|
КОЈА РЕЛИГИЈА Е ВИСТИНСКА? |
Внеси реплика | страница <1 4041424344 55> |
Автор | ||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не се декларирам како верник на било која институцијализирана религија, но после прочитаново можам да ти кажам оти не би сакал да ми бидеш сосед. Како што не сакам да ми биде сосед ниту еден кој тврди дека го фатил Бога за брада читајќи ги токму Неговите оригинални текстови и дека секој ден добива инcтрукции токму од Него. Твоиве зборови се исти како оние на христијанските водачи од европското црновековие, како и на денешните вахабисти. Изменето од Messenger - 07.Февруари.2012 во 20:08 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
paton
Сениор Регистриран: 14.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 789 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Уште еднаш ќе ви повторам......мојата религија е вистинска....се друго е лага.......
|
||||||
dedanoe
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Октомври.2011 Локација: dedanoe city Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
site religii se vistinski, edino pogreshno vo seto toa e sho ne gi hospitaluete site ramnopravno ami preferirate edna za smetka na otfrlanjeto na site ostali.
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Пријателе, во сите учебници до кои сум дошол, она за кое говориш ти не е наведено. Патем, не заборавај дека монотеизмот постои уште од Авраам, а тој постоел многу пред да се појави оној на Акхенатон. Патем, забраната за која говориш се случила само во последниот период период од владеењето на Акхенатон, а не во сиот период од постоењето на таа религија. Во најголем дел од тој период, верувањето во старите божества било толерирано. А таквата забрана имала и цел, а тоа е народот да го обожува само Фараонот, кој пак нели, го обожава измисленото од него божество, а со тоа и ја намалува огромната моќ на свештениците на Амон Ра, што и била целта на оваа религија. Впрочем, како што кажав и вчера, таа религија и не може да се нарече монотеизам, со оглед на фактот дека Фараонот и понатаму бил обожуван како божество. П.С. Она за Мојсеј и останатото е во доменот на научната фантастика. Официјалната историја сеуште ги отфрла таквите прептпоставки.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не постои "официјална историја" која ги подржува или негира религијските доктрини и догми.
Постои официјална историја како историја на општествата со која религиите некогаш се сложуваат (кога им оди во прилог) и некогаш не се сложуваат (кога не им оди во прилог). Затоа не треба да се употребува терминот "официјална историја" за религијски доктрини, теми и верувања, ниту да се користат термините "наука" и "официјална историја" за разрешување на проблемите кои се во религијски домен. Официјалната историја вели дека Зороастреизмот е постар од Јудаизмот и дека постоел уште пред времето на Аврам забележано според напишаното во Библијата (Аврам не е историјска личност, како што не се ниту Адам и Ева). Верувањата на Аврам не се ништо фундаментално поразлични од оние на Зороастреизмот. Според Библиските податоци, Аврам доаѓа од териториите во кои се јавил и се развивал Зороастреизмот. Јудаизмот, Христијанството и Исламот го сметаат Аврам за нивен татко, но тој не е основоположник на организираните и институцијализирани религии кои денес ги знаеме под посочените имиња. Се разбира, секоја религија може да си контруира своја "официјална историја" со или без потпирање со податоци од официјалната историја. Така, муслиманите можат да тврдат дека Исламот потекнува не само од Мухамед, не само од Аврам, туку дури и од Адам и Ева, Христијаните не само дека Христијанството потекнува од Соборот во Никеја, не само од Исус, туку и од Аврам, а евреите можат, исто така, да се вратат и поназад од првиот човек на планетава. Тоа е нивно право, затоа се говори за вери, а не за наука. Не ја мешајте науката во религијски верувања. Науката вели дека Зороастреизмот датира пред Јудаизмот, дека Зороастреизмот се наградува над монотеизмот од Индијскиот подконтинент и дека Мојсеј дошол од Египет после загинувањето на Акхенатон. Што ќе извлечете од овие податоци е ваша работа. Јасно е дека официјалните религии ќе се борат овие податоци да ги негираат, испревртат или турнат под ќилимот...на крајот ќе мораат да се сложат со фактите на официјалната историја, но затоа пак ќе тврдат дека иако не се најстарата монотеистичка религија, затоа се поразлични од другите и дека токму тие се онаа вистинската, додека сите други се погрешни и лажни. Небаре официјалната историја ја интересира која религија е "вистинска", а која е "лажна". Сепак се работи за опстанок и доминација на овие религии , нели ? Да не говориме за човечките животни инвестиции и очекувања од нив... П.С. А да, за официјалната историја сите оние религијски истории и доктрини се научна фантастика... добро, културно кажано тоа се митови, народни кажувања, лични привидувања, поезија, политика и делумна историја... затоа во последниве стотина години се развива една нова научна историјска дисциплина наречена "текстуален критицизам" кој минува преку писанијата на светите книги и ги расчистува замрсените, измешаните и фасифицираните работи споредувајќи ги со потврдените историјски факти. Изменето од Messenger - 07.Февруари.2012 во 21:34 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Убавината што ја љубиме нека бидат нашите дела.
Руми |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Официјалната историја секако дека се однесува на општествата и општествените настани. Настанот за кој дискутиравме јас и php e oпштествен настан, односно појава на нова религија врз основа на убедување на владетелот. Владетелот секако дека владее со општеството, а не со нешто друго. Патем, терминот официјална историја го употребувам за да ја означам онаа историја прифатена од научниците, предавана на универзитетите, а со цел да ја потенцирам разликата меѓу таа историја и онаа базирана на претпоставки, шпекулации, разно-разни писанија кои се од доменот на се', но не и на историјата.
Зарем појавата на религијата за која говориме не е општествен настан? Зарем нејзиниот основач не е историска личност? Официјалната историја се занимава со сето тоа, а не со догмите на религијата. Зарем некој оспорува дека Акхенатон е историска личност?
Според официјалната историја, Зороастреизмот се искристализирал и одвоил од другите религии во тогашна Персија, во шестиот век пред нашата ера. Пред тоа, иако недиференциран и во синтеза со другите, постоел како една синтеза на религиите на тогашните луѓе, а неговите корени се датираат 2 милениуми пред раѓањето на Христос. Официјалната историја го тврди тоа и тоа е точно, корените на таа религија, согласно официјалната историја, се постари од оние на Јудаизмот, кој пак се диференцирал пред тоа да го стори Зороастреизмот.
Тој е, на некој начин, коренот на сите овие религии, но секако дека и не е основоположник на начинот на кој ние го дефинираме тој збор.
Секако дека е така. Можеби ќе се сетиш на еден наш разговор за старецот Јани од Индија, момчето што медитираше неколку денови, па дури и тибетските монаси кои успеваат да јаконтролораат работата на срцето. Тоа што го велиш сега, спореди го со она што медицината го вели за сите овие. Многу добро знаеш како реагираше Харвард и професорите од таму кога ги добија резултатите од испитувањето врз Прахлад Јани. Како што велиш, за медицината тие се шарлатани и измамници , или покултурно кажано, луѓе кои имаат проблем со прифаќање на реалноста.
Изменето од Македон - 07.Февруари.2012 во 22:13 |
||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Vistinskata religija e onaa sto postoese uste na pocetokot na vremeto, a podocna preku Avraam im bese prenesena na Isak i na Jakov, ponatamu na Mojsej i na Izraelskiot narod, a pred otprilika 2000 godini ja zaokruzi proreceniot Mesija ISUS . Taa vistinska religija se naogja vo Biblijata, iako mnogu lugje koi se pretstavuvaa kako del od Bozjiot narod vo istorijata, za zal , ne se pridrzuvaa cvrsto na ucenjata na Biblijata i mu donesoa sram na Bozjeto ime i na Vistinskata Religija. No, BOG e onoj pred Kogo site nie kako poedinci ke podneseme smetka. Biblijata veli : 11 зашто е напишано: „Јас Сум жив - вели Господ - Мене ќе Ми се поклони секое колено; и секој јазик ќе Го исповеда Бога.” 12 И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе. ( Rimjanite 14 : 11, 12) Изменето од KINGDAVID - 07.Февруари.2012 во 23:31 |
||||||
SOLI DEO GLORIA
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Која е таа религија која постоела пред почетокот нa времето и луѓето (пред да почне време немало луѓе, нели?) ? |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Тоа е бог.Немој сега да кажеш тоа не е религија,зошто каде читаш во библијата збор религија?Тој збор одпосле се појави.
|
||||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Она штo беше во почетокот за тоа и зборува kingdavid како што зборуваше светиот апостол Јован.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ако зборуваш за официјална историја, тогаш немој да мешаш шпекулации - појава на нова религија врз основа на убедување на владетелот. Тој не измислил ништо ново, како што не измилил ниту Константин иако можеме, според оноа што го напиша, да речеме дека тој востановил нова религија по негово убедување, онаа која ја денес ја занеме како католичко/православно христијанство. Официјалната историја вели дека за времето на Акхенатон овој фараон ја забранил дотогашната египетска религија и ја востановил монотеистичката која веќе псотоела источно од границите на Египет. Историјата вели дека овој фараон поставил нов ред на свештеници за имплементирање на монотеистичката религија според египетските прилики и потреби, а старото свештество го набркал. Историјата вели дека ова старо свештенство се организирало против Акхенатон и после неговата смрт ги приграбило старите позиции, ја вратиле старата религија и ги избркале тогашните свештеници.
Добро е што се сложуваме оти официјалната историја вели дека Зороатреизмот постоел пред Јудаизмот како монотеистичка религија. A со тоа кој кога се "кристализирал" и "диференцирал" влегуваш во сферите на шпекулациите. Со вакви теории се занимаваат следбениците и подржувачите на Јудаизмот, Христијанството и Исламот со цел да ја намалат важноста на историјските факти дека Јудаизмот не е првата монотеистичка религија. А од друга страна, нешто што очигледно конвенционално забораваш е дека официјалната историја вели дека Мојсие од Египет доаѓа веднаш после смртта на Акхенатон, кога свештенството на монотеистичката религија биле избркани. Зошто новиот фараон бил толку против Мојсие? Зошто Богот на египјаните се викал Нук Пу Нук (ЈЕХВЕ на еврејски) ? Зошто Мојсие го прашал Бога како се вика, а овој му одговорил ЈЕХВЕ (Нук Пу НуК) ? Зошто народот го прашал Мојсие - кој бог те праќа ? Исто така забораваш, а можеби и не знаеш, дека цели делови од Стариот Завет се буквално препишани од Вавилонските религијски писанија. Официјланата историја денес вели дека Јудаизмот е конгломерат од неколку различни религии кои евреите ги вклопиле заедно со своите традиции, верувања, поезија, политика и историја во една нивна варијанта на монотеистичка религија.
Добро е што се сложуваме со ова, а начинот на кој ние го дефинираме тој збор е начинот на кој тоа го дефинира официјалната историја. Не измислуваме и не испревртуваме ништо, туку кажуваме факти... настрана што Аврам не е историјска личност.
Ооооо... сопри си ги коњите пријателе. Како можеш да ставаш знак на равенство меѓу нешто што денес науката практично го надгледува и проверува со нешто што претставува конгломерат од повеќе иљади години верувања, фантазии, митови, децепции, лаги, поезија, политика, фалсификати... Изменето од Messenger - 08.Февруари.2012 во 17:00 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Бог не е религија. Религија е човеково верување и интерпретација за Бога и Божјите манифестации. Бог не е верување, не е религија... Бог не е христијанин, не е муслиман, не е евреин, не е будист, не е мормон... Религија без луѓе не постои бидејќи религијата е човекова творба. |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 4041424344 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |