IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Како барате спасение ... ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како барате спасение ... ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2012 во 14:24
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:

Posebnoto, individualnoto e vo umot i toa e ona koe treba da go "predademe"...



На кого треба да го предадеме...индивидуалното кое е во нашиот УМ.?
Како го разбираш тоа "све е во нас"?

Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2012 во 14:37
Ima na forumski igri  - na prashanjeto odgovori so prashanjeголема насмевка 

Ne mislev bukvalno predademe - badijala ne staiv navodniciнамигнување individualnoto realno i ne postoi.
Se' e Ednobitie, Nie ne sme nishto posebno, na TOA mislev... Taka da se' e vo nas. Umot e toj shto deli i odvojuva... zatoa i rekov deka posebnoto e vo nego i nemoj sekogash bukvalno da me sfakjash - chitaj malku i megju redovi a ne da mi gi vadish zborovite od kontekstнамигнување


Изменето од viktorija123 - 03.Март.2012 во 14:39
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2012 во 14:47
На кого му извадив зборови од контекст?

Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:


Jamaoko, ushte dodeka bil mlad Zen uchenik, odel od eden do drug uchitel. Eden den svratil i do Sokokua.
Sakajki da pokazhe shto nauchil rekol:"Um, Buda i osekjajnite bitija , na krajot na kraishtata i ne postojat."
Pravata priroda na site pojavi e prazninata. Ne postoi prosvetluvanje, ni zabluda, ni mudrost, nitu davanje nitu primanje."
Dokuon, koj mirno si pusheshe, nishto ne reche. Iznenadno go udri Jamaoko so svojot drven stap!голема насмевка
Ova Jamaoko mnogu go razluti. Skokna na noze i zavzema borben stav...
"Ako nishto ne postoi od kade ovaa lutina dojde" - go prasha Doluon.голема насмевка


Ochigledno Jamaoko ne bil se ushte podgotven za prazninataнамигнување



Изменето од Pica pica - 03.Март.2012 во 14:49
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2012 во 14:52
Sakash da me zbunish pa gi menuvash postovite?смеење ili vo racete ti e drveniot stap, chisto za da proverichсмеење

Изменето од viktorija123 - 03.Март.2012 во 14:54
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2012 во 14:52
Се спаси.
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2012 во 14:55
големо гушкањесмеење
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2012 во 14:56
Кон врв
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 17:13
Пред нас имаме текст кој ќе не’ замисли. И не чудете се- оваа тема е важна за секој човек. Затоа трудете се да бидете максимално внимателни додека ги читате овие зборови. Можеби вечерва некои од вас не ќе можат да заспијат поради тоа што ќе го прочитаат сега, па ќе станат среде ноќ од своите удобни кревети, ќе ги затворат вратите од своите соби, а ќе ги отворат своите срца пред Бога и ќе Го молат за милост и прошка. На таквиот човек Словото му гарантира дека ќе му биде дадено она за кое ќе Го моли својот Бог. Ако зборовите на апостол Јаков, или моите зборови ве растревожат- немојте да замерите поради тоа. Токму тоа е целта на овие зборови, а на крај тоа ќе излезе за ваше добро.
Пред да го прочитаме текстот од апостол Јаков, би ве замолил да размислите следново прашање: ,,Преку што сме спасени?’’ Ова прашање има 5 можни одговори: а) Вера; б) Дела; в) Вера+дела; г) Човек не може да биде спасен на ниту еден начин; д) Ниту еден одговор не е точен.
Централни стихови на оваа проповед се стиховите од 17тиот до 26тиот стих од второто поглавје од Посланието на апостол Јаков: ,,Така е и со верата: ако нема дела, мртва е сама по себе. Впрочем, некој ќе рече: ти имаш вера, а јас имам дела; покажи ми ја својата вера без дела. А јас ќе ти ја покажам верата преку моите дела. Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш! И демоните веруваат и треперат. Сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е бесплодна? Нашиот татко Авраам не беше ли оправдан преку делата кога го принесе својот син Исак на жртвеникот? Гледате дека верата соработуваше со неговите дела, и преку делата верата стана совршена и така се исполни Писмото, кое вели: ,,Авраам Му поверува на Бог, и тоа му се припиша за праведност, и беше наречен Божји пријател. Ете човекот се оправдува преку дела, а не единствено преку вера. Исто така и блудницата Рааб, не се оправда ли преку дела, кога ги прими гласниците и кога ги испрати по друг пат? Зашто, како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва.’’
НО, апостолот Павле во своето Послание до Ефесјаните пишува вака: ,,Зашто по благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите- тоа е Божји дар! Не е од делата, за да не се фали некој...’’ (Ефесјаните 2:8,9)
Е, па драги мои... за кого сте? За апостол Јаков или за апостол Павле? Кој од нив е во право? Спасени сме преку вера или преку дела? Уште поважно: ,,Си противречи ли Светото Писмо само на себе?’’ Точните одговори се следниве: И Јаков и Павле се во право, а Библијата не е контрадикторна. Двајцата апостоли зборуваат за различни нешта.
Апостол Павле се бори против легализмот. Во тоа време, па и денес, на луѓето им е полесно да им речеш: ,,Прави вака и вака и ќе живееш.’’ Некои луѓе и тогаш, а и денес се фаќаат во таа замка. На луѓето им е полесно да веруваат дека треба да прават одредени ритуали и живеат според некои суеверија надевајќи се дека така ќе се стекнат со вечен живот, а додека се на оваа земја- со среќа, здравје, богатство и секаков вид благослови. Некои Евреи сакале да ги поробат христијаните и да ги опковаат со оковите на јудејскиот религиозен систем. Павле се бори против проблемот на сувиот формализам.
Апостол Јаков, пак, се бори со еден друг проблем- со летаргијата. Знаеме што е летаргија?- Тоа е мрзеливост! Ако Павле ги предупредуваше оние кои велеа: ,,Треба да ги држиш сите Еврејски закони за да бидеш христијанин’’, Јаков ги предупредува оние кои отишле во другиот екстрем и кои велат: ,,Не е важно како живееш, важно е само да веруваш.’’ Како што можеме да видиме, двајцата апостоли не си контрираат. Баш напротив!- тие се согласуваат и се надополнуваат. Во прилог на ова оди и 10тиот стих од второто поглавје на Павловото послание до Ефесјаните: ,,зашто Негово дело сме, создадени во Христос Исус за добри дела, кои Бог однапред ги подготви, за да живееме во нив.’’- и со тоа го признава стојалиштето на Јаков, а пак и Јаков во 23тиот стих од второт поглавје од своето Послание го потврдува она што го пишува и тврди Павле: ,,Авраам Му поверува на Бог, и тоа му се припиша за праведност’’ Значи, зошто Бог го прогласи Авраам за праведен и го нарече Свој пријател?- Затоа што Авраам Му веруваше на Бог!
Спасението на човекот е преку вера! Мартин Лутер напишал: ”Sola Fide!” и јас сосема се согласувам со него. Спасението е само преку вера. Но, не преку секаков вид на вера, туку само преку посебен вид на вера- спасоносна вера! Ако човек се спасуваше преку било каков вид на вера, тогаш сите ќе беа спасени- зашто сите луѓе веруваат во нешто: во политичари, девизи, вера во татковината, вера во сопружникот, вера во децата, вера во самите себе... Но, ваквите видови вера не спасуваат. Само спасоносната вера нуди спасение. И сега, нормално е човекот верник да се запраша: ,,Ја имам ли јас таа спасоносна вера?’’ Од каде знаеме дека ја имаме? Е па вака:

1. За да имате спасоносна вера не е доволно само да велите дека ја имате. Стихот од Јаков 2:14 вели: ,,Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела?’’ Нема ништо лошо во тоа да велите дека имате вера, тоа е баш добро зашто обврска на секој христијанин е да ја шири сопствената вера. Но, самото тврдење дека човек верува не е доволно да го спаси. Замислете дека некој ваш пријател ви кажува дека е на диета, но со месеци и години вие не забележувате промена во физичкиот изглед. А уште пострашно, пак, замислете некој ви кажува дека е верник, дека е нановороден, дека е крстен... но неговиот живот не ви го докажува тоа. Може ли таквата ,,вера’’ да ве спаси? Се верува со срцето, не само со јазикот.
2. Не е доволно човек да чувствува дека ја поседува вистинската вера. Верата е далеку повеќе од емоции. Ако емоциите се некаков доказ за спасоносна вера, тогаш да ви кажам вака- исламските бомбаши самоубијци сигурно дека имаат повеќе такви чувства кога ќе се вооружат со експлозив. Толку се сигурни дека ја имаат правилната вера што одат во сигурна смрт поради тоа убедување. Стиховите 15-17 од истото поглавје велат вака: ,,Ако некој брат или сестра се без облека и имаат потреба од секојдневна храна, па некој од вас им рече: ,,Одете во мир, стоплете се и наситете се!’’, а не им го даде она што им е потребно за телото, каква е ползата од тоа? Така е и со верата: ако нема дела, мртва е сама по себе.’’
Замислете дека сте отишле на црква. Завршува Богослужбата, вие споделувате со некој од браќата или сестрите кои можат да ви помогнат, а тој седнува на кожното седиште од неговото скапо BMW се свртува кон тебе и ти вели: ,,Жал ми е! Ќе се молам за тебе! Господ ќе ти даде.’’ Наредниот момент си пушта музика, го затвора автоматскиот прозорец и си заминува. Наредниот момент си облечен во прашината која ја предизвикала неговиот скап автомобил, а ти ќе мораш да се нахраниш со чадот од неговиот ауспух. Како би се чувствувале во таква ситуација? Апостолот Јован во неговото прво Послание вели вака: ,,Како може некој да тврди дека ја има Божјата љубов, ако има световни богатства и гледа дека некој од христијаните е во материјална неволја, а тој не сака да му помогне? Чеда Божји, треба вистински да се сакаме, не само на зборови туку на дело, со нашите постапки во секојдневниот живот. Така ќе знаеме дека сме на страната на вистината и ќе ја имаме неопходната увереност кога ќе застанеме пред Бог.’’ (Прво Јованово Послание 3:17-19 исто и 3:14). Ги љубиме ли нашите браќа и сестри? Не е доволно да имаме добро мислење, убави чувства и да сме љубезни со нив кога ќе ги сретнеме. Треба да ги љубиме, тоа е нашата должност, нашата препознатлива карактеристика која не’ разликува од другите групации. ,,Љубете се меѓусебно. Ако се сакате еден со друг, луѓето ќе знаат дека сте Мои ученици.’’- така ни заповеда Оној Кого Го нарекуваме наш Господ. А љубовта е активна грижа. Не само чувства и загриженост, туку грижа во акција.
Христос раскажа една приказна за еден човек претепан од бандити кој лежел крај патот, полумртов. Поминал првин еден еврејски свештеник. Тој човек сигурно многу зборуваше за својата вера, а исто така верувам дека откога го забележа полумртвиот човек во него се родија барем некакви чувства. Но, свештеникот го заобиколи кутриот човек. Потоа помина еден Левит. Кај Левитот веројатно се родија уште повеќе чувства зашто тој се доближи до човекот, но и тој си замина. Дури потоа помина Самарјанинот, кој се покажа како ближен на претепаниот. Му ги исчисти раните и го смести во една гостилница. Поуката од Исус е ,,Оди и ти постапувај така.’’ (Приказната за добриот Самарјанин е опишана во Евангелието по Лука 10та глава)
,,Важно е да имате делотворна вера и таа да се искажува преку љубов.’’- пишува апостол Павле до Галатјаните 5:6, а понатаму додава: ,,Да бидеме неуморни во правење добро... Секогаш кога ќе ни се укаже можност, треба да им правиме добро на сите луѓе, а особено на оние што се наше семејство по вера, на христијаните.’’ (Галатјаните 6:9). За оние кои ги замениле делата со зборови и љубовта со чувства, Библијата вели дека имаат мртва вера, а она што е мртво- не постои. Може ли таквата вера да не’ спаси? Може ли мртвата вера да даде живот? Човекот кој има мртва вера, всушност поседува само знаење. Тој човек може да ги знае доктрините, да цитира стихови, но ако не дојде до промена во неговиот живот и ако не се продуцираат дела- во него има само интелектуална вера, само знаење. Очигледно е дека знаењето не може човека да го доведе до Бога. Зошто? Затоа што допирот со Бога дефинитивно доведува до трансформација. Ако може контактот со струја или со автомобил (во движење) да ви го смени животот, замислете колку повеќе контактот со најголемата сила во Универзумот ќе го промени животот. Мртвата вера не е спасоносна вера!
3. Не е доволно само да мислите дека ја имате спасоносната вера. Стих 18: ,, Впрочем, некој ќе рече: ти имаш вера, а јас имам дела; покажи ми ја својата вера без дела. А јас ќе ти ја покажам верата преку моите дела.’’ За некои луѓе верата е интелектуална работа. Тие се занимаваат со висока теологија, учат и проучуваат, дискутираат за доктрините, создаваат нови и ги укинуваат старите. Тоа не е лошо само по себе, но лошо е ако не се направи наредниот чекор- дела во согласност со верата. Како би ви звучело ако некој ви рече: ,,Јас имам вера, а ти гледам имаш дела. Тоа е во ред, така треба да биде. Секој со својата дарба.’’ Верата и делата се во нераскинлива врска. Оној кој има вера мора да има и дела кои ќе ја поткрепат неговата вера. Само да се размислува и да се дискутира не е доволно.
Прочитајте го овој дел од Светото Писмо: Евангелие по Јован 8:59-9:7
Исус беше каменуван и успеа да им побегне на еврејските верски водачи. Одејќи виде еден слеп човек. Учениците почнаа со Него една дебата: ,,Дали овој човек е слеп поради сопствениот грев или поради наследен грев?’’ Исус не се впушти многу во таа дебата, само накратко им одговори. На оваа тема некои теоретичари би дискутирале надолго и нашироко, можеби и со часови. Исус кажа само неколку реченици, а потоа како да ги прекори учениците: ,,Додека е ден ние треба да го извршуваме тоа што од Мене го сака Оној што ме испрати. Доаѓа ноќ, кога никој не ќе може да работи. Додека сум во светот, Јас Сум Светлината за светот.’’- го рече уште ова и го исцели слепиот. Исус не беше слеп покрај слепиот. Исус ќе беше слеп ако покрај слепородениот Тој се впуштеше во дебата со учениците.
Колку пати ние досега кога ќе видиме болен, сиромав човек веднаш размислуваме за причините за неговата состојба? Го обвинуваме човекот, власта и општеството и поминуваме крај него. Господ Исус е совршениот израз на љубов. ,,И сите ние примивме од Неговата полнота благодат врз благодат.’’ (Евангелие по Јован 1:16) Што е подобро- еден тон теорија или еден килограм практика? Исус, Кој треба да биде наш пример, повеќе пати е опишан како помага отколку како проповеда. Неговите дела проповедаа! И ние кога ќе видиме болен или сиромашен човек кој не Го познава Бога, да не само се прашуваме: ,,Зошто овој човек е во ваква состојба?’’ туку да си речеме ,,Еве отворена врата за милоста Божја!’’ и да пристапиме со збор и со дело да помогнеме. Зашто верата е опипливо нешто, таа ја доживува својата конкретизација во делата. ,,Јас преку своите дела ќе ви покажам дека имам вера’’- вели апостол Јаков.
4. Досега зборувавме дека не е доволно да велиме дека имаме вера, да чувствуваме дека имаме вера и да размислуваме и дискутираме за верата. Стихот 19 е шок за некои луѓе: ,,Ти веруваш дека има само Еден Бог. Добро правиш! И демоните веруваат и треперат.’’ Демоните не се атеисти или агностици, тие се верници!!! Веруваат и имаат почувствувано дека Бог постои. Тие дури Го признаа Исус како Син Божји (Евангелие по Марко 3:11,12). И демоните се погодени во интелектот и во емоциите. Верата дека Бог постои, верата дека Христос е Син Божји и стравот од Бога- сево ова нема да доведе до спасение на човекот. И демоните го веруваат истото! И јас верувам дека Хитлер постоел, но не сум нацист. Многумина се декларираат како христијани, ако ги прашате ,,Верувате ли дека Бог постои?’’- ќе добиете позитивен одговор, но и ако ги прашате ,,Лажеш ли? Крадеш ли? Примаш ли мито? Имаш ли вонбрачна врска?’’, повторно ќе ви одговорат потврдно. Таквата вера без дела не постои. Каква е тогаш спасоносната вера?
,,Праведникот ќе живее преку вера’’. Но, досега заклучивме дека не секој вид вера спасува. Верата во некој политички или економски субјект, во човек или во некој бизнис не може да го спаси човека. Спасоносната вера е динамична вера. Тоа е вера во акција. Мртвата и демонската вера ги вклучуваат емоциите и интелектот, додека динамичната вера ја допира волјата- целата личност е вклучена. Овој вид вера води до дела и тоа не само како инцидент, туку во континуитет. Јаков дава два примера за луѓе чија вера беше сообразена со постапките. Авраам и Рахаба- и двајцата во генеолошкото стебло на Исус.
,,Нашиот татко Авраам не беше ли оправдан преку делата кога го принесе својот син Исак на жртвеникот? Гледате дека верата соработуваше со неговите дела, и преку делата верата стана совршена и така се исполни Писмото, кое вели: ,,Авраам Му поверува на Бог, и тоа му се припиша за праведност и беше наречен Божји пријател. Исто така и блудницата Рахаба, не се оправда ли преку дела, кога ги прими гласниците и кога ги испрати по друг пат? Зашто како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва.’’ (Јаков 2:21-26)
Уште во Битие 15:6 Божјото Слово вели: ,,Авраам Му поверува на Господа и тоа му се засмета за праведност’’ Случката кога Авраам беше тестиран да го жртвува својот син Исак е запишана во Битие 22ра глава. Значи, поради тоа што Му поверува на Господа Авраам беше оправдан, а некаде околу 20 години подоцна се случи овој тест на кој тој ја докажа својата вера. ,, и преку делата верата стана совршена’’ (Јаков 2:22).
Нашата вера не е детерминирана од она што ние го правиме, туку преку делата нашата вера се демонстрира. Еве една илустрација. Едно дрво е засадено во почвата. За да може да живее тоа дрво неопходно е да има корени. Плодовите се знак дека дрвото е живо, но се неопходни за дрвото да живее. Почвата на која треба да бидеме засадени е Бог и Неговото Свето Слово. Тоа е почвата на која треба да бидеме посадени за да живееме. Со таа почва ние сме поврзани со корен- тој корен е нашата вера. Ако почвата е добра, со доволно вода и хранливи состојки, ако корењата се живи, плодовите мораат да израснат како резултат на животот на дрвото. Исто и во нашиот случај- она што е неопходно е нашата вера да биде вкоренета во Бога- од Него да се храниме, а плодовите ќе бидат резултат на нашата жива вера. Не можре да биде обратно. Плодовите не го одржуваат во живот дрвото. Нашите дела нема да не’ спасат, нема да не’ одведат на Небото. Она што ни е неопходно за да бидеме спасени е верата. Затоа на почетокот реков- спасението е само преку вера. Но, од посебен вид вера. Не е точен одговорот под в) Вера+дела, туку сме спасени од вера која делува.
Некој можеби ќе рече: ,,Лесно е да речеш дека сме спасение од вера која продуцира плодови, но какви се тие плодови?’’ Па вака: 1. Покајание на дело- ова беше тоа што го бараше Јован Крстителот. Не може да постои непокајан верник. Во тој случај човекот за себе мисли или глуми дека е Божјо чедо, а всушност сеуште е Сатанско чедо. Ако на дело не сме покажале покајание, нашата вера е мртва вера. Нашите зборови и дела треба да се разликуваат од световните. Ако размислуваме, зборуваме или се однесуваме како што се однесуваат неверниците, каква награда очекуваме? Ако не сме се покажале покајание на дело и сеуште ги љубиме нашите стари гревови, во нас значи не се случила трансформацијата наречена нановораѓање, а нашата вера е мртва вера. ,,Без светост никој нема да го види Бога’’ вели Библијата во Посланието до Евреите 12:4 Потребно е да се свртиме од нашите стари гревови. Да ги замразиме работите кои ги сакавме, а да ги засакаме работите кои ги мразевме. 2. Редовен духовен живот- Не можеме да речеме дека сме верници доколку не негуваме близок и постојан однос со Бога преку Библијата и молитвата во прв ред. Авраам беше пријател Божји!- а пријателите се пријатели затоа што одржуваат комуникација меѓусебе. 3. Љубов- Љубовта е првиот плод на Светиот Дух произведен во човекот. Ако не ги љубиме на дело браќата и сестрите треба да го опипаме пулсот на нашата вера. Рацете и нозете на Спасителот наш беа прободени, сега ние треба да бидеме Негови раце и нозе и да одиме и да го правиме она што Тој би го правел (Мајка Тереза, парафразирано).
Природата не’ учи дека секоја работа резултира со плод. На секој акција има и реакција. Секоја причина си има и своја последица. Нановораѓањето е всушност раѓање на нова природа во човекот, која со себе носи покајание, близок однос со Бога и љубов.
И само за крај... Ако вечерва некој од нас дојде до заклучок дека неговата вера е мртва, го охрабрувам тој човек да потрча во прегратките на неговиот Небесен Татко што побргу! Тој сигурно дека нема да го одбие грешникот кој се кае. Бог те љуби иако си отпаднал од Него. Може ли родителот да не си го сака своето чедо? Па дури и мајката ако се откаже од своето родено дете Господ нема да се откаже од нас- тоа се Божји зборови запишани од пророкот Исаија. Вечерва сите да се предадаме во Неговите раце и да побараме од Него да не’ промени. Да не’ исполни со Својот Свет Дух и силно да дејствува, да не’ наводни и да не обработи како што земјоделецот ја наводнува и обработува својата почва, за да даваме плодови за Негова слава! Амин!
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.