. Мажот роден во овој знак знае да биде неодолив, бидејќи тој го знае она што другите не го знаат, имитира, пее, танцува и го забавува друштвото.

Жената Близнак секогаш е во друштво на помлади од неа, не го држи партнерот на око, затоа што обично не е љубоморна и се забавува како дете, или подобро кажано како големо дете.

 

Рак

Иако тој ги сака домот и семејството, обично за Ракот втор дом е неговата омилена кафеана. Никаде не може така да се опушти како со чашка добар пијалак и разговор со пријателите, тој ќе запее, ќе заигра и така до доцните вечерни или раните утрински часови.

Жената Рак знае да се фати на оро, но и да заигра танго. Таа сака да се опушти кога е со пријателите, но кога е со партнерот гледа само во него како да не постои никој друг околу нив.

 

Лав

Кралот на забавата, игрите и сите видови на прослави, Лавот умее сѐ да организира во својата омилена кафеана, каде музиката го поздравува со почит, а келнерите трчаат да му ја отворат вратата веднаш штом ќе го видат.

Лавицата, атрактивна и провокативна, прво “ја снима” ситуацијата и го набљудува друштвото во кое се наоѓа, а потоа стапува на сцена. Тогаш сите очи се вперени во неа, кога таа е на нејзиниот “трон” – подиумот за танцување, знае дека е неодолива.

 

Девица

Знак роден за мерак и релаксација, а кој би рекол, кога мажот Девица секогаш е дотеран, пристоен и воздржан? Штом малку ќе се напие и атмосферата почнува да се загрева, тој е оној кој во кафеаната нарачува тури, им сипа пијачки на сите и го подигнува расположението до точка на вриење.

Женската Девица ќе се преправа дека нејзината сестра-близначка лудувала минатата ноќ, а не таа.

 

Вага

Боем, џентлмен, хедонист – мажот Вага не може без да ужива со друштвото во кафеана, без разлика дали станува збор за најотмен ресторан или “биртија”. Тој инсистира да ја плати сметката, се грижи за тоа дали чашите се полни, не дозволува музичарите да се оддалечуваат од неговата маса, но им даваа и богат бaкшиш.

Жената Вага избира отмени ресторани за трач партија со пријателките, но кога ќе се одлучи да оди во “биртија” – таму останува до зори. Зад нејзината воздржана појава се крие желбата за забава, па таа никогаш не гледа на часовникот.

 

Скорпија

Елегантна и бучна, магнетно привлечна за спротивниот пол, Скорпијата ужива во кафеанската атмосфера, правејќи се дека не ja забележaла личноста која ја “голта” со очите. Не дозволува да ја напуштите забавата кога вие сакате, туку кога таа ќе ви дозволи.

Жената Скорпија секогаш го бира ресторанот, или знае “машки” да се напие или е тотален антиалкохоличар. Сепак, тоа не ја спречува да ужива во флертувањето со мажите со “подлабок џеб”, затоа што нејзин додворувач не може да биде било кој.

 

Стрелец

Ги обожава кафеаните, но само оние кои се на “добар глас” и каде што доаѓаат познати личности, вклучувајќи го и него затоа што мажот Стрелец секаде е омилен гостин. Знае да започне разговор на некоја “жешка” тема, но умее и да се контролира. Кога ќе се напие повеќе, не прави скандали.

Жената Стрелец наизглед успешно се вклопува во било кое друштво и во било која кафеана, но сепак сака да ги менува рестораните и да испробува нови, бидејќи има авантуристички дух.

 

Јарец

Жената Јарец, за разлика од вообичаеното мислење дека само работи, работи и работи, дека е стегната и воздржана, знае многу добро да се опушти во вистински кафеански амбиент, со црвено вино и добра музика, тогаш може дури и да заигра.

Мажот Јарец, наизглед срамежлив и расеан, во кафеана останува да лудува до раните утрински часови и не им дозволува на другите да си одат порано. Некои од неговите пријатели едноставно не можат да го препознаат, особено колегите од работа.

 

Водолија

Водолијата ги обожава кафеаните бидејќи таму го има она што најмногу го сака – пијалак, пријатели и флерт. Мажот Водолија е голем боем, ужива во добрата чашка додека музичарите му свират на увце.

Жената Водолија знае да ја дочека зората во омилената кафеана во друштво на пријателките, додека нејзиниот партнер дома си игра на компјутер.

 

Риби

Мажот Риби се чувствува одлично кога е во кафеана, особено кога е во машко друштво бидејќи веќе се знае кој што сака да пие и колку може да испие, а и каква музика слуша. На кого му е грижа колку е часот, кога него му е толку убаво, како во некој свет од неговата фантазија.

Жената Риби сака дискретни места, по можност во близина на река или езеро, со врвно послужување и џентлмени кои скокнуваат да ја услужат на секое нејзино движење. Од неа треба да се учи уметноста на боемските манири.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2012 во 16:19
Не е баш точно за водолија мразам кога некој ми бдее над глава.
I just wanna feel real love.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2012 во 02:26

Како простуваат хороскопските знаци?

Ако се интересирате дали некој ваш пријател би ви прости за она што сте му згрешиле, можете тоа да го дознаете од неговиот хороскопски знак. Тие можат да ви кажат се.

Овен

Лесно се навредува, но и лесно простува, секако ако не сте имале намера да го повредите. Не простува никому и никогаш ако намерно го повредува или навредува неговиот партнер, бидејќи е многу посесивен. Сепак избегнувајте ги конфликтите и не го провоцирајте Овенот, не го погодувајте во суетата, тоа нема да го прости ниту да го заборави. Меѓутоа, доколку е заљубен во вас, без оглед на тоа што секогаш мора да биде во право и не е толерантен, ќе ви прости бидејќи не сака на себе да си го компликува животот.

Бик

Тешко простува но никогаш не заборава ако сте ја игнорирале или сте ја загрозиле неговата гордост, неговото семејство, неговиот дом. Очекува внимание бидејќи е суетен, но бидејќи најчесто е неодолив и кога е тврдоглав и кога работи полека, полесно ќе ви биде вие да му простите на него, а не тој на вас, посебно ако ве смета за свој пријател. Жената Бик полесно простува на пријателите, отколку на пријателите кои се недоверливи.

Близнаци

Не се така едноставни како што изгледаат на прв поглед, затоа што длабоко во себе сметаат дека не ги сакате доволно или не ги цените онолку колку што заслужуваат. Кога ќе го почувствуваат тоа нема да ви простат лесно, како и ако го загрозите нивниот одбранбен механизам со кој се штитат од емотивно разочарување. Ако им ја подгазите суетата во нивните обиди да бидат рационални, посебно во љубовта, не простуваат и ќе ви ја покажат природната страна која знае да биде крајно практична, но не ја сакаат осветата.

Рак

Се памти и не простува лесно иако во поголемите случаеви се прави како да незнае за што се работи. Иако е шармантен, нежен и чувствителен, внимавајте да не го допрете неговото его или било што што би можело да ја загрози неговата суета, не ви се пишува добро. Често знае да се прави „невино“, но раковите често самите на себе си си се доволни. Мажот Рак нема лесно да заборави ако не му дадете поддршка кога на него ќе му биде потребна.

Лав

Не простува доколку на неговата посветеност не му возвратите со најискрена приврзаност, посебно ако сте негов емотивен партнер. Не заборава и ако го игнорирате или омаловажувате, бидејќи сака да е во центар на вниманието. Ако не е, драматизира некое случување и сите ќе се свртат кон него. Може да ви се налути ако се смеете на неговото детинесто однесување, кое понекогаш изгледа извештачено, а понекогаш размазано, но ќе ви прости. Секогаш ќе биде тука за вас кога ќе ви биде потребно, но понекогаш ви дава до знаење дека без него не можете.

Девица

Не е злопамтило, подготвени се да издржат дури и навредување, но не сакаат изненадувања кои не им се по вкус, па со тоа реагираат со бес и нервоза. Не поднесуваат индискретни личности, бидејќи за нив тоа е целосно примитивно однесување. Нема да ви простат и ако се претставите како подобар работник од нив ако не сте, бидејќи тешко можете да ги надминете во работата. Секогаш сакаат да бидат подготвени ако се случи нешто непланирано.

Вага

Нема да прости, ниту да заборави ако сте биле неправедни спрема неа, ако ја занемарите или не ја забележувате во друштво каде што најмногу сака да заблеска, бидејќи Вагата ужива во дивење и комплименти. Со тоа таа не само што ја храни својата суета, туку и прикриената потреба за суптилна доминација. Поради љубов во состојба е се да прости или пак никогаш да не ви прости, се зависи од тоа колку и значите.

Шкорпија

Цени лојалност и искреност, не поднесува изневерување и затоа не простува лесно. Кога ќе престане да сака некој, не мора да значи дека таа личност и здосадила, туку дека толку се разочарала што веќе неможе да биде со неа. Иако точно знае што сака и како да го постигне тоа и изгледа како да ги смислува работите однапред, во суштина исклучително е емотивна и посветена на тие кои ги сака. Кога сака некој му ги простува и недостатоците, а ако не е по нејзин вкус, нема ни да го вреднува.

Стрелец

Не поднесува неискреност, многу е повлечен, но и во неговото опкружување често има личности кои не се такви како него. Никогаш не се осветува намерно туку би можело да се каже дека нема доволно такт. Сепак, доколку ја загрозите неговата професионалност или друштвена позиција, недостатокот на такт тогаш прераснува во осветување. Во љубовта е сосема друга приказна, па се додека партнерот ги толелира неговите испади, тој се му простува.

Јарец

Тешко простува ако некој го издал или изневерил. Вреди да го имате за партнер, бидејќи е еден од знаците на кои вреди да се потпрете. Долго и длабоко во себе ги потиснува чувствата на бес и неправда кои ги преживеал, а тогаш можеби бил немоќен да се спротивстави. Но памети со години, некогаш и со децении и ги дочекува своите 5 минути. Јарецот главно работи за да добие признание кое за него е исто како да сте му изразиле љубов, бидејќи почесто е сигурен во неговото знаење отколку во себе.

Водолија

Иако не е злопамтило и знае да прости, едно сепак нема да ви прости, ако не сте и лојални и посветени, а сте се претставиле како нејзин пријател, а Водолијата верувала во вас. Ќе ви прости ако се обидете да ја контролирате или да имате власт над неа, бидејќи знае дека тоа е невозможно. Бидејќи и во љубовните врски не сакаат да полагаат сметки, подготвена е многу да му прости на партнерот за да се искупи за своето егоистично однесување.

Риби

Долго памтат навреди, првенствено поради нагласената суета, знаат да бидат инаетчии и често одат против своите интереси, односно во корист на своја штета. Нема никако туку така да ви простат, ниту да заборават ако не сте им дале до значење онолку колку што очекувале. Во љубовта многу се воздржуваат, дури и кога личноста ги понижува или омаловажува, но кога еднаш ќе одлучи да оди, тогаш веќе нема простување и ништо неможе да ги натера да ја променат одлуката.

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2012 во 23:33

Алкохолен Хороскоп


Јарец
Ако Јарецот реши да оди на луда забава, често пие вода помеѓу пијалаците за да не го "фати" и да ја задржи самоконтролата, но доколку испие неколку чашки повеќе, тогаш Јарецот не е најдобро друштво затоа што на површина излегува неговиот песимизам и мрачните мисли.
Најдобар избор на алкохол за овој знак е лесното бело вино.
Водолија
Идеален пијалак за дивата, ексцентрична и забавна Водолија е текила во сите свои облици. Овој знак може да пие чиста текила, помешана со сок или во коктел.
Иако текилата гарантира забава, сепак треба да се внимава на количината, затоа што под дејство на текилата, Водолиите се однесуваат неодговорно...
Риби
Затоа што Рибите важат за чувствителни, нежни, срамежливи и примерни, ним им е потребен пијалак кој има топлина, а истовремено ќе им го "одврзе јазикот".
Идеален избор е коктелот "White Russian", составен од водка, ликер од кафе и крем.
Овен
Припадниците на овој знак се авантуристички настроени, динамични и иновативни, а со оглед на тоа што сакаат да пробаат нови нешта, дегустацијата на нови коктели е идеална дејност за нив.
Иако коктелите брзо "удираат" во глава, овој хороскопски знак речиси и да е имун на нивното дејство, па така Овенот е своевиден огромен капацитет за коктели.
Бик
Биковите го ценат раскошот, па така радо би посегнале по чашка добро виски.
Секако, треба да внимаваат на количината затоа што тие важат за неумерени кога станува збор за јадење и пиење.
Близнаци
Иако важат за комуникативни и снаодливи во друштвото, по дејство на алкохол лесно кокетираат и разговараат и со странци. Идеално за нив е црното вино ви сите облици.
Рак
Ракот важи за импулсивен и емоционален знак, со често менување на расположението, а под дејство на алкохол однесувањето може да биде и помалку театрално.
Раковите сакаат добри италијански црни вина, но пијат и благи овошни ликери.
Лав
Идеалниот пијалак за Лавот е џин, кој може да се пие на различни начини, без разлика дали е чист или во комбинација со други пијалаци.
Алкохолот кај припадниците на овој хороскопски знак ќе ја поттикне нивната симпатична, забавна страна, па затоа не ретко тие се омилено друштво за излегување.
Девица
Класичен избор за Девицата е џин-тоник, едноставна комбинација без дополнителни калории. Ако претераат со пијалакот, на виделина може да излезе потиснатата, помалку и агресивната страна на Девиците, па тогаш тие може да упаднат и во вербален конфликт.
Вага
Вагите важат за тип на луѓе кои знаат добро да се забавуваат и да се вклопат во друштвото, а идеален пијалак за нив е мартини и ретко претеруваат со него.
Шкорпија
Шкорпиите се одлучни, моќни и страствени. Можат да бидат и љубоморни и посесивни, а овие нивни карактеристики добиваат на интензитет под дејство на алкохол.
Најсоодветен избор на пијалак за нив е финото виски или водка, а доколку пијат количински повеќе, добар избор е пивото.
Стрeлец
Тие сакаат слобода, искреност и отвореност, а таков е и нивниот избор на алкохол.
Не сакаат "шминкерски" пијалаци, па затоа прв и најчест избор им е пивото, а пијат и ракија.
Единствено треба да внимаваат да не измешаат повеќе алкохоли затоа што тогаш стануваат премногу емоционални и носталгични.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2012 во 23:49
ИНДИЈАНСКИ ХОРОСКОП
Индијанската астрологија се базира на денот на раѓање, кој определува кое животно (тотем) е ваш претставник. Тотемот може да каже многу за вашиот карактер, за вашето однесување, за вашите способности итн.

Гуска
22.12–19.01
Доколку сте родени во овој знак, вие поседувате внатрешна мудрост и амбициозно чекорите кон постигнувањето на вашите цели. Родените во знакот Гуска најчесто успеваат во животот, меѓутоа според нив, секој успех доаѓа само со напорна работа. Најголема нивна слабост е тоа што се преголеми идеалисти и тоа често им го комплицира животот.

Како што гуските сакаат да бидат слободни, така и вие многу ја сакате слободата, па затоа сами се трудите да ги остварите вашите цели, не дозволувајќи им на другите да ве попречуваат во тоа.

Вашата надворешност покажува еден ладен карактер, како кварцот, па често сте воздржани и ладни во вашите односи со блиските. Ги сакате луѓето околу вас, но се плашите да се отворите пред нив затоа што сте премногу чувствителни и лесно можат да ве повредат. Често сте непоправливи злопамтила и ако некој ве навреди, никогаш не заборавате.

Индијанците ја користеле кората на брезата за врз неа да запишуваат пораки, кои потоа се предавале од колено на колено. Од таму доаѓа и вашата длабока поврзаност со традициите и семејните обичаи. Вашиот традиционален карактер многу тешко ги прифаќа промените и често се спротивставувате на сè што е ново.

Многу е тешко да се заљубите на прв поглед, пред сè поради вашиот страв да не бидете повредени. Обично влегувате во љубовна врска со луѓе со кои се познавате долго време, но откако ќе стекнете доверба во некоја личност, вие знаете да сакате со целото свое срце и сте верни партнери. Откако ќе оформите семејство имате големи очекувања и барања од вашите деца и најчесто тие се многу дисциплинирани.

Машките претставници на овој знак се неуморни љубовници, додека женските се многу нежни и емоционални.

Боја: бела

Минерал: кварц

Растение: бреза

Најмногу си одговараат со: Дабар, Клукајдрвец, Кафеава мечка и Змија.


Видра
20.01–18.02
Видрата е животно кое времето го минува во јадење, спиење, сончање и игра. Аналогно на тоа, родените во овој знак се весели и непредвидливи личности, кои сакаат да си играат со идеите и зборовите.

Ако вашиот знак е Видра, тогаш вие сте исклучително интелигентни, остроумни и дури имате развиено толку силна интуиција, што знаете да ги „читате“ луѓето. Вашиот карактер не ви дозволува да сте злопамтила и многу лесно ги заборавате лошите работи кои ви ги направиле. Сакате сè да пробате сами, но не затоа што ви е многу важно знаењето кое ќе го стекнете, туку затоа што сакате тоа знаење да е стекнато преку сопственото искуство. Меѓутоа, треба да сфатите дека вашето знаење е залудно доколку не го споделите со другите, а тоа е една од работите кои вие не сакате да ги правите.

Вашето растение е трепетлика, а таа му придава на вашиот карактер еластичност и чувствителност. Вие ги мразите озборувањата и предрасудите и често сте поборници за еднаквост меѓу луѓето.

Исто како и среброто, вие сте скапоцени за оние кои ве познаваат, бидејќи сте прекрасни пријатели и со огромно задоволство им помагате на вашите блиски. Понекогаш ви е многу тешко да ги покажете вашите емоции, затоа што го преферирате интелектуалното пред сентименталното.

Кога станува збор за љубов, вие го претпочитате принципот топло-ладно. Можете со часови да зборувате и флертувате со претставници на спротивниот пол, а потоа одеднаш да се однесувате како ништо да не се случило. Тоа е поради вашата љубов кон игрите. Но, откако ќе стапите во љубовна врска, вие се претворате во прекрасни партнери. Вам ви е многу важно да знаете дека вашиот партнер ве сака такви какви што сте.

Откако ќе создадете семејство, целата ваша љубов им ја давате на вашите деца, со кои сте длабоко и емоционално поврзани.

Боја: сребрена

Минерал: сребро

Растение: трепетлика

Најмногу си одговараат со: Елен, Сокол, Гавран

 
Волк
19.02–20.03
Исто како и волкот, вие сакате да имате сопствена територија и дозволувате во неа да влегуваат само луѓе на кои им верувате. Вие сте затворени и мистични личности. Многу тешко се отворате пред луѓето и најчесто вашите чувства остануваат неискажани. Луѓето родени во овој знак се уметници со таинствен акцент кои ја сакаат убавината, без разлика дали се работи за убавина во природата, музиката или сликарството.

Доколку сте родени во знакот Волк, и покрај вашата надворешна воздржаност, внатрешно сте многу чувствителни и лесно ранливи. Ако некој ви докаже дека ве почитува, вие станувате добродушни соработници, полни со толеранција. Имате способност да им ја враќате на луѓето енергијата кога се исцрпени, па тие често доаѓаат кај вас. Карактеристична професија со која може да се занимаваат претставниците на овој знак е психологијата.

Вашето растение е тегавецот, чии корени навлегуваат длабоко во земјата и покажуваат дека ви е неопходна цврста основа за да се издигнете високо во општеството.

Вие повеќе од било кој друг знак имате потреба од луѓе кои ќе ве разбираат, ќе ја проценат вашата вредност и ќе ви укажат на тоа. Во љубовна врска сте многу романтични и секогаш безрезервно го давате вашето срце. Не ги сакате привремените авантури и секогаш сте во потрага по идеалниот партнер. Откако ќе го пронајдете, целосно му се предавате.

Женските претставници на овој знак се женствени и лесно се прилагодуваат. Ги сакаат нежните бакнежи и слатките зборови на своите партнери. Машките пак се полни со нежност и почит кон своите партнерки. Претставниците на знакот Волк се среќни само кога и нивните партнери се среќни.

Боја: Сино-зелена

Минерал: тиркиз

Растение: тегавец

Најмногу си одговараат со: Гуска, Дабар, Клукајдрвец, Змија и Кафеава мечка


Сокол
21.03–19.04
Родените во овој знак поседуваат огромна физичка, умствена и емоционална енергија. Исто како и соколот кој е роден ловец, така и вие континуирано сте во потрага по нови области за проучување. Не се плашите од новото и постојано ловите нови идеи и искуства. Поради тоа, започнатите стари работи често ги оставате недовршени.

Предодредено ви е да преживувате дури и во најтешките услови, но долгиот јазик често ви создава непријатности. Вие сте родени лидери и сакате да го наметнувате вашето мислење, но ако нешто не се одвива како што сте си замислиле, реагирате како мали деца. Навлегувате длабоко во работите и сакате да учите преку сопственото искуство. Тоа за вас е многу мачно, бидејќи никогаш проблемите не ги гледате површно.

Исто како соколот, вие не сакате да се врзувате за ништо. Едноставно ја сакате вашата слобода. Вашето тежнеење кон независност може да се забележи уште од најрани години.

Елементот кој ја карактеризира вашата личност е оган и вие често ја трошите вашата енергија сè додека од огнот не останат само неколку жарчиња. А за повторно да ги наполните „батериите“ и да го разгорите огнот, ви помага вашиот минерал – опалот. Опалот е камен кој се поврзува со топлината, но вие ризикувате и им ја давате таа топлина на луѓето околу вас. Тоа е така затоа што сте личности кои немаат предрасуди и отворено ги прифаќате другите луѓе.

Вие имате прекрасен карактер, но тоа се менува кога ќе влезете во љубовна врска. Тогаш станувате љубоморни и посесивни личности, кои секогаш мора да го имаат главниот збор. Како што соколите ловат брзо, таков е и вашиот сексуален живот – не сакате долга предигра и многу нежности, туку веднаш преминувате на „главното“.

Кога ќе создадете семејство, станувате големи ентузијасти, но ваша маана е што ви недостига трпение.

Боја: жолта, зелена

Минерал: опал

Растение: глуварче

Најмногу си одговараат со: Елен, Лосос, Гавран, Був и Видра.
 


Дабар
20.04–20.05
Како и дабарите, така и вие ги сакате мирот и сигурноста и успешно се реализирате во вашата работа. Многу сте претпазливи и не сакате да ги преоптоварувате другите со вашите проблеми. Напротив, вие постојано се трудите да ги подобрите условите во средината во којашто живеете, но не од себичност, туку поради вашата желба да им помагате на другите.

Поседувате голема интелигенција и подвижност. Поради таа ваша дарба, лесно се справувате со сите задачи. Исто како дабарот кој постојано работи, така и вие сте неуморни во вашата работа и вашите соработници можат секогаш да сметаат на вас. Многу сте креативни, а со вашата трпеливост ги решавате дури и оние проблеми од кои сите други веќе кренале раце.

Ги сакате материјалните работи, а посебно оние кои прават да се чувствувате посигурни. Сакате да имате многу пари, но тоа е пред сè за да докажете колку вредите. Дури кога ќе си докажете самите себе дека овие две работи немаат никаква врска, ќе научите да уживате во животот и ќе станете пофлексибилни.

Машките претставници на знакот Дабар се личности во чиешто друштво би сакала да биде секоја жена. Тие се големи шармери со неверојатна смисла за хумор. Жената родена во знакот Дабар е женствена и дозволува во нејзино друштво да биде само вистинскиот маж, кој според неа треба да биде едноставен и авантурист. Родените во овој знак се стремат кон доминантност во љубовната врска и понекогаш дури и стануваат напорни.

Ваша силна карактеристика е патријархалниот дух. Бракот го сметате за нешто свето и очекувате од вашиот партнер засекогаш да биде со вас и само со вас. Тоа доаѓа и од вашата потреба за сигурност.

Вие сте многу добри родители. Кога жените родени во овој знак ќе станат родители, најчесто целата љубов им ја посветуваат на децата и се оддалечуваат од своите партнери.

Боја: сина

Минерал: хематит

Растение: детелина

Најмногу си одговараат со: Гуска, Кафеава мечка, Змија, Волк и Клукајдрвец.


Елен
21.05–20.06
Доколку сте родени во овој знак, тогаш вашата основна карактеристика е елеганцијата и имате потреба да бидете заобиколени со убавина. Како и еленот, така и вие се одликувате со неверојатна интуиција и брза реакција. Способни сте веднаш да ги процените луѓето околу вас и да проникнете длабоко во нивната душа.

Вие знаете да бидете добри пријатели, но под еден услов – да не ви досадуваат премногу. Поради тоа што сте многу зборлести и влегувате во контакт со секакви луѓе, вие најчесто имате многу познаници. Имате смисла за хумор, но таа понекогаш преминува во саркастично, непријатно и нетолерантно однесување.

Надарени сте со многу способности и најверојатно имате неколку занимања. Често се трудите сите ваши способности да ги усогласите една со друга, но секогаш ви се чини дека тоа е невозможна задача. Најчесто завршувате преоптоварувајќи се истовремено со многу задачи и самите се исцрпувате.

Ги сакате промените и во вас постојано гори желба за промена. Се обидувате да промените сè што ќе ви дојде при рака, но добрата страна е што сфаќате дека сите промени треба да започнат со вас, т.е. прво треба да се промените самите за потоа да ги промените другите.

Вродена карактеристика на машките Елени е дружељубивоста, која многу често преминува во флертување и во неверство. Не може многу да им се верува, бидејќи никогаш не се задоволуваат само со една сентиментална врска. Исто така, тие зборуваат толку заводнички што жените им веруваат во сè што ќе кажат. Женските Елени можат да го заведат секој маж што ќе посакаат со нивната привлечност и смисла за хумор. И двата пола ги сакаат долгите предигри и се многу креативни в кревет.

Претставниците на овој знак имаат една слабост – децата. Нивната љубов кон нив е огромна.

Боја: зелена, бела

Минерал: ахат

Растение: ајдучка трева

Најмногу си одговараат со: Видра, Сокол, Гавран, Лосос и Був.


Клукајдрвец
21.06–21.07
Ако сте родени во знакот на Клукајдрвецот, вие постојано сте во потрага по нови пријатели. Сакате да си создадете пријатно „гнездо“, но ќе му се радувате само ако го споделите со луѓето кои ги сакате. За вас гостите се секогаш добредојдени.

Вие сте познати како личности кои се заштитнички настроени, со силен мајчински инстинкт. Понекогаш дури и претерувате со грижата и љубезноста кога станува збор за луѓето кои ви значат. Вашиот живот е комплетно посветен на семејството, а посебно сте задоволни кога сте ангажирани во разни социјални и хуманитарни акции.

Ги сакате парите, но сите ги вложувате во домот и семејството. Верни сте и за вас бракот е нешто свето. Не ве интересираат туѓите животи затоа што целосно им се посветувате на блиските. Како клукајдрвецот, така и вие знаете да бидете добри родители, но понекогаш ви е тешко да им дозволите на вашите деца да го напуштат „гнездото“.

Поради вашата постојана грижа за блиските и поради вашите обиди постојано да ги заштитувате, вие често ги заборавате другите ваши обврски. Треба да разберете дека не можете да ја контролирате судбината на другите. Мора да им дозволите на работите да се одвиваат по нормален тек и мора да престанете да преземате одговорност за сè.

Ваш минерал е карнеолот, кој најчесто се поврзува со крвта, па поради тоа за родените во овој знак е важно сè што доаѓа од срцето.

Родените во знакот Клукајдрвец се таинствени личности кои можат да молчат со часови. Исто така, тие се нежни, па дури и на мажите повеќе им значи емоционалното отколку телесното задоволство. Доколку сте заљубени во личност од овој знак, морате да бидете многу трпеливи, затоа што е многу тешко да ја победите повлеченоста и молчеливоста на клукајдрвците.

Боја: розова

Минерал: розов кварц

Растение: шипка

Најмногу си одговараат со: Кафеава мечка, Дабар, Гуска, Волк и Змија.


Лосос
22.07–21.08
Ако вашиот знак е Лосос, вие сте остроумни, храбри и силни и никогаш не заборавате ништо. Имате огромна енергија и со вашата самодоверба и ентузијазам лесно ги мотивирате луѓето околу вас. Поседувате лидерски способности и имате огромно влијание врз другите.

Обожавате да измислувате приказни и поради тоа другите ве доживуваат како забавна личност. Сакате да бидете „главни“ и секогаш да биде по ваше. Ако нешто не се одвива како што сте наумиле, во вас се појавува страв дека нема да реагирате доволно зрело во ситуацијата.

Мора да научите да се контролирате, бидејќи понекогаш делувате арогантно и покрај вашата добра душа. Во тоа ќе ви помогне вашиот минерал, црвен карнеол, кој секогаш мора да го носите со себе. Со негова помош ќе развиете способност за самоконтрола.

Великодушни сте и срдечни. Со вашата голема чувствителност и со советите кои ги давате многу лесно ги освојувате срцата на луѓето. Меѓутоа, тешко се отворате пред другите и тешко ги искажувате вашите чувства. Треба да познавате некој многу долго време пред да се отворите пред него. Исто така, многу им е тешко на луѓето околу вас да ви влезат под кожа, па поради тоа ретко страдате.

Вие сте од оние луѓе кои ги мразат границите кои им ги поставуваат родителите.

Љубовта и сексот многу влијаат на вашето расположение. Го сакате сексот и можете да уживате во него и цела вечер, без да почувствувате умор. И во односите со партнерот се трудите да имате доминантна улога. Мажите лососи никогаш нема да изберат партнерка која има подобра кариера или која повеќе заработува од нив. Жените лососи пак поседуваат докажана заводливост и можат да го освојат кој и да било маж. Но, за преосетливите мажи тие не се вистински избор.

Боја: црвена

Минерал: црвен карнеол

Растение: малина

Најмногу си одговараат со: Елен, Сокол, Був и Гавран.


Кафеава мечка
22.08–21.09
Доколку сте родени во овој знак, вие сте храбри, издржливи, знаете да се контролирате и поради тоа многу лесно ги постигнувате вашите цели. Бавно ги прифаќате новите работи, но затоа секогаш ги завршувате старите обврски пред да прифатите некоја нова задача.

Секогаш сте приземјени и самостојни. Имате способност да ги решите дури и најтешките проблеми. Иако сте големи мечтатели, вие знаете да преземете одговорност и секогаш навреме ги исполнувате своите обврски. Вашите амбиции ви даваат верба во вашите способности, кои вешто ги користите при исполнувањето на обврските.

Сакате да ги расклопувате работите, а потоа се обидувате пак да ги склопите и да ги доведете во идеална состојба. Пред вас ниту еден предмет не е безбеден, бидејќи сакате преку сопственото искуство да научите како функционираат работите и како можат најдобро да се искористат.

Кога ќе наидете на нешто непознато, најчесто од страв се повлекувате. За да исчезнат овие чувства може да ви помогне топазот, кој има голема моќ и ја намалува напнатоста и стравот.

Во љубовните односи не сте баш идеален партнер, затоа што сте ладна и повлечена личност. Треба да поминете многу долго време со партнерот пред да започнете да му верувате. Но, откако ќе се заљубите, вие се претворате во искрен, лојален и предан партнер.

Во спалната сте премногу воздржани, но секогаш сте нежни и внимавате на чувствата на вашиот партнер. Кога сакате, сакате со целото ваше срце. Верни сте и истото го очекувате и од партнерот.

Вие сте прекрасни пријатели и сопружници и ги заштитувате луѓето околу вас. Ги обожавате вашите деца, иако понекогаш се правите построги отколку што навистина сте. Често оставате впечаток на ладна личност, но всушност имате многу нежна душа.

Боја: пурпурна

Минерал: топаз

Растение: љубичица

Најмногу си одговараат со: Гуска, Волк, Клукајдрвец, Дабар и Змија.


Гавран
22.09–22.10
Ако сте родени во овој знак, тогаш вие сте дружељубива и весела личност, која ги сака своите блиски. Ваш најголем недостаток е вашата неодлучност. Често поради една мала работа не можете да ги видите големите и поради тоа ви е тешко да донесете одлука. Најчесто вашата неодлучност завршува со повлекување, па оставате други да одлучуваат наместо вас.

Вие сте луѓе кои веруваат во пријателство. Знаете да ги ислушате другите и да сочувствувате со нив. Често давате ветувања, но и ги исполнувате. Поради тоа, луѓето околу вас многу ве почитуваат и ценат.

Вашето расположение често се менува, па еден ден може да бидете агресивни, а веќе наредниот ден да сте најмилата личност на светот. Ако луѓето околу вас се полни со позитивна енергија, и вие ја примате истата. Но, ако луѓето околу вас не се расположени или не ви посветат доволно внимание, вие лесно можете да западнете во депресија.

Мразите расправии, но во истото време со вашето променливо расположение самите ги предизвикувате. Вашиот минерал, азуритот, може да ви помогне да ја победите вашата променливост. Тој треба да се носи или на прстен на десната рака или на ланче.

Во љубовната врска сте романтичари до таа мера што дури и најмалиот флерт доаѓа од вашето срце. Поради тоа лесно се разочарувате и често страдате од љубовни болки. Но, ни тоа не ве спречува во потрагата по идеалната љубов. Мажите Гаврани ги знаат слабите точки на жените и ги кажуваат само оние работи кои тие сакаат да ги чујат. Жените родени во знакот Гавран пак се толку заводливи што пред нив мажите клечат на колена.

Вие сте добри родители и на вашите деца им ја давате целата љубов на светот.

Боја: кафеава

Минерал: азурит

Растение: бршлен

Најмногу си одговараат со: Видра, Сокол, Елен, Був и Лосос.
 


Змија
23.10–22.11
Доколку сте родени во овој знак, вие сте исклучително интелигентни и полни со иноваторски идеи. Како што змијата ја менува кожата, така и вие треба да научите да ги менувате вашите стари навики за да бидете подготвени за нови почетоци. Така ќе ја постигнете вашата цел – духовен раст во хармонија со природата.

Често претставувате загатка за луѓето околу вас, затоа што сте таинствени, мистични и непредвидливи. Вие сте од оние личности кои своите најдлабоки чувства ги чуваат само за себе. Без разлика дали се работи за проблеми на работа или за љубовни проблеми, сакате сè да решите сами на ваш начин. Меѓутоа, кога се работи за туѓите проблеми, сакате да ги знаете до детали.

Често пропуштате добри прилики затоа што му ги покажувате забите на секој кој ќе ве засегне. Тешко се адаптирате и би направиле сè за да не ве вовлечат во ситуација која не е пожелна за вас. Но, секогаш имате јасна цел пред себе и одлучно чекорите кон неа. Поседувате истражувачки дух, кој секогаш е насочен кон некои недоволно познати или сè уште неоткриени области.

Вашиот минерал, аметистот, е симбол на праведноста, па вие имате способност точно да ги проценувате ситуациите и луѓето и да носите праведни одлуки. Но, понекогаш сте преголеми идеалисти.

Припадниците на овој знак најчесто имаат ладно однесување и треба да помине извесно време пред да излезат од нивната повлеченост. Женските Змии се поарогантни, додека машките се попристапни и попристојни. Дури кога ќе почувствуваат дека се сакани, Змиите ја отфрлаат својата резервираност и се претвораат во диви и страсни личности. Среќата на нивниот партнер им е на прво место.

Често бараат од своите деца да станат самостојни пред да се способни на тоа, а потоа се прават дека не ги забележуваат, а всушност често ги контролираат.

Боја: зелена

Минерал: аметист

Растение: магарешки трн

Најмногу си одговараат со: Гуска, Дабар, Клукајдрвец и Кафеава мечка.


Був
23.11–21.12
Ако сте родени во овој знак, и вие како бувот имате остар поглед кој ги забележува сите детали. Тоа ви дава способност брзо да сфаќате зошто работите се одвиваат по определен начин. Имате многу добра меморија и лесно помните сè што ќе прочитате или слушнете. Знаете да им го пренесете на другите вашето знаење и сте одлични учители.

Вашата интуиција е толку добра што често успевате да ја предвидите иднината, а вашата прецизност ви помага многу во постигнувањето на успеси на работното место. Решително се трудите да ги остварите вашите цели. Сакате да истражувате во секоја област, но никогаш целосно не се посветувате само на една. Мора да се научите секогаш да тежнеете кон постигнувањето само на една цел, затоа што кај Индијанците не бил најдобар оној кој ќе истрелал најмногу стрели, туку оној кој ќе се сконцентрирал на целта и потоа ќе ја погодел.

Вие сте родени авантуристи. Ја сакате природата, независноста и ризикот. Секогаш го кажувате она што го мислите и го правите она што вие го сакате, па поради тоа често запаѓате во непријатни ситуации.

Вашиот минерал, опсидијанот, е многу тврд и остар камен, па така и вие знаете да бидете многу остри кога ќе ве навредат. Многу е тешко некој да има влијание врз вас, бидејќи сакате сами да успеете и да ги постигнете целите кои вие ги сметате за важни.

Вие сте едни од најспособните освојувачи. И мажите и жените родени во знакот Був секогаш знаат што да кажат и имаат голема смисла за хумор. В кревет се неверојатни – страсни и секогаш подготвени да експериментираат. Зборот брак е збор кој го мразат и од кој најмногу се плашат. Обврзувањето за една личност е спротивно на нивната природа да бидат независни и поради тоа често ги губат дури и оние партнери кои им значат.

Доколку сте родени во овој знак, вие сте особено љубопитни, но понекогаш знаете да бидете и многу молчаливи и резервирани кога се работи за вашите чувства.Често ги оттурнувате пријателите од вас затоа што сметате дека треба да бидете самостојни. Истото го очекувате и од вашите деца – кога ќе сметате дека се доволно возрасни, барате од нив да започнат да се осамостојуваат.

Боја: црна, златна

Минерал: опсидијан

Растение: смрека

Најмногу си одговараат со: Сокол, Лосос, Видра, Гавран и Елен.


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2012 во 23:54
Видра сум.На секој хороскоп ми пишува дека сум интелигентен бла бла бла....
Фалби
I just wanna feel real love.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 16:18
Водолија
Идеален пијалак за дивата, ексцентрична и забавна Водолија е текила во сите свои облици. Овој знак може да пие чиста текила, помешана со сок или во коктел.
Иако текилата гарантира забава, сепак треба да се внимава на количината, затоа што под дејство на текилата, Водолиите се однесуваат неодговорно...ма ајде
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 18:55
За свои работи,да,малку се однесувам неодговорно ама туѓите си ги пазам како очите во главата.
I just wanna feel real love.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2012 во 16:57
Бик
Биковите го ценат раскошот, па така радо би посегнале по чашка добро виски.
Секако, треба да внимаваат на количината затоа што тие важат за неумерени кога станува збор за јадење и пиење.

Па и не само виски...може и шток84 со кока колада
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 00:54

Како знаците сакаат а како мразат


Овен

Импулсивни, нестрпливи и отворени, вие се вљубувате преку ноќ, на прв поглед. А, кога љубите, тоа го правите силно и страсно, не размислувајќи за последиците. Ваша цел е да го поседувате „предметот на сопствените копнежи“ па макар на половина час. И нема ништо лошо во таквото однесување се до мигот кога на истиот начин ќе си заминете и од животот на вашиот партнер, без збор и преку ноќ. Затоа, ако партнерот сака подолго да ве задржи во своите прегратки, ќе треба постојано да ви ласка и отворено да се одушевува на вашето знаење и на мускулестото тело. Секој негов обид да ви се спротивстави го предизвикува вашиот гнев. Во таквите моменти, најдобро ќе биде тој подалеку да избега од вашето видно поле. Во спротивно, не само што ќе ја навредувате личноста која до вчера ја бакнувавте, туку во екот на кавгата ќе искршите се што ќе ви се најде до рака. И можеби миговите на омраза кратко ве држат, но тие се доволно силни да му втераат на партнерот „страв во коските“. Уште повеќе што вие никогаш нема да се покаете, ниту да му се извините.

Бик

Меланхолични и бавни, вие тешко го отварате пристапот што води до вашето срце. Но, ако постојано го прегрнувате и бакнувате партнерот, тоа е сигурен знак дека сте веќе вљубени. А, тоа чувство кај вас може да трае вечно. Своите чувства ги изразувате преку нежните допири и тажниот поглед. Не сте способни за големи љубовни изјави и ветувања. Проблемите започнуваат тогаш кога ќе ја покажете својата љубомора и посесивност. Меѓутоа, свесни дека се тоа срамни чувства, вие ниту за „жива глава“ нема да ги признаете, иако со нив ќе биде напоена секоја ваша клетка. А, бидејќи ја застапувате идејата дека љубовта доаѓа од стомакот, ќе започнете да го обожавате партнерот кога ќе се уверите во неговите готвачки способности. Но, ако тој ви „згазне на жуљ“ и ако одлучите да му ставите „крст“, тоа сигурно ќе биде засекогаш. Вашата тврдоглавост нема да ви дозволи да ги прегазите своите принципи.

Близнаци

Во вашето срце не престојува долго ни љубовта, ниту пак омразата. И кога сакате и кога мразите, тоа обично го правите површно и разиграно. Можеби затоа луѓето не ве сфаќаат сериозно. А, уште помалку знаат дека причината за таквото однесување се крие во вашата љубопитна и променлива природа, која ужива во флертот. Но, ако сте навистина вљубени, тогаш отворено ќе му зборувате на партнерот за своите чувства и ќе го затрупате со подароци. Меѓутоа, тој период кратко ќе трае. Главниот предизвик во љубовта за вас не е еротиката, туку духовитиот и интригантен разговор. Значи, партнерот ќе може да го задржи вашето внимание откривајќи ви ги најновите трачеви од градот и раскажувајќи ви масни вицеви. Прекрстените раце и молчењето во ваше друштво ги сметате за најголем грев и полека ќе започнете да се оддалечувате од личноста што така се однесува кон вас. Кога некого мразите, тешко се забележува, бидејќи во принцип ги избегнувате кавгите. Најчесто се одмаздувате со озборување. Значи, ако некого замразите, сите ваши поблиски и подалечни пријатели ќе дознаат за интимните пикантерии од вашиот живот.

Рак

Длабоко емотивни, но тивки, вие сте вистински зависници од љубовта. Меѓутоа, љубите и страдате во тишина, не покажувајќи му ги своите чувства никому. Доказ дека сте вљубени е вашата неодолива потреба од нежни допири и срцепарачки зборови. Во таква состојба, во љубовен транс и гугуткајќи на перница, вие сте способни да го поминете и целиот живот. Срцето би можеле евентуално да го отворите пред партнерот за време на некоја романтична прошетка покрај море или на романтичната вечера залеана со добро вино. Но само откако прво партнерот ќе ви ги покаже своите чувства. А, ако тој си го дозволи луксузот да ве повреди, навидум безопасни, вие ќе се претворите во негов најголем непријател кој нема да се смири додека не му се одмазди. И тоа на начин како што тој најмалку очекува. Меѓутоа, и откако ќе му вратите „мило за драго“, вие никогаш нема да го заборавите неговиот грев.

Лав

Театрални, гласни и фалбаџии, кога срцето ви го погодува Аморовата стрела, вие го објавувате тоа на цел глас. Не се срамите од чувствата кои се силни, огнени и искрени, па дури ги искажувате на помпезен начин. Партнерот ќе знае дека сте „до уши зацапани“ во него ако започнете да го опсипувате со скапи подароци и да го изнесувате по луксузни ресторани. Тоа е вашиот стил, на „голема врата“ да влезете во неговиот живот и да го завземете најважното место во неговото срце. Меѓутоа, добро е ако партнерот знае дека „паѓате“ на истите работи. Значи, ширум ќе ги отворите очите пред златниот накит и останатите скапи подароци. И што е можеби најважно, партнерот треба да знае дека не ја сакате монотонијата и просечниот стил на живеење. Но, ако некако се случи тој да ја повреди вашата скапоцена суета, сигурно ќе го избомбардирате со куп навреди, ќе се свртите и ќе си отидете од неговиот живот со крената глава.

Девица

Нагласено рационални и длабоко аналитични, вие ретко кога безглаво се впуштате во љубовните игри. Всушност, секогаш кога станувате свесни дека при налетот на чувствата „стомакот ви се врзува во чвор“ ве фаќа паника и го притискате копчето на кое пишува „Внимавај!“ Меѓутоа, и покрај воздржаното и студено однесување, во вашите гради чука немирно срце кое копнее по љубов. Па, ако некој си зел тешка задача да ве освои, ќе мора долго да чека и чекор по чекор да ви се приближува. А потоа, ќе биде пожелно да најде начин да ве увери во својата верност, лојалност, како и во смислата за практично. Притоа, вие дефинитивно ќе го “развиорите белото знаменце” кога на првата посета во вашиот дом, партнерот ќе ги соблече чевлите уште во претсобјето. Простите пак зборови и пцовките ќе му донесат негативни поени. А, ако ја има таа среќа да ви се замери, тогаш ќе почекате прво да се врати дома, бидејќи се плашите од директни судири, за преку телефон да го искритикувате неговото однесување.

Вага

Како дете на Венера, божицата на љубовта, вие копнеете по совршена љубов и се чувствувате комплетно само со партнер покрај себе. Но, во земниот живот ништо не е совршено. Затоа често се лажете во проценките и се соочувате со емотивни разочарувања. Сепак, подготвени сте целиот свој живот да го поминете во потрага по идеалниот партнер. А кога ќе помислите дека сте го нашле, тогаш се предавате без многу размислување. Дури сте подготвени и на жртви, со цел да ја одржите идиличната слика за животот во двојка. Личноста што сака да ве освои сигурно ќе успее во тоа само ако кон вас се однесува рафинирано, со многу такт и внимание. Уште подобро ако секојдневно ве опсипува со скапи и одбрани подароци. Но, ако улулкан во вашата доживотна љубов, партнерот се дрзне да ве повреди, тогаш треба да се подготви за вашата одмазда. Ќе сторите се за уште следниот ден да прошетате пред него прегрнати со друг партнер, како тој никогаш да не постоел во вашиот живот.

Скорпија

Оние што барем еднаш се нашле во вашите прегратки тврдат дека љубовта на Скорпиите е страсна и фатална. А, бидејќи за вас работите се или црни или бели, кога вие сте вљубени, обземени од бранот страсти, не умеете да се воздржите. А, кога со следниот бран ќе ве заплиснат посесивноста и љубомората, започнувате да се однесувате неразумно. Всушност, ако не сте сигурни дека можете да ја имате вечно својата љубов, со истиот интензитет, подготвени сте самите да ја уништите. Но, ако покрај се, партнерот посака постојано да го одржува буден вашиот интерес и вашата страст за него, тогаш ќе мора да го нагласи својот сексапил и таинственоста. Исто така, тој треба да има во предвид дека кај вас е тенка границата што ја дели љубовта од омразата. Па, ако на некаков начин ја испровоцира вашата омраза, тогаш ќе почувствува колку страст и жестина вие можете да внесете во одмаздата. И тоа не е се. Всушност, тоа е само почеток на една долготрајна тортура.

Стрелец

Весели, ведри и искрени, вие љубовта ја разбирате како игра која може да ви го разубави здодевното секојдневие. Оптимисти во душа, вие не гледате причина „зошто би ги криеле чувствата, ако сте вљубени?“ Затоа, љубите искрено. Но, повеќе од се, ја љубите слободата. Па, со цел да ја сочувате, секогаш верно го следите правилото „љуби, љуби, но главата не ја губи!“ Значи, личноста која ќе ве стави во центарот на нејзините љубовни фантазии треба да знае дека најлесно ќе ве освои ако ве однесе на незаборавно патување во некоја егзотична земја. А, вие дефинитивно ќе и „јадете од рацете“ кога ќе заклучите дека покрај себе имате весела и неоптоварена личност која ве прифаќа такви какви што сте, без никакви принуди, уцени и љубоморни испади. Но, нејзините шанси кај вас ќе се намалат ако забележите дека долго спие и дека го сака излежувањето во кревет. Сепак, вие не умеете да мразите. И можеби во напад на бес ќе изнакажете сешто. Но, откако ќе сфатите дека сте ја повредиле личноста што ја сакате, сигурно ќе барате прошка.

Јарец

Посветени на постигнувањето професионален успех и материјално богатство, вие од мали нозе учите како да ги потиснете чувствата, убедени дека нивната превласт не носи многу среќа во животот. Што е уште пострашно, за вас љубовта најчесто оди „рака под рака“ со отфрлањето и страдањето. Но, ако некој смета дека токму вие сте одговорот на сите негови „љубовни соништа“ и ако има „време за губење“, тогаш ќе треба да изоди трнлив пат. Всушност, на секој ваш потенцијален партнер ќе му треба многу време и трпение да дочека да се стопи сантата мраз во која го криете своето лесно ранливо срце. Можеби ќе се отворите дури откако ќе се убедите во неговата скромност, штедливост и во неговата смисла за практично. Но, никогаш нема комплетно да му се предадете. Доказ дека повеќе не сте вљубени е студенилото во вашето однесување. А, вие мразите исто како и што љубите, постојано и вечно.

Водолија

Потполно непредвидливи за се во животот, вие сте непредвидливи и во љубовта. Во еден миг ќе бидете подготвени да ги симнете сите ѕвезди од небото за личноста што ви се допаѓа. Но, веќе во следниот миг можете да исчезнете или да се однесувате кон неа само како кон најдобар пријател. Меѓутоа, вие сте како измислени за секој оној кој е во потрага по либерална и оригинална љубов, бидејќи вие барате слобода, но истата му ја дозволувате и на партнерот. Притоа, вашиот партнер не смее ниту на сон да помисли да ви ја искажува љубовта преку љубомора. За вас, љубомората не е доказ за љубов. Но, ако работите започнат да се одвиваат во правец на омразата, партнерот треба да ви се тргне од патот во првиот момент, додека сте обземени од бесот и лудилото. Зашто, ако не му направите нешто лошо веднаш, тогаш нема да му направите никогаш.

Риби

Кога вие се вљубувате, а тоа често ви се случува, минувате ноќи и денови сонувајќи со отворени очи и пишувајќи поезија за објектот на својата љубов. Но, честопати љубовта ја поистоветувате со солзите и жртвувањето. Па, со цел да го задржите контактот со реалноста, имате потреба од многу нежност и разбирање од страна на партнерот. А, кога стравот од невозвратената љубов ќе надвладее, тогаш запаѓате во хронична депресија и душата си ја олеснувате преку потоците солзи. Секој оној што сака да ве освои треба да знае дека ќе “пливате секогаш до него” ако на уво ви ги шепоти познатите љубовни стихови. А, ќе останете без здив ако за време на летувањето ви предложи да ги исончате и најскриените делови на телото. И нормално, вие не умеете да мразите. Највисок степен на вашата одмазда е да го „дигнете носот“ убедени дека тоа ќе ја повреди вашата жртва.
 
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 01:45
Волк
19.02–20.03...pak volkголема насмевка
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 01:51
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Скорпија

Оние што барем еднаш се нашле во вашите прегратки тврдат дека љубовта на Скорпиите е страсна и фатална. А, бидејќи за вас работите се или црни или бели, кога вие сте вљубени, обземени од бранот страсти, не умеете да се воздржите. А, кога со следниот бран ќе ве заплиснат посесивноста и љубомората, започнувате да се однесувате неразумно. Всушност, ако не сте сигурни дека можете да ја имате вечно својата љубов, со истиот интензитет, подготвени сте самите да ја уништите. Но, ако покрај се, партнерот посака постојано да го одржува буден вашиот интерес и вашата страст за него, тогаш ќе мора да го нагласи својот сексапил и таинственоста. Исто така, тој треба да има во предвид дека кај вас е тенка границата што ја дели љубовта од омразата. Па, ако на некаков начин ја испровоцира вашата омраза, тогаш ќе почувствува колку страст и жестина вие можете да внесете во одмаздата. И тоа не е се. Всушност, тоа е само почеток на една долготрајна тортура.

Значи ова со омразава или врска нема или сум тотално неискусна...збунетост
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8384858687 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.