|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 8283848586 157> |
Автор | |
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВАГАВагите по природа се вечни романтичари, што не е чудно, бидејќи исто како и биковите, и тие се управувани од Венера, планетата на љубовта и убавината. Живеат за да ги задоволат своите партнери, но не очекуваат ништо помалку за возврат. Располагаат со каталог од различни бакнежи, па секој нивни бакнеж е уникатен, а искрата со која бакнуваат е со ист интензитет и по долги години поминати заедно со еден партнер. Доколку се најдете во прегратките на претставник на овој знак, препуштете му се на моментот и уживајте во перфектниот бакнеж. и сега кој е ЗА?... |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
kloshar
Нов член Регистриран: 06.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВОДОЛИЈА
Водолиите ја обожаваат промената поради влијанието на еклектичкиот Уран. Нивните бакнежи се невообичаени и инвентивни, тие секогаш копнеат по нешто ново и за нив не постојат граници. Кога бакнуваат, целта на водолиите е да останат запаметени и успеваат во тоа. Сакаат сочни бакнежи и често бакнуваат со отворени очи. Доколку се бакнувате со припадник на овој знак, за да го задржите неговото внимание, бидете оригинални. И уште нешто, не очекувајте долги бакнежи, затоа што за водолиите времето е скапоцено. Ajde nejam vreme... |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу набрзина ова ...
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
kloshar
Нов член Регистриран: 06.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vremeto e ona sto najcesto mi fali...Ama uvek gledam sto rabotam
|
|
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој сака да проба водолија?
|
|
I just wanna feel real love.
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хороскопските знаци и бакнувањето ДЕВИЦАУправувани од Меркур, планетата на интелектот, девиците го анализираат секој детаљ пред да спојат усни со некого. Не се расфрлаат со бакнежи и бидете сигурни дека нема да ве бакнат, додека не проучат апсолутно сè и додека не се 100% сигурни дека го сакаат тоа. Тие се вечни перфекционисти, не сакаат неред, па и атмосферата пред бакнување мора да биде совршена. Стилот на бакнување на овој знак е совршен – внимателен и исполнет со чувства. Бидејќи девиците ништо не прават половично, нивниот бакнеж секогаш е целосен и доаѓа директно од срцето...... |
|
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РИБИПоради влијанието на Нептун, стилот на бакнување на рибите е мистериозен и енергичен. На рибите особено им е важна физичката привлечност, па ако успеете да ги задоволите нивните критериуми, тие сигурно ќе ги исполнат вашите кога станува збор за бакнувањето. Нема да ви дозволат да им се приближите ако интуицијата им кажува дека се со погрешна личност, бидејќи ретко грешат кога ги слушаат своите претчувства. Бакнуваат нежно, внимателно и со чувства. Само што ќе ги допрете нивните усни, ќе почувствувате длабока поврзаност и нема ниту за момент да сакате да се одделите од нив. За среќа, рибите сакаат да подаруваат долги бакнежи. Доколку барате романтичен партнер кој постојано ќе ве бакнува, претставниците на знакот риби се вистинскиот избор. |
|
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ја сум нели така...
шкорпија... и не верувам у хороскоп... |
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАКРаковите се многу чувствителни поради влијанието на Месечината. Тие можеби нема да ве однесат на седмото небо со првиот бакнеж, но со нив ќе се почувствувате исклучително пријатно и удобно. Нивните бакнежи се топли, нежни и никогаш не завршуваат, па доколку сакате романтичен и внимателен партнер, раковите се одличен избор. Претставниците на овој знак сакаат да бидат бакнувани на истиот начин на кој бакнуваат, па ако треба да изберат идеален партнер само за бакнување, најверојатно би избрале партнер од истиот знак. |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A ova, lavovite... nezgodni se vo SE!
|
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13931 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ima dve grupi na tabieti rodeni vo ovoj znak,,,,ti sigurno ne spagjash vo grupata shto,si ja konkretizirala |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хороскопските знаци во лифт
Сите хороскопски знаци се во лифт на еден голем хотел. Меѓутоа, лифтот се заглавува помеѓу два ката. Еве како би се одвивал нивниот разговор...
РАК: Што му стана? БЛИЗНАЦИ: Опаа, заглавивме! ЛАВ: Ама ајде, комшија што зборувате! Случајно застана. ДЕВИЦА: Леле, кај најде баш сега! ОВЕН: Да видиме во што е работата (ги притиска копчињата). СКОРПИЈА: Еј, комшија немојте толку силно! ОВЕН: Ама ајде! Мислите дека е подобро да седиме и да чекаме? ВАГА: Комшија, смирете се! Не е време за расправија! ДЕВИЦА: Тоа што сме заглавени – никому ништо. Знаете ли колку работа ме чека? ЈАРЕЦ: Сите ние имаме некакви обврски, но наместо да паничиме, ајде да го направиме тоа што треба! ВОДОЛИЈА: Така е. Мора да постои дежурен мајстор. Комшија, притиснете го црвеното копче, ве молам. БЛИЗНАЦИ: Се разбира. Не реагира. Опаа, ќе биде весело! РИБИ: Види го ти него! Нему му е дури интересно! СТРЕЛЕЦ: Зошто да не? Нема белки да плачеме? ЛАВ: Слушајте ме добро! Како прво, дали некој од вас има некаков алат? ВОДОЛИЈА: Еве јас, но сè уште не можам да видам што е најдобро да се направи. БИК: Не би сакал да се шегувам со ова. Ова е лифт, а ние сме сто метри над земјата. ОВЕН: Ајде де! Мислите дека цела ноќ ќе седам тука? Ако не сака со убаво, тогаш со лошо (почнува да ја шутира вратата). ВАГА: Комшија, смирете се! Тоа не смеете да го правите, опасно е! СКОРПИЈА: Ма пуштете го! Гледате дека му фали некоја даска во главата. ОВЕН: Слушај ти битанго една! Ако сакаш да разговараш со мене, треба да се однесуваш со почит кон попаметен од себе. СКОРПИЈА: Со тебе можам да поприкажам и на еден посебен начин, а ако сакаш, можеме и овде во лифтов. ЛАВ: Господа, не дозволувам такво однесување! Јас ја превземам работата во свои раце и сака убаво да ме сослушате. Прво, смирете се! РАК: Како да се смириме? Еве, веќе половина час стоиме овде беспомошни. ДЕВИЦА: Така е! Не сме ни свесни што с еможе да ни се случи. СКОРПИЈА: Вие правете што сакате, јас повеќе не можам да издржам. Морам да запалам цигара. РАК: Леле, немојте! Ќе се задушиме човече! ДЕВИЦА: Побарајте го отворот за вентилација, овде веќе не може да се дише! ОВЕН: Ајде да пробам уште еднаш! СИТЕ ОСВЕН СТРЕЛЕЦ: Не! СТРЕЛЕЦ: Се согласувам со комшијата Овен. Ако со шутирање ја скршиме вратата од лифтот, ќе можеме да се спуштиме еден кат подолу и да излеземе од лифтот. ЈАРЕЦ: Немојте комшија! Тоа не доаѓа во предвид. РИБИ: Така е! Кој знае што се може да ни с еслучи додека се спуштаме. Некој би можел да падне од лифтот. ВАГА: Комшија, што мислите вие за ова? БИК: Мене ме прашувате? ВАГА: Да. Гледам стоите мртов ладен БИК: Мене ништо не ме прашувајте. Сега е ручек време, а тогаш не размислувам за тешки работи. БЛИЗНАЦИ: Зошто се грижите? Имам карти за играње, па можеме да изиграме некоја партија. Да делам? РАК: Вие не сте нормален! ЈАРЕЦ: Комшија, бидејќи го изедовте сендвичот, а рековте дека имате решение, ајде да го слушнам. БИК: Решението е едноставно, ќе чекаме дури не дојде струја. (лифтот почнува да се тресе) РАК, ДЕВИЦА и РИБИ: Леле, што е ова? БЛИЗНАЦИ И СТРЕЛЕЦ: Почнува вистинската забава! ВОДОЛИЈА: На нашите маки им дојде крајот – дојде струја. СТРЕЛЕЦ: Сега ќе излеземе од лифтот и ќе одиме кај мене на кафе. Ова мора да се прослави. Што велите? Се препознавете? |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми се свиѓа ова ,,сите освен Стрелец,,:НЕ! (да ја искршат вратата од лифтот) |
|
Anita1
Сениор Регистриран: 27.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 898 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
oven
|
|
jas sum jas....
|
|
Внеси реплика | страница <1 8283848586 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |