IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8283848586 157>
Автор
Порака
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2012 во 17:25

ВАГА

Вагите по природа се вечни романтичари, што не е чудно, бидејќи исто како и биковите, и тие се управувани од Венера, планетата на љубовта и убавината. Живеат за да ги задоволат своите партнери, но не очекуваат ништо помалку за возврат. Располагаат со каталог од различни бакнежи, па секој нивни бакнеж е уникатен, а искрата со која бакнуваат е со ист интензитет и по долги години поминати заедно со еден партнер. Доколку се најдете во прегратките на претставник на овој знак, препуштете му се на моментот и уживајте во перфектниот бакнеж.


и сега кој е ЗА?бакнеж...голема насмевка

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
kloshar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kloshar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2012 во 17:20
ВОДОЛИЈА

Водолиите ја обожаваат промената поради влијанието на еклектичкиот Уран. Нивните бакнежи се невообичаени и инвентивни, тие секогаш копнеат по нешто ново и за нив не постојат граници. Кога бакнуваат, целта на водолиите е да останат запаметени и успеваат во тоа. Сакаат сочни бакнежи и често бакнуваат со отворени очи. Доколку се бакнувате со припадник на овој знак, за да го задржите неговото внимание, бидете оригинални. И уште нешто, не очекувајте долги бакнежи, затоа што за водолиите времето е скапоцено.
Ajde nejam vreme...
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2012 во 17:21
Многу набрзина ова ...газење од смеење
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
kloshar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kloshar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2012 во 17:24
Vremeto e ona sto najcesto mi fali...Ama uvek gledam sto rabotam
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2012 во 17:25
Кој сака да проба водолија?
I just wanna feel real love.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 19:00
 
Хороскопските знаци  и бакнувањето 

ДЕВИЦА

Управувани од Меркур, планетата на интелектот, девиците го анализираат секој детаљ пред да спојат усни со некого. Не се расфрлаат со бакнежи и бидете сигурни дека нема да ве бакнат, додека не проучат апсолутно сè и додека не се 100% сигурни дека го сакаат тоа. Тие се вечни перфекционисти, не сакаат неред, па и атмосферата пред бакнување мора да биде совршена. Стилот на бакнување на овој знак е совршен – внимателен и исполнет со чувства. Бидејќи девиците ништо не прават половично, нивниот бакнеж секогаш е целосен и доаѓа директно од срцето......ангел

Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 23:32

РИБИ

Поради влијанието на Нептун, стилот на бакнување на рибите е мистериозен и енергичен. На рибите особено им е важна физичката привлечност, па ако успеете да ги задоволите нивните критериуми, тие сигурно ќе ги исполнат вашите кога станува збор за бакнувањето. Нема да ви дозволат да им се приближите ако интуицијата им кажува дека се со погрешна личност, бидејќи ретко грешат кога ги слушаат своите претчувства. Бакнуваат нежно, внимателно и со чувства. Само што ќе ги допрете нивните усни, ќе почувствувате длабока поврзаност и нема ниту за момент да сакате да се одделите од нив. За среќа, рибите сакаат да подаруваат долги бакнежи. Доколку барате романтичен партнер кој постојано ќе ве бакнува, претставниците на знакот риби се вистинскиот избор.голема насмевка

...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2012 во 18:28
Ја сум нели така...
шкорпија...
и не верувам у хороскоп...

Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2012 во 21:33

РАК

Раковите се многу чувствителни поради влијанието на Месечината. Тие можеби нема да ве однесат на седмото небо со првиот бакнеж, но со нив ќе се почувствувате исклучително пријатно и удобно. Нивните бакнежи се топли, нежни и никогаш не завршуваат, па доколку сакате романтичен и внимателен партнер, раковите се одличен избор. Претставниците на овој знак сакаат да бидат бакнувани на истиот начин на кој бакнуваат, па ако треба да изберат идеален партнер само за бакнување, најверојатно би избрале партнер од истиот знак.


свиркање

Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2012 во 15:00
A ova, lavovite... nezgodni se vo SE!голема насмевка
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13931
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2012 во 19:52
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:

A ova, lavovite... nezgodni se vo SE!голема насмевка

 
 ima dve grupi na tabieti  rodeni vo ovoj znak,,,,ti sigurno ne spagjash vo grupata shto,si ja konkretiziralaнамигнувањеголемо гушкање
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2012 во 09:48
Хороскопските знаци во лифт

Сите хороскопски знаци се во лифт на еден голем хотел. Меѓутоа, лифтот се заглавува помеѓу два ката. Еве како би се одвивал нивниот разговор...

 

РАК: Што му стана?

БЛИЗНАЦИ: Опаа, заглавивме!

ЛАВ: Ама ајде, комшија што зборувате! Случајно застана.

ДЕВИЦА: Леле, кај најде баш сега!

ОВЕН: Да видиме во што е работата (ги притиска копчињата).

СКОРПИЈА: Еј, комшија немојте толку силно!

ОВЕН: Ама ајде! Мислите дека е подобро да седиме и да чекаме?

ВАГА: Комшија, смирете се! Не е време за расправија!

ДЕВИЦА: Тоа што сме заглавени – никому ништо. Знаете ли колку работа ме чека?

ЈАРЕЦ: Сите ние имаме некакви обврски, но наместо да паничиме, ајде да го направиме тоа што треба!

ВОДОЛИЈА: Така е. Мора да постои дежурен мајстор. Комшија, притиснете го црвеното копче, ве молам.

БЛИЗНАЦИ: Се разбира. Не реагира. Опаа, ќе биде весело!

РИБИ: Види го ти него! Нему му е дури интересно!

СТРЕЛЕЦ: Зошто да не? Нема белки да плачеме?

ЛАВ: Слушајте ме добро! Како прво, дали некој од вас има некаков алат?

ВОДОЛИЈА: Еве јас, но сè уште не можам да видам што е најдобро да се направи.

БИК: Не би сакал да се шегувам со ова. Ова е лифт, а ние сме сто метри над земјата.

ОВЕН: Ајде де! Мислите дека цела ноќ ќе седам тука? Ако не сака со убаво, тогаш со лошо (почнува да ја шутира вратата).

ВАГА: Комшија, смирете се! Тоа не смеете да го правите, опасно е!

СКОРПИЈА: Ма пуштете го! Гледате дека му фали некоја даска во главата.

ОВЕН: Слушај ти битанго една! Ако сакаш да разговараш со мене, треба да се однесуваш со почит кон попаметен од себе.

СКОРПИЈА: Со тебе можам да поприкажам и на еден посебен начин, а ако сакаш, можеме и овде во лифтов.

ЛАВ: Господа, не дозволувам такво однесување! Јас ја превземам работата во свои раце и сака убаво да ме сослушате. Прво, смирете се!

РАК: Како да се смириме? Еве, веќе половина час стоиме овде беспомошни.

ДЕВИЦА: Така е! Не сме ни свесни што с еможе да ни се случи.

СКОРПИЈА: Вие правете што сакате, јас повеќе не можам да издржам. Морам да запалам цигара.

РАК: Леле, немојте! Ќе се задушиме човече!

ДЕВИЦА: Побарајте го отворот за вентилација, овде веќе не може да се дише!

ОВЕН: Ајде да пробам уште еднаш!

СИТЕ ОСВЕН СТРЕЛЕЦ: Не!

СТРЕЛЕЦ: Се согласувам со комшијата Овен. Ако со шутирање ја скршиме вратата од лифтот, ќе можеме да се спуштиме еден кат подолу и да излеземе од лифтот.

ЈАРЕЦ: Немојте комшија! Тоа не доаѓа во предвид.

РИБИ: Така е! Кој знае што се може да ни с еслучи додека се спуштаме. Некој би можел да падне од лифтот.

ВАГА: Комшија, што мислите вие за ова?

БИК: Мене ме прашувате?

ВАГА: Да. Гледам стоите мртов ладен

БИК: Мене ништо не ме прашувајте. Сега е ручек време, а тогаш не размислувам за тешки работи.

БЛИЗНАЦИ: Зошто се грижите? Имам карти за играње, па можеме да изиграме некоја партија. Да делам?

РАК: Вие не сте нормален!

ЈАРЕЦ: Комшија, бидејќи го изедовте сендвичот, а рековте дека имате решение, ајде да го слушнам.

БИК: Решението е едноставно, ќе чекаме дури не дојде струја. (лифтот почнува да се тресе)

РАК, ДЕВИЦА и РИБИ: Леле, што е ова?

БЛИЗНАЦИ И СТРЕЛЕЦ: Почнува вистинската забава!

ВОДОЛИЈА: На нашите маки им дојде крајот – дојде струја.

СТРЕЛЕЦ: Сега ќе излеземе од лифтот и ќе одиме кај мене на кафе. Ова мора да се прослави.

смешенголема насмевка
голема насмевка

Што велите? Се препознавете?


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2012 во 13:22

Ми се свиѓа ова ,,сите освен Стрелец,,:НЕ! газење од смеење (да ја искршат вратата од лифтот)ѓавол

Кон врв
Anita1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 898
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anita1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 16:06
oven
jas sum jas....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8283848586 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,158 секунди.