IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За хомосексуализмот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За хомосексуализмот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 17>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2012 во 21:36
Тој што ова го напишал oчигледно нема познавања од историјата, а за историјата на Христијанството и Православната Црква и да не говориме.

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

          Црквата, сексот и геј браковите


Да се биде истовремено геј и верник за многу луѓе можеби е неспоиво исто толку колку и амбицијата да се биде професионален порно актер со заветот за целибат. Но доколку се погледне историјата на Христијанството, а особено на Православната Црква, ќе се увиди дека нема суштинска противречност меѓу овие две работи.
 

Треба да се биде целосно слеп, или пак неписмен, за да не се увиди суштинската противречност меѓу овие две работи. Вака вели св. Апостол Павле: 

Римјаните1:26 Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: нивните жени го заменија природното општење со неприродно;

1 Коринтјани6:9 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци).

Затоа не може да стане збор за некакво одобрување на хомосексуализмот од страна на раната Црква, а за "бракови" и не може ниту да се помисли. 

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

  
 Уште најраната Православна Црква прифаќала и практикувала еден вид геј-бракови, т.н. ритуал на братимење (објаснет при крајот на постот), што верниците со геј ориентација можат да го сметаат за исполнување на идеалот на хомосескуална љубов во христијанската традиција. Овие тврдења за прв пат ги предложи д-р Џон Босвел, професор на Јеил Универзитетот и врвен експерт за историја на хомосексуалноста и религијатa.

Ритуалот на братимење не е никаков брак, ниту некаква негова метаморфоза, ниту пак има некаква врска со бракот, ниту со нешто поврзано со тие прашања. Збратимување постои и денес во Православната Црква. За тоа може повеќе да се прочита овде. Останатото е само шпекулација и невистина.

Впрочем, хомосексуализмот бил толериран од Римската Држава се до доаѓањето на св. Рамноапостолен Костантнин Велики на власт, кога Христијанството, а и Црквата го зајакнува своето влијание, а за првпат, Императорот носи едикти со кои се забранува хомосексуалноста. Впрочем, постои сведоштво, дека при неговиот поход во Египет, а при неговите походи, карактеристично е што покрај него постојано се движеле и дел од Епископите, откако тој слуша дека египетски свештеници- евнуси, прават нешта кои се срамни, а во тоа се вплеткуваат и дел од војниците, го уништува нивниот храм до темел, а оние кои биле фатени да прават такви нешта ги загубиле животите. Истото се случувало и со храмовите кои биле посветени на Афродита и служеле како бордели.  Неговите синови дури, со поддршка на Црквата, носат и антихомосексуални закони, иако еден од синовите ќе тргне по тој пат и ќе се заљуби во телохранителот, за што секако, ќе ја изгуби поддршката од сите. Секако, тој тоа ќе го прави по смртта на татко му, затоа што додека бил жив Константин Велики, такви нешта не биле толерирани, дури ниту од најблиските членови на фамилијата.

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

    
Од каде излезе тоа педерите да мрсат за верски прашања? 

Во мотивот за еден ваков текст нема ни тронка нешто лично. За мене црквата отсекогаш била една ретроградна, досадна и лицемерна бизнис-политичка заедница, на чии лицитации во еден идеален свет попрво ќе се шиткаа вредни уметнички дела отколку made in China крстови. Но геј движењето ниту е хомогено, ниту треба да се стреми да биде. Постојат милиони гејови верници кои го сметаат уценувањето од страна на Црквата дека сета нивна љубов мора да му припадне само на еден маж, Исус Христос, за нефер и нехристијански, пред се. Како што му е познато на секој теолог или историчар на религија, Црквата низ историјата покажала дека е динамичен социјален систем како и секој друг и може да ги менува своите ставови и да ги рефлектира пошироките околности на општествената стварност. Промената на црковните закоравени позиции не е само можна, туку е и потребна, дури и во едно крајно секуларизирано општество. 

Ниту од далеку не е потребно да дојде до менување на ставовите, а со тоа и до погазување на Христовото учење, Светото Писмо и се она на што се темели Христијанството. Црквата не е некаква демократска невладина организација, ниту пак е државна институција, па со тоа и нема потреба да менува нешто само затоа што некој така сака. Знаеме дека на таквите луѓе им смета ставот на Црквата, кој и не е измислен од самата Црква, туку има поткрепа од Светото Писмо, но, тоа не е проблем на Светата Црква.

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

 
Докажано и очигледно е веќе дека хомосексуалноста не е избор и не се бира дали педер ќе се роди во фундаметалистичка христијанска фамилија или во хипи-нео-либерална, и токму поради тоа геј движењето и останатите прогресивни движења не смеат да го отфрлат прашањето на еманципација на црквата како залуден обид за модернизација на стариот касетофон во време кога се користат ајподи. 

Кога тоа ќе биде докажано и од страна на оние кои се повикани тоа да го докажат, тоа ќе се наоѓа во медицинските учебници, а тоа сеуште го нема таму како нешто што е докажано и потврдено. На тоа медицината сеуште не дала точен и прецизен одговор. А Црквата, повторно ќе кажам, не мора да одговара на сечии повици за некои нешта и слободно може да си опстојува на Светото Писмо, на учењата на Господ Исус Христос и на се она што и е предадено. Никој не може да ја принуди да прифати нешто што е спротивно на ова што го наведов како темел на ставот на Црквата. 

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

  
Зошто црквата треба да ја прифати хомосексуалноста? 

И црквата исто така не смее да ги дели верниците на подобни и помалку подобни и да бара само од едните да се откажат од својот сексуален живот ако сакаат да бидат прифатени, а не и од другите. Тоа е чиста дискриминација која нема еклисиолошка подлога, туку произлегува од една несреќна традиција на општествени прилики надвор од црковата и нејзините вистини. 



Комплетно неточно. Цитатите кои ги наведов се токму еклисиолошката основа, која некој намерно се обидува да ја тргне од видикот за да може да говори дека нема основа, дека тоа е така или онака. Секој кој знае да чита може да ја прочита основата. Ако пак почнам да го цитирам и Стариот Завет, ќе може да го увидиме истото.Таквите поделби, како што некој ги нарекува, ги прави Светото Писмо и Самиот Господ, Кој кажал што е правилно, а не Црквата, која го следи Неговото учење и Неговите заповеди. Време е да се кажат нештата онакви какви што се, а не да се извртуваат работите.

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

 
Не треба премногу памет да имаат теолозите за да го прифатат очигледниот факт дека хомосексуалноста не е избор. Со настојчивоста на таквото погрешно тврдење, Црквата успева само да оттуѓи од себе милиони верници кои инаку се желни да се придржуваат кон останатите суштински религиозни принципи.

Таквите верници, кои имаат желба  да се придржуваат кон едно, а да не се пдридржуваат кон друго, затоа што тоа е во спротивност со нешто, самите се сегрегираат. Црквата не ги сегрегира. Не може да се седи на две столици. Впрочем, таквите верници не ја губат поддршката од Црквата доколку останат самите свесни дека тоа е грешно и неправилно и имаат желба да се поправат.

Сите грешиме, но за тоа не е виновна Црквата, ниту некој друг, ниту пак смееме да ја переме совеста со такви оправдувања.

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

 
 Најпосле, занимавањето на нашата Црква со прашања како абортус, хомосексуалност, феминизам во услови кога најголемиот дел од нејзината паства појма нема за најосновните учења на Христијанската вера и етика и воопшто не се придржува до нив е рамно на перверзно политичко реакционерство и директно копирање на маркетинг-христијанството од реднек Америка. Еманципацијата на Црквата може само да покаже дека верата е се уште релевантна во 21. век, дека има што да придонесе кон општеството кое се развива демократски и економски, а не го влече назад кон феудализмот, дека умее да еволуира интелектуално и е во чекор и синергија со новите научни откритија наместо да мижи пред нив.

Од една страна се обвинува Црквата дека измислува нешта, а од друга страна се бара да се биде член токму на таа Црква, да се следи тоа учење кое се обвинува. Тоа се нарекува парадокс.

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

  
Зарем Библијата не вели изрично дека хомосексуалноста е грев? 

Во принцип да. („Немој да легнуваш со маж онака како што легнуваш со жена.„ (Лев. 20:30)) Исто како што е речено дека со смртна казна се казнуваат: пцуењето на родителите (Лев. 20:9), прељубата (Лев. 20:10), предбрачниот секс, оние кои работат во недела (Егз. 30:2), оние кои јадат школки, се дозволува тепање на робови доколку тој е способен после ден или два да стои на нозе, се дозволува продавање на сопствените ќерки во ропство (Егз. 21:7), потоа се осудувале лихварите, оние кои служат војска, оние кои служат во цивилна администрација и уште многу други слични библиски бисери.

Тоа што е цитирано е од Стариот Завет. Стариот Завет беше исполнет од страна на Нашиот Господ Исус Христос, а со тоа истиот повеќе не важи во деловите кои се однесуваат на јадењето, пиењето, ропството. Никаде во Стариот Завет не се осудува војската, ниту пак цивилната администрација, ниту нешто слично на тоа. Очигледно авторот не разликува што пишува во Стариот, а што во Новиот Завет, а со тоа и не прави разлика меѓу овие нешта, или пак ја прави, ама нештата не од ат во насоката во која тој сака да се движат, па се обидува да подметне нешта кои не можат да поминат кај секој кој го прочитал Светото Писмо.

Никаде не се осудува власта. Ќе повторам, авторот се обидува да подметне тези кои не можат да поминат. Св. Апостол Павле, а и самиот Господ Исус Христос говорат дека власта е дадена од Бога и таа треба да се почитува.

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

 
Самиот Исус пак никогаш не рекол ништо против хомосексуалноста. Хомосексуалноста (поточно содомијата) во Библијата не е третирана како капитален грев, туку е рамо до рамо со лихварите (банкарите, бизнисмени со заштеди) или со други зборови Ристо Гуштеров чии фрески денес ги красат ѕидовите на „неговите„ манастири. 

Христос го следел Законот во однос на моралните прашања, односно сите оние заповеди дадени од Бог на св. Пророк Мојсеј. Христос мошне јасно кажал кои нешта не треба да важат по Неговото Воскресение. Она кое Христос не го кажал јасно, го кажале Неговите Апостоли. 

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

 
Јасно е значи дека Црквата инсистира на грешната природа на хомосескаулноста не затоа што „така рекол Господ„, затоа што во ред други случаи гледаме дека пет пари не дава како „рекол Господ„ (иако Господ Исус Христос не рекол ништо по тоа прашање), туку затоа што едноставно на црковната елита не и одговара промена на гледиштето. Неконзистентноста во читањето на библиските текстови секако не е ништо ново, но токму од неа потекнува мотивот да се избориме за промена на тие позиции.

Оваа констатација можеби би ја прифатиле оние кои не знаат да читаат, но не и писмените луѓе, кои за разлика од авторот, прочитале нешто од Светото Писмо.

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

  
Дали црквите ќе ги преиспитаат своите позиции? 

Секако дека не! Православната Црква не размислува воопшто за некаква промена. За другите Цркви не знам, иако и Римокатоличката е доста тврда по тоа прашање.

Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

  
Во МПЦ предводник на „либералната струја„ (условно) е владиката Методиј (Златанов), човек со големо срце, одмереност и памет во главата, ако не и единствениот во Синодот со таков фин склоп на особини. Секако дека не можеме да очекуваме од него дека за некоја година ќе венчава геј парови. Но можеме да очекуваме дека ќе го искористи своето влијание (во иднина се надеваме што поголемо) да ја држи Црквата што понастрана од дебатата за хомосексуалците тогаш кога тиквата ќе пукне (а ќе пукне кога под директива на ЕУ ќе се легализираат истополови партнерства, или кога ќе се случи првата геј парада, зависи што попрво.)
 
 

Не се согласувам дека Епископот Методиј ќе се согласи со геј браковите, или пак нешто слично. Впрочем, тоа прашање не е ниту на дневниот ред, а не пак да стане збор за нешто посериозно во рамките на Светиот Архиерејски Синод.

Во однос на признавање на правата пред државата, дури ниту тоа нема да се случи, а за форма на брак и да не говориме. Сеуште законите ги пишуваат професори од Правниот Факултет, а таму такво расположение засега нема, освен можеби, за тоа не сум сигурен, кај еден професор, кој говори за некакви промени, иако не сум сигурен дали говори токму за брак, а и неговото влијание не е толку големо за да се случи којзнае што. Цивилистите мошне рестриктивно го толкуваат Законот за семејството, а за такви промени и не може да стане збор сеуште. Во правото не постои раководење од чувства, желби и слични нешта, барем според мислењето на професорите- цивилисти кои ми предаваа мене.



Изменето од Македон - 24.Февруари.2012 во 21:38
Кон врв
Novak Nastich Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јануари.2012
Локација: Mauzdonia
Статус: Офлајн
Поени: 364
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Novak Nastich Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2012 во 11:13
“Основната цел на Православието е не да се ,,уподоби,, на светот, и либералните трендови, производ на човечката ,, мудрост,, читај возгордеаност.”
-Не е, но низ целата своја историја тоа се однесувало на тој начин, и добро е што е тоа така. Инаку „изворното„ Православие од антиката и раниот среден век да требаше денес да го практикуваме би било рамно на фашизам, лудило (ропство, шовинизам, сурово казнување, смртни казни за се нешто итн.).
Токму поради тоа што се согласувам дека религијата и треба да има критички однос кон оттуѓеноста која доаѓа со модерноста, затоа и теолозите треба крајно критички да пристапат во (пре)вреднувањето на предизвиците на новото време (и хомосексуалноста како еден од нив

Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
Кон врв
Novak Nastich Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јануари.2012
Локација: Mauzdonia
Статус: Офлајн
Поени: 364
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Novak Nastich Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2012 во 11:28
Originally posted by Македон Македон напиша:

Тој што ова го напишал oчигледно нема познавања од историјата, а за историјата на Христијанството и Православната Црква и да не говориме.
Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

Црквата, сексот и геј браковите Да се биде истовремено геј и верник за многу луѓе можеби е неспоиво исто толку колку и амбицијата да се биде професионален порно актер со заветот за целибат. Но доколку се погледне историјата на Христијанството, а особено на Православната Црква, ќе се увиди дека нема суштинска противречност меѓу овие две работи. 
Треба да се биде целосно слеп, или пак неписмен, за да не се увиди суштинската противречност меѓу овие две работи. Вака вели св. Апостол Павле: 
Римјаните: 1:26 Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: нивните жени го заменија природното општење со неприродно;
1 Коринтјани: 6:9 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци).
Затоа не може да стане збор за некакво одобрување на хомосексуализмот од страна на раната Црква, а за "бракови" и не може ниту да се помисли. 
[QUOTE=Novak Nastich]   
 Уште најраната Православна Црква прифаќала и практикувала еден вид геј-бракови, т.н. ритуал на братимење (објаснет при крајот на постот), што верниците со геј ориентација можат да го сметаат за исполнување на идеалот на хомосескуална љубов во христијанската традиција. Овие тврдења за прв пат ги предложи д-р Џон Босвел, професор на Јеил Универзитетот и врвен експерт за историја на хомосексуалноста и религијатa.
Ритуалот на братимење не е никаков брак, ниту некаква негова метаморфоза, ниту пак има некаква врска со бракот, ниту со нешто поврзано со тие прашања. Збратимување постои и денес во Православната Црква. За тоа може повеќе да се прочита овде. Останатото е само шпекулација и невистина.
Впрочем, хомосексуализмот бил толериран од Римската Држава се до доаѓањето на св. Рамноапостолен Костантнин Велики на власт, кога Христијанството, а и Црквата го зајакнува своето влијание, а за првпат, Императорот носи едикти со кои се забранува хомосексуалноста. Впрочем, постои сведоштво, дека при неговиот поход во Египет, а при неговите походи, карактеристично е што покрај него постојано се движеле и дел од Епископите, откако тој слуша дека египетски свештеници- евнуси, прават нешта кои се срамни, а во тоа се вплеткуваат и дел од војниците, го уништува нивниот храм до темел, а оние кои биле фатени да прават такви нешта ги загубиле животите. Истото се случувало и со храмовите кои биле посветени на Афродита и служеле како бордели.  Неговите синови дури, со поддршка на Црквата, носат и антихомосексуални закони, иако еден од синовите ќе тргне по тој пат и ќе се заљуби во телохранителот, за што секако, ќе ја изгуби поддршката од сите. Секако, тој тоа ќе го прави по смртта на татко му, затоа што додека бил жив Константин Велики, такви нешта не биле толерирани, дури ниту од најблиските членови на фамилијата.

Што се однесува до природата на побратимувањата, секако не планирам да спорам на научна база, но ниту еден од тие односи кои ги наброја не исклучува хомосексуални елементи. Не верувам дека она што се променило во 19 век било тоа што на мажите со поинаква определба наеднаш туку така им текнало „ај ќе ја узурпираме институцијата братимење за да правиме геј бракови„, затоа што ниту хомосексуалноста не се појавила тогаш, ниту браковите. Но она што се променило во 19 и 20 век, како и насекаде во светот впрочем, е третирањето на хомосексуалноста во рамки на модернистичкиот масовен дискурс, од што и произлегува хомофобијата како што ја знаеме денес. Па оттаму и реакционерната улога на црквата во тоа време, за која познато е, со векови пред тоа во манастирите, а и ден денес дури на Света Гора, обезбедувала простор каде цутела хомосексуалната љубов (лишена од секс. Веројатно.)

Веројатно и мене, како и Босвел, би можел да ме обвиниш дека ете не сум дел од живото ткиво на Црквата, гледам премногу однадвор на проблемот, премногу објективно речиси, и ти би бил во право за тоа. Но она што мене ме интересира не е како ќе се развие внатрешната динамика со која ќе се реши ова прашање, туку резултатот кој на крајот таа ќе го даде. И она што тврдам е дека во тој процес нема да се изврши ниту еден преседан, ниту едно прекршување на канон или принцип што веќе не бил многупати прекршен, т.е. дека црквата или црквите веќе имаат механизми и искуство како да го метат политички усмрденото ѓубре (од домашно или библиско производство, сеедно) под тепих, дури и како да го менуваат за друг корисен и пред се етички материјал. Проблем е единствено недостатокот на волја тоа да се направи, што повторно не враќа на политиката на интереси, како и секогаш
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2012 во 20:23
Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

Што се однесува до природата на побратимувањата, секако не планирам да спорам на научна база, но ниту еден од тие односи кои ги наброја не исклучува хомосексуални елементи. Не верувам дека она што се променило во 19 век било тоа што на мажите со поинаква определба наеднаш туку така им текнало „ај ќе ја узурпираме институцијата братимење за да правиме геј бракови„, затоа што ниту хомосексуалноста не се појавила тогаш, ниту браковите. Но она што се променило во 19 и 20 век, како и насекаде во светот впрочем, е третирањето на хомосексуалноста во рамки на модернистичкиот масовен дискурс, од што и произлегува хомофобијата како што ја знаеме денес. Па оттаму и реакционерната улога на црквата во тоа време, за која познато е, со векови пред тоа во манастирите, а и ден денес дури на Света Гора, обезбедувала простор каде цутела хомосексуалната љубов (лишена од секс. Веројатно.)

Веројатно и мене, како и Босвел, би можел да ме обвиниш дека ете не сум дел од живото ткиво на Црквата, гледам премногу однадвор на проблемот, премногу објективно речиси, и ти би бил во право за тоа. Но она што мене ме интересира не е како ќе се развие внатрешната динамика со која ќе се реши ова прашање, туку резултатот кој на крајот таа ќе го даде. И она што тврдам е дека во тој процес нема да се изврши ниту еден преседан, ниту едно прекршување на канон или принцип што веќе не бил многупати прекршен, т.е. дека црквата или црквите веќе имаат механизми и искуство како да го метат политички усмрденото ѓубре (од домашно или библиско производство, сеедно) под тепих, дури и како да го менуваат за друг корисен и пред се етички материјал. Проблем е единствено недостатокот на волја тоа да се направи, што повторно не враќа на политиката на интереси, како и секогаш

Институцијата братимење нема никаква врска со нешто хомосексуално. Впрочем, ако се размисли подобро, нормално е да не се очекува некој да има односи со неговиот брат, зарем не? Зарем некој, кој верува во Бога, ќе се збратими со оној во кој е вљубен, а со тоа да си стави дополнителен грев инцест, поради тоа што со збратимувањето, лицето со кое се збратимил му станало брат? 

Во Библијата, постои пример кога некој се смета за брат, односно сестра, иако не е тоа. Тоа значи дека крвното сродство не е единствен вид сродство кое е фактор за регулирање на општествените односи .Така, ако маж, кој има син, земе за сопруга жена, која има ќерка, синот на мажот и ќерката на жената, во очите на Бога се брат и сестра. Дури и во очите на државата, иако постојат разлики од библиското сфаќање на сродството, сепак, сродството по сватовство е брачна пречка, која може да се премости само со дозвола на суд. 

Мошне ме интересира од каде ги извади податоците дека на Света Гора и другите манастири се негува хомосексуалната љубов. Такво нешто никаде не сум прочитал, ниту сум видел нешто такво, барем во манастирите кои сум ги посетил. Ако се од некои геј сајтови, воопшто не ги покажувај, тие не се релевантни за нешта како овие, исто како и оној блог кој го цитираш, а за кој видовме, дека изобилува од неточни нешта од областа на историјата.

Немам намера да те обвинувам во ништо, но, сепак, околу овие нешта, во Црквата никогаш немало преседани, колку и некои да посакуваат нешто. Тие се јасно дефинирани.

За промена на Светото Писмо и не може да стане и збор. Штом Господ јасно дефинирал некои нешта, а Црквата, за која Господ кажа дека вратите на пеколот нема да ја надвладеат, ги прифатила истите, нема потреба од никакви промени. Ако Црквата ги изгуби тие учења, тогаш вратите на пеколот ќе ја надвладеат и ќе се докаже дека таквата организација е само некаков театар, а не Црквата за која говори Господ. 


За промени, барање некакви права и слични нешта, постојат други организации.
Црквата не е адресата каде што треба да се бараат некакви недефинирани права.

Твоите зборови се живиот доказ дека нема потреба тие права да се бараат во Црквата. Ако некој говори за некакво ѓубре, а потоа бара од институцијата која го следи учењето кое за некого е ѓубре права, нормално е таквата институција да ја искорсити сета моќ која и припаѓа за да стави на знаење дека за некои нешта нема место во рамки на истата. 

Колку побрзо го сфатат ова маргинализираните групи, толку подобро за сите.


Изменето од Македон - 25.Февруари.2012 во 20:32
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2012 во 20:29
Originally posted by Novak Nastich Novak Nastich напиша:

“Основната цел на Православието е не да се ,,уподоби,, на светот, и либералните трендови, производ на човечката ,, мудрост,, читај возгордеаност.”
-Не е, но низ целата своја историја тоа се однесувало на тој начин, и добро е што е тоа така. Инаку „изворното„ Православие од антиката и раниот среден век да требаше денес да го практикуваме би било рамно на фашизам, лудило (ропство, шовинизам, сурово казнување, смртни казни за се нешто итн.).
Токму поради тоа што се согласувам дека религијата и треба да има критички однос кон оттуѓеноста која доаѓа со модерноста, затоа и теолозите треба крајно критички да пристапат во (пре)вреднувањето на предизвиците на новото време (и хомосексуалноста како еден од нив


Каде ти во Православното Христијанство најде фашизам,ропство, шовинизам и смртни казни за се нешто? Каде во Новиот Завет може да се најдат казнени одредби за гревовите? Очигледно ти не разликуваш, или пак одлично разликуваш, ама во име на некакви недефинирани права, ги пренебрегнуваш разликите меѓу римскиот казнен систем и Православното Христијанство.  Ако ги знаеше разликите, ќе знаеше дека римскиот казнен систем, за првпат, дури по победата на Христијанството и доаѓањето на св. Константин Велики на власт, доживува промени во однос на распнувањето на крст, затварањето, тепањето робови и многу други нешта. 

Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MalcolmX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 18:20
Не знам дали е одговорено прашањето тука ама пак ќе го поставам ме интересира а немам време мн да читам наназад низ страниците.

Какво е гледиштето на христијаните за второ доаѓање на Исус, според каков закон ќе суди на земјата, дали демократски ќе дава права на хомосексуалците, на прељубниците или како според стариот закон око за око заб за заб што би се рекло... мислам се разбираме ако можи некој да ми објасни повеќе и со докази, зашо има некои викаат Исус уопште нема да слези на земјата, као демек ќе лета во воздух, има некои викаат дека ќе чекори по земјата и тн и тн. И да не биди одговорот „прочитај го откровеине таму се е објаснато“.



Значи појасно да биде прашањето: според кој закон ќе бидат судени христијаните на земјата кога ќе дојде Исус кога никогаш и немале нит спроведувале некаков закон, или кој закон ќе го споведе Исус, дали стариот заветен, дали некој трет, какво е христијанстото гледиште околу тоа(а демократијата е факт дека не е закон со кој дошол Исус, дали може ќе го потврди тој закон денеска тие закони и ќе останат или)? - (прашањето преземено од еден форум ама тоа ме потикна и тука да се отвори таква тема.)

Изменето од MalcolmX - 18.Март.2012 во 18:21
Кој ќе спаси еден човечки живот е како да го спасил целото човешство, а кој ќе убие еден невин човечки живот е како да го убил целото човештво.- Куран
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 18:51
Најдобро ти е за ова Исус да го прашаш. Разработи ја латаифата Khafa и кога ќе го видиш во живо пренеси ни што ти кажал.
Ако сакаш ќе ти дадам линк и кај кој шеик да одиш.
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MalcolmX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 18:56
Тоа ти е подфорум вероисповед кога има модератор атеист, нормално дека ќе има секад вакви испади и вакви офф топици....

Изменето од MalcolmX - 18.Март.2012 во 18:56
Кој ќе спаси еден човечки живот е како да го спасил целото човешство, а кој ќе убие еден невин човечки живот е како да го убил целото човештво.- Куран
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 19:04
Може сега ќе се разбереме:

http://www.nurmuhammad.com/HeartLevels/coverLataif5levelsofheart.htm
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 19:06
MalcolmX , не можам да изигрувам Исусов адвокат, па да го застапувам пред јавноста, но cпоред идеата на твоето прашање можам да го цитирам и ако твоите уши се за неговите зборови тогаш ќе разбереш :

38 ”Сте чуле дека било речено: ‘Око за око и заб за заб.’

39 А Јас пак ви велам: не противете му се на злото; туку, ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, Глава  5

1 „Не судете, за да не бидете судени!"
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, Глава  7


15 Ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите.”
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, Глава  6


36 ”Учителе, која е големата заповед во Законот?”

37 А Тој му рече: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!”

38 Тоа е најголемата и прва заповед;

39 а втората е како и оваа: „Љуби го твојот ближен како себеси!”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, Глава  22 


За оние кои мислат дека Царството Божје ќе се случи некако одненадеж, некако одеднаш, дека неочекувано ќе биде донесено или доживеано... или ќе бидеме однесени таму, Исус вели вака:

20 А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?” Тој им одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види;

21 ниту ќе се рече: ‘Еве го тука, или онаму!’ - зашто, ете, Божјото Царство е во вас внатре
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА, Глава  17                                     







Изменето од Messenger - 18.Март.2012 во 19:08
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2012 во 02:05
Само да кажам за хомосексуалноста дека тие што ја бранат утре да не им е криво кога ќе си го видат детето геј .
Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:

Значи појасно да биде прашањето: според кој закон ќе бидат судени христијаните на земјата кога ќе дојде Исус кога никогаш и немале нит спроведувале некаков закон, или кој закон ќе го споведе Исус, дали стариот заветен, дали некој трет, какво е христијанстото гледиште околу тоа(а демократијата е факт дека не е закон со кој дошол Исус, дали може ќе го потврди тој закон денеска тие закони и ќе останат или)? - (прашањето преземено од еден форум ама тоа ме потикна и тука да се отвори таква тема.)

Се гледа дека мислиш дека христијанството е изменувано со текот на времето.Жалам што никогаш не си ја сватил библијата.А и сам всушност си кажуваш дека не ја сваќаш и дека за тебе таа е каша попара .

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


За оние кои мислат дека Царството Божје ќе се случи некако одненадеж, некако одеднаш, дека неочекувано ќе биде донесено или доживеано... или ќе бидеме однесени таму, Исус вели вака:

20
А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?” Тој им
одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види;

21 ниту ќе се рече: ‘Еве го тука, или онаму!’ - зашто, ете, Божјото Царство е во вас внатре
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА, Глава  17          




"како на небото,така и на земјата"
Јасно укажува дека не се мисли од небото да се префрли целото царство на земјата и така да остане вечно.Туку она што ќе дојде ќе биде само дел од небесното царство и ќе биде на земјата царството додека да дојде крајот на христијаните на оваа земја и одење во друга.
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?”Тој им
одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види"

Го прашаа кога,затоа што им беше познато на евреите од писмата дека со доаѓањето на Месијата доаѓа и царството,а тие не го познаа тоа царство."зашто, ете, Божјото Царство е во вас внатре".
"ќе дојде време и веќе е"
Но во библијата за многу нешта се говори како за сегашно време и идно.А тоа значи дека се повторуваат нештата.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2012 во 14:28
Aко, да се биде педер или лезбејка, трансродов и шо ја знам е толку непростлив грев и дека сме толкави грешници затоа што така сме ИЗБРАЛЕ!!! зошто ондак бе постои како ОПЦИЈА??? За избор потребна е опција.. а ако вашиот севишен е совршен и остало според тие нови стари завети, сеедно.. зошто постои како опција? Значи живи глупости... Избор.. на мајка ми чифтијаните... ја одбрав мене некој да ми се смее цел живот за одредени работи. Дај не тресете за се нешто. Грев било... Тогаш вашиот бог кој го претставувате како таков е најголемиот тиранин. За некои работи едноставно не ни дава избор туку КАКО ТАКВИ не тупнува на планетава само за нечиј потсмев и осуда очигледно. Ете каков е вашиот бог... што сте си го зацртале во вашите глави.
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2012 во 16:00
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

За некои работи едноставно не ни дава избор туку КАКО ТАКВИ не тупнува на планетава само за нечиј потсмев и осуда очигледно. 


Креаторот не создава ништо за потсмев и осуда. Потсмевот и осудата се последица од човековото (не)знаење, (не)просветеленост и (не)достаток на љубов.

39. „Љуби го твојот ближен како себеси!”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, Глава  22 
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2012 во 16:04
Јас само се надоврзав на еден куп бесмислени постови што ги прочитав на темава од одредени членови. А и не знам со која идеја мене ме создал тој севишниот, ама знам јас каде и како за што послужив. Немам веќе проблем со тоа како некој ме гледа, најголем човеков проблем е како тој самиот себе се гледа [aма околината е таа која што не учи како да гледаме на себе во текот на нашиот развој]. Јас повеќе не се менувам за никого, ќе си останам своја и ќе си го одам својот пат.. ама некои бесмислици од типот - буквално толкување на библијата - ме иритираат. Не треба да ги сфаќам можеби прелично, шо знам, ама ми го стеснуваат мене просторот за реализација и искажување на себеси како таква. Заради некои буквалистички толкувања јас живеам со еден товар а не сакам. Не ни морам до душа веќе, но се во име на тоа да се заштитам затоа што имам чувство дека мнооогу работи ми зависат од одредени факти. И у право си, се е тоа недостаток на знаење просветленост љубов и многу останати ЧОВЕЧКИ вредности. 

Изменето од ekszi88 - 05.Април.2012 во 16:07
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.