|
Мој став за хомосексуалноста |
Внеси реплика | страница <1 7172737475 103> |
Автор | |
Novak Nastich
Сениор Регистриран: 14.Јануари.2012 Локација: Mauzdonia Статус: Офлајн Поени: 364 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ti blagodaram Sataniel (posetete go negoviot blog)
Јас сум педер. Да да, геј, жежок брат, хомич, двоцевка, содомит, што ќе гори во шеесет и деветтата кружница во пеколот (ако имам среќа). Чисто колку од почеток да расчистиме кој од каде е и со какви комплекси влага во муабетов. Значи, од моја страна - никакви! И не ми е целта во постов да се препуцавам со нискоинтелигентни морони, какви шти виреат овде, искомплексирани хомофоби или да се убедувам со добрите христијански души за Адам и Ева. Нема глупост што можете да ми ја кажете, а да не сум ја чул и порано. И треба да се прифати дека колку и да се објаснува, едноставно на некои луѓе IQ-то не им стига колку бројот на кондури и џабе ти е. Затоа ниту ќе се обидам да убедувам некого дали хомосексуалноста е природна или не, и дали треба педерите да искачаат во јавност или не, нешто што секогаш било дебатирано, и ќе дојде време кога ќе се сфати. Не, мојата намера е поинаква, поблагородна, речиси просветителски да делувам на блогерските народни маси. Што значи тоа да се биде хомосексуалец во Скопје? Кои се тие луѓе, истовремено, и насекаде, и никаде околу нас? Една цела андерграунд култура како невидлива мрежа врз градот, која на времето ме вџаши, а јас тогаш уште нов и неискусен. Се осеќав како Игор Џамбазов во Лас Вегас. Со целата моја скромна заштеда, се ѕверам во автоматот и наеднаш „бар... бар... бар...„ - добивам! Не дека Скопје има којзнае каква геј-сцена (исклучително е бедна, во споредба со некои други градови на Балканот, Софија на прво место), но се работи за она што се случува зад сцената. Провинцијален театар, се испуцуваме зад сцената, а на сцената сме малку, досадни и бедни. Животот ни е нам театар. Педерската константа (процентот од популацијата кој се декларира со хомосексуална ориентација) е 10%. Универзална константа, непогрешлива како Земјино забрзување. И за Македонија важи истата константа (освен ако немате секако причина да верувате дека Господ не заштитил од оваа чума токму нас, како единствена земја спомната во Библијата). Тоа се некаде 70,000 хомосексуалци само во Скопје. Активен живот како такви живеат некаде околу 300 (моја слободна проценка). Останатите бркаат девојки, имаат девојки, се женат, имаат деца... и варијации на таа тема. Дел од нив навистина се откажуваат од помислата да бидат со машко, умртвуваат тотално сексуално, стануваат „фамилијарни„ луѓе и живуркаат така до самиот крај. Но, другиот дел со понескротливо либидо, се оддаваат на повремени ретки празнења со секој кур што случајно ќе налета, или пак ќе го најдат на некој геј-сајт. Најсоодветна професија за овој тип е таксист. Имав еден познаник, неописливо глуп, што се смета себе за главниот „е*ач„ во градот. Но колку и да е глуп, секогаш му успева да го легне буквално секој таксист и секој келнер што ќе посака. Не ми се веруваше: колку помалку бираше на кого се пушта, толку повеќе овие без двоумење прифаќаа. Телефонски броеви се разменуваа на шофершајбни додека се чекаше за зелено. Не зборам тука само за такси-педерчиња, какви што исто така има, туку и за мажишта неизбричени, со девојки, што секоја недела уплаќаат спортска. Еден од најголемите митови за хомосексуалците е дека се емаскулирани Бокици (13) со нападен вкус за мода и глас како Ноне. Вистината е дека мнозинството од мускулестите дечки што се потат во бодибилдинг салите се геј, и голем број од спортистите исто така. Точно е дека тие што се дел од геј-сцената се „погламурозни„ од другите, но најголемиот број од хомосексуалците се однесуваат сосема нормално, машки, и најчесто ги мразат педерчињата во розе маички. „Фем дечките„ всушност тешко можат да си најдат е*ач зашто на геј-сајтовите они не се воопшто барана стока. (исто важи и за буците, а ако ја имаш среќата да ги поседуваш двете карактеристики одеднаш, тогаш се исфрустрируваш и започнуваш свое talk-show.) Постојано спомнувам геј-сајтови, без да нагласам зошто се тие важни. Имено тука се одвива целата приказна за 95% од македонските хомосексуалци. Геј-сајт, кој функционира како пазар на сексот. Понуда и побарувачка, се си е јасно назначено, кој што бара/нуди, каде, кога, како, колку сантими и слично. После неколку пораки, се префрлате на чет и отприлика бидне што бидне. Мажи како мажи, просто ги убива да зборат и обиколуваат многу, па често договор паѓа екстремно брзо – кола, соберам, два саата. Се сретнувате, он запалува негде накај Водно, или некој темен паркинг, следи кратко запознавање, пушење, секс, назад. Друга варијанта е девојка му не е дома, или дотичниот е студент со стан, па веќе се нуди поголема комоција. Во Скопје постојат 2-3 геј места и уште толку gay friendly кафичи, каде се собира сталниот крем на геј дружината, иако според клиентелата 90 посто од кафичиве (во ГТЦ особено) се геј френдли, кога поубаво ќе размислам. Но интересно е што тука нема многу место за романтика. Единствено служат како маалско собиралиште на теткици кои уз утринското кафе, по редовна постапка ја оговараат цела зграда. Беда, со еден збор, меѓутоа добро е што и каков-таков, сепак има некаков отворен геј живот кај нас. Мене што најмногу ме курчи во тој поглед е хипокризијата на ниво на општество. Се гушиме во нашите гомнарии и лаги, морализираме бадијала, а не сме ни свесни до која мера е трула работата. До срж. Пола од јавните копилиња, пејачи, новинари, водители, актери се геј. Во Софија во геј-клуб налетав на еден од нашите пејачи срцекршци, се смрзна детево кога му проговорив на македонски. „Аман, да не ме кажеш!„ Ех, да беше само ти, си викам... Единаесет монаси во манастир нарачуваат машка курва затоа што едниот немал спарка. Другар ми и со поп и со оџа има спиено. Бракови се растураат кога ќе го фатат зетот како му го пуши на кумот пред свадбата. Ништо од ова што го кажувам не е измислено. Така и ќе си продолжи тоа, додека совесните домаќинки исто така ќе продолжат да солат памет и проповедаат мормонски морал, а нивните мажи тајно ќе дркаат во купатило замислувајќи го шурата по маица |
|
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој си го носи својот крст.
И само така може да биде. Сите оние кои се обидуваат да се групираат и се заредуваат зад некакви заднички норми, догми, правила и прописи едноставно се залажуваат... не се автентични. Секој си е свет за себе, секој си одговара самиот за себе, секој си го оди својот пат... не постои колективно просветлување, туку само колективен световен компромизам. А тоа е нешто сосем друго. Изменето од Messenger - 16.Февруари.2012 во 04:32 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eden e zivotot za da bi go potrosila na toa sto ocekuvaat drugite od mene da bidam. Vo red e nekoj da mi sudi za ako pravam nesto i nastetuvam nekomu, vo red e da mi ukaze... no mislam deka e malku glupo covek da mi se mesa vo licnite raboti koi mislam deka ne bi trebalo da gi zasega so kogo spijam. Bitno e so kogo jas sum srekna, bitno e sto mene me pravi srekna, a lugeto koi me prifakaat mi se pravi prijateli i se raduvaat koga gledaat nasmevka na moeto lice. Mi preostanuva da se pomiram deka ova opstestvo nema da se promeni denovive, deka i koga ke se promeni ke ostanat luge koi ke ne smatraat za izrodi... no i bezdrugo lugeto se sposobni da ni najdaat nekoja 'maana' i da ni sudat za toa.. Ne e rabotata dali celo opstestvo ke me prifati, glavnata rabota e jas da se prifatam.. a opstestvoto da ne mi pravi problemi vo odnos na nekoi formalni raboti kako na pr. naoganje rabota itn... i da ne moram da se krijam i da shepkam koga zboruvam za mojata simpatija samo zatoa sto e od mojot pol... Se osekam kako da sum napravila nekoj zlocin, a mojot jedini zlocin e sto sakam 'poinaku', odnosno me privlekuvaat licnosti od mojot pol.
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од ekszi88 - 16.Февруари.2012 во 10:39 |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
dvovalentna
Група Регистриран: 03.Октомври.2011 Статус: Офлајн Поени: 40 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E toa granchinjata... se veat... slichno kako branovite... ama vo dlabochinata e centarot na ubavinata... se izvinuvam shto vaka upadnav vo muabetot...
Изменето од viktorija123 - 16.Февруари.2012 во 17:16 |
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kakva vrska ima ova so homoseksualnosta? Malku ne ukapirav
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
eeee... centarot si e centar za sve...
|
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kakva e povrzanosta na ova so homoseksualnosta?
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ljubovta Ekshi, ljubovta - za toa "pricham" i "trubam" nasekade kaj shto stignam... Taa povrzuva SE!
|
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
No ljubovta si ima razlicni kalapcinja.. ne mozes seta da ja stavis vo edno
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nema razliki... osven vo umot... i onaka se e edno! sakala da priznaesh ili ne!
Изменето од viktorija123 - 16.Февруари.2012 во 17:45 |
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne e bas taka.. ama toa e druga tema
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Druga tema! togash da si odam od ovaa tema!
P.S Samo da dodadam deka Ljubovta ne e nikade druga tema... a jas za nea zborev... Изменето од viktorija123 - 16.Февруари.2012 во 18:25 |
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
Внеси реплика | страница <1 7172737475 103> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |