|
Рецепти за солени јадења |
Внеси реплика | страница <1 2021222324 30> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Макарони со зеленчук и сланинаПотребни состојки: 200 гр. Тестенини 1 тиквичка 1 домат 2 главици бел лук 150 гр. Сланина 50 гр. Кашкавал Сол Босилек Подготовка: Макароните варете ги 15 до 20 минути. Ситно исецканата сланина ставете ја во тавче, додадете ги исецканите тиквички, излупениот и исецкан домат, белиот лук и зачините. Целата смеса пржете ја на тивок оган 15 минути. Извадете ги макароните, исцедете ги убаво, ставете ја смесата со сланината и зеленчукот, а на крај ставете го кашкавалот. Ставете ги во рерна и потпечете ги уште 5 до 10 минути. Изменето од емил - 11.Март.2012 во 15:19 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кралски компирчињаНа многу едноставен начин може да направите нешто многу привлечно…- 1 кг компири - 3 жолчки - 100 гр путер Излупете ги компирите и сварете ги во вода со сол. Во меѓувреме спремете го плехот за печење. Сварениот компир испасирајте го, направете пире. Додајте ги жолчките и растопениот путер и мешајте за да се соедини смесата. Смесата ставете ја во шприц и на обложениот плех со хартија за печење направете форми. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути, или додека да поруменат. Изменето од емил - 13.Март.2012 во 23:24 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пилешки крокети со морковПотребни состојки: 150 гр. пченкарно брашно 500 мл. млеко 2 жолчки 300 гр. варено пилешко месо 1 лажица зачин ц 100 гр. варен морков Сол и црн пипер За похување: 4 лажици брашно 2 јајца 4 лажици презла Припрема: Ставете го млекото и пченкарното брашно во тенџере, па згответе ја смесата се додека не се згусне. Оставете ја да се излади, па додадете ги шолчките, ситно сецканото пилешко месо и морковот. Зачинете со вегета, сол и црн пипер и промешајте ја смесата се додека не добиете хомогена смеса. Од смесата оформете крокети, извалкајте ги прво во брашно, па во разматено јајце, па во презла и испржете ги во тава со врело масло на оган. Откако ќе се испржат, ставете ги на салфета за да ја упие вишокот на маснотија. Крокетите сервирајте ги на чинија за сервирање со сос по желба. Добар апетит! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крцкави пилешки прстиИма ли нешто поубаво од крцкаво и вкусно јадење….??? ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: ½ килограм пилешки гради исечкани на долгнавести парчињa 3 големи лажици сенф 3 големи лажици мед 60 грама солени грицки сол и бибер мало лажиче лук во прав НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во помал сад измешајте ги сенфот и медот. Солените грицки истолчете ги и измешајте ги со останатите зачини. Парчињата пилешки гради ставете ги прво во смесата од сенф и мед и подоцна во миксот од грицки и зачини. Вака подготвените пилешки прсти наредете ги во тава за печење обложена со хартија и печете 20 минути на 22о степени Целзиусови во претходно загреана рерна. Уживајте во крцкавиот вкус!!! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крцкава пита со јаболкиВкусен десерт кој одлично оди во комбинација со сладолед:) Потребни состојки за тестото: - 280 гр брашно - 140 гр путер - 70 гр шеќер во прав - 2 жолчки - 1 лажица бело вино За филот: - 1 кг јаболки - цимет - сок од лимон - ореви - суво грозје - ванилин шеќер Подготовка: Измешајте ги состојките за тестото. Путерот мора да биде на собна температура и никако не го месете тестото премногу долго. Откако ќе го измесите тестото ставете го на ладно место да стои 30 минути. Исчистете ги јаболките и исецкајте ги на коцки. Додајте им малку цимет и сок од лимон. Оревите, сувото грозје и ванилиниот шеќер додајте ги во смесата со јаболките. Одвојте 2/3 од тестото и ставете го во калапот за печење, па одозгора сипете го филот и со пресотанатото тесто прекријте ја питата. Печете од 30 до 45 минути на средна температура. Питата послужете ја со топка сладолед од ванила.
Изменето од емил - 21.Март.2012 во 11:36 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јаглешки бут во рернаПотребни состојки: 1,5 кг. јагнешки бут со коска 1 врзоп мајчина душичка 2 гранчиња рузмарин 2 чешниња лук 6 лажици маслиново масло 1 лажица вегета Сол и црн пипер 200 мл. бело вино 1 гр. компири Припрема: Загрејте ја рерната на 180 степени. Исецкајте ја мајчината душичка и половина рузмарин, па во зачините додадете го ситно сецканиот лук и 3 лажици масло. Измијте го месото и премачкајте го со подготвената маринада, па посолете го и наросете црн бибер. Испржете го јагнешкиот бут на преостанатото масло, па префрлете го во тава, полијте го со 100 мл. вино и печете околу еден час. Излупете ги компирите и исечете ги на коцки, распоредете ги во тавата околу месото, зачинете ги со преостанатиот рузмарин, вегетата, додадете го останатото вино и малку вода и гответе во рерна уште еден час. Послужете го јагнешкиот бут со компирите на чинија за сервирање. Добар апетит! Изменето од емил - 22.Март.2012 во 05:46 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пијани ракчиња
. Коктел сос за скара
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кордон блуПотребни состојки: 4 пилешки шницли 1 врзоп магдонос 150 гр. крем сирење 4 парчиња шунка 1 лажица брашно 2 јајца 3 лажици масло за јадење Сол и црн пипер Припрема: Ситно исецкајте го магдоностот, помешајте го со крем сирењето, посолете и наросете црн пипер. Со остар нож напречно исечете ги стековите, па исчукајте ги. На секој стек ставете едно парче шунка, 2 лажици сирење со магдонос, па преклопете го месото и краевите прицврстете ги со чепкалки. Месото извалкајте го во брашно, па во изматено јајце па во презла. Пржете на загреано масло, па откако кордон блу шницлите ќе се испржат, ставете ги на салфетка за да се упие вишокот на маснотија, па сервирајте ги на чинија за сервирање. Добар апетит! Изменето од емил - 25.Март.2012 во 18:52 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Солен колач од компирВкусно, зачинето, ароматично… Потребни состојки: - 500 гр брашно - 30 гр квасец - 250 мл вода - 30 мл маслиново масло - 200 гр компир - 200 гр сладок компир Изменето од емил - 28.Март.2012 во 13:43 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крцкави парчиња леб премачкани со туна…Вкусете го овој лесен, но вкусен рецепт Потребни состојки: - 250 гр туна од конзерва - 100 гр путер - 100 гр мајонез - 3 кисели краставички - 1 печена пиперка - пола лажичка копар - 1 лажица сецкан магдонос - 2 лажици кечап - малку табаско - сол и бибер Подготовка: Извадете ја туната од конзерва и исцедете ја. Заедно со пуерот и мајонезот изблендирајте ја. Потоа додајте ги киселите краставички, кечапот, излупената пиперка, зачините и повторно изблендирајте. Добиената паштета намачкајте ја на претходно запечени лебчиња. Уживајте во вкусот на туната! Изменето од емил - 30.Март.2012 во 10:52 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќофтиња од спанаќ и печуркиОвие ќофтиња нема да ги замените со ниедни други!!! ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 бајата кифла или бајат леб 1 кромид 1 чешне лук 500 грама мелено месо 1 јајце 1 лажица масло за јадење 400 грама шампињони 200 грама спанаќ Сол и бибер Малку мајчина душичка ( свежа или сужена ) Начин на подготовка: Размекнете ја бајатата кифла (или 2 -3 кришки бајат леб) со вода. Исечкајте ја главицата кромид и помешајте ја со месото, јајцето, додадете сол и бибер. Направете ги ќофтињата во големина по Ваша желба и испржете ги на среден оган. Печурките испржете ги во маснотијата од месето, додадете го спанаќот, мајчината душичка, посолете додадете малку вода и издинстајте ги состојките. По 5 минути долијте уште малку вода и додадете ги предходно испрежените ќофтиња и оставете да се динстаат 10 минути. Послужете и … Уживајте!!! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Макарони со руколаПотребни состојки: 350 гр. макарони 3 чешниња лук 120 гр. рукола 300 гр. домати 50 гр. маслинки Сол и црн пипер 3 лажици масло 50 гр. кашкавал 1 лажица вегета Припрема: Макароните сварете ги во солена вода па исцедете ги. Излупете ги доматите, исецкајте ги на коцки, посолете ги, оставете ги да отстојат па исушете ги со впивачка хартија. Во голема тава на загреано масло испржете ги оматите, додадете го ситно сецканиот лук, сецканите маслинки, вегетата и сол и црн пипер, па промешајте. Потоа во тавата додадете ги макароните, малку од течноста во која се вареа и динстајте, па откако ќе испари течноста, додадете ја руколата и кашкавалот и промешајте. Сервирајте во чинии. Добар апетит! |
|
Внеси реплика | страница <1 2021222324 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |