![]() |
|
Прилеп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 979899100101 131> |
Автор | |
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Споменици на Ѓорче Петров и Пере Тошев ќе никнат во Прилеп![]() Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески денес го повтори ветувањето од пред четири месеци, дека ќе подигне споменик на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп. Локалната самоуправа веќе го има објавено тендерот за изградба на споменикот, а не се откажува ниту од идејата за реконструкција на родната куќа и нејзиното претворање во меморијален музеј. Покрај обележјето на Ѓорче Петров, споменик ќе никне и за учесникот на македонското револуционерно движење Пере Тошев. Во најстариот дел на Прилеп, населбата Варош, денеска беше остварена посета во родната куќа на Петров. На просторот пред неа, во план е да се направи плоштад кој ќе го носи неговото име. Изменето од емил - 24.Октомври.2011 во 05:10 |
|
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ова се дел од познатите прилепски фаци,оние кои ги ценам како такви и кои имаат што да кажат
Роберто Беличанец- извршен директор на Центарот за развој на медиуми 1. Колку ви се одразува Прилепскиот "намус" во професионалниот живот во Скопје Р.Б : Инаетот, борбеноста и мајтапот ми создаваат непријатели. Ама човек без непријатели не комплетен човек. Човек без непријатели е човек без став и мислење. Истите особини што ми создаваат професионални непријатели ми создаваат и пријатели. Како и да е... Тоа создава личност која што поларизира. Скопје е многу поперфидна средина и често пати се чувствувам како натуршчик во филм. Како салонски идиот. Самосвесен, но не баш до крај поврзан со средината во која што се движам. Не знам колку тоа е прилепски "намус", а колку лична особина. Како што ми останал Прилеп во сеќавање секој морал да се избори за своето место на улиците, и тој дарвинистички инстинкт за опстанок ме вадел од тешки ситуации и ми овозможувал да преживеам порази, да се соберам и да продолжам понатаму. Не било никогаш финта да не го признаеш поразот. Финта било да го преживееш, да се прегрупираш и да го претвориш во победа. 2. Која е вашата илустрација за медиумскиот образ на Македонија.? Р.Б : Тоа е образ на една стара пријателка на ноќта која се повеќе става кал за да си ги покрие брчките создадени од многугодишно спиење по туѓи постели. Мора старата дама да се мачка со кал за да ја затегне кожата, за да не се види кај тие што и ги плаќаат услугите дека нема што да понуди. Мора да преживее таа дама. И требаат парите, а не знае ништо друго да работи кутрата. Сега се обидува сите да ги убеди дека калта со која што се мачка е лековита. Во темница, се уште не се гледа дека ја нема свежината од некогаш. А, ноќта, па и таа најдолгата завршува. Ќе биде интересно да се гледа како ќе ја преживее зората. 3. Дали сте доволно "сит" од понудената општествена дебата во македонскиот медиумски простор? Р.Б : Такво животно нема. Ние не дискутираме. Ниту во медиумите, ниту меѓу себе. Сите кажуваме и никој никого не слуша. Кажуваме за да кажеме, а не за да најдеме решение. Хормоните се поважни од аргументите, хистеријата доминира. Поважно е кој што на кого му кажал и кој кому повеќе се искурчил отколку решавање на проблем. Дебатата има смисла кога води до решенија. Наместо дијалог – имаме пропаганда. Пропагандата дополнително поларизира, и не закопува во ровови од кои пукаме едни врз други. Рејтингот е побитен од политиката. И тоа пали. Пали затоа што осиромашениот плебс си ја лечи горчливата судбина преку гладијаторството што фингира дебата. Тоа е пораз на демократскиот концепт и победа на популизмот. Но таа победа е привремена. Никогаш не се случило популизмот да ја победи демократијата. На долг рок тој секогаш губи. На нас останува да ја одредиме должина на тој долг рок. Ломовите што ќе следат ќе ги освестуваат луѓето на најсуровиот можен начин. За жал, хормоните и емоциите кои доминираат со македонската политичка сцена овозможуваат популистичка манипулација и пропаганда, но хормоните и емоциите се трошат. Не можете луѓето да ги држите нон-стоп возбудени. Рациото доаѓа после. Ќе го дочекаме и тоа сетики! 4. Има ли простор во медиумите во Македонија маневарски простор за содржини од фахот на науката, документарните филмови, литературата, алтернативните вредности.. накратко содржини кои би ги деконтаминирале младите од тињата на валканите политички содржини? Р.Б : Зошто би имало? Не гледам дека младите ги интересира такво нешто. Тие многу добро гледаат во какво општество живеат и се трудат да му се прилагодат. Ние немаме воспитувачи – ниту во школството, ниту во медиумите. Зошто некој би го објаснувал Хајзенберговиот принцип на неодреденост кога ВМРО е наша судбина! Зошто некој би одел на театар кога глумци има на сите страни, животот станува сценско дело во кое секој од нас си ја има главната улога, само жанрот е различен. Зошто некој би читал кога тоа боли. Да читаш значи да развиваш критичко мислење и вкус. И едното и другото се пречка во ова сурово време на волци и трговци со живо човечко месо. Да читаш денес значи да губиш време. Она што е на цена е акција – бесмислена, тупа, бесцелна акција. Колку поактивен дотолку поуботреблив за политичките елити. Колку поупотреблив – толку поголема шанса дека утре може да јадеш од државна копанка. Тоа е идеалот. Тоа е примерот на успешноста. Затоа – како муви без глави напред! Медиумите се на истата копанка и во истата кочина. Простор има само како личен избор. Избор да излезеш од духовната кочина и сам да си ги најдеш реперите. Медиумите кои некогаш биле социјализатори и поттикнувачи на критичкото мислење сега се мобилизатори што испорачуваат топовско месо за битките на нивните господари. Од топовското месо се бара да загине на бојното поле, не да мисли. Тој што мисли не гине лесно. 5. Со кои очи го гледате Прилеп денес? Се согласувате ли со актуелниот медиумски имиџ на градот? Р.Б : Прилеп од битен град во македонската историја, од културен топос, од место на бунт и извор на македонската самостојност денес е претворен во паланка. Паланка која веќе нема приказни. Кога ќе умрат приказните за градот умира и градот. Прилеп денес е град кој како да излегол од фантазмагоријата на Еди Рама, легендарниот градоначелник на Тирана... Град на фарбани фасади по ликот на Тирана, затоа што нашиов кмет изгледа на некој воркшоп го сретнал Еди Рама и му се видело интересно да проба од Прилеп – Тирана да направи. Прилеп е град херој кој остана без херои. Остана без епика, но остана и без лирика. Нит се љуби, нит се бори! Прилеп денес е град на светлечкото јојо – окото на Мордор кое пулсира и на кое му се радуваат легиите на Саурон. Градот кој некогаш имал најголем раст после Марибор денес е град на уништени сенки од луѓе. И да не се лажеме – градот се луѓето. Не се зградите! Префарбаната фасада на Цепенков не може да ја скрие суштината внатре. Градската библиотека "Борка Талески" за мојата генерација беше исто што сега се кафичите на булеварот или во чаршијата. Дел од дневната шема на градот и место на средби. Кафичите беа за навечер. Читаш една книга дневно или на два дена... Џабе е сега фарбата и шаховските фигури... Празнотијата зјапи и голта. Можеби престрого судам, ама Прилеп за мене денес е град без магија... Без приказна како што реков. Градот на Конески, на Ченто, на 12 народни херои, градот кој што во турската империја бил 4 панаѓурски град, градот на луѓето што ја измислувале Македонија... Денес е град на Марјан и на Сугаре... град без бунт, без идеја... Кога се спуштам со кола од Плетвар умот се уште си игра со мене и ми се раѓа топлина но додека да стигнам до дупката која со години стои незатрупана на раскрсницата кај "Солидност" веќе добивам желба да се вратам назад. Во мојата глава секогаш стои дека кога тогаш ќе се вратам на улиците на градот кај што сум растел... Природно ми е... Но тој град го нема. 6. Се препознавате ли денес во бунтовната средношколска слика или Роберто мутирал низ институциите? Р.Б : Па немало институции низ кои што би мутирал. Односот кон институциите секогаш ми бил конфликтен – да се почитуваат, но да се менуваат за да им служат на луѓето, а не луѓето да им служат на институциите. Тоа е слободно живеење и тоа не се сменило. Не трпам паши и друг тип на феудалци. Немам респект кон моќта, а уште помалку кон силата. Не верувам дека наведната глава сабја не ја сече – напротив – најлесно ја сече, само треба да се спушти раката. Не верувам дека човекот е способен да создаде совршена творба. Мора вечно да се менуваме за да опстанеме и да просперираме. Не знам дали сум бил бунтовен како средношколец – веројанто сум бил... Но не сум бил бунтовен без причина. Моите бунтови секогаш имаат и цел и причина. Не е тоа дифузен бунт на човек кој не знае зошто е гневен... О, не! И тоа како добро знам што и кој ми смета и зошто. И никогаш тоа не заради мене и заради мои лични цели, секогаш тоа е поширока приказна околу која се врти приказната за слободата. Не само мојата лична, туку и на другите. Слободата е основен предуслов за самоостварување на човекот . Не мислам дека трпењето спасува... Трпењето создава робови. Ваквите ставови ми овозможиле да изборам некоја лична слобода никој да не ме управува, никој да не ме насочува и никој да не ме злоупотребува. Можам денес да мислам, да зборувам, да работам и мирно да си се гледам во огледало знаеќи дека никој нема да ми се појави на врата и да побара да вратам некој долг со нешто што не сакам да направам. Не е малку! Димитар Ѓорѓиески (актер)Светот останува мој дом. Театарот е една од собите во мојот дом. Исто и
филмот. Никогаш не правам планови, посебно не за напуштање на нешто што
мислам дека ми оди добро Ова е твое прво филмско остварување. Како гледаш на твојот лик на филмското платно? Која беше инспирацијата да се учествуваво филм на Манчевски? Да го оставиме филмот да здивне малку. Има ли прилепската
актерска фела капацитет да излезе од франшизата на претстави со мотиви
од пусто турско, и да се пресели во современ амбиент? Агресивна филмска кариера, или театарска животна приказна? |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() Изменето од Andjelina - 29.Јануари.2012 во 23:36 |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИЛЕПСКА ЗАБАВА ВО ЗИМА![]() На минусни температури на среде Прилеп, неколку фраери во кола, многу снег, една санка закачена за колата - се вртат на Youtube. И додека едни вежбаат балетски движења низ подмрзнатите улици, други размислуваат за започнување бизнис со сибирски лешници, овие момци решија да покажат дека зимата секогаш има и забавна страна . Па ајде да видиме.. може ќе имаат успешна јутјуб кариера :)) ццццц...луди деца |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗАМИНА РЕПРЕЗЕНТОТ НА ПРИЛЕПСКИТЕ МЕЧКАРИ![]() Прилепчани се простија од Бранко Најдоски-Метларот (64), кој почина на карневал во Бугарија. ПРИЛЕП - Бранко Најдоски-Метларот (64), најголемиот, највредниот, најкреативниот и најинвентивниот изработувач на маски, вчера Прилеп достоинствено го испрати. Неговите најмили, најблиски пријатели, другари, неговите постојани соработници и почитувачи на традицијата, здружението „Прилепски мечкари“, претставници на локалната самоуправа и други се простија од Метларот. А, телеграми со сочувство испратија неговите блиски пријатели од Перник, каде што редовно учествуваше на карневалот последниве 13 години. Потоа, од организациониот одбор на карневалот, градоначалничката на Перник, Росица Јанакиева која и лично се заложи да го оперираат врвни бугарски кардиохирурзи. Но, без успех. Сепак, велат прилепчани: „среќни сме што имавме еден ваков човек покрај себе“. „Бранко! Многумина не знаат ниту кое му беше името. Го знаат како Метларот, а ќе го паметат како човекот кој немаше ниту еден лош збор за луѓето. Тој беше врвен изработувач на маски. Овој пат, не успеа да не' претстави. Суратот што сам го изработи како учесник во групната маска ’Прилепски мечкари’, украсен со монистра и бисери, му остана на лицето до последниот здив. Ќе остане вечен споменот за него, неговото дело, огромниот придонес за прилепската традиција, култура...“, вака зборува Орде Димкоски, секретарот на здружението „Прилепски мечкари“. Тој беше еден од групата прилепчани кои од петок отпатуваа за Перник за да учествуваат на карневалот, да го претставуваат Прилеп, и да го потврдат гостувањето на дел од учесниците за прилепскиот карневал на „Прочка“. „Но, ете, доби силен срцев напад. Градоначалничката Јанакиева максимално се заложи за да му се помогне, да му се спаси животот на Бранко. Но, не можеше. Седум и пол часа го оперираа во болницата во Софија, врвни кардиохирурзи, но како што ни рекоа, му прснала артерија“, со тага зборува Димкоски за својот вечен пријател. И од локалната самоуправа говорат за загубата што со своето заминување ја остава Најдоски, но и за придобивките од неговиот ангажман. „Најдоски има огромен придонес за продолжување и развој на нашата традиција, за негување на културното наследство. Споменот ќе биде вечен, зашто Прилеп и прилепчани ќе останат без виртуозот, кој со неверојатна пасија знаеше да изработи несекојдневни маски од природни материјали, за што и секоја година беше наградуван“, изјави Снежана Ристеска, советник за култура во локалната самоуправа. За огромниот придонес во негување и развој на културните традиции, Метларот лани ја доби наградата „13 Ноември“, која е потврда за неговото дело. Извор: Утрински | Моника Талеска |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Такви се децата
![]() ![]() |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
wwwooowww...vistinska ljubavina!
...k'o las vegas da go gledam!..( mislam ,...na svetloto) ![]() |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На десеттина километри, во комшии
![]() СНЕЖЕН ЏИН ВО КРИВОГАШТАНИВо Кривогаштани деновиве група млади ентузијасти изработија снежен џин. За да изгледа вака голем им беа потребни цели 3 часа. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 979899100101 131> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |