|
Кабала - мистерија или наука ?? |
Внеси реплика |
Автор | |
Elidija
Нов член Регистриран: 17.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Мај.2011 во 12:01 |
1. Во минатото кабалистите мислеле дека само неколку луѓе се навистина вредни, високо развиени луѓе од секоја генерација кој веќе поседувале внатрешни квалитети неразвиени од човештвото како целина, сè до неодамна. Овие квалитети им овозможувале да ја разберат кабалата и да ја употребуваат правилно. Затоа, кабалата била намерно криена од кабалистите .
2. Сите кабалистички книги се пишувани,употребувајќи зборови кои се чини дека реферираат за работи и луѓе,но факт е дека ниту еден збор во било која книга за кабалата не зборува за физичкиот свет,и ако не научите како да ги читате овие книги од кабалист, со автентично учење, вие едноставно нема да ги разберете. Не е важно колку сте бистри, на крај ќе завршите со продукт на вашата имагинација и ништо повеќе. 3. Кабалата ни ги открива целта и природата на овој систем што го нарекуваме живот, и доколку личноста нема моќна, реална и сериозна потреба да се запраша за ова прашање , тие нема да го слушнат одговорот. Дури иако им е извикувано на уво. Сепак денес луѓето од целиот свет ја бараат кабалата. Ајде да ги расчистиме недоразбирањата. Најпрвин ајде да видиме што кабалата не е : Таа не е и нема ништо заедничко со религија, магија, мистицизам , вештерство, обожување, култност, излекувања , медитација , само-помош , филозофија , теорија , парапсихологија , ЕСП, телепатија , јасновидност , новото доба , психо кинеза , суеверие , толкување на сништа , френологија , тарот картите , мантри,јога , црвени конци , света вода , благослови , Јудеизам , Исламизам , Христијанство , Будизам , Хиндуизам , Суфизам или било кој изам , враќање во минатите животи , холистичка медицина , нумерологија , верски излекувања , Ароматерапија , тајни друштва , реики , хипноза , вканалување , трансмутација , френологија , астрологија , астрални патувања или проекции , луцидни сништа, спиритуализам , комуницирање со мртвите , искуства надвор од телото , магнетизам , вуду , слободното масонство , теозофија , рефлексологија , НЛО , креатонизам , фанатизам или било кое друго верување....... Иако многу од горенаведените позајмиле и погрешно ги толкувале принципите на кабалата со текот на годините.. Повеќе на : http://www.kabbalah.info/mk/kabbalah-video-clips/kabbalah-basics/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%B0 |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dobroooo ubavo ni objasni deka nema ama tuk*rechi nishto., me aj sea objasni dali ima neshto ipametno vo nea osven shto nema nishto
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Elidija samo pravi besplatna reklama na posocheniot makedonski sajt za kabala niz soodvetnite podforumi na Idividi i nema namera da diskutira so chlenovite... barem do sega bilo taka.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
podolgo vreme ova go pravi no se nadevam deka kabalata ke ja prosvetli pa ke sirne i neshto napishano
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Aleks Nevski
Нов член Регистриран: 17.Февруари.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кабала, религијата на масоните, илуминатите, OTO, вештерите и сите окултистички организации
Кабалата е еврејски мистицизам – окултизам кој е практициран од страна на посебно одбрани рабини. Според Каабалата, книгите од Стариот Завет го содржат основното учење за обичниот народ, Талмудот представува Душата на Законот, додека Кабалата е Душата на Душата на Законот. Се содржи од магиско (тобожем езотерично) толкување на Библијата, магиско користење на “името на бога - Јахве” за практикување на магијата, повикување на духови, медитација, опседнатост од духови на тобожем мртви души, реинкарнација, астрологија, тарот и други магиски техники. Основната цел на Кабалата е владеење на Израел над целиот свет на економски, политички и религиозен план преку Новиот Светски Поредок. Заради спроведување на тие нивни цели, Ционистите заедно со рабините и евреоционистичката мрежа на банкари, основаа масонски ложи по целиот свет, како и инсталација на многу други окултистички организации од типот на ОТО (таканаречени темплари), илуминати, WICCA, теософистички организации, Rotary, Lions Club, неопаганисти и др. Масонските ложи представуваат “гнездо” за гаење на Евреоционистичката војска која потоа се инсталира на политичка сцена на високи позиции како би се инфилтрирале во политичката елита за потем да би ги послушно исполнувале плановите за Нов Светски Поредок. Со основањето на разните окултистички организации се обидуват да ја воспостават Кабалата како “Светска Религија” и да ја представат како извор на сите останати религии. Во Новиот Светски Поредок е нема место за луѓе кои имаат сопствено мислење, туку само за луѓе кои се (или ќе бидат) доследни послушници и спроведувачи на Евреоционистичките планови. Личноста која има сопствено мнение, сопствени погледи, сопствени ставови и го изразува сето она производ на свесната слобода на личноста не е пожелна во светот каде пирамидалниот начин на спроведување на наредбите од највисоките позиции каде се вгнездени семејствата на Rothschild, Rockefeller, и останатите банкарски “моќници” (на пример Сорос) па се до непокорната послушност на најниските нивни слуги (масоните, ОТО, илуминатите и сите останати окултистички групации) се одразува врз секое денешно општество (пример политиката) и е видливо дури и со “голо око”. Наредбите за послушниците се спроведуваат преку организирани состаноци од типот на Билдерберг или слични такви, каде потоа преку окултистичките центри се спроведуваат на дело. Така отприлика би бил овој вовед во темата и се надевам дека доволно ве предизвикав на дискусија. Секое мислење е добредојдено и се надевам ќе може слободно да се дискутира на една многу сериозна проблематика со која се соочуваме денес. Изменето од Aleks Nevski - 17.Февруари.2012 во 20:35 |
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кабала (рецептивност - примање) е наука која на никаков начин не е поврзана со мистицизам, религија или паранормални појави.Нема никава врска со тајни организации, магиски ритуали или пак владеење со масите, ниту е некаков заговор против човештвото. Кабала е наука за целовитоста на системот што го нарекуваме реалност - целовита реалност. Тргнува од фактот дека човекот има две природи- да зема и да дава. Кабалата ја проучува целовитоста, интеракцијата, корелацијата меѓу тие две природи на човекот. Конкретен пример - егоизам и алтруизам , како две контрастни, но компелентарни природи и појави кај човекот.
Ако на едно лице, на пример, му дадете чоколадо, а потоа очекувате благодарност и возврат за даденото чоколадо - всушност не сте дале ништо, туку само сте направиле трговија. Поентата е да дадете чоколадо, само затоа што другото лице вистински ќе ужива во чоколадото. Неговото уживање, неговата радост поради чоколадото е она што вас треба да ве исполни - без да очекувате ништо, апсолутно ништо за возврат, дури ни благодарам од тоа лице. Да не се чувствувате лошо ако истото тоа лице, на пример не ве покани на роденден, не му текнало на вас. Да бидете спремни и кога тоа лице ќе збори најлошо за вас,дури и ако ви направи лошо, повторно да му дадете чоколадо, без да очекувате дека нешто тоа ќе смени кај него или пак кај вас. Само тогаш - сте дале. Тоа е кабала, само еден сегмент. Наука за промените на егоистичните потреби на човекот, целовитоста на целиот систем. Основен принцип на кабалата е дека не постои нешто што се нарекува сама единка. Сите единки се во целовитост, во едно битие, сите луже се едно - еден човек, едно лице, една мисла, една волја, една потреба... Само така, единката може да биде исполнителна и целовита. |
|
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Токму така пХп... Кабала е еврејското гностичко учење и нема блага врска со окултизам, вештерки, тајни или паранормални работи.
Наместо да се читаат безвезни интернет шкрабаници секој кој навистина искрено се интересира може слободно и јавно да ја изучува Кабалата. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Или кратко кажано - кабала е наука која се занимава со потребите на човекот и нивното менување. Се и сешто имам слушнато за Кабалистите, дека се луѓе кои се алхемичари, дека влијаат на материјата, дека се собирале по 10 души на некакви обреди и предвидувале 10 дена нанапред, дека се оние кои владеат со Светот и материјата, дека се вампири и така натаму. Прво - кабалата е основата на Јудаизмот, се базира на пишувањата на Тората (првите пет книги на Мојсеј, ја има и во Библијата), Талмудот и Книгата на Зохар. Со тоа што за книгата на Зохар се заинтересирани и средновеквните Кардинали и свештеници, па така денес имаме и Христијанска Кабала. Разликата меѓу двете е што Јудаистичката Кабала не го прифаќа Исус како Месија. Бог во Кабалата се нарекува Јахве (YHWH), или подоцна добиената кованица Јехова, термин кој Исус исто така го користи именувајќи го Бог. Кабала е учење, филозофски ситем, за состојбата на Суштеството (човекот) во однос на Креаторот (Бог). Она што посебно треба да се истакне дека за Кабалистите, нема идолизиација и ниту еден предмет нема световна вредност или моќ, едноставно предметите се предмети. И што и да правите со предметите, тие не можат да имаат световна моќ - тоа може само живо (свесно) битие. За разлика од многу религии (вклучително и Христијанството) каде дадени предмети служат како талисмани, заштитници и се и свашта. Како тогаш Кабалата е магија, вештерство или нешто такво?
Кабала е наука (учење, филозофија, систем, начин на гледање) каде ЕГОИЗМОТ (Волјата за примање, волјата за добивка на ЈАС) се заменува со АЛТРУИЗАМ (Волја за давање, волјата за добивка на другиот), односно начин на живот каде се што правиме, не правиме за себе. Ова мене воопшто не ми изгледа на Сатанизам, задна намера или пак владеење со масите или заговор за уништување на човештвото. |
|
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |