|
Tранссексуалци |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
далеку се од искажување на било што, само се жедни за внимание, тоа е се... и никој никаде не им го пика носот, мојот нос не ни би ги помирисал, едноставно тие на тебе ти се пикаат под нос инаку Боки ми е одвратен, не поради тоа што се облекува како жена, туку поради тоа што моите очи мораат да го трпат неговиот вишок од сало, изобличеност и полна грамадност во висина и ширина, што е одвратно за секој човек, без разлика на сексуални ориентации и слично... не ме интересира што е и какви се неговите сексуални ориентации, само нека биде пристоен малку... и да не ги тужи сите што го вреѓаат, бидејќи сам си се меси на навреди Изменето од zabegan - 07.Април.2012 во 19:39 |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не мислев конкретно на Азис и на Боки (за Азис знам само дека е или беше пејач), туку општо за трансродовите. Боки не го миришам ни јас зашто е човек со карактер кој мене ми ги иритира живците.
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дефинитивно. Немам ништо против тоа како се облекуваат. На крајот од краиштата ниту пак јас немам некој многу женствен стил, и ако некој треба да ми суди за мојата личност само поради гардеробата, ондак бујрум! Но тоа што човек го носи во душата го сервира преку муабет и неговото однесување. Јас никогаш не мрчам за нечиј изглед, начин на облекување, кој со што се идинтификува и кој со кого сака да спие... но кога гледам дека некој навистина нема манири и осет па можда и познавање за тоа што се некои основни вредности... не знам што можам да кажам повеќе. Не знам ни дали е потребно.
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Ti imash mnogu pozdravi sogleduvanja za zhivotot otkolku mnogu drugi takanarecheni "zdravi lugje".
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
јас само сакам да сум среќна, не сакам никому да судам... уште да намалам со мрчењето, да го секнам изворот од кај што потекнува моето мрчаторско однесување - тогаш ќе бидам избалансирана и здрава личност... здрава во смисла на тоа дека нема да се трујам себеси со депре расположенија и себе - омраза. Го одам тој пат. Јас сум таква каква што сум, немам намера ни да се кријам повеќе ни да се истакнувам. Немам што да судам за нечиј туѓ личен живот.
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И да сакаш да бидеш оноа што сакаат другите - ТОА НЕ МОЖЕШ ДА БИДЕШ !
Бог не те создал таква. Можеш да се мачиш, можеш да се кучиш, можеш да cе преправаш, можеш да му одиш по ќејф на Петко, можеш да му одиш по ќејф на Станко, можеш да им одиш по ќејфот на 10 други луѓе, но не можеш да им одиш по ќејфот на сите луѓе во цел свет! И не само тоа, туку така нема никогаш да бидеш искрена и природна, онака како што те создал Господ. А ти си создадена онака како што треба да бидеш создадена, не си имала свој избор, ниту си направена по изборот на другите луѓе. И така е со сите нас. Како што ти реков еднаш, имаш многу важна улога за сите оние кои ќе се сретнат со тебе. Ти си нивен reality check, ти "Исусова лакмус хартија" на која се тестираат човековите Љубов, Милосрдие и Прифаќање. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Za tebe se sto mozam da kazam e deka si eden razumen covek. I da, vo pravo si. Se soglasuvam vo celost so tebe.
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Сеуште ми лебди едно прашање во глава: Зошто луѓето имаат потреба да живеат во рамка? Зошто се плашат од разликите? Зошто мора за една личност тоа што го носи меѓу нозете да биде предуслов за тоа како таа треба да се однесува? Зошто е толку погрешно да се идентификува со нешто што не е според вообичаените правила и прописи кога тоа всушност никому лично не му наштетува?
Наметнати се некои погрешни правила на функционирање кои ги спречува 'поинаквите' да се изразат себеси во свое светло. Притиска стравот од отфрлање, притиска стравот од можноста да се биде малтретиран, истепан, избркан од работа, постои она гушење кога треба да се однесуваш и облекуваш како што налага општеството затоа што ако човек не ги опишува тие непишани или пишани правила ќе бидеш осуден на пропаст, но зошто? Навистина не ми е јасно зошто? Кому тоа му пречи кој како ќе се облече, каква гестикулација е за него/неа автентична? Тоа е премногу лично, тоа е дел од личноста, не ја убивајте со својата препотентност и не се лупајте сите во гради затоа што сте понормални од некој. Не судете затоа што никој не би одбрал да биде тоа што е и дозволете им на луѓето да бидам среќни и да го најдат сопствениот баланс без притоа да ги исмеете, омаловажите, истепате и плукнете на улица. Размислете пред да го погледнете некого накриво дека можеби тој се бори и за сопствениот живот не можејќи да излезе на крај со сопствениот дисбаланс. Никој никому не наштетува со тоа што е геј, лезбејка, трансродов, трансексуалец, бисексуалец. Да шириме само љубов и мир, нема поента да и се посветуваме на омразата и да се уништуваме едни со други повеќе. Да бидеме поттикнувачи на насмевката да ги прошири своите размери, стоп за болката и солзите. |
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Амин! Тоа го велеше, учеше и живееше Исус пред 2000 години. Денес луѓето само тоа го велат... ретко кој го живее, вклучувајќи ги и оние кои се декларираат како Исусови следбеници од сите христијански деноминации.
Одговорот е едноставен злато. Тоа е затоа што сето оноа што го наведуваш е одредено и доделено од општеството. Рамката ја дава општеството на основа на взаемно договорениот закон (како наследство многу одамна и дополнуван со времето), усвоените религијски норми и догми, како и традицијата и обичаите. Сите тие нешта ги прават рамките. Разликите претставуваат оддалечување од востановените рамки, а општеството не се чувствува комотно кога некои негови ченови излагаат од востановените рамки. Тоа е интерпретирано како негирање на востановените критеријуми и норми, а со тоа и уривање на оноа што општеството го смета за своја вредност. Излагањето од рамкиите во суштина е практицирање на личната слобода. Или што би рекла жена ми "follow your heart".... and don't judge yourself". Изменето од Messenger - 02.Мај.2012 во 20:30 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Луѓето се посигурни кога функционираат во рамка. Јас дел од животот поминав функционирајќи во таа рамка, ми даваше чувство на безбедност. Како одмина времето сфатив дека не ме чува таа рамка туку само ми дава една илузиорна безбедност, но некако ме гушеше. Пред 4 години го осетив тоа гушење и затоа го побарав својот пат да научам како да излезам оттаму затоа што имав потреба да го вкусам животот со своите сетила, буквално да го исплазам јазикот и да видам дали и воздухот има некаков вкус... колку и да звучи патетично. Е тука е клучниот момент! Безграничноста, слободата е таа што не плаши затоа што колку што е добра слободата има луѓе кои што кога ќе ја осетат црпат од бунарот полн со загадената вода. Слободата има два поларитета. Животот колку што е убав на овој свет толку е и опасно затоа што покрај убави работи светот е полн и со закани. Луѓе преку слободата, надвор од решетките допреле до злото... и затоа ни се можеби потребни тие тесни рамки независно дали има логика темата на која и се нафрламе и ја отфрламе - се заради тоа илузиорно чувство на безбедност. Некогаш и ни треба да мразиме некои појави за да ја вадиме некако индиректно таа пасивна агресија потисната во нас... не знам, само што сепак, мислам дека луѓето треба да сфатат што треба да се отфрли како појава а што да се прифати. Постојат реални закани и нереални. Страв од GLBT популацијата е нереален затоа што никому никако не му наштетува а и не гледам некаква причина за толку агресија и омаловажување затоа што некој е поинаков и тоа не по свој избор. И жена ти убаво си кажува
"follow your heart".... and don't judge yourself". ... мене долго време ме движеа стиховите на Еминем од песната Beautiful
In my shoes, just to see
What it's like, to be me I'll be you, let's trade shoes Just to see what it'd be like to Feel your pain, you feel mine Go inside each other's minds Just to see what we find Look at sh*t through each other's eyes But don't let 'em say you ain't beautiful, oh They can all get f**ked. Just stay true to you So don't let 'em say you ain't beautiful Oh, they can all get f**ked. Just stay true to you |
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Слободата е венчана за одговорност. Кармата (прочинско-последичниот закон во Светов) е вкоренета токму во тоа.
И затоа секој си одговара само за себе си... Инаку, рамката во која треба да се движи човекот со својата слобода одамна е посочена од Исуса. Тој вели "прави им на луѓето оноа што сакаш да ти прават и тие тебе". Со други зборови, твојата лична слобода, која е гарантирана од Бога, е позитивна с'е додека не им штетиш на другите... уште подобро - кога со своето делување преку таа слобода им правиш добро и на другите, не само на себе. Друга рамка нема. Ти си слободна личност и ќе сркаш оноа што ќе си зготвиш. Затоа биди добар готвач... и биди одговорна за себе си... остави ги другите да си одговараат за нив, ионака не можеш да смениш ништо околу тоа. Изменето од Messenger - 03.Мај.2012 во 01:58 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, јас сум од оние кои што знаат дека слободата е венчата за одговорноста, но многумина тргнуваат во погрешен правец... епа човек треба да се пази
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |