|
Сестра, Дадичка, цеце... |
Внеси реплика |
Автор | |
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Април.2011 во 01:36 |
И добро, досега на никого не му текна да отвори тема само за сестра
Повеќе чекам од вас да видам напишано, пошто јас немам сестра () Ај еве да почнам.... Од неврзан муабет со другари , стигнав до еден заклучок дека да се има сестра е бесценето нешто. Ако убаво промозга човек, на светов постојат некои ствари (поготово во онај емотивниот свет) кои само женско доволно добро ги разбира. Која е таа особа на која можеш да и се обратиш за совет, помош или било што и што ќе ти помогне од сесрце , најдобронамерно? Некои работи не можат да се споделат со родителите безразлика колку сте блиски (тука е и генерациската разлика и нивните поинакви сваќања)... Од сите овие што ги сретнувам околу мене , ретко кој знае да се однесува човечки спрема сестра му. Некако како да му е смачена од секојдневното гледање и многу време потрошено задно. Но никој не гледа дека таа е цура, со женски размислувања, поинакви сваќања, често полукава од нив. Не приметуваат дека е чупе со сите предности и мани на понежниот пол кои можат да ти помогнат и да ти се најдат во животот , туку таа за нив е „дада“ . Јасно дека во раните години низ детството најголемите кавги се со сестрата. Ама стварно, ако знаеш да се однесуваш цивилизирано во животот, во сестрата ќе најдеш добар пријател што ќе биде поферски поставена спрема тебе од било која другарка. Епа јас така гледам на феноменот наречен „сестра“. Ако имате вие нешто, било што... БУЈРУМ |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Даде :
- ќе стане и во 4 наутро да ти помогне околу домашното - ќе слуша додека ти ги вежбаш сонатите на Моцарт - ќе те пакува кога одиш на пат, ќе те чека да се вратиш и ќе ти каже дека едвај те дочекала да се вратиш - ќе ти биде најверна публика и најголем критичар - ќе се кара со тебе и на крај ќе попушти - ќе шета со тебе и на крај ќе ја прашаат, шо ти е дечково - ќе ти помогне околу другата "цеце" - ќе игра со тебе фудбал и спортска.... ...до утре може да пишувам што правам како Даде... за на крај да кажам дека за тоа мало, а големо суштество и рака во оган би ставила и колку и да ми згази на нерв, пак сум првата за консултации и слушање на сите негови лудости... |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас немам ни брат ни сестра и стварно сам во собата како да умрел некој се осеќам,нема со кого опуштено муабет да си направиш пошто на никој не му верувам,со еден збор нема на кој да се довериш,со родителите за било каков муабет не ми иде,а најдобро мислам дека би ме сфатила сестрата(ако ја имав).Потполно се согласувам со volkswagen за неговиот погорен пост.Поздрав до "изгорените" за сестра.
|
|
I just wanna feel real love.
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |