|
Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)... |
Внеси реплика | страница <1 4748495051 58> |
Автор | |
LGBT
Сениор Регистриран: 23.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 114 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хеј, знаеш како затреперувам секој пат кога ќе те видам знаејки дека никогаш нема да те имам за тоа што си стрејт?
Знаеш колку солзи имам пролеано? Ме убива помислата дека можам да завршам сама, само затоа што со мојата сексуална ориентација сум во малцинството. |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
п.с. Ова не е љубовен текст, ама е напишан од душа...
Денес сум среќна како никогаш, среќна затоа што те немам покрај мене, среќна затоа што сум слободна... Случајно или не, разбрав дека се средуваш (ако може да се нарече твоето живеење “средување„). Мило ми е што јас такво нешто не дочекав... Му благодарам на Бога, што сепак ме насочи на прав пат, ме тргна од тебе.Покрај тебе научив да го ценам она што мислев и дека не е толку важно. Со многу болка и крв го платив времето поминато со тебе и сеуште плаќам, но мило ми е што и ти го дочека своето. Знам дека ако останев со тебе,ќе живеев како во пекол,а животот во гетото ќе беше бајка. После толку време се смеам и имам мир во душава, ноќите не се проклетство, туку спокој, утрата не се казна, туку подарок...Иако моето не е завршено, се надевам дека ќе го најдеш твојот спокој покрај твоето ново семејство... |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немој..
Немој никаде да одиш. Не вели ништо. Погледни ме: ова е само живот, нема ништо страшно овде. Остани. Направи перница за мене од твоето рамо. Направи кревет од твојата душа. Да ти сонувам. Да ти бидам како што си ми. Не вели ништо. Ќе ти ја постелам кожава, можеш да ја облечеш ако ти студи. Можеш да го избришеш времето со неа. Остани. Ќе ти бидам време и никој нема да знае дека часовникот отсекогаш зборувал тишина. Ќе ти ги прераскажам сите љубовни приказни и ќе знаеш дека беа мои само за да научам дека во љубовта траеш колку што траеш во очите. Ми светиш во зеницата. Ми светиш во главата. Ги закопувам стравовите со овој збор. Се плашам само од сопствената желба за добро. Во добрината може да те прегази цело небо. Може да те размине секој човек. Мојата добрина за тебе ја нарекувам живот. Остани. Доброто се враќа со смеење. Ќе ти се врати како чекање. Човек мора да им се радува на лампионите, колку елката да има смисла. Ти ги чувам сите свои дарови под мојата стреа. Нема да скапаат никогаш. Нема никој да ги земе. Нема побезбедно место за твоето лице од оваа бучност во мене: кога светот ми го вика твоето име, а јас знам дека се повторува моето. Си имаме исто име. Така добро ми натежнува. Како раснење. Во името и со него. Човек секогаш може да си го избере сопственото име. Остани. Немој никаде да одиш. Не вели ништо. Погледни ме: времето стои кога не си тука. Ништо не се случува. Никој не доаѓа. Зборот расне во мене за цел век живеење. Раснам во себе. Тоа твоите очи ми направиле живот. Не стигнувај никаде со друго лице во очите. Гледај ме. Не оставај ме. Чувај ме како што те чува тапанот во моето срце. Со удари кои одбројуваат живот. Со тропот на чевел кој гази на мост што се клати- колку да стигне од другата страна на виножитото. Не стигнувај никаде без моите допири. Без моето време. Ќе нема кој да ти го чува стравот во сонот. За тоа сум јас. За да ти го заспивам сонот кога ноќта ти е отидена во некоја друга ноќ некаде. За да те вратам дома- во оваа соба каде времето почнува и завршува. Речи ми го она кое ти го велам. Повтори ми го срцето како што те повторувам со јазикот. Немам глас. Ми ги знаеш сите зборови. Речи нешто. Не вели ништо. Немој без моето лице да одиш. Не заборавај ме. Немој никаде да одиш. Легни во мене. Сонувај. Ќе нé покријам двајцата со сето кое го имам. Ова горе. Едно небо. Толку мое. Легни ми на градите. Слушни ми го срцето. Тоа твоето име тропа внатре. Така заспивам. Така те будам. Со себе за тебе низ векот кој претстои. Вдиши. Ќе има друг сон за нас. Направени сме од сништа, јас и ти. И ѕвездите. Ова овде е само дел. Сето стои во идно време. Претесен збор. Остани. Рано е. Ѕвездата уште не ми излегла на челото. Таму ме бакна прв пат. Таму те носам: како белег од раѓање по кои се познаваат оние кои го знаат небото. Не кажувај ништо. Зборот – име ми вреди во животот колку живот. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
DARKDOG
Сениор Регистриран: 25.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 218 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Таа е
убава. Тој е шармантен. Таа е прецизна. Тој е несериозен. Таа е воркохолик. Тој
сака да се излежува. Таа била бубалица. Тој бил седум пати на полагање и обично
се снаоѓал. Таа е кариеристка. Тој е невработен. Таа потекнува од угледна
фамилија. Тој е дете на разведени родители. Таа е дружељубива. Тој има само
тројца пријатели. Таа е строга. Тој е опуштен. Таа живее здрав живот. Тој пуши
и пие. Таа гребе грепки
на лотарија. Тој игра покер и рулет. Таа спортува. Тој е дебел. Таа го полни
фрижидерот во недела. Тој го празни до среда. Таа гледа документарци. Тој игра
видео игри. Таа има мачка. Тој понекогаш посакува да ја отруе.
Ако некои животи создаваат совршен круг, другите се
оформуваат на начин кој не можеме да го предвидиме и разбереме. Загубата е дел
од животното патување, но ни покажува што е скапоцено како љубовта.
Бев клошар во очите на сите околу мене, а не бев свесен ни
зошто. Можеби поради тоа што бев добар кон сите, на никому зло не посакував и
верував во добрината на луѓето. По се изгледа бев премногу наивен и можеби
токму затоа бев честопати повредуван. И во љубовта немав среќа, затоа што имав
да понудам само срце кое искрено љуби и сака. Тоа едноставно беше премалку за
сите оние девојки кај кои се обидов. За мене потоа
почна да кружи муабет дека се нудам на сите девојки од сите сум одбиван. Не ми
беше лесно, како се да правев погрешно. Почнав полека да се губам себе и својот
идентитет. Неможев повеќе да издржам да гледам како пропаѓам и токму затоа
решив повеќе да не си ја вложувам својата енергија во бесполезни работи, туку
да се насочам кон своето надградување и унапредување. Полека, но сигурно
почнував да си го пробивам својот пат во животот. Можеби немав девојка покрај
мене, но сепак имав работа која што ме исполнуваше максимално. Колку повеќе
работев и вложував, толку повеќе успеси почнаа да ме следат и врати насекаде да
ми се отвараат. Бев среќен поради тоа што ми се исплатеше секоја жртва што ја
бев дал, секоја капка пот што ја вложував во своите дела, се ми се враќаше.
Беше тоа уште една вообичаена ноќ помината сам во мојата соба, дружејки се со ново шише алкохол,полна пепељара пикавци и многу мизерија. Ме чека нова борба, се влечам, собирам сила да го подигнам лицето од подот и размислувам на тебе грешна светицо. Твојот отров ме обвива со тага и неможам да се сокријам. Разумот ми вели “не, доста е” додека срцето бие трпеливо, наоѓа надеж и сеуште моли за уште малку време. Но, денот може да дојде, кога јас ке го изгубам ова срце и сета надеж ќе изчезне засекогаш, кога сето ова ке биде сеќавање на една слатка мизерија. |
|
DARKDOG
Сениор Регистриран: 25.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 218 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што барам јас овде? Прашање кое постојано ми одѕвонуваше во
главата ама никој не ми го одговараше. Делевме бакнежи, прегратки, постела… а
сепак не бев доволно добар за да ме претстави како момчето покрај кое се
чувствува среќна. А дали навистина беше среќна? Беше! Ама очигледно јас не бев.
Јас по се изгледа бев странецот на ова место… личност која мора да го крие
својот идентитет за да не повреди нечија суета и имиџ.. Не беше истата онаа
која до вчера ми го даваше своето срце, онаа чии воздишки ме исполнуваа, онаа
која трепереше секогаш кога ќе ја допрев… Сега за нeа бев само личност која ја
знае од видување, од мојот допир бегаше како од змија, погледот и насмевката и
беа наменети за друга особа… и повторно… Што барам јас овде? За да бидам само
уште една нашминкана и насмеана будала, да глумам некој кој никогаш не сакам да
бидам?
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...го симна шлемот, ги провре прстите низ косата...и низ моето срце....
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас на еден , ти на друг крај, како анѓели во небесен рај. Анѓелите се среќаваат со Бога, а ја и ти кога?!
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мојата душа не е патека да поминеш и да си заминеш,мојата душа не е огин да се стоплиш и отидеш мојата душа е божји храм влезеш ли остануваш засекогаш
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ova od dusa ti dojde
|
|
vivi
|
|
Radijator
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 153 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
.............Гледам прекрасна жена, ама те гледам тебе............Прегрнувам перница и те замислувам тебе...........Лежам во кревет со непозната и давам корпа, бидејќи те гледам тебе во неа................Под сомневање е ставена мојата сексуална определба.............................Ама што да правам, таков сум јас, знам само едно..................ТИ СИ ЕДНА ,ЕДИНСТВЕНА И УНИКАТНА И ТЕ САКАМ САМО ТЕБЕ И НИКОЈ ДРУГ !!!!!!!
|
|
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТИ СИ КАКО УТРОТО... ЗНАМ ДЕКА СЕКОГАШ ЌЕ ДОЈДЕШ !!!
... Те гледам во очите и го чувствувам твојот длабок и продорен поглед, кој го чуваш љубоморно, само за да го милува моето насмеано лице... Небаре сунѓер сум, па сите твои емоции ги впивам... Убаво ми e кога чувствуваме исто... Секое УТРО твојот шепот ми е се помил и помек, како постелнината која мириса на тебе... Понекогаш, се завиткувам цела во тие бели чаршафи, кои се навикнале на мирисот од порите на твојата кожа... Се претопувам во нив... На моите прозорци нема повеќе тага... Низ тие стакла, замачкани со ЉУБОВ и утрински колачиња, секое УТРО продираат најсјајните сончеви зраци и се протнува, како крадец, најчистиот воздух... И кога не си до мене, ТИ си тука, а ЈАС те гледам почисто од било кога... ТИ СИ КАКО УТРОТО... ЗНАМ ДЕКА СЕКОГАШ ЌЕ ДОЈДЕШ !!! |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Setam vo nokta pod vedro nebo i si pomisliv kako bi bilo da se pojavi NLO. Pa bi postoele dve verzii od koi ednata bi bila da me grabnat i da me seckaat za eksperimenti, a drugata kako se velikodusni vonzemjanki koi licat kako amazonki od filmovite i kako me kanat da me odvedat na nivnata planeta i da ja zgrizat mojata napatena dusa, a bogami i telo, i sto e normalno, bi odbil.
Utroto e daleku, a uste nesozreani misli vo mojata glava cekaat na red |
|
butterfly1436
Нов член Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Seuste topliot veter me potseka na tvoite dopiri..te custvuvam nasekade okolu sebe iako pomina doooldo vreme od koga nasata ljubov stana zabraneta!Sega mozam da ti objasnam se,sega ke znam kako da ne te povredam,sega ke znam da si zaminam bez traga...ama te nema zatoa sto te otfrliv bez objasnuvanje!A dusava seuste place barajki te!
Ljubovta mi vraka so istata tezina so koja sto ja povrediv..a nikogas ne bi te povredila SEKOGAS KE TE SAKAM! Zosto ljubovta tolku boli koga e nevozmozna!............. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Молк, тишина. Без непотребни зборови, тие се потрошени одамна. Па и потребните, ако веќе зборуваме искрено.... повремено им се сретнуваат погледите изгубени, прашални.
„Каде погрешивме?“ -праша таа... непотребна реченица... непотребно прашање...... повторно... „Не знаевме да молчиме кога требаше!“ И одговори тој и зеде уште еден дим. „Зошто тогаш повторно сме овде? На истото место, заедно?“ повторно прашања... тешки... а толку сакаше таа само да молчи, само да молчи. „Затоа што си сѐ она што сум, а не сакам да бидам... затоа што сум сѐ она што сакаш, а не умееш да го имаш...“ Се заврте кон него, се припи до неговото тело, му ги отвори очите и го погледна... со показалецот му го погали левото око. На тој чин уште имаше право. „Но, зошто да зборуваме за нас, кога нас веќе нѐ нема?“ рече и легна врз него. Можеше против сѐ, но против желбата за него... овде беше беспомошна. „Но, ти...“ почна да зборува, а тој и ја затвори устата со рака... можеби сакаше, но не смееше да ги слушне тие зборови... зборови кои повторно би го вратиле на почеток... не сакаше да ја слуша бидејќи таа не беше повеќе негова, како што и тој одамна не беше нејзин.... |
|
Внеси реплика | страница <1 4748495051 58> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |