|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 115116117118119 200> |
Автор | ||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
а за башибозукот си постојат закони, но кај нас не функционираат, тоа е се Изменето од zabegan - 30.Јануари.2012 во 22:25 |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во секој случај, владава ова го прави да собере политички поени, а бидејќи акцијата има позитивна конотација не верувам дека некој ќе се јави со критика.
Од страна на граѓаните - со среќа да им биде! Кој може нека уграби додека с'е уште има шанси, оти ова нема да оди вечно. На крајот и волкот сит и овците на број - граѓаните во нови станови и куќи, а владата со пофалби за акцијата. Со куси ракави ќе останат оние приватни акционери кои до сега инвестираа во станови без специјални државни бенефиции и кои сега ќе си ги пребројуваат губитоците. Изменето од Messenger - 30.Јануари.2012 во 23:03 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не сум баш сигурен за ова....имам роднина кој без престан гради згради во изминативе 10 години....и во моментов гради две згради и речиси сите станови му се продадени иако се уште недоизградени...едноставната матеметика од 750-900 евра за квадрат додека е зградата во градба се уште е најповолната варијанта за нов стан....исто како и плаќањето во кеш што е најефтиниот начин... Изменето од Messenger - 30.Јануари.2012 во 23:07 |
||||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Па ако државата со специјалнава акција овозможи понуда на поефтини станови од оние кои се веќе изградени и понудени на продажба или кои се планираат за градење, зарем тоа нема да биде поткусурување на приватните инвеститори ?
|
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
za da drzavata go namali kvadratot navistina , treba postojano da gradi stanovi ,..a ne , samo incidentno ,...pa , makar i pet pati bil poeftin ,.. zatoa shto,koga ke zavrshat tie ,...pak ke si bide kvadratot kolku shto ''treba'' da bide,...t.e...so astronomska cena!
....a, taa postojano da gradi,..ne e mozno !...zatoa e i glupost toa deka nejzinite stanovi ke gi butnat aktuelnite ceni ! ...toa ti e isto kako nekoj na pazar eden den ke izvadi da recheme eden ton banani i ke gi prodava po pola cena od drugite. ...arno ama,...toa nema da ima kojznae kolkav efekt ako pazarot dnevno prodava po , da recheme,....pet toni !....ednostavno ,...ke pochekash toj da gi prodade i posle aj ,..pak po staro ! ...iako , bananive i ne se bash soodvetni , bidejki lesno brzo im pominuva rokot,...moze i bilo koj proizvod koj shto ima postojana i masovna pobaruvachka. |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
pobaral:
Монти бара од пратениците да си ги намалат платите ...i si gi namalile: Пратениците си ги намалија платите за 1.300 евра ...a ovoj tukashniv plemiel,...shto toj pobaral? |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Кој тоа ти рекол пријателе дека владата не може да гради фабрики и real - estate? Зошто не би можела владата да изгради фабрика? Или зграда? Ако е така, тогаш не треба да има ни образование, ни сали да гради, ни театри, ништо што подразбира комерцијален сервис. @messenger Да, пријателе, договорот ти го правиш со банката, даваш учество, земаш кредит, станот е под хипотека, Владата наредните 5 години ти плаќа пола рата. Говорам, што ако дојде нова Влада, која ете, не сака да плаќа половина рата? Целиот терет паѓа на товар на апликантот. Сакам да ти напоменам (мислам дека не си во мкд), но овде банка е над влада, над суд, над уставен суд!. Со еден збор банка во мкд е рамно на БОГ! Ама не е добар, туку многу суров, три неплатени рати, без око да им трепне активираат хипотека, имал ти и 1 месечно бебе, на улица те исфрлаат без око да им трепне. Па, така ме интересира, ако дојде Бранко, т.е. СДСМ (избори има за 2 години)и одлучи да не ја плаќа половината од ратата? Кој гарантира за тоа? Проектот е само помош во 5 годишно плаќање на половин рата од хипотекарен кредит. Тој кредит е буквално истиот кредит како и приватно лице, само 5 години, пола рата ти плаќа Владата на Р.М. Што после тие 5 години? |
||||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
||||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не е баш така. Бананите тебе нема да ти бидат под нос еден ден, туку едно 2-3 месеца, па комшијата до тебе, пошто нема да ги продава, ќе ги намали, па и тој до него за да продаде, на крај и ти. После тоа, самите купувачи ќе бидат свесни за цената и ќе се формира пазарна цена. Во real-estate во мкд, проблемот е што никој не ја намалил цената, а побарувачката е голема. Ако помниш, оваа цена се формираше непосредно пред саемот на НАТО во Букурушет (мислиш цело НАТО ќе се пресели овде и ќе изнакупуваат станови), пред тоа цена на квадрат беше 750 еур, а за 900 еур се сметаше за екслузива и луксуз. |
||||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
||||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Неколку дена трае оваа акција а засега нема реално намалување на цената на становите...а и да се случи тоа сигурно нема да биде на товар на тој што гради , туку ќе биде на товарот на тој што плаќа а ќе биде изразено преку квалитетот на материјалите....па така за цена под 900 евра ќе може да се добие парно со кинески вентили кои пукаат на секои две години, кинески блиндор врати, инсталација што не може да издржи поголемо оптеретување, слаба изолација и слично.... Сепак, проектот е добар и подобар од никаков, нели...
Иако мислам дека подобар ефект ќе се оствареше ако Државата со субвенцонирање интервенираше кај инвеститорот па со тоа да мора инвеститорот задолжително да ја намали цената на квадратот...па кој сака нека плаќа на рати кој може нека плати во кеш...
|
||||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Договорот меѓу владата (било која на власт), банките и граѓаните е полноважна и обврзувачка без обзир дали владата е на Груевски, Црвенковски или на Бајрам Бајрами, како што не е важно дали утре на Комерцијална банка директор ќе биде Стојче наместо Трајче... и без обзир дали граѓанинот утре ќе си го смени умот и повеќе не ќе сака да има ништо со потпишаниот договор. А тоа е така бидејќи на основа на таквиот договор сите три странки се обврзуваат на долгогодишна инвестиција и економско планирање. Во договорот стојат сите заеднички обврски, како што стојат и последиците од обидот една од странките да излезе од таквиот договор. За подробни информации консултирај адвокат.
Не живеам во Македонија, но така е и кај мене. Можеш станот и куќата редовно да ги плаќаш 20 години и на крајот да ја изгубиш доколку имаш 3 неплатени рати и 3 едномесечни бебиња. Таков е договорот и ако може банката да биде обврзана со него, така може и оној кој се договара со неа.
Влада како правнo лице, а не влада како Груевски или Црвенковски. Ти не правиш договор со Груевски туку со владата на РМ.
Затоа ти велам, консултирај адвокат или разговарај со луѓето кои се пратени од владата да го промовираат овој проект за да најдеш што вели договорот. Ако тој прецизира дека само првите пет години владата кје ја субвенира половината од каматата, тогаш тоа значи оти само 5 години е обврзана да го прави тоа, без обзир дали премер ќе биде Груевски или Црвенковски. Ако договорот вели дека владата се обврзува да плаќа половина камата на секое обновување на кредитот до неговото исплатување, тогаш тоа значи токму тоа. На крајот од краиштата, дури акцијата да значи оти владата се обврзува на субвенција само 5 години тоа сепак значи дека граѓаните ќе заштедат пари со тоа што наместо од својот џеб, каматите ќе бидат доплатени од буџетот на РМ (џеповите на другите граѓани). Изменето од Messenger - 31.Јануари.2012 во 16:06 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Да се работеше за лубеници, па немаше цената да се промени толку брзо, да не говориме за станови... Ова е покомплексно и потромаво... тоа воглавно ќе зависи од понудата и побарувачката на станови, платежните можности на граѓаните, како и од успешноста на владината акција. За очекуванaта промена ќе треба малу подолго време, барем до крајот на акцијата.
Секако дека тоа е валидна забелешка, но капитализмот исто така значи и конкуренција... а тоа значи дека конзумерот секогаш има можност да споредува и да бира... па ќе ги споредува цените и квалитетот на купената стока. Истото ќе важи и за оние станови изградени од акцијата на владата, нели ?
Најважна работа е - секогаш детално информирање за било каква инвестиција !
Иако ваквите проекти на прв поглед имаат доблесна основа, во суштина имаат чисто политичка позадина без економска издржаност. Државата има постоечки фондови за социјална помош, за кои сите сме се договориле да пoстојат и да се користат според потребите и условите. Оваа акција на владава излага надвор од тој заеднички договор и не е ништо друго туку нејзин проект за зголемување на популистички рејтинг сокриен под наметката на "социјална грижа за своите граѓани". Јас не сум премногу среќен од вакви проекти од проста причина дека како граѓанин сум присилен да плаќам за нешто за што не сум се сложил доброволно. Треба да се разбере дека владата на било која држава не произведува пари, туку ги троши оние собраните од сите свои граѓани или од земените кредити од меѓународните банки (кои исто така се враќаат од даноците собрани од џеповите на граѓаните). Но како што веќе спомнав, никој нема јавно да се јави со критика на ваквите владини проекти поради нивната доблесна манифестација.
Во секој случај, инвеститорите ќе се заинтересираат за ваквите проекти и тие без проблем ќе си ги соберат своите пари. Банките мораат да бидат вмешани во трансакциите на пари бидејќи акцијава е предвидена за оние граѓани кои немаат пари и не се во мoжност да ги платат становите во готово. Акцијата не е предвидена за оние кои имаат пари, бидејќи дури тогаш мојата забелешка околу несложувањето со ваквите проекти ќе стане очебијна кај граѓаните ! Изменето од Messenger - 31.Јануари.2012 во 17:05 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Малку офф-упатено кон Меси-добро е што не си тука па можеш да зборуваш со ваков ентузијазам, бидејки си негде кај што важат правила, закони,каде што владите (политичарите) доаѓаат и си одат, ама администрацијата е јака. Е мој Меси, откако че прочитам што си напишал задолжително ме боли глава (не од тебе, од она како треба да биде -а не е) Зошто- еве токму ова поцрвенетото. Праксата досега покажала дека кај нас се оди обратно од тоа како треба.И токму кај оние кои имаат пари (нивните мајковци и татковци имаат) ќе одат овие станови, ќе ги добијат по разноразни основи овие бенифиции (и оние од опозицијата и оние од позицијата). Ниедна сиротиња со малку пари нема да добие ваков стан или евентуално еден /двајца колку за на телевизија да зборува некој дека добил и дека алал да и е на владата за ваквиот проект. Ова ти е ко она со рекламата-отвори фирми, стани бизнисмен а они сите до еден налегнале на државна цуцла-цуцлаат ли цуцлаат. Си ги испозапослија и своите деца по свои стапки во институции кај не мора да му ја чукаат главата (ова важи и за опозиција и позиција). Ако толку е лесно да се стане бизнисмен зашто не ни покажаа со свој пример-да станат бизнисмени без ќор денар? Зашто прво влегоа во партии, да се нафатираат па после ќе живеат ( и живеат) од камати по белосветските банки. Катадневно читаме како по разноразни основи цицаат енормно големи суми (како онаа со патните трошоци, членување во разноразни управни одбори и што ли не) И како за крај- ако дојде до промена на власта- тогаш ќе зборуваме колку МОРА да се придржува новата влада по законите на Груевски. Само да сме живи-ќе зборуваме. |
||||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сепак овој проект не е наменет за сиромашните , туку за оние што имаат пари....
оној што нема не може да си дозволи ниту да плати учество ниту да издржи рата од 200-250 евра во никој случај...па дури и оние од средната класа не можат да си дозволат вакви услови а не пак сиромашните...
|
||||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
...valjda ne me razbra: ..nema ti da im ja namalish cenata , ako tie sekojdnevno se prodavaat so nabiena cena a ti...samo eden den im ja prepolovish ! ...taka i so tie stanovi,..ako postojano pravish eftini stanovi , togash toa sigurno ke vlijae na cenite,..ama , ako napravish samo , da recheme, 1000 ,...edinstveno ke imaat srekja onie shto gi nabavile poeftino, a ..otkako ke se potroshat eftinite ,...bidejki za kupuvanje na stanovi nikogash nema da ima ''smrt''....pak po staro. |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Внеси реплика | страница <1 115116117118119 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |