IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 30>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 16:33



БАН МИ СЕНДВИЧ.

СОСТОЈКИ (за 8 сендвичи)

• ½ шолја кру­пно рен­дан мор­ков
• ½ шолја рен­дан дај­кон
• 1 голема лажица оцет
• 3 мали лажици шеќер
• 1/2 мала лажица сол
• 3 големи лажици чили сос
• 450 – 500 гр свин­ско филе
• 3 големи лажици мајо­нез
• 2 фран­цу­ски лепчиња
• 1 кра­ста­вица
• 16 фиданки кори­јан­дер
• 2 млади кро­мид­чиња (тенко насеч­кани)
• хала­пењо пиперка (тенко насечкана)

ПОДГОТОВКА
Изме­шајте ги мор­ко­вот, дај­ко­нот, оце­тот, ½ лажица шеќер и солта. Сме­сата оста­вете ја да отстои поло­вина час. Исцедете.

Загрејте ја рер­ната на 200°С.

Изме­шајте чили сос со 1 ½ мала лажица шеќер. Месото ста­вете го во тава со решетка и порпскајте го со масло. Одо­згора пре­мач­кајте го со сме­сата со чили сос и посо­лете го. Печете околу 20 минути. Откако ќе се испече, ста­вете го во фрижидер.

Изме­шајте го мајо­не­зот со пре­о­ста­на­тиот чили сос и сме­сата ста­вете ја во фрижидер.

Исе­чете го фран­цу­скиот леб на 4 дела. Секој дел пре­се­чете го како за сен­двич. Секое парче пре­мач­кајте го со сме­сата мајо­нез и чили сос. Месото исеч­кајте го на ситни пар­чиња и ста­вете го рам­но­мерно во секој сен­двич. Потоа дода­дете мор­кови, кра­ста­вица и кори­јан­дер. На крај, завр­шете со млад кро­мид и халапењо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 15:19

Макарони со зеленчук и сланина

Потребни состојки:

200 гр. Тестенини

1 тиквичка

1 домат

2 главици бел лук

150 гр. Сланина

50 гр. Кашкавал

Сол

Босилек

Подготовка:

Макароните варете ги 15 до 20 минути. Ситно исецканата сланина ставете ја во тавче, додадете ги исецканите тиквички, излупениот и исецкан домат, белиот лук и зачините. Целата смеса пржете ја на тивок оган 15 минути.

Извадете ги макароните, исцедете ги убаво, ставете ја смесата со сланината и зеленчукот, а на крај ставете го кашкавалот. Ставете ги во рерна и потпечете ги уште 5 до 10 минути.



Изменето од емил - 11.Март.2012 во 15:19
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2012 во 23:24

Кралски компирчиња

На многу едноставен начин може да направите нешто многу привлечно…

Потребни состојки:

-      1 кг компири

-      3 жолчки

-      100 гр путер

Подготовка:

Излупете ги компирите и сварете ги во вода со сол. Во меѓувреме спремете го плехот за печење. Сварениот компир испасирајте го, направете пире. Додајте ги жолчките и растопениот путер и мешајте за да се соедини смесата. Смесата ставете ја во шприц и на обложениот плех со хартија за печење направете форми. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути, или додека да поруменат.



Изменето од емил - 13.Март.2012 во 23:24
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2012 во 09:39

Пилешки крокети со морков


Потребни состојки:

150 гр. пченкарно брашно

500 мл. млеко

2 жолчки

300 гр. варено пилешко месо

1 лажица зачин ц

100 гр. варен морков

Сол и црн пипер

За похување:

4 лажици брашно

2 јајца

4 лажици презла

Припрема:

Ставете го млекото и пченкарното брашно во тенџере, па згответе ја смесата се додека не се згусне. Оставете ја да се излади, па додадете ги шолчките, ситно сецканото пилешко месо и морковот. Зачинете со вегета, сол и црн пипер и промешајте ја смесата се додека не добиете хомогена смеса.

Од смесата оформете крокети, извалкајте ги прво во брашно, па во разматено јајце, па во презла и испржете ги во тава со врело масло на оган. Откако ќе се испржат, ставете ги на салфета за да ја упие вишокот на маснотија.

Крокетите сервирајте ги на чинија за сервирање со сос по желба. Добар апетит!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2012 во 11:01

Крцкави пилешки прсти


Има ли нешто поубаво од крцкаво и вкусно јадење….???

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

½ килограм пилешки гради исечкани на долгнавести парчињa

3 големи лажици сенф

3 големи лажици мед

60 грама солени грицки

сол и бибер

мало лажиче лук во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во помал сад измешајте ги сенфот и медот.

Солените грицки истолчете ги и измешајте ги со останатите зачини.

Парчињата пилешки гради ставете ги прво во смесата од сенф и мед и подоцна во миксот од грицки и зачини.

Вака подготвените пилешки прсти наредете ги во тава за печење обложена со хартија и печете 20 минути на 22о степени Целзиусови во претходно загреана рерна.

Уживајте во крцкавиот вкус!!!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2012 во 11:35

Крцкава пита со јаболки


Вкусен десерт кој одлично оди во комбинација со сладолед:)

Потребни состојки за тестото:

-      280 гр брашно 

-      140 гр путер

-      70 гр шеќер во прав

-      2 жолчки

-      1 лажица бело вино

За филот:

-      1 кг јаболки

-      цимет

-      сок од лимон

-      ореви

-      суво грозје

-      ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте ги состојките за тестото. Путерот мора да биде на собна температура и никако не го месете тестото премногу долго. Откако ќе го измесите тестото ставете го на ладно место да стои 30 минути. 

Исчистете ги јаболките и исецкајте ги на коцки. Додајте им малку цимет и сок од лимон. Оревите, сувото грозје и ванилиниот шеќер додајте ги во смесата со јаболките. Одвојте 2/3 од тестото и ставете го во калапот за печење, па одозгора сипете го филот и со пресотанатото тесто прекријте ја питата. Печете од 30 до 45 минути на средна температура. Питата послужете ја со топка сладолед од ванила.

 




Изменето од емил - 21.Март.2012 во 11:36
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2012 во 05:41

Јаглешки бут во рерна



Потребни состојки:

1,5 кг. јагнешки бут со коска

1 врзоп мајчина душичка

2 гранчиња рузмарин

2 чешниња лук

6 лажици маслиново масло

1 лажица вегета

Сол и црн пипер 

200 мл. бело вино

1 гр. компири

Припрема:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исецкајте ја мајчината душичка и половина рузмарин, па во зачините додадете го ситно сецканиот лук и 3 лажици масло. Измијте го месото и премачкајте го со подготвената маринада, па посолете го и наросете црн бибер.

Испржете го јагнешкиот бут на преостанатото масло, па префрлете го во тава, полијте го со 100 мл. вино и печете околу еден час.

Излупете ги компирите и исечете ги на коцки, распоредете ги во тавата околу месото, зачинете ги со преостанатиот рузмарин, вегетата, додадете го останатото вино и малку вода и гответе во рерна уште еден час.

Послужете го јагнешкиот бут со компирите на чинија за сервирање. Добар апетит!



Изменето од емил - 22.Март.2012 во 05:46
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2012 во 15:25

Пијани ракчиња


Пијани ракчиња

СОСТОЈКИ
• 2 мали шишиња пиво
• 1 шолја вода
• ¼ шолја јабо­лков оцет
• 2 кро­мида, исе­чени на четвр­тини
• 1 чешне лук, издро­бено
• 1 голема лажица сос за скара
• 2 лово­рови листа
• 1 лимон, исе­чен на четвр­тини
• 1 лажица лут сос
• 1 кг рак­чиња, излу­пени и исчи­стени
• пар­чиња лимон за гар­ни­рање
• кок­тел сос за скара за гар­ни­рање
• 3 зрна бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ:
Чекор 1: ста­вете ги сите состојки, освен рак­чи­њата, во пого­лем сад за варење. Пуштете го шпо­ре­тот на уме­рен оган и оста­вете сме­сата да се почне да зоврива. Дово­лни се 10-тина минути.

Чекор 2: нама­лете ја темпе­ра­ту­рата. Дода­дете ги рак­чи­њата и варете додека не ста­нат све­тло розови, околу 5 минути. Исце­дете ги рак­чи­њата и ста­вете ги на чинија за серви­рање.

Чекор 3: попр­скајте ги со кок­тел сос за скара. Може да ги кон­су­ми­рате и ладни и топли.

.

Кок­тел сос за скара

СОСТОЈКИ
• ½ шолја сос за скара
• ½ шолја кечап
• сок од 1 лимон
• малку лут сос
• ½ шолја при­го­твен рен

Изме­шајте ги убаво сите состојки во мал сад. Оста­вете да отстои малку во фри­жи­дер. Со овој сос пре­лијте ги пија­ните рак­чиња пред сервирање.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 18:52

Кордон блу



Потребни состојки:

4 пилешки шницли

1 врзоп магдонос

150 гр. крем сирење

4 парчиња шунка

1 лажица брашно

2 јајца

3 лажици масло за јадење

Сол и црн пипер

Припрема:

Ситно исецкајте го магдоностот, помешајте го со крем сирењето, посолете и наросете црн пипер.

Со остар нож напречно исечете ги стековите, па исчукајте ги. На секој стек ставете едно парче шунка, 2 лажици сирење со магдонос, па преклопете го месото и краевите прицврстете ги со чепкалки.

Месото извалкајте го во брашно, па во изматено јајце па во презла. Пржете на загреано масло, па откако кордон блу шницлите ќе се испржат, ставете ги на салфетка за да се упие вишокот на маснотија, па сервирајте ги на чинија за сервирање. Добар апетит!



Изменето од емил - 25.Март.2012 во 18:52
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 13:42

Солен колач од компир

Вкусно, зачинето, ароматично…

Потребни состојки:

-      500 гр брашно

-      30 гр квасец

-      250 мл вода

-      30 мл маслиново масло

-      200 гр компир

-      200 гр сладок компир



Изменето од емил - 28.Март.2012 во 13:43
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 23:44

Пржен компир со сусам – пазете на прстите!!!


Најчестиот „гостин“ на сите трпези- компирот, овој пат во комбинација со сос од соја и сусам, претставува одлична шанса за деликатесен ручек, заслужен после напорниот работен ден…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 грама компир 

2 чешниња лук

1 главица кромид

50 грама Сусам

Сос од соја

Маслиново масло

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Поголема тава, подмачкајте ја со маслиновото масло и почекајте да се загрее. Во меѓувреме, сечете го компирот. На загреаното масло, пржете го компирот 6-7 минути, намалете ја температурата и додадете ги ситно сечканите лук и кромид, со кои ќе продолжите да го пржите компирот, уште 5 минути. Ја тргнувате тавата на страна,компирот го преливате со сос од соја, наросувате малку бибер и повторно го пржите компирот, на тивок оган, уште 2 минути. За крај, пропржете малку сусам, наросете го врз компирот…и јадењето е готово…

Уживајте во прекрасниот и едноставен ручек …



Изменето од емил - 28.Март.2012 во 23:44
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 10:52
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 10:54
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 11:06

Макарони со рукола


Потребни состојки:

350 гр. макарони

3 чешниња лук

120 гр. рукола

300 гр. домати

50 гр. маслинки

Сол и црн пипер

3 лажици масло

50 гр. кашкавал

1 лажица вегета

Припрема:

Макароните сварете ги во солена вода па исцедете ги. Излупете ги доматите, исецкајте ги на коцки, посолете ги, оставете ги да отстојат па исушете ги со впивачка хартија.

Во голема тава на загреано масло испржете ги оматите, додадете го ситно сецканиот лук, сецканите маслинки, вегетата и сол и црн пипер, па промешајте.

Потоа во тавата додадете ги макароните, малку од течноста во која се вареа и динстајте, па откако ќе испари течноста, додадете ја руколата и кашкавалот и промешајте. Сервирајте во чинии. Добар апетит!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.