IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Што прави оваа влада?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што прави оваа влада?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 134135136137138 200>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 09:17
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

А бе Сантијаго, на моја добра пријателка умре татко и зашто немаше пари да му плати на докторот ( познат специјалист во МК ) 6 илјади марки за овој да му прави операција, комшијата во Скопје долги години си има мука зашто нема пари да си направи операција која фондот не ја покрива, вака можам да ти набројувам едно десетина случки што јас лично сум запознат.

По што е различна твојава пренесена приказна, и од што се трогна толку многу. Вакви случки ги имало и порано, ги има сега и ќе ги има и понатаму, во цел свет, некаде повеќе, некаде помалку. 

Лично ми е жал за секој поединечен ваков случај, но таа е реалноста.

Вакви приказни, лични и семејни трагедии кои на најподол и евтин начин се филуваат за дневно политички интереси, а и самите тие филувачите и лиферувачите, се за секаква осуда.

Да се користат вакви случувања, за да се оцрнува спротивниот табор, да се искористува човечката слабост кон ваквите трагедии, е само недостаток на никаква политичка идеја и култура како да се доближат кон избирачите поедини партии односно оние кои се обидуваат да ги користат ваквите трагедии.

 



Велиш не треба да се објавуваат ваквиве приказни?збунетост
А треба да се обајви секој успех на владата? Ова е пропаганда тоа не е?
Памтам ми беше смачено во времето на СДСМ, за секоја пуштена чешма одеше информација во вестите како Бранко, Бучко сечат ленти.
Сега, сегашниве исто, ленти, лопати, реклами, споменици.
А народот нека умира, нека молчи, да не вознемирува.
Приказнава одеше по социјалните мрежи. Трагична е, нашата реалност е. Ја потврдуваш и самиот по случаите што ги кажуваш.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 09:53
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

А бе Сантијаго, на моја добра пријателка умре татко и зашто немаше пари да му плати на докторот ( познат специјалист во МК ) 6 илјади марки за овој да му прави операција, комшијата во Скопје долги години си има мука зашто нема пари да си направи операција која фондот не ја покрива, вака можам да ти набројувам едно десетина случки што јас лично сум запознат.

По што е различна твојава пренесена приказна, и од што се трогна толку многу. Вакви случки ги имало и порано, ги има сега и ќе ги има и понатаму, во цел свет, некаде повеќе, некаде помалку. 

Лично ми е жал за секој поединечен ваков случај, но таа е реалноста.

Вакви приказни, лични и семејни трагедии кои на најподол и евтин начин се филуваат за дневно политички интереси, а и самите тие филувачите и лиферувачите, се за секаква осуда.

Да се користат вакви случувања, за да се оцрнува спротивниот табор, да се искористува човечката слабост кон ваквите трагедии, е само недостаток на никаква политичка идеја и култура како да се доближат кон избирачите поедини партии односно оние кои се обидуваат да ги користат ваквите трагедии.

1. Не треба познатите специјалисти да бидат корумпирани, а фондот треба да ги покрива сите трошоци за операции. Не може да покрива трошоци за операции надвор од МК што можеле да бидат направени во МК, а да не покрива спасување на човечки живот! Тоа е исто како да му пресудиш на некого живот или смрт, а Фондот воопшто нема такво ексклузивно право.

2. Што ме трогна? Ништо бе Зекси. Треба да си човек без срце со нафатиран џеб за да не те трогне секојдневието. 

3. Лично мене па многу ми е жал што умре козата на комшијата (немаше со што да ја нахрани), ама сите знаеш што викаат...

4. Вакви семејни трагедии се баш оние што не тераат да се запрашаме... Што ако јас утре умрам поради тоа што на Фондот му текнало да си игра со мојот живот?
Си се запрашал ли ти што ако ти утре си жртва суровата реалност во МК? Или ти си далеку, знаеш дека нема да приумреш во МК?!?

5. Вакви случки се користат за да им се отворат очите на некои слепци. Ама изгледа слепец....цел живот ќе остане таков....слеп! 
Мајка не се разбудила по царски рез....На жена и заборавиле инструменти во стомак....Некој си таму умрел чекајќи да дојде на ред за операција....10 родилки за 3-4 месеци умреа поради докторски грешки на трулото здравство....Абе да ти е мерак да читаш!




И немој да ми продаваш приказни за тоа колку е добро во МК. Колку ни е добро здравството и се останато што иде со него. Колку ни се добри реформите што никогаш нема во целост да се спроведат, колку ни се добри клиниките и колку се добри позитивните листи на лекови. Ти тоа на своја кожа не го чувствуваш, кога ќе се симнеш ваму да се лечиш, тогаш ќе видиш што Сантијаго се потресол од случките што ни се секојдневие.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 12:46
мамамд,

Не реков јас дека не треба да се објавуваат вакви ствари, напротив, треба сите да се објавуваат, ама ми пречи кога некои битанги од партиите ги користат за сопствени партиски интереси.
Не сум за тоа партиите да користат семејни трагедии во нивната партиска борба, а приказнава е дефинитивно филувана во некоја од партиите и како таква е пуштена во јавност.

Сантијаго,

Кога јас тоа сум рекол дека состојбата е многу добра во МК. Немој да ми имплементираш работи за кои не сум кажал ни збор.
Ама не можам да се сложам дека здравството ни е труло.

Еве ти линк од светската здрвствена организација, за здравствената состојба и се што е поврзано со здравјето на населението во МК, и ќе видиш дека општо земено здравствените услови на населението во МК, се подобри него пред 10 год. 


На вториов линк можеш и да видиш компарации помеѓу државите во светот околу здравствената состојба пооделно, а и која на кое место на листата се наоѓа по одреден проблем.


Па ако добро се рашчиташ ќе можеш и да најдеш податок дека МК со нејзиното труло здравство има поголем број доктори на 1000 жители него Канада. И поголем број на болнички кревети исто така.
И помала е смртноста на мајките при породување него ли во Канада.

Во некои случаи сме подобри, во некои рамноправно се носиме со останатите поразвиени држави, во нешто сме полоши, ама далеку од вистина е дека здравството ни е капут.
Овде на форумов кога ќе прочитам што се пишуваат поединци, да не знам каква е состојбата во МК ќе си помислам дека се работи за Авганистан или Сомалија.

А со оглед на тоа со каква економска моќ располага државата, па поред тоа колку се краде, ние уште и супер сме.

Јас овде кај што живеам само молам бога да не се разболам нешто. За најобична работа редовно се случува да си дремеш у амбуланта по 7-8 саата и повеќе. За да одиш на специјалист обично ти закажуваат после неколку месеца, за операција исто. 
Поради работа се преселивме во друг град, веќе четврта година немаме семеен доктор, а сме на листа на чекање кај повеќе од 20 доктори.  Мед. сестрите со работна униформа се возат по јавен транспорт пред и после работа.
Обичните канаѓани кои поради природата на здравствениот проблем што го имаат не можат да чекаат толку, најчесто одат во Куба или други земји на лекување, бидејќи "бесплатниот" канадски здравствен систем не може да им обезбеди навремен третман.
За цената на лековите воопшто не сакам ни да трошам зборови. 
И да не почнам да ти набројувам уште зашто кој знае што ќе си помислиш.

А ако имаш пари да си платиш, ќе имаш врвна услуга, исто како кај нас, како и секаде.



 







"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 13:29
Уште една делба на народот.Дополнително плаќање на здраствено осигурување....нормално кој има.Дали тоа значи посебни услуги,посебни чекални,посебни ординации (апартмани) посебни лекари,посебни лекарства а можеби и нови болници....да не се мешаат со обичните луѓе....да не се ствара завист.
За мене ова е навистина некој ќе живее некој ќе умира.
Имам еден предлог,тие што имаат пари нека одат во странство,барем да не ги гледаме.
Сега гледам дека јас моите родители ги изгубив само заради тоа што немав дополнително здравствено осигурување.
Кога го замолив еден познат специјалист,не ми рече дека несака да ми помогне,но и не ми помогна.Он незнаеше како да мо побара пари,а јас незнаев како да му понудам пари.
На што се сведе човечкиот живеот!
И сега најново,ќе живеат само тие што имаат пари....а другите се знаетага
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 15:20
Originally posted by annaja annaja напиша:


И сега најново,ќе живеат само тие што имаат пари....а другите се знаетага

секогаш било така, секаде во светот, од кога постои човештвото.

Убаво рече Меси на една тема, веќе 20 год. сме во капитализам а се уште живееме како во социјализмот.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 16:48
Едноставен факт на животот насекаде во светот.

Сосем друга работа е дали ни се допаѓа или не...
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 20:18
А ние неможеме да живееме како што ни е убаво,него како што другите живеат.....плазење
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 22:38
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Сантијаго,

Кога јас тоа сум рекол дека состојбата е многу добра во МК. Немој да ми имплементираш работи за кои не сум кажал ни збор.
Ама не можам да се сложам дека здравството ни е труло.

Еве ти линк од светската здрвствена организација, за здравствената состојба и се што е поврзано со здравјето на населението во МК, и ќе видиш дека општо земено здравствените услови на населението во МК, се подобри него пред 10 год. 


На вториов линк можеш и да видиш компарации помеѓу државите во светот околу здравствената состојба пооделно, а и која на кое место на листата се наоѓа по одреден проблем.


Па ако добро се рашчиташ ќе можеш и да најдеш податок дека МК со нејзиното труло здравство има поголем број доктори на 1000 жители него Канада. И поголем број на болнички кревети исто така.
И помала е смртноста на мајките при породување него ли во Канада.

Во некои случаи сме подобри, во некои рамноправно се носиме со останатите поразвиени држави, во нешто сме полоши, ама далеку од вистина е дека здравството ни е капут.
Овде на форумов кога ќе прочитам што се пишуваат поединци, да не знам каква е состојбата во МК ќе си помислам дека се работи за Авганистан или Сомалија.

А со оглед на тоа со каква економска моќ располага државата, па поред тоа колку се краде, ние уште и супер сме.

Јас овде кај што живеам само молам бога да не се разболам нешто. За најобична работа редовно се случува да си дремеш у амбуланта по 7-8 саата и повеќе. За да одиш на специјалист обично ти закажуваат после неколку месеца, за операција исто. 
Поради работа се преселивме во друг град, веќе четврта година немаме семеен доктор, а сме на листа на чекање кај повеќе од 20 доктори.  Мед. сестрите со работна униформа се возат по јавен транспорт пред и после работа.
Обичните канаѓани кои поради природата на здравствениот проблем што го имаат не можат да чекаат толку, најчесто одат во Куба или други земји на лекување, бидејќи "бесплатниот" канадски здравствен систем не може да им обезбеди навремен третман.
За цената на лековите воопшто не сакам ни да трошам зборови. 
И да не почнам да ти набројувам уште зашто кој знае што ќе си помислиш.

А ако имаш пари да си платиш, ќе имаш врвна услуга, исто како кај нас, како и секаде.

Колку е убаво кога вака гледаш од странамечтаење
А што е со оние поразителните статитички податоци? 
Колку новроденчиња има на пример?
Или пак
Adolescent fertility rate > births per 1,000 women ages 15-1922.84 birthsTime series[130th of 184]
DEFINITION: Adolescent fertility rate is the number of births per 1,000 women ages 15-19.

Деца раѓаат децама ајде Сексуална едукација треба да воведат како задолжителен предмед од 5то одделение до 4та средно.

Дури 11.74 на 1000 новороденчиња умираат изненадување Во Хонг Конг дури 2,97 на 1000, Норвешка 3.73, Ангола е на прво место со 192 а дури и Макао се подобри од нас, само 4.39изненадување
Веројатноста дека детето ќе ти умре пред да наполни 5 е ... 15 на 1000 случаизбунетостДури и Науру е подобра од насзбунетостМашала...

Поголем е бројот на кревети затоа што повеќе се разболуваат луѓетосмеење Ако нема овци ќе нема ни волна, ако нема болни нема да има потреба ни од кревети...нелизбунетост
За цената на лековите па и не треба да збориш. Кога набавував една инекција за 100 евра со плата од 200 се мислев како преживуваат луѓетозбунетостА требаше да им најдам дури 6 за 6 месечен третман. Сигурно 100 евра не се многу западотзбунетост
А да, ако случајно треба да чекаш за магнетна, може ќе умреш чекајќи. Треба да чекаш 2-3 па и 4 месеци. 



Инаку мислам дека е во ред ова што го воведуваат со таканаречениот двоен столб. Како и да го викаат...
Ако сакаш доплаќај си за да можеш да се лечиш на приватно...ако не сакаш кој те тера? Па и до сега сме се лечеле во државните институции а за секоја работа за која треба да чекаш по 5 месеци државно, ќе ти се покрие трошокот за приватните. Нормално ако си платиш....

Па секаде е така де, што има лошо а? Не сакам некој Доктор Докторовски да ми чепка во срце, ама на Жан Митрев му верувам. Па? Зошто ако имам да не платам? 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2012 во 02:15
јас реков дека не сме најдобри, но споредувај ги државите што се во наша непосредна околина, со приближно исти стандард, географска положба, каква храна конзумираме.
Ќе видиш дека не сме ништо полоши од повеќето, па дури и побогати заедници. Општо земено здравствените услуги во сите земји од поранешниот социјалистички блок, се на едно добро ниво.

Сигурно има место за подобрување, ама тоа највише зависи од економската кондиција на самата држава, а ние по тоа прашање сме на тешки маки. 

А далеку сме од тоа да здравството ни е труло, како што ти кажа.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2012 во 02:27
Slovenija e daleku pred nas vo sekoj pogled, banknotiranata Grcija isto taka. Duri i Albanija kje ne zamine vo pogled na nekoi raboti.

Go spomenavte zdravstvoto, moram da priznaam deka najgolem del od merkite shto gi sproveduva ministerot se za pozdravuvanje, ama ako sakame kvalitetno zdravstvo nash*te doktori i medicinski sestri treba ushte somuni da jadat. Mnozinstvoto od niv nedorasnati se za takva odgovorna pozicija. Megjuchovechkite odnosi, etikata kako red drugi pomali detali se samo del od obukite shto treba da gi sprovede vladata za medicinskiot personal vo zemjava. Ne moze da se porodam vecherva a do utre pred vizita nikoj da ne pomine da me vidi. Moze da iskrvari chovek i da umre bez nikoj da primeti.


Pa ete eden predlog od mene shto treba da pravi ovaa vlada - da vovede elementarni obuki!

Изменето од evangeline - 26.Март.2012 во 02:31
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2012 во 11:12
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Јас би сакал кај мене владата да се јави со акција за плаќање на каматите од стамбените кредити. Веднаш би уплатил за стан или куќа!

И јас би сакал дефинитвно такви услови.


..нормално е да сакате,ама под услов да си плаќате цели 20 години,а не после "грејс периодот" од пола-рата... да го платите во целост!.

...и Меси,мислам дека ти останав должен за еден одговор,односно предлог...ќе го дадам како коментар зошто не ми се допаѓа и зошто е,по мое,ризичен проект...

1,точно,наменет е само за одредена класа на граѓани.просечниот граќанин нема шанса да аплицира поради износот на ратата,настрана несигурноста за постојан приход од плата.

2,за да аплицираш за кредитов потребна ти е  гаранција на недвижен имот(стан,куќа локал..)поголем за 200% од објектот што е предмет на купопродажба.

3,не смееш да го продадеш или дадеш под кирија во првите  години..

4,каматна стапка за рата пола-пола не е фиксна,што значи дека банката може да ја надува колку и душа сака...

- за начинот пола учество каматата е фиксна..ваљда поради државниот влог.(јас така разбрав)

5,ако недај боже останеш без работа и не можеш да подмириш одреден број на рати,отиде на бубањ..и новата и старата куќа,стан....

-на ова ќе кажете дека секаде е така,ама не е..пр.Хрватска за истиот проект на Владата.

6,каматната стапка и документите не се ама баш најмалку привлечни за да аплицираш за овој проект,за разлика од нормалните кредити на банките...без ограничувања и политички убедувања.За 6000 евра на 70000 не се ислати да се замараш со државата.Со таа сума можеш да си купиш настаро стан од БЕТОНнамигнување и ако ти заглави некаде,ќе си отидеш кај старите дома ...ќе си ставиш кирајџии во станот..и ете ти пола-пола...до даљнег.



Изменето од zagor - 26.Март.2012 во 11:38
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2012 во 11:44
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Јас би сакал кај мене владата да се јави со акција за плаќање на каматите од стамбените кредити. Веднаш би уплатил за стан или куќа!

И јас би сакал дефинитвно такви услови.


Абе колку е лесно да делиш памет од 7-8000 км.....
ајде повелете...дојдете тука и купчете по еден стан...ем ќе ја појачате економијата, ем ќе му удоволите на Пастирот, ем ќе имате аргументи да зборите против нас неписмените што не знаеме да ја цениме заложбата што ја прави за нас оваа ретардирана гарнитура што е на чело на државата.....
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2012 во 12:20
Одлучи да не ја намалува акцизата за горивата,бидејќи НЕ ЈА ПОКАЧИЛА ВРЕДНОСТА НА ДДВ-то...како некои држави.!Бог да чува..да се крсти човек ..со лева рака!.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2012 во 12:35
Еве и да ја намали, ма не да ја намали да ја укине скроз, ќе падне горивото за едно 25-30 ден. литар=евро. Со платите во МК пак ќе биде екстра скапо. Со идните нови поскапувања за година дена пак ќе дојде до сегашната цена, и што сме направиле, ништо, пресипување од шупљо во празно.

Што правиме со дупката која ќе се отвори во буџетот, а која ќе биде огромна. Ќе се скратат парите за болници, школи, градинки, ќе се намалат платите на администрацијата, за сите оние основни потреби во општеството.
За да се покрие дупката ќе мора да се зимаат готови пари од банките, значи нови кредити и задужувања, а што значи тоа сите знаеме.

И чаре од овој магепсан круг, како, што да се направи.



"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 134135136137138 200>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.