Барселона и Удинезе постигнале договор и алексис Санчез следната сезона ќе игра за Каталонците, потврдил синот на сопственикот на Удинезе, Џампаоло Поко.
Приказната дека трансферот на 22-годишниот напаѓач е реализиран се појави во јавноста минатата недела, но до денес никој официјално не сакаше истата да ја потврди. Се чекаше да заврши учеството на Копа Америка, а пред некој ден и таа пречка е отстранета.
"Договор со Барселона околу Алексис Санчез е постигнат" -рекол Џино Поко за едно шпанско радио.
Трансферот го најави и Пеп Гвардиола кој и покрај трката на Барса за Цеск Фабрегас изјавил дека "чилеанската сензација" е мета број еден ова лето.
"Тој може да игра на три позиции, голем работник е, одличен во дуелите еден на еден и добро момче. Тој е најблизу до идеалот кој го бараме." - рекол Гвардиола.
Санчез постигна 12 гола на 27 меча за Удинезе. Трансферот е вреден околу 30,5 милиони евра плус бонуси
Актуелниот европски првак Барселона официјално објави дека досегашниот напаѓач на тимот Бојан Кркиќ ќе замине во екипата на Рома за 12 милиони евра.
Каталонскиот тим ќе има право на откупување на неговиот договор до летото 2013 година за сума од 13 милиони евра.
Од Рома може да го блокираат правото на откупување, но во таков случај трансфер сумата на Кркиќ ќе нарасне до 40 милиони.
Дваесетгодишниот Бојан денеска одржа проштална прес конференција на Ноу Kамп пред да замине за Рим каде ќе ги мине лекарските прегледи.
„Дванаесет години се наоѓам во клубот. Во последните четири години ми беше привилегија што се наоѓам во најдобриот тим во светот. Една од причините што си заминувам е што не ми беа укажани доволен број шанси да се докажам, особено во финалето во Лондон".
„Освоив две шампионски титули во Лига на шампиони, но моите чувства се поделени затоа што не играв. Имам 20 години и сакам да покажам што умеам. Ќе ми недостасуваат многу работи, соиграчите, градот, играњето на Ноу Камп, и дресот за кој секогаш сум се борел, но се надевам дека во Рома ќе ја вратам радоста за повторно играње фудбал, која во последнава година ми недостасуваше", изјави Кркиќ.
Младиот напаѓач одигра 157 натпревари за Барса и постигна 43 гола, но во последната сезона падна во втор пласн кај тренерот Гвардиола и по доаѓањето на Алексис Санчез доби зелено светло да го напушти клубот
Барселона и Арсенал, конечно, го договорија трансферот на Сеск Фабрегас на "Камп Ноу", во висина од 40 милиони евра. Шпанецот потпиша петгодишен договор со Каталонците, а неговата откупна оштета ќе изнесува 200 милиони евра. Дваесет и четиригодишникот успешно го мина медицинските преглед, и би можел да дебитира идната недела. - Долго време чекав на овој момент. Ова е посебен ден во мојот живот. Знам дека многумина се разочараа кога си заминав, но еве по осум години повторно сум во Барселона и подготвен сум да освојувам трофеји - изјави Фабрегас, откако беше презентиран пред околу 30.000 навивачи на Барселона. Тој потекнува од младинскиот погон на шпанскиот и европски првак, но во 2003 година се пресели во Арсенал. Фабрегас одигра преку 300 меча за лондонскиот состав, но освои само еден трофеј и тоа ФА купот во 2005.
Најголемиот бразилски талент на денешницата, Нејмар се уште се двоуми за тоа каде би ја продолжил својата кариера откако ќе го напушти Сантос.
Со неговата последна изјава се чини дека Бразилецот е се поблиску до екипата на Барселона.
За ангажман на Нејмар се загреани лутите шпански ривали Барселона и Реал Мадрид, а Нејмар откри дека неговиот идол и добар пријател Роналдињо му го препорачал каталонскиот клуб за кој и тој еден период од кариерата настапуваше.
-Роналдињо секогаш бил пример за мене. Секогаш сум ги слушал неговите совети. Во еден момент тој ми зборуваше прекрасни работи за Барселона, за клубот и за градот, изјави Нејмар.
Договорот на Нејмар со екипата на Сантос завршува во 2014 година, а кога беше запрашан дали постои шанса тој да се пресели во Европа и пред истекот на договорот, Нејмар одговори: „Се е можно“!
Барселона на „Ноу Камп“ го совлада Спортинг Хихон со 3:1 во 25. коло од шпанската Примера.
Иниеста во финишот на првиот дел го отвори резултатот, но гостите од Хихон на стартот од второто полувреме навестија изненадување. Почна со црвениот картон на Пике, кој како последен играч во одбраната направи прекршок над противничкиот играч, а судијата го исклучи.Без Лео Меси, кој паузира заради жолти картони, каталонскиот тим до трите бода стигна потешко од очекувањата.
Веќе во 49. минута Хихон ја искористи предноста од фудбалер повеќе, а стрелец беше Барал
Челниците на Барселона сметаат дека потенцијалните засилувања сакаат да знаат кој че им биде тренер.
Како што пренесува шпанска Марка, Пеп Гвардиола е на чекор од потпишување нов договор со барселона, по утринскиот состанок кој го имал со својот претставник Хозе Марија Оробитго.
Барселона има на ум неколку играчи за следната сзона. Тоа се пред се дефанзивците Тијаго Силва и Жорди Алба.
Меѓутоа ниту еден од двајцата играчи не сака да размислува за каталонскиот клуб додека не дознаат дали Гвардиола ќе остане тренер на Барса или не.
Иста е ситуацијата и со надежите кои чекаат шанса во првиот тим на Барселона, како што се Бартра, Муниес, Монтоја и Дос Сантос.
Раководството на Барселона прави се што е можно да го задржи Пеп Гвардиола, чиј договор истекува на 30 јуни 2012 година. Онлајн изданието на каталонскиот клуб "Спорт" соопшти дека синоќа тренерот имал над 3-часовна средба со претседателот на клубот Сандро Росел, со потпретседателот Хосеп Марија Бартомеу и со спортскиот директор Андони Зубизарета.
Според информациите на Онлајн изданието "Спорт", тие му понудиле на Гвардиола договор со празен чек во кој тренерот требало сам да ги напише бројките за новиот договор. Сепак по трите часа разговори се уште нема целосна јасност за иднината на Пеп.
Росел сака одговор најдоцна до денес. За да го убеди да остане, тој дури му дава целосна поддршка за трансфер бомби на фудбалери во летниот преоден рок.
Гвардиола сепак е подготвен да си замине, наместо да го продолжи договорот, тврди "Оna Fm". Се ќе стане јасно во наредните 24 часа. Повикувајќи се на свои извори, "Скај Спортс" дури објави дека Пеп веќе дал свој одговор и тој е негативен.
Сите во Барселона ја очекуваат со огромен интерес крајната одлука на младиот тренер, кој има постигнато неверојатни успеси за четири сезони на чело на ѕвездите на "Камп Ноу". Во средата, ден по елиминацијата од Челзи во Лигата на шампионите, тој бил посетен во својот дом од Росел, Зубизарета и Бартомеу. Синоќа четворицата пак преговараа.
Во секој случај одлуката на Пеп Гвардиола ќе биде објавена прво на фудбалерите на Барса. Шпанскаиот печат тврди дека на 41-годишниот тренер му се допаѓа англискиот фудбал, па дури и може да добие покана од ФА да го води националниот тим на Англија.
Главни фаворити за место на "Камп Ноу" се поранешниот тренер на Виљареал Ернесто Валверде, селекторот на Франција Лорен Блан и тренерот на Рома Луис Енрике.
Денес, Сандро Росел и Пеп Гвардиола ќе се појават на заедничка прес-конференција, на која ќе ја кажат донесената одлука.
Лионел Меси постигна хет-трик на дуелот против Малага и го сруши
рекордот на Герт Милер за најмногу постигнати голови во една сезона,
Аргентинецот дојде до бројката од 68 погодоци.
Лео Меси го сруши рекордот на Герт Милер, Аргентинецот
вечерва го постигна својот 68 гол сезонава и стана фудбалерот со
најмногу погодоци во една сезона во историјата на европскиот фудбал.
Меси вечерва три пати ја тресеше мрежата на Малага, Барселона победи убедливо со 4-1.
Во текот на оваа сезона Меси со само 24 години стана најдобриот стрелец во историјата на Барселона.
Тој стана и првиот фудбалер во Лигата на Шампионите кој постигна пет голови на еден натпревар.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот