|
Македонски плати-македонски стандард |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Април.2012 во 21:03 |
|
Го читам написот во Утрински и некако речениците ми делуваат познати, кога оно се досетив дека ние тука на некоја тема сме муабетеле во ист тон како и во утрински. Еден коментар (кој не можев да го цитирам од оправдани причини, па морав вака интегрално да го пренесам некако ми дојде многу соодветен како вовед во темата за наши плати-наш стандард
Денеска слушам стопанствениците бараат и јавната администрација (нестопанството) да го сноси товарот на кризата, а и со најавите за кастрење на буџетот, некако ми изгледа дека лошо ќе оди. Стандард - Од се' по еден килограм и отидоа 70 евра месечно |
||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Скапо е, нема што. Цените се пониски но сепак споредливи со многу поразвиени земји. Гледајќи од страна, ако се споредат трошоците со просечните и јавни примања, станува невозможно да се избалансира буџетот. Земање потрошувачки кредити секако не е решение. Оваа ситуација не е ништо ново, така е во МК со децении. Од моето животно искуство во Македонија знам дека е невозможно фамилија да го протера месецот со просечни плати, а камо ли со минимални. Значи равенката кажува дека нема ни за храна, ич да не збориме за облека, коли, станови, кирии или пак некои луксузи. Но, пак врз основа на мојот живот во МК порано и контактите сега знам дека сите се жалат, но се фаќаат за маици од 1500 денари, скапи кондури, купуваат коли, одат на одмори во странство, зборуваат за стотици илјади и милиони евра, и се гнасат кога ќе ме видат со цвик од доларстор. Тоа ме наведува да мислам дека (скоро) сите во МК имаат некаков дополнителен извор на приходи. Знам за некои дека земаат хонорари, други работат на црно, трети рентаат станови, четврти се ушупени таму каде што се зема рушвет, на некои им се врати национализираниот имот па го грицкаат, некои садат пиперки или гледаат свињи, а некои пак имаат браќа и сестри во Америка... Се на се, некако равенката на приходи и расходи некако се балансира. Со повеќе или помалку мака, чесно или нечесно, сепак се балансира. Да не беше така, луѓето ќе умираа од глад и студ. А такви случаи не ми се познати.
|
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...да нема заблуди,за сите оние ....ќе кажам надвор од РМ,се живее добро..солидно,за разлика од некои држави каде што се е скапо.Македонските плати се просечни и можеш да си дозволиш да бидеш задоволен... Еве само за споредба,колку да знаат оние од надвор колку е ефтино кај нас...па вика: просечна плата па и помала од просекот од 20 000 денари а со неа можеш да си испазаруваш за дома по овие цени...дадени во денари.. леб стандареден ................................25 паштета 100г .....................................15 колбаси кг............................................120 урда солена или без сол......................80 риба кг.................................................120 месо пилешко батак кг........................90 месо свинско со или без коска.............200 салама кг..............................................130 кашкавал кг........................................150 сирење кг.............................................120 компир кг..............................................15 јаболка.................................................15 јајца ком...............................................6 лимон кг................................................40 банани кг..............................................40 чоколада 100г......................................20 грав кг...................................................80 млеко л..................................................25 сол кг.....................................................10 пченка во зрно кг.................................15-20 пченица кг............................................15-20 сок газ.литар.........................................20-25 пиво 1л............................................... 60 вино 1л..................................................80-100 ракија л.................................................130-150 ................. кирија50-60м2 мес..............................4000-5000 елект.енерг месечно............................700 стан 50м2..............................................1 милион денари куќа со плац..........................................900 000 денари машина за перење................................9000 фрижидер .............................................8000-10000 телевизор фул.......................................12000 шпорет ел..............................................5000 бојлер.....................................................4000 компјутер.кпл.........................................10000-12000 светилка 60ват.......................................15 правосмукалка........................................1500 пегла.......................................................600 миксер.....................................................700 ел.косилка за трева................................2500 ел.брусилки.............................................800 ел.дупчалки.............................................700 алат за по дома кпл(клешти,одвртувачи,ножици,пили,секири све и свашта.............6000 .......... автомобил градски...................................80000 регистрација............................................8000 гуми за неа ком.........................................500 филтер воз.+масло...................................150-250 масло за мотор л.......................................100-120 гориво л Б-9*............................................40-90 мајстор.......................................................0 ....................... панталони..................................................500-800 обувки.........................................................500-1000 женска блуза летна....................................200-250 машка кошула.............................................200-400 маица..........................................................100-150 часовник SEIKO...........................................500 ремен кожен...............................................150 папучи.........................................................50 украсен накит женски..к.............................200-500 парфем 100мл..............................................300 паста за заби................................................50 крема100г.....................................................30 колонска водичка.........................................100 прашак за перење 3 кг................................150 средство за миење садови 25.......................60 крпи...............................................................20 шампон 1л.....................................................120 сапун ком. 100г.............................................10 ........ поклони за свадба кпл....................................500-1000 за роденден......................................200 за полу-матурска...............................300 за матурска........................................400 веридба..............................................200-300 крштевка(сепак бебе е,нема смисла може и мора да се пушти срце..).................................................300 посета на роднини и пријатели.........30-40 умирачка(сандак,поп,пиење јадење,свеки и сл..)4000 или 4500 зависи од попот..и покојниот и така натаму и така наваму....!Значи,некои продукти се купуваат дневно,некои месечно некои годишно некои прослави еднаш во животот и така...и немојте само да кукате нема па нема.Има и тоа на претек. ПОЈАСНУВАЊЕ Цените се во денари,и подлежат на девалвација во однос на сите валути освен ЕВРО-то,стандардни се и незначително променети во последниве 10-15 години.. производите се био-еколошки здрави и произведени на природен начин,и се одобрени од надлежните институции за проверка на квалитет на храна и пијалоци.Републички завод за тоа и тоа..и од разни институти.... за метеорологија .... квалитет на производи.... услуги..и се дистрибуираат и продаваат исто така во објекти наменети и одобрени за вршење трговски дејности од страна на деловни субјекти. Посликовито,поподробно и поаналитички изнесени трошоци за живот од оваа табела и ова објаснување...АМИН!. Повелете,направете го првиот чекор,купи куќа-купи стан и ти не си ти ако не дојдеш да живееш тука..во Вечната Македонија. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
кога бев летоска дома, бидејќи торбите ми ги изгубија по аеродроми, отидов низ ГТЦ да си купам нешто гардероба за носење, и ништо не си купив, зашто цените од безобразни по безобразни. не е дека не можам да си приуштам, ама толку пари да дадам не давам од принцип. не може цел трговски свет да става маржа 10-20 % а нашите да ставаат 200 %. според мене најголемиот проблем во нискиот стандард во МК освен малите плати се и нереално високите цени кај трговците во 90 % од случаите. пример во продавницата на Левис карши багат 501 фармерките чинат 100 евра, нормална цена во Канада им е 40 долара, а во Бостон УСА имам земено 2 пара за по 20 долара. Соодносот и на другите производи е исти. нека објасни некој како е можно месото ( овде месо купувам на фарми по околината ), да ми биде поевтино овде него во МК. и за еден куп останати производи важи истото. безобразлукот на трговците, нивната алчност, имаат голем ако не и најголем удел на нискиот стандард на народот во МК. |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Загоре, мора да се зезаш
Во супермаркет гледам јајцата скокнале до 103 денари за пакување од 10. Инаку има и од 80 денари, ама дека не се расипани не ти гарантира никој. Баш правев муабет со еден пријател, вика место да земам 2 табли, оваа година само една. Ја платил 270 денари. Електричен шпорет освен ако не е стар 5 години, за 5000 нема и тако даље...ова само за да не помислат некои што не живеат во МК дека се е така ефтино Твоите цени се ОК, ако си ставел долу со ситни букви (што никој не ги чита), цените се 30% од реалната вредност и во нив не е вклучен ДДВ од 18% И конечно да се сложам во нешто со Zeksi. Не е до мене, жими дождов
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За “Мечето“-Умираат, тивко оти за нив тек тук информираат, не се “актуелни“. Зекси-ковски За повеќето работи си во право. Алиштата е колај работа, купуваат луѓето поевтинки-кинески. Но храната, иако сме ѓоамити аграрна земја, плаќаме ко да ни е се од увоз (додуша се збори дека такаречи се ни е увозно). Но нејсе и за тоа, ајде сега за ова безобразлукот на трговците- Кој е одговрен за нивниот безобразлук? Кој го дозволува тоа? Кој ја крои економската, социјалната политика? И уште поважно-знаеш ли колку од “трговците“ се со власта (со секоја, не велам само со ова)? Па еве прв на списокот ми е Владо -Тинекс, градоначалникот на Центар. Зарем човекот не е нашетан, не ги знае работите кои ти ги наброја? За жал во Македонија се е политика, па и стандардот на населението, та и трговијата. За жал. |
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
....за СЕКОЈ НАБРОЈАН ПРОИЗВОД и секоја цена имам објаснување! .....очигледно дека или не знаете да пазарувате или сакате себично да си живеете во оваа оаза...и да уживате овде додека нашинцине отишле преку водата и сиротите,сега немаат пари да се вратат...,и наместо тие да јадат свежа риба,зажалени за нас,ни ја праќаат овде која стигнува после пола година... А тие немаат избор,мора да јадат рипки од по 20 долара/кг... Брат(прости на изразов) не зезај како може некој да ти продава расипани јајца.па има закони или не во оваа држава?!Ма дај ти се молам...расипана или непроверена храна,апарати без тех. хомологација и декларација...лекови без упатство..абе тоа е минато несвршено време,а полека преоѓа и во идно.. ..и ова,...ево SEIKO сат само 500 денари..изволте///изволте///госпоџа//...ево батери за сат!!!....ево ладне кока-колееее!!,а тоа внатре во котлето рѓосано..рак кола некоја!..само црна!.жив болест!. или ова..намалување до 40% на производите на Panasonic и SAMSUNG...tv 32Full HD за 200 евра!. дури и не забележа бензин од 40-90 денари!еееееј,кај го има тоа...Либија ли е ова....? ..има,има како не!можеш само да замислиш како изгледа просечен македонец а тие се гарант 50% кој ја користат оваа листа,кога ќе се храни со храна по оваа листа,се облекува по овие цени,користи хигиенски средства од оваа листа..НА ШТО ЛИЧИМЕ БРЕ?. Така облечени,намирисани, средени ..ухранети и пицнати..само за во ЕУ сме,не дека другите којзнае што се..ама ние бре..лидери и во оваа класа сме!.Вошки и какви се не бактерии не изедоа...пола народ ослепе,другата половина ако не криви....накривнува..по Туберколозата и катар,уште тифус ни фали....!. .И еве сега ако се затруе некој или ако добие болест некоја од овие производи и храна,народот кратко ќе пресече:...Толку му било пишано!Бог да го прости!Се измачи...!Бог да го прости,се спаси..!...пошто и со вакви цени,нема пари да плати лекар,лекови нега ... |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Доволно кажа тука
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Електричен шпорет освен ако не е стар 5 години, за 5000 нема и тако даље. ..е нема електричен шпорет на сензори и што знам какви техники и електроники ..за 5000 денари!Ти сакаш последен модел за 5000?Е нема!. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Има бе, циганско ќумбе со сензори за препечени пиперки
Има и шпорет на дрва...ама да видиш што убава пита се прави
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не знам кој е одговорен ама владата сигурно има механизми како да го спречи дивеењето на нерелните цени и да се доведат трговците во ред. А и морам да признам кај нас трговците се одлично организирани, и си имаат свои претставници во секоја влада, а и добро подмачкуваат изгледа секаде кај што треба, така да нивните интереси и нивните големи приходи никогаш не биле на тапет ниту на институциите, ниту на медиумите, а ниту пак на организациите на потрошувачите. |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
цените паднаа,ама и оваа тема....така ми изгледа. сепак платите и не ни се така ниски,кој е глуп да каже колку заработува..бе! ај доста е,заклучувај. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...ako si gotvish doma samiot...i kupuvash po supermarketi i ''po farmi''.... ...ke se pominesh ,mozebi i i poeftino od tuka,..a,....pokvalitetno vo sekoj sluchaj !
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Власта во МК е багра, ама скапите патлиџани во Тинекс е најмалку што може да ви наштети. Погледни малку пошироко, во МК не се случува ништо специјално, тоа е само процесот на глобализација. Неколку фамилии во светот ја кројат економската политика на сите земји, вклучително и развиените. Некои од власта ја контаат играта подобро, па профитираат - но сето тоа се локални аномалии. Но, замисли ја МК во ЕУ - што мислиш дека ќе биде првата директива што ќе стигне? КОПАЧЕТЕ ГИ ЛОЗЈАТА! Само франција и Шпанија имаат право да произведуваат вино. Следно ќе биде, НЕ СМЕЕТЕ ДА ПРОИЗВЕДУВАТЕ МЛЕКО, ние од Шварцвалд ќе ви носиме. ПАтлиџани и краставици од Бугарија и Грција, јебига постари членки се. Ќе немате пари да купите, ама ние ќе ви дадеме кредит, кој ќе го потрошите на нашата храна. А кога ќе немате со што да ги вратите кредитите, ќе ви земеме се што ви остана и ќе ве претвориме во робови. Уништувањето на козите од другарот Лазо ќе ви се чини како детска игра.
Но ич не се секирај, Македонија и македонците така конечно ќе се вклопат во меѓународната заедница. И со извинение, како да се свртиш, газот ти е одпозади.
Изменето од Polar Bear - 10.Април.2012 во 07:20 |
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |