IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Паричка за Божик - скопска мода или црковна лудост
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Паричка за Божик - скопска мода или црковна лудост

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Паричка за Божик - скопска мода или црковна лудост
    Испратена: 07.Јануари.2012 во 19:46
Мене лично не ми се јасни неколку работи.

Од кога во Скопје постои традицијата на бадниковата вечера да се прекршува „празничен леб“ со паричка?

На сите нам многу добро познато ни е дека таканареченото “лепче со паричка“ е во чест на чудото на св. Василиј, а неговиот празник се слави на “стара Нова година“ 13/14 јануари - ден кога во негова чест се прекршува лепчето со паричка.


Тогаш зашто и од кога е оваа “лудост“ или скопска (или српска) мода - да се бара паричка за Божик; па да се благословуваат (или осветуваат) пагански огнови (демек 500-600 денари од оган) и да се даваат некакви “бадникови гранчиња„ ?
Можеби може да одговори некој стар “скопјанец“.

Дали ова е добар бизнис на безбожното свештенство, или МПЦ-ОА сеуште е роб на српската традиција и паганските обичаи?


Кај мене лично најголем револт создава и медиумската фама поврзана со овие безумни традиции, оваа година претераа со тоа: в’тевме ... в’тевме........  демек : МЕНЕ МИ СЕ ПАДНА!!!

дај друго лепче - ова не чиниголема насмевка


п.с. Види Едноокиголемо гушкање


Изменето од Tetratka - 07.Јануари.2012 во 19:47
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2012 во 22:21
А што па Скопска(или српска) мода...Скоро во цела Македонија се прави така...не знам
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2012 во 22:36
Пошто мене ми се падна паричката, не е битно од каде е адетот.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2012 во 14:06
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

А што па Скопска(или српска) мода...Скоро во цела Македонија се прави така...не знам


Прашањето е од кога се прави така???/

Навистина, ете на пример (според она што го видов на телевизија) годинава и во Битола и на некои други места се случува она што од медиумите упорно се форсира, па за Божик луѓето “бараат“ паричка...
Како што слушнав, на повеќе места , годинава имало некаков јубилеј, демек 25 години коледарскли оган....тага
Па тоа ако е традиција, јас сум СУПЕР МЕН!!!

Затоа треба да се знае што е правилно а што безумно.

Исто така треба да се знае што е традиција, а што новотарија и помодарство.
Затоа ова второто граничи со лудост.

п.с.
Се извинувам за остриот говор, но навистина безумието нема крај ... т.е. нема граница.





за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2012 во 14:11
Тоа е еден краток текст во кој накратко е објаснето чудото и зашто и кога треба да се става паричка.

ЗОШТО НА ПРАЗНИКОТ НА СВ. ВАСИЛИЈ СЕ СТАВА ЗЛАТНИК ИЛИ ПАРИЧКА, А НЕ НА БАДНИК

Историјата на «василопитата» е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. 

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти  принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.
Поради тоа, св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати,  па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.
За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.
Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она  што му го имаше дадено на својот епископ.
Така значи, со тогашната «василопита», св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

Sv_Merkurij_i_sv_Vasilij.jpg


http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=53




за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2012 во 14:15
Сепак човек има слобода и сам одлучува за своите постапки...
Со сила ништо не може да се постигне.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2012 во 14:37
Vo krugot na moeto semejstvo se pravi otkako pamtam za sebe...A najverojatno i pred toa...Taka da ...не знам
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2012 во 15:10
Sekoja tradicija pochnala kako novotarija... i tradicijata, kako takva e podlozhna na izmeni, dodavanja, vadenja, modificiranja... s'e teche i s'e se menuva...

... kako shto se menuva i verata i religijata... sekogash se dodava po neshto novo, se vadi neshto staro, se interpretira, se "proreknuva", se sonuva, se izmisluva... i posle nekoj milenijum se dobiva neshto sosem podrugo od onoa shto bilo na pochetokot... iako se tvrdi tokmu sprotivnoto.

Taka bilo sekogash i taka kje ostane.


O tempora! O mores!... kako shto bi rekol Cicero denes.






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2012 во 15:54
Мода и чиста глупост се знае што е наше . Паричката е за Василица , за СРЕЌА ВО НОВАТА ГОДИНА .
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2012 во 17:27
Од како знам за себе во кругот на семејството го прославуваме бадник, со посно тавче гравче, посни сарми и пита.  Паричката од секогаш се ставала на бадник, седум дена по бадник се прославува новата година во кругот на семејството со богата трпеза и честитики за добро здравје и успех. Така е сега, било порано и ќе биде засекогаш ( во моето семејство се разбира ).

А дали било скопска или не знам каква се не мода, нити ме интересира, ниту пак сакам да знам. 
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2012 во 17:46

Скопје е еден голем микс,и некој да ова си го препишува за скопско помодарство ќе згреши...

У мое маало имате Егејска улица...Велешани...Од Скопску црну гору мило...Паланчани..Прилепчани..итн итн

Но интересно како си доаѓале така си се групирале,сега сето тоа е така замешкано...Па ако си начекаш некоја бабичка во продавница....Ќе се изнаслушаш прикаски од секој крај низ Македонијава.

Кај нас се палат и коледарскиот и василичарскиот огин,и се крши лебче...Оти сите тие си ја донеле и традицијата со себе од родните краишта.

Еден дел роднини ми се од источна Македонија и таму уште од дедо ми лебче се кршело за Бадник...

Спротивно на тоа од кај баба ми и мариовскиот крај за василица...

И ко што знаат да си речат секое село свои адети...

А и Црквата ко Црква никогаш не застанала да каже што е погрешно што правилно,и е дел од двете случувања со еден куп благослови за здравје,бериќет,среќа....А ретко кој да застане и да ја раскаже историјата и обичаите за празникот.

Па можеби поубаво е да во темава се душка и бара коренот на сето ова одколку да се обвинува...Оти и за двете случувања од две страни јас имам слушано за традиција од пред 70-тина години...

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2012 во 18:08
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

 
Тогаш зашто и од кога е оваа “лудост“ или скопска (или српска) мода - да се бара паричка за Божик; па да се благословуваат (или осветуваат) пагански огнови (демек 500-600 денари од оган) и да се даваат некакви “бадникови гранчиња„ ?
Можеби може да одговори некој стар “скопјанец“.

За паричката не мислам дека е српска мода, затоа што истото се прави, колку што сум запознаен, дури и во делови од Бугарија. Нека ме поправи некој ако грешам.
Јас сум скопјанец, колку што сум истражувал, во Скопје тоа се прави многу, многу одамна, уште, како што велат старите, во турско. Баба ми, скопјанка од стара скопска фамилија, вели дека истото се правело и во "српско и бугарско" во цело Скопје. 

Бидејќи мајка ми е од Егејска Македонија, во нејзината фамилија вакво нешто немаше и лепче со паричка се правело отсекогаш на св. Василиј Велики.

Во однос на паганските огнови, тие не се српски, ниту бугарски обичај. Погледни како прославуваат Македонците во Егејска Македонија: 








И јас сум противник на сите тие обичаи, но, очигледно се многу пораширени кај македонскиот народ, не само кај оној дел од народот во Република Македонија. Токму затоа и нападот на ваквите обичаи, особено постарите, го доживуваат како напад врз македонските традиции и идентитет. Затоа и нашите во Грција го задржале овој обичај. Грците не учествуваат во вакви настани.

Разните обичаи не треба да не чудат. Тие се последица на мисиите на соседните Цркви и држави во Македонија, а тие мисии најмалку се занимавале со верски прашања.


Изменето од Македон - 10.Јануари.2012 во 18:10
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2012 во 03:17
“У очи празнику“ Важно е кога е правилно.

А за тоа за традиција, и баба ми да беше жива ќе кажеше : “кај нас од секад така било.“
Аку она сама почнала од “вчера“ да празнува...


п,с
Тоа е општ комплекс на постарите.

бтв,
нема историски податоци.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2012 во 03:39
голема насмевка  Abre lugje... od site onie lugje koi "praznuvaat" 90% se nominalni vernici ili ateisti... praznuvaat od tradicija i za topla rakja i pecheno svinsko mevce... i za pariche vo lebcheto.

Koj e reven hrisitjanin znae kakov e redot i znae  shto pravi.


Ostavete gi decata da se raduvaat... забава



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.