IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Мој став за хомосексуалноста
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мој став за хомосексуалноста

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8081828384 103>
Автор
Порака
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 18:33

ок, ај да се согласам дека нема шаблон, макар што знаат да одвалат карактеристично однесување, како држење на телото, движења со рацете, темите кои ги бираат за разговор, бојата на гласот а најповеќе речникот со кој се служат(обожаваат деминутив-чиња и тренди зборчиња). Значи пак, не сите ама поголемиот дел кои јас лично ги познавам се такви, шмизла-карактери. Ок не сите се умислени, арогантни петлиња, некои се и многу фини и културни.

Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 18:42
Да, веројатно има некоја карактеристика што не краси... ок, до душа јас сум женско.. него муабетот ми е, има една цела палета, има и гејови од машките кои не се фем, има мужишта кои нема ни да ги приметиш дека се геј, има и лајт фем, има и фем до коска... има и од лезбејките, девојки кои се женствени и девојки кои се помашки, па после следува трансродовост. Има гејови кои сакаат да бидат поакадемци, има гејови кои сакаат да се служат со деминутивчиња, имаш особи од нив кои што главна тема им е секс и правата, има некои кои што сакаат да се занимаваат и со поинакви ствари. Јас само го кажувам она што јас сум го осознала, не сакам да кажам дека ти не си во право и дека јас сум апсолутно во право. Инаку такво однесување како на тој типацот, рака на срце ама и мене ме иритира... :))))
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 19:32
Не е толкав проблем хомосексуланоста за хомосексуалците колку што тоа постанува проблем co нивното постојано фокусирање на неа, небаре од тоа зависи суштината на битувањето.   тага

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 19:38
Па некои работи сепак зависат намигнување Јас имав среќа, но некои немаат навистина многу среќа, особено кога ќе им кажат на родителите... мамо, тато... јас сум геј. 
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 20:53
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Не е толкав проблем хомосексуланоста за хомосексуалците колку што тоа постанува проблем co нивното постојано фокусирање на неа, небаре од тоа зависи суштината на битувањето.   тага

како јас да сум го напишал да
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 20:57
Па има луѓе кои откако ќе кажат дека се геј го јадат стапот после на велико... или не знаете баш за тоа? збунетост
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Novak Nastich Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јануари.2012
Локација: Mauzdonia
Статус: Офлајн
Поени: 364
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Novak Nastich Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2012 во 00:20
10 П Р И Ч И Н И    З О Ш Т О     Е     З А Е Б А Н O     Д А     С Е     Б И Д Е     Г Е Ј Како што ветив во претходниот пост „10 предности да се биде геј„ одиме со десетте зошто не.

1. Поради дискриминацијата – без разлика дали е апликација за ново работно место, заслужено напредување, бизнис зделка или едно мочано влегување во уште помочаниот клуб Ретокс, постои веројатност да бидеш дискриминиран како геј или лезбејка и таа веројатност е пропорционална со степенот според кој ти се познава евентуално по изгледот или гестикулацијата дека си геј. Можеби нема ниту да забележиш кога ќе ти се случи дискриминација, затоа што твоите претпоставени речиси никогаш нема отворено да ја наведат причината зошто. Поради тоа, дури и носењето на закон против дискриминација нема стопроцентно да ги заштити геј луѓето од дискриминација на работното место, а особено не во кафкијански правни системи како нашиот. Само внимание, без развивање параноја и синдром на вечита жртва по можност.

2. Поради пубертетот – пубертетот (од 10 па се до таму 18 години, зависи од случај до случај) е најтешкиот период во животот на еден педер. Курето автоматски почнува да покажува интерес за другарите од одделение, за комшичињата, за братучедите, но мозокот е веќе програмиран дека „би требало„ да се интересира за девојки, дека секое „нормално„ машко треба да се ожени и да направи бебиња. На крај краева, откако знаеш за себе на еден или друг начин и родителите дома, и роднините, и по филмови, приказни, цртани само таа идеја ти ја пикаат во глава. Можноста да неговите интимни желби не се во согласност со животот кој му го предодредиле на кутрото дете, детето ја доживува како катастрофа, а себеси како Трајче Дрварчето на кого му ја довериле најголемата и најстрашната тајна на светот која никако не смее да ја предаде на окупаторот, но и од која нема начин да се ослободи. Кој е најчесто употребуваниот метод со кој децата се справуваат со оваа „тајна„? -Одрекување. Се убедуваш себе си дека е само преодна фаза, дека цицки не те палат затоа што се досадни и преексплоатирани, дека се додека гледаш стрејт порно (со курој нааа олкаи) си стрејт, муваш девојки, дркаш скришно по порно сајтови, дркаш со другарите, ма дркаш постојано. За многу мажи приказната тука и застанува, па потоа следи свадба, деца, пцуење по аутираните педери, затоа што тие имале муда да го направат изборот сами, а не општеството за нив. Другата опција е постепено да набилдаш самодоверба, да ја прифатиш вистината и да научиш да живееш со неа.

3. Поради староста – одиме сега на спротивниот крај на животот. Овдека пак, откако ќе набиеш доста секс-километража, ќе ги прокоцкаш сите повеќегодишни врски што имале некаков потенцијал, и ќе сфатиш дека фраерот на твојот живот си нашол нешто друго и нема да ти се врати, нема ни да забележиш дека веќе си начукал 50 години и дека времето за да бидеш диско-квин заврши. Младите момци се повеќе ќе ти маваат корпи, иако дури и со 60 лесно е да се најде некој што бара (sugar) daddy, но тебе веројатно нема да ти биде многу стало до сексот, туку повеќе ќе се секираш како да си купиш лекови за реумата, како да прочиташ кое бројче пиши на сметката со ситни букви и слични други благодети што си идат со староста. Но не сите педери умираат сами. Некои од нив влегуваат во „брак„ од интерес некаде на таа возраст, а некои одат во специјално наменети геј старски домови, какви што чув дека веќе почнале да се отвараат по Европите. Кај и да е, додека ние остареме, ќе дојде и кај нас.

4. Поради фамилијата – ако ти се „посреќи„ во оваа точка, наздравје – мислам дека ова е единствената работа во листата која не зависи од тебе и за која не постои решение. Фамилијата може да биде најголемата поддршка и помош во животот, а може да биде богами и најголемата пречка и виновник за твојата несреќа. Сум чул за секакви случаи: татковци кои прекинуваат секаква комуникација со синовите, мајки кои се трескаат од земја и липтат, летања од дома, фамилијарни „терапии„ по психолози, во реднек Америка има дури и цела црковна мрежа од кампуси за сексуална „реориентација„ на кои ги носат „збунетите„ адолесценти, заладени односи меѓу блиски роднини со децении, метење на фактот под тепих и избегнување разговор по секоја цена на таа тема (што е страшен психолошки притисок)… Дали тие деца некогаш ќе им простат на своите родители затоа што љубовта кон нив ја погазиле со заостанати предрасуди, и уште поважно – дали воопшто треба да им простат? Тоа не знам. Но знам едно – „Слушај ги твоите родители„ е најглупавиот совет што некој воопшто може да го даде. Пред да рипнат оние меѓу вас што се родители, размислете – кој се денеска може да стане и нажалост станува родител? -безмалку секој. Статистички гледано, твоите родители за некоја работа имаат еднакво добра шанса да бидат во право како и кој било случаен возрасен. Бунтот против своите родители е дефинитивно најголемиот предизвик со кој (дел од) геј луѓето мора и треба да се соочат.

5. Поради дискрецијата – во Македонија барем, тоа е нормата. Геј паровите се лишени од спонтано покажување на емоции во јавност, држење за рака, играње во пар, разменување бакнежи, прегратки, драпање, сите оние работи кои стрејтерите ги земаат здраво за готово нам ни се ускратени.

6. Поради хомофобијата – интелектуално спечени луѓе-нелуѓе те гледаат чудно, не сакаат да комуницираат со тебе, те мразат уште пред да те запознаат, си прават некои идиотски шали за да те „исмеат„, те оговараат, те навредуваат, те тепаат. Само и само затоа што изгледаш геј.

7. Поради хетеронормативноста – која излегува на површина во ситуации од типот: на вечера со некои колеги кога те прашуваат дали имаш жена или девојка, на свадба кога роднините ти викаат „И на твоја глава!„, „Тебе кога ќе те жениме?„ или „Да ти го местам девојчено, од домаќинска фамилија е, нема дечко.„; на улица со некои нови пријатели кога ти викаат да се свртиш и да го видиш пичето што поминало. Едноставно, сите луѓе кои ги запознаваш поаѓаат од поставката дека си хетеросексуалец и останува на тебе секој пат или да ги исправаш или да се правиш на Тошо.

8. Поради предрасудите и стереотипите – ако во заебана работа број 7 си се решил за тоа секој пат да ги исправуваш погрешните претпоставки, тогаш доаѓаме до заебаност број 8. Ако му кажеш на некого дека си геј, тогаш на местото од претходните хетеронормативистички претпоставки во глава веднаш му се створуваат нови. Наеднаш те гледа како некој хибрид на Боки 13 и Мерлин Менсон само преправен како „нормален„. Те мисли дека сигурно дома уживаш да се облакаш во женска облека, да се шминкаш, да пикаш разни зеленчуци во г‘з, дека сигурно фантазираш за 10-годишни момчиња, дека само мислиш на секс, дека се дрогираш итн. Дури и да се работи за некоја поеманципирана особа, повторно не може да се избега од стереотипите што (можеби основано) постојат за нас како површни зависници од секс без никаков морал.

9. Поради сексуално преносливите болести – не можам да го сварам фактот дека и покрај СИДА епидемијата во 80-те што покоси толку многу млади животи, на планетава Земја шетаат и понатаму такви имбецили што се сексаат како зајци намерно без користење никаква заштита. Не е точно дека геј луѓето се ризична група за сексуално преносливи заболувања. Глупавите имбецилни гејови се ризичната група. Останатите немаат гајле, освен ако не закачат по некое орално херпесче или буби-буби како опомена за претераното шврљање.

10. Поради децата - не е дека не е возможно педерите и лезбејките да чуваат деца. Напротив, постојат неколку начини, или биолошки да се одработи тоа дете или да се посвои. Но е многу тешко и само геј двојките што се истрајни во намерата успеваат. Во македонски услови никој воопшто не ни размислува за ова (кога ќе ми текне само на фаците на почитуваните „колеги„ мои кога ни пуштија еден документарец во „Фросина„ за неколку американски геј двојки со деца. Абе како на Севернокорејци садо-мазо порнич да им пушташ.) Поради овие тешкотии многу геј мажи се откажуваат од желбата да бидат татковци и одбираат едноставно да не мислат на тоа. Со тек на време и свикнуваш можеби, станува само еден друг вид на норма, на она што се очекува од тебе, само овој пат она што се очекува од еден педер – да нема деца. И повторно како и во времето на твојот пубертет, ќе ти е потребна истата храброст и сила за да им докажеш поинаку.

Бонус 11. Поради Боки 13 – nuff said

Изменето од Novak Nastich - 15.Април.2012 во 08:23
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
Кон врв
Novak Nastich Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јануари.2012
Локација: Mauzdonia
Статус: Офлајн
Поени: 364
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Novak Nastich Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2012 во 08:17
Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

        10 ПРЕДНОСТИ ЗОШТО Е СУПЕР ДА СИ ГЕЈ

Да се разбереме,следниот пат ке напишам 10 работи зошто е заебано да се биде геј во Македонија..затоа без паника


1. Заради сексот – геј сексот е како водата од чешма: достапен, бесплатен и неопходен и по неколку пати на ден. Ако си геј, малку веројатно дека ќе имаш суви периоди освен ако намерно не постиш. Од геј клубови, преку интернет секс сајтови, до крузинг местенца – понуда 24 часа на ден. Пери-носи, не прашуј. И не само квантитет, туку и екстра квалитет поради уживањето во новооткриените пространства.

2. Заради жените –, кои ќе те опсипаат со нивното внимание, приврзаност, дружељубивост, ќе ти ги доверат сите тајни и ќе бидат секогаш искрени, без задни намери или глупави женски заврзламции – нешто за што секој хетеро маж може само да сонува. Како бонус, имаш и секогаш партнерка за журкање, која бесрамно ќе денса со тебе без да се секира многу за својата „поштеност„.

3. Заради статистиката – Науката педантно измерила дека еден просечен хомосексуалец во просек е понаобразуван, заработува повеќе и има поголем кур од просечниот хетеросексуалец. Тепаме по сите најважни параметри.

4. Заради излгедот – Мажите се површни суштества кои партнерката ја гледаат како пар нозе прикачени за пар цицки со желеава задница отпозади. Е сега, кога се работи за двајца мажи кои се гледаат на сличен начин еден со друг, тогаш резултатот е што и двајцата ќе вложат напори во извесни хигиенско-физички практики кои пак не се премногу популарни кај првата група, од типот на: шишање влакна во уши, сечење нокти на ножни прсти, менување чорапи еднаш дневно, непуштање пивски стомак, билдање во теретана, шприцање со парфеми и антипреспиранти, користење препарати против стареење и опаѓање на косата, па се до вградување силиконски импланти во задникот (да, да! И јас се чудев пред некој ден). Резултатот е сочувано и негувано тело на 30, 40, дури и на 50 години, а уз тоа и продолжена младост според животниот стил.

5. Заради љубовта – геј љубовта, во оние поретки случаи кога ја има, е посилна од стрејт љубовта. Причината е тоа што за да геј љубовта успее во многу ситуации потребни се поголеми жртви, постојат поголеми искушувања и поголеми пречки да се совладаат; искуства што само ја потврдуваат, докажуваат и јакнат меѓусебната љубов и поврзаност. Од друга страна, можеби од истите овие причини и поретко се наоѓаат јунаци кои ќе истрајат во сите овие предизвици во име на таа љубов.

6. Заради антиконформизмот – Со самото тоа што си геј, тебе ти е предодредена улога на антиконформист. Благодарение на твојата сексуална ориентација, твојот животен пат ќе те доведе сосема сигурно барем еднаш до ситуација во која ќе мораш да пливаш во спротивна насока на мејнстримот, да ги предизвикаш нормите и да се бориш за својата вистина. Не многу луѓе ја имаат таа шанса во животот да се најдат на таков себедефинирачки крстопат. Твојот избор во тој момент ќе определи дали ќе биде тоа иницијална каписла за личен интелектуален и емоционален раст, или пак ќе дозволиш да те однесе струјата заедно со останатото ѓубре.

7. Заради уметноста - од мое лично искуство, ми се чини дека педерите имаат некој вроден њух за естетика и мода (мада јас не можам баш многу да се пронајдам под оваа точка). Од ентериер дизајн до шишање пудли. Најубаво облечените мажи, најдобрите креатори, најталентираните фризери, најкреативните модни фотографи се секогаш геј.

8. Заради парите – постои логична причина поради која на Запад младите геј професионалци се барана стока на работниот пазар. Поради тоа што не е многу веројатно дека ќе имаат деца и фамилија да ранат и поради тоа што често живеат независно и сингл, сите пари и слободно време што го имаат го трошат на лумперај, патувања и материјални џиџи-миџи.

9. Заради пријателите – секое стрејтерче кое отишло само во странство и со саати се трудело околу девојката на шанкот, која се плашела да збори со „манијаци„ знае добро што сакам да кажам. Не постои полесен начин да стекнеш пријатели во нова средина или во странство, отколку да се вклучиш во педерската Интернационала. Поврзани сме како Зерги. Се што треба е да договориш со некој фин дечко од сајт, или некој пријател на пријател (односно е*ач на некој твој е*ач), и веќе уште веднаш имаш загарантирано друштво, проширен круг на пријатели, туристички водич од прва рака, па и кревет за спиење и станче ако баш фино се потрудиш.

10. Заради домаќинлукот – не знам што е со мене, и оваа тачка за педерски таленти ми кида во глобала. Мада во споредба со моите стрејт другари сум Геј-ми Оливер у кујна иако од скоро приучен. Но затоа пак, еден добар дел од моите колеги супер се снаоѓаат над шпорет, и тоа не само национална бабинска кујна, туку и разни други егзотични чудесии.

Во следниот пост ќе читате: 10 заебани работи да се биде геј
п.с. /сатаниел/ "kill your idol"


povtoruvanjeto e majka na znaenjeto
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2012 во 20:31
Значи до сега не сум пишуел на тема...
али јбг...
не знам како некој може да сака мажи...
човече, небричени, со стомаче, длакави, фуј...
јас сум дефинитивно лезбејка...плазење
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 01:30
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Anita1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 898
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anita1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 15:45
uff aman od ovaa tema
ama moram da bidam kriticna i pak so svoj stav
jas sum jas....
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 15:49
Епа сега... ќе ме трпите малку де бакнеж
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 15:53
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Епа сега... ќе ме трпите малку де бакнеж
 

и ти душица носиш 
Кон врв
Anita1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 898
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anita1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 15:54
ami aj ke te trpime malo
jas sum jas....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8081828384 103>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,105 секунди.