IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Мистерии
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мистерии

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627>
Автор
Порака
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2011 во 08:16
Majkl,  i sto vikas sega, da prodolzam za ovoj  Misticniov Mister ili  ne  намигнување....плазење
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2011 во 19:56
Prodolzi slobodno, ostanaa uste mnogu raboti od mystodonia da se prekopiraat ovde...намигнување
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2011 во 08:05
 
 
  I tamu nekoj pisuval, i ovde nekoj poglednal  намигнување
No da procitavme i od tebe nesto interesno, clenu so titula,
pa neka e i kopija , mozno li e  ма%20ајде
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2011 во 16:43
Se zavisi od toa sto ti e interesno tebe, taka da mozno e i voopsto da ne procitas nisto od mene sto bi go privleklo tvoeto vnimanie...не%20знам....Kopii ima i od mene no sekoja kopija ima najdole moj komentar, cisto da mi se cue glasot...намигнување
No da ne me sfatis pogresno slobodno prodolzi so postiranje ti si pravo osvezuvanje za forumov, osobeno za misterii i drugi 'izvrteni ' raboti...Posebno vo momentot ti e misticen tvojot broj na postovi '666'...Koincidencija ili ne koj li ce demistificira...големо%20гушкање
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2011 во 12:24
 
 
  Misticni i drugi  'izvrteni ' raboti .... ahhahh...хи,%20хи... 
 
 Dobro e sto ti si tuka ' glaven'  i sto mozes na nekoj nacin
da gi ' odvrtuvas' izvrtenive raboti  намигнување
 
Vo posledno vreme me interesira i   misterijata ,  Palindrom,
ili obratniot govor .... 
Moze li nekoj da mi kaze nesto poveke  okolu ova  ?  среќа


Изменето од Klara-D - 06.Септември.2011 во 13:40
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2011 во 09:45
Marti miisterija...може вода да му носи на ...ГАЈГУРОТ!

има три месеци...фора!.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2011 во 11:23

Сите ги помниме раскажувањата според кои виножитото носи среќа и фактот дека колку и да го бараме, нема да стигнеме до неговиот крај, но оваа фотографија го покажува токму спротивното.

За наше разочарување, крајот на виножитото не само што постои, туку беше "фатен" и на фотографија, на илјадници километри оддалеченост од нас.

Имено, еден патник го забележал виножитото додека автомобилот се движел и успеал да го "сликне" неговиот крај кој завршувал на средната лента од автопатот М25, во Суреј, Англија.

Иако постојат уште многу други митски толкувања за прекрасната природна појава, со оваа фотографија дефинитивно се побија старите англиски легенди што раскажуваат дека на крајот на виножитото се наоѓа митското суштество - леприкон кое со себе носи грне полно со злато и себично го крие од луѓето
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2011 во 11:43
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2011 во 09:35

Десет најневеројатни необјасниви артефакти

Од време на време сведоци сме на некое извонредно археолошко откритие, за кое дознаваме од медиумите. Археолозите најчесто и самите се шокирани, не можејќи да објаснат што точно пронашле, ниту пак да ја проценат вредноста, намената и периодот од кога датира нивното откритие. Во продолжение ви нудиме листа на такви артефакти, за кои многумина веруваат дека воопшто и не требале да постојат, земајќи го во предвид периодот на нивното создавање.

Лондонски чекан

Во јуни 1936-та година, Макс Хан и неговата жена Ема отишле на прошетка кога забележале една карпа од која излегува дрвена рачка. Парот одлучил да го земе чудниот предмет дома и потоа со чекан успеале да го отворат. Навистина иронично, тоа што го пронашле внатре изгледало како некој древен чекан.

Тим од архелози потоа го прегледале и, како што се воспоставило, карпата која го имала опфатено чеканот датирала од пред повеќе од 400 милиони години, а самиот чекан од пред повеќе од 500 милиони години. Дел од рачката веќе почнала да се претвора во јаглен, а главата која била направена од челик, била релативно сочувана.

Грчки антички компјутер: механизмот Антикитера

Механизмот Антикитера е прогласен за првиот механички компјутер кој е доесга пронајден. Откриен на урнат брод на грчкиот остров Антикитера, овој механизам бил дизајниран да пресметува астрономски позиции.

Неговата комплексност може да се спореди со часовник од 18-иот век. Високото ниво на софистицираност на оваа направа ги натера денешните научници да ја стават под прашалник нивната досегашна перцепција за античкото грчко инженество.

Важно е да се напомене дека ни приближно слична направа од тој период не е пронајдена, ниту пак се има споменато во записите пронајдени до сега. Според знаењето кое го имаме, овој механизам воопшто не ни треба да постои.


- Оваа направа е извонредна и уникатна. Дизајнот е убав, а астрономијата е прецизно точна. Начинот на кој е дизајниран механизмот прави да останете со отворена уста. Кој и да го создал ова, го правел со екстремна внимателност. Во поглед на историска вредност, морам да кажам дека овој механизам е повреден и од Мона Лиза, изјавил професорот Michael Edmunds од универзитетот Cardiff, предводник на тимот кој го проучувал механизмот.

Камењата Дропа

Во 1938-та година, експедицијата во Baian-Kara-Ula во Кина, предводена од археологот д-р Chi Pu Tei, направи зачудувачко откритие. Во околните пештери се наоѓале траги од древна култура која некогаш владеела на тие простори. Закопани во правот на времето, стотици дискови од камен биле поставени во внатрешноста на пештерата.

Сигурно си мислите дека тоа не е ништо посебно, но по нивна анализа се воспоставило дека дисковите своевремено биле вид на грамофонски плочи со дијаметар од девет инчи, кружен отвор во средината и очигледна спирална бразда.

Се верува дека плочите се стари повеќе од 10000 години. Спиралата, како што се воочило, е составена од минијатурни хиероглифи. Откако тие хиероглифи биле проучени и преведени од страна на научниците, се открило дека дисковите всушност раскажуваат неверојатна приказна за вселенски бродови кои се урнале на планините, управувани од луѓе кои самите се нарекувале Дропа.

Птицата Сакара – Египетски авион

Откриена во 1898-та година за време на ископувањето на гробот Pa-di-Imen во Сакара, Египет, птицата Сакара е артефакт со облик на птица направен од јаворово дрво. Оваа птица, со тежина од само 40 грама и распон на крилјата од 7 инчи, се проценува дека датира од околу 200-та година п.н.е. Недостатокот на документација и релевантни подадоци довеле до некои шпекулации.

Всушност, древните Египќани биле добро запознати со принципите на авијацијата. Дали овој артефакт своевремено претставувал само играчка на некое богато дете? Или пак, имал улога во одредени церемонии?

Без разлика на неговата намена, предметот има неколку реалистични карактеристики на птица. Со својата вертикална опашка, која потсетува на опашка на авион, оваа птица не наликува на ниту еден познат вид. Научниците дошле до заклучок дека овој предмет не може да биде ефективен колку летало на моторен погон заради недостаток на технологија, но можно е да служел како едрилица.

Батерија од Багдад стара 2000 години

Оваа направа претставува 5-1/2 инчи висок предмет направен од глина, во кој се наоѓа бакарен цилиндар зацврстен со асвалт. Во внатрешноста на цилиндарот, археолозите нашле оксидирано железно стапче. Во 1940-та година, Wilhelm König, германски директор на Националниот музеј на Ирак, дал претпоставка дека можеби станува збор за галвански плочи, кои веројатно служеле за позлатување на сребрени предмети.

Никој не успеал да докаже дека König не е во право, особено заради фактот што била потребна само киселина или алкална супстанца со која се полнела батеријата со цел да се произведе електричен полнеж.

Необјасниви фосили и метални предмети

Геологијата е релативно „нова“ наука. Нејзиниот развој, кој има поминато низ многу експерименти, е апсолутно извонреден и корисен во многу други научни полиња. Сепак, постојат уште многу работи кои допрва треба да се разоткриваат. Таков е случајот со фосилот на човечки отпечаток од рака пронајден на грутка вар за кој се проценува дека е стар повеќе од 110 милиони години, потоа исто толку стар фосилизиран човечки прст, како и едно откритие на отпечаток од човечко стапало за кој се претпоставува дека бил направен со сандала, а датира од пред повеќе од 300 милиони години.

Овие неверојатни фосили од отпечатоци и останки ги имаат оставено научниците збунети. Во овој контекст мора да се споменат и 65 милиони години старите овални метални цевки во подземјето на Франција, како и невообичаениот блок од јаглен откриен пред 124 години, кој содржи метална коцка која не е возможно да се има создадено природно во неговата внатрешност.

Мапата Piri Reis

Во 1929-та година, група на историчари пронајдоа неверојатно откритие, напишано на кожа од газела. После извршена анализа и истражување, тие открија дека тоа претставува вистинска мапа нацртана во 1513-та година од Piri Reis, познат адмирал на Руската морнарица, за кој се пронајдени бројни документации.

Овој адмирал ги има нацртано Европа и Северна Африка, крајбрежјето на Бразил, неколку острови (Азорските, Канаринските и митскиот остров Антилија), па дури и Антарктикот, за кој се мисли дека е откриен повеќе од 300 години подоцна. Најзбунувачката работа не лежи во фактот што мапата укажува на потреба од хронолошка прераспределба на територијалните откритија, туку во тоа што всушност топографијата на Антарктикот ја дава детално разработена, а истовремено не ја опишува дека била покриена со мраз. Последен пат кога тоа се случило било пред повеќе од 6000 години. Тука се наметнува прашањето како можел еден турски адмирал од пред повеќе од половина милениум да нацрта мапа на континент кој последниве 6000 години е покриен со мраз?

Цртежите Nazca

Цртежите (или линиите) Nazca дефинитивно имаат нешто вонземјанско во нив. Откриени во 1930-та година, овие цртежи опфаќаат 450 квадратни километри и повеќе од 200 метри должина.

Тие отсликуваат линии, геометриски фигури, животни и фигури кои науката сеуште ги нема сфатено (многумина сметаат дека станува збор за соѕвездија). Било да се создадени за боговите или од некоја друга причина, очигледно е дека се наменети да се гледаат од небото.

 Научниците имаат проблеми обидувајќи се да откријат како е можно овие цртежи да бидат дизајнирани и направени без некој да дава инструкции од птичја перспектива. Нам ни преостанува само да им се восхитуваме на овие неверојатни фигури и да продолжиме да се прашуваме како и зошто биле создадени од страна на луѓето наречени Nasca.

Мистериозниот град Nan Madol изграден на корали

Градот Nan Madol бил изграден помеѓу 200-та година п.н.е. и 800-та година од нашата ера, на корален гребен близу Микронезија на Тихиот Океан. Овој град се состоел од 100-тина вештачки островчиња направени до басалтови блокови, поврзани со надвозници.

Од самиот почеток, ова откритие будело мешавина од збунетост и восхит кај експертите. Најпрво, градот изгледал апсурдно – 250 милиони тони крајбрежен басалт сред пустелија. Како биле транспортирани и совршено наместени овие огромни блокови? Дури и со денешните стандарди, тоа би бил навистина импресивен инженерски подвиг. Дополнително, причината за неговата изградба сеуште останува мистерија. Археолозите немаат ни доволно траги што станало со цивилизацијата одговорна за создавањето на градот Nan Madol.

Саксајхуманските ѕидови

Во близината на градот Куско, на повеќе од 3500 метри надморка височина, овие неверојатни ѕидини најпрво почнале да ги восхитуваат шпанските освојувачи. Тие биле вчудоневидени кога откриле дека луѓето кои живееле таму, според нив, биле неуки и немале способност за логичко размислување кое било потребно за да се изгради едно вакво чудо.

Всушност, станува збор за три концентрични ѕидови, со просечна должина од 360 метри и висина од околу 6 метри, кои се направени од блокови од варовник тешки по 300 тони. За изградбата на ѕидовите не бил користен малтер или било кој друг вид на цемент, но истите се поставени толку збиени еден до друг што не би можел ни остар нож да се протне низ два блока. Научниците се обиделе да го постигнат ова со многу помали димензии, но нивните напори за реплицирање на тесниот склоп на Саксајхуманските ѕидови биле безуспешни.

 



Изменето од Valerija - 29.Март.2018 во 14:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 17:40

Момент кој се случува еднаш во животот: 11:11:11 11.11.11

Денешниот датум според многумина е многу специјален. Денес, на 11 ноември 2011, во точно 11 часот 11 минути и 11 секунди датумот и времето може да се запишат како 11:11:11 11.11.11, настан кој најголем дел од луѓето ќе го доживеат само еднаш во животот.

Така запишаниот датум е палиндром со една цифра – тоа значи дека се чита исто и од лево и од десно.

Близначките%20Бетси%20и%20Кати%20ОуверменБлизначките Бетси и Кати Оувермен денес ќе наполнат 11 години

Некои веруваат дека овој ден носи многу среќа и промени на подобро. Огромен број на млади парови го избраа овој ден за да го кажат судбоносното „Да“. Во некои земји како Јужна Кореја значително е зголемен бројот на бремени жени кои со царски рез сакаат денот на раѓање на нивните деца да е 11.11.11. Корејските медиуми известуваат дека во болниците со 20% е зголемен бројот на закажани породувања со царски рез.

Во Кореја 11 ноември веќе е значаен и поради друга причина – познат е како Најслаткиот ден, корејска верзија на Св. Валентин.

Холивуд овој ден ќе го одбележи со премиерата на филмот „11.11.11“, кој раскажува приказна за Американец кој е прогонуван од бројот 11.

Последниот пат вакво поклопување на броевите се случило на 11 ноември 1911 година. Тој ден е запаметен поради екстремната промена на температурите во САД и е наречен „The Great Blue Norther“. Тогаш, многу градови во САД во претпладневните часови измериле рекордно високи температури, а до вечерта температурата екстремно опаднала. Во Канзас утрото температурата била 24°C, а до полноќ достигнала -11,7°C, т.е. разлика од 35°C за само 14 часа.

Бројот 11.11.11 е класичен случај на апофенија, човечка потреба или желба да се пронаоѓа врска или поврзаност во сосема случајни нешта, како на пример одредени форми и облици во облаците или пак гледање на лица во компири или дрва.



Изменето од Valerija - 11.Ноември.2011 во 17:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2012 во 10:59
 

Мистериозна старица со ѓаволски рогови





Цанг Руифенг 101-годишна старица е чудо на природата. На нејзиното чело пред година дена се јавил израсток, кој денес е долг цели 6 сантиметри и во целост наликува на она што во народните преданија е познато како ѓаволски рог.

Ова немаше да остане толкава мистерија, доколку на спротивната страна на челото на старицата во последно време не се појавеше уште еден нов рог.

Нејзината здравствена ситуација, односно ни малку пријатниот изглед со рог на челото, го загрижи нејзиното семејство, кое живее во селото Линлоу, во кинеската провинција Хенан. Нејзиниот најмал син, од вкупно шесте, 60-годишниот Цанг Гошенг, изјави дека од почетокот семејството не било загрижено за состојбата на старицата кога се појавувал тврд израсток. Но, сега кога таквиот израсток од 6 сантиметри добил типична форма на ѓаволски рог, семејството е во вчудовидувачка и загрижена ситуација.

„Сега нешто почнува да ѝ расте и на десната страна, а по секоја логика и тоа ќе биде рог“, велат нејзините синови. Засега бабата не е однесена на лекар, па останува да се претпоставува дали се работи за некој природен феномен, или за ѓаволско привидение..

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2012 во 16:09
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2012 во 19:21
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2012 во 21:28
 
 
Miracle: The sheep/dog and the ewe that allegedly gave birth to him in Shaanxi Province, China
 
Strange: The puppy has wool like a lamb but its mouth, nose, eyes, paws and tail look more like a dogs
 
Во кинеското село Шанкси, неодамна се случи нешто што ги изненади научниците – минатата година, на ова место, овца на свет донела здраво машко кученце.
 

На прв поглед, младинчето кое било бушаво, навистина имало изглед на овца, но кога малку подобро ќе погледнете, тоа имало нос, очи и опашка, исти како на куче.
Фармерот Лиу Шанси, на чија фарма се породила овцата, не можел да поверува на сопствените очи.
„Не ни знаев дека е бремена! Соседите кои ја затекоа на лице место ме повикаа да го видам чудото. Кога пристигнав, ја затекнав овцата како лежи покрај роденото кученце. Никогаш не ми паднало на памет дека овца на свет може да донесе кученце.

Се занимавам со овчарство повеќе од 20 години и никогаш досега не сум забележал вакво нешто“, изјавил фармерот.
Кученцето е долго 20 сантиметри и според зборовите на Лиу, одлично јаде.
„Моите овци добија нов семеен член. Кој знае за некоја година, можеби тој и ќе биде нивниот чувар“, додал Шанкси.

Научниците сметаат дека вакво нешто може да се случи исклучиво со вкрстување на животинските видови.
„Такво нешто би можело да се создаде под лабараториски надзор и вистинско чудо е што кученцето преживеало. Постојат слични случаеви, како што е примерот со кравата од Кенија, која родила двоглаво теле. Меѓутоа во овој случај ниту кравата ниту телето не преживеаа“, велат зачудените научници.

 
 
 
http://www.dailymail.co.uk/sciencetech/article-1369977/Sheep-gives-birth-dog-Chinese-farm-Ewe-got-kidding.html
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,204 секунди.